искина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Feb 2023 13:13:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png искина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По обвинувањата на Форумот на жени на сметка на нејзиниот син, мајката на јутјуберот Стефан Лазаров ја искина членската од СДСМ: „Ова е примитивно, јас сепак сакам демократија“ https://arhiva.vistina.com.mk/po-obvinuvanata-na-forumot-na-zheni-na-smetka-na-nejziniot-sin-majkata-na-jutjuberot-stefan-lazarov-ja-iskina-chlenskata-od-sdsm-ova-e-primitivno-jas-sepak-sakam-demokratija/ Mon, 20 Feb 2023 10:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289594

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со новинарот Драган Павловиќ-Латас кој како гостин во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 годишна возраст наводно сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ. Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка. Мајката на Лазаров на Фејсбук објави дека СДСМ „претерале “ и мислат дека од позиција на моќ можат се'. „За да објавиш вакво нешто само заради тоа зашто не ви се допаѓа гостинот (н.з. Латас), а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу, ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци, со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам демократија“ - напиша Лазарова како реакција на барањето на Форумот на жени на СДСМ. И самиот Лазаров се огласи со реакција. Тој не гледа ништо спорно во тоа што се зборуваше на неговиот подкаст и начинот на кој тој и неговиот гостин зборуваа за сексуалниот чин и третирањето на жената. Според него, живееме во држава во кој се чека момент да се уништи некој и дека нема проблем со тоа, но и нема никогаш да прифати дека е поддржувач на силување. Ова не е ниту прв, ниту единствен случај, зашто последниве години многумина сеге веќе бивши партиски членови на СДСМ јавно или интерно го сториле истотото. Меѓу најпознатите беше македонската манекенка и фото модел Билјана Стоиловска,  револтирана од неспособноста, инертноста, килавоста, корумпираноста…  на актуелната „криминална“ власт предводена од СДСМ, кога во октомври 2021 година јавно ја искина партиската членска книшка на СДСМ (КЛИКНИ ТУКА). Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv]]>

Дарко Лазиќ искина бакшиш од 100 евра, па публиката ја остави без зборови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-iskina-bakshish-od-100-evra-pa-publikata-ja-ostavi-bez-zborovi-foto/ Tue, 03 Jan 2023 08:57:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282489

Пејачот Дарко Лазиќ не престанува да ја интригира јавноста со шокантните потези, па публиката ја остави без зборови кога ја искина банкнотата што ја доби додека пееше песна. На видеото и сликите кои кружат на Интернет, можете да го видите Дарко како пее на забава. Му приоѓа еден гостин и го замолува да му отпее една песна, а кога му дава банкнота од 100 евра, пејачот ја кине и му ја враќа. Која песна сакаш? – прашува Дарко. „Стигла ме је мајко свака твоја суза“ – вели човекот и му подава банкнота од сто евра. Лазиќ бил задоволен што гостинот го избрал неговиот репертоар, па одлучил да му ја „подари“: „Таа песна е од моето срце, пола-пола“ – вели Лазиќ и ја кине банкнотата подавајќи му на човекот  една половина од неа. Еден од гостите ја зема половина од банкнотата од 100 евра што Лазиќ ја искина му ја враќа на нарачателот на песната. Не им требаше многу време на следбениците на социјалните мрежи да почнат да коментираат: „Да беше од срце, ќе пееше бесплатно“, „Можеше од џеб да извади дел од 50-те и да му врати кусур. …”, „Каква ароганција!” „Луѓето немаат леб да јадат, лудак!“
@kafansko.vece Darko poderao pare 😂 #kafanskovece #kafanskoveče #darkolazic ♬ original sound - kafansko.vece
Фото:Принтскрин/ТикТок]]>

Македонската манекенка и модел Билјана Стоиловска која живее и работи во Белград, јавно ја искина членската книшка на СДСМ! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-manekenka-i-model-biljana-stoilovska-koja-zivee-i-raboti-vo-belgrad-javno-ja-iskina-chlenskata-knishka-na-sdsm-foto/ Wed, 13 Oct 2021 07:27:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222644

Некогаш медиумски многу експонирана, денес повлечена зашто повеќе и не живее во Македонија, македонската манекенка и фото модел Билјана Стоиловска револтирана од неспособноста, инертноста, килавоста, корумпираноста...  на актуелната „криминална“ власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, на социјалните мрежи јавно обзнани вест со што ја шокираше јавноста. Особено онаа, чии припадници се партиски членови токму на „комуњарите“ од Бихаќка. Имено, убавицата која последниве години живее и работи во Белград сподели фотографии на својот фејсбук профил, на кои најпрвин се гледа дека била член на СДСМ со членска книшка уште од 05.10.2001 година. Билјана потоа покажала фотографија на која членската книшка ја искинала на парчиња, а покрај фотографиите ја раскажала својата приказна, во која ги наведува причините за ваквиот свој потег. „Во принцип, избегнувам да пишувам статуси, особено затоа што воопшто не треба никому да се правдам за ништо, но доста ми е да ме напаѓате дека сум ВМРОвка поради тоа што не ја поддржувам моменталната власт. За сите што не знаевте, слободно можете да видите дека јас сум член на СДС уште од од 5 октомври 2001 година, но како можам да поддржам вакво владеење? Кога е нешто за пофалба секогаш сум поддржала, но кога е нешто за критика секако сум критикувала, без разлика на која политичка партија работи... Со оглед на тоа што во изминатите 5 години се случија многу лоши работи, ниту пак видов некаков напредок во нив, напротив не уназадија,  за 100 години, јас не сакам повеќе да бидам член на таква Партија ниту пак да ме поврзуваат со таа криминална банда. Овие парчиња сега одат во оган... И да,  јавно кажувам дека сега на 17-ти ќе гласајте за ВМРО“ - напишала револтираната манекенка, довчерашен член со партиска книшка на СДСМ. Очигледно членовите на партијата на власт предводена од Заев пред избори гледајќи што се случува, не сакајќи своето име да го валкаат, а јавноста да го поистоветува со криминалните дејанија на одредени кругови во врвот на партијата, си заминуваат од неа, бегајќи без оглед на нивното досегашно долгогодишно партиско членство. Конечно, јавно да го направиш тоа, кинејќи ја членската книшка на парчиња, сигурно не е без причина. А, причините ги гледаме сите, последиците  секојдневно ги трпиме и чувствуваме секој на своја кожа и свој грб со години. Затоа, вистинско веме е за промени!  Фото: Фејсбук принтскрин/Biljana Stoilovska    ]]>