исели – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 08 Apr 2023 09:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png исели – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Таткото на Пике ѝ испратил известување за иселување: Шакира мораше да ја напушти Барселона https://arhiva.vistina.com.mk/tatkoto-na-pike-ispratil-izvestuvane-za-iseluvane-shakira-morashe-da-ja-napushti-barselona/ Sat, 08 Apr 2023 09:29:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297315

Шакира наводно се откажала од својата сакана Барселона засекогаш откога таткото на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике ѝ доставил писмено известување да се исели од објектот во кој престојува. Пејачката (46) потврди дека го напушта шпанскиот град среде шпекулации дека таа и нејзините деца, Милан (10) и Саша (8), ќе се преселат во Мајами, а шпанските медиуми објавија дека ова следувало по добивањето барање таа и нејзините родители да ја напуштат поранешната семејна куќа на поранешниот пар. Локалните медиуми пишуваат дека тоа е истата вила во која Шакира (родена како Шакира Изабел Мебарак Рипол) поставила кукла вештерка на балконот, кој е свртен кон домот на нејзината свекрва. И „Ел Периодико“ и „Ла Вангуардија“ објавија дека на Шакира во март ѝ било кажано дека има рок до април да ја напушти вилата во Есплугес де Лобрегат, каде што живее по разделбата од фудбалерот Жерар минатата година, или ќе се соочи со плаќање отштета. Беше објавено дека барањето дошло преку е-пошта потпишана од таткото на Жерар, Жоан Пике, за кој се смета дека е директор на холдинг-компанијата на син му, „Керад холдинг“. „Ел Периодико“ веста за барањето Шакира да се исели од куќата ја објави со коментар: „Сега ги разбираме фотографиите на пејачката како плаче“. Претходно, во својата објава на „Инстаграм“ на англиски и шпански јазик за тоа како ја напушта Барселона, Шакира напиша: „Дојдов во Барселона за да им дадам на моите деца стабилност, истото што сега го бараме во друг агол на светот покрај семејството. пријателите и морето“. „Денес, почнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Им благодарам на сите што сурфаа покрај мене со толку многу бранови таму во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е секако подолго од љубовта“. Емотивната објава ја заврши со зборовите: „Благодарам на сите што беа тука за да ме расположат, да ми ги исушат солзите, да ме инспирираат и да ме натераат да пораснам. Благодарност до мојата шпанска публика, која секогаш ме покриваше со својата љубов и лојалност“. ]]>

Синот на Есма си замина од Македонија: Симеон Атанасов разочаран од односот на власта се исели од државата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-si-zamina-od-makedonija-simeon-atanasov-razocharan-od-odnosot-na-vlasta-se-iseli-od-drzavata-foto/ Wed, 27 Jul 2022 07:31:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260373

Музичарот Симеон Атанасов, едно од могуте посвоени деца кои легендарната Есма Реџепова - Теодосиевска ги одгледа, беше тој  кој до крајот на животот на кралицата на ромската песна остана покрај неа. По нејзината смрт и целата негрижа на власта и државата за нејзината културна оставштина која Есма и ја остави на Македонија, Симеон по долга борба со неправдата реши заедно со сопругата, синот и ќерката да се исели од Македонија и да замине да живее и работи во Виена, Австрија. Разочаран по сите шокови и стресови, по целот грабеж  на имотот и опустошувањето на куќата - музеј која остана  ограбена, искршена, уништена… уште пред да се отвори и сега стои руинирана, оставена во распаѓање, препуштен на забот на времето, уморен од правната битка која стои заглавена во ќорсокак, синот на кралицата Есма не можел веќе да го поднесе сиот тој товар врз себе. Особено незадоволен од власта и целата инертност и негрижа на државата кон сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, музичарот донел тешка, но решителна одлука заедно со семејството да се исели од државата. „Оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се’ што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ – напиша синот на Есма во своето  јавно обраќање до државата Македонија во 2019-та година, на тригодишнината од нејзината смрт. Оттогаш до денес работите очигледно не само што не се поместени од мртва точка, туку и дополнително се правно искомплицирани, откако внуците од браќата и сестрите на Есма ги оспорија тестаментите, па со години се чека на судска разврска на случајот, а државата и понатаму „мува не ја лази“ за нејзиното културно наследство. „Ако сегашната власт нема ништо направено за Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарева, итн… што би можеле ние да очекуваме од власт која што не го прифаќа единствениот музички храм кој го оставија Есма и Стево Теодосиевски, кои што имаа желба тој дом да биде музеј, музичко школо, секој доајен на македонската музика да добие своја соба, амфитеатар и уште многу дејности кои што би ја чувале македонската уметност“ – вели Атанасов во изјава за „Фокус“.  Симеон своето заминување од Македонија и јавно го најави и обзнани на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук, по што ја доби поддршката од голем дел од своите колеги, музичките автори, како и од естрадните новинари.   Во Виена музичарот вели дека ќе се занимавам со менаџмент во „К1 music production“  како што се вика продукција на неговиот син Стево Атанасов која е во преговори со сите балкански продуценти со кои планираат да потпишат договор за копродуцирање на голем број балкански ѕвезди. Сепак, надежда дека сонот на неговите „родители“ и музички учители Стево и Есма Теодосивски еден ден ќе се оствари не стивнува.Можеби семејството сепак ќе се вразуми и најде начин да се договори, а спомен-куќата на Стево и Есма можеби сепак државата ќе се сети да ја возобнови и музејот да го отвори. Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov  ]]>

Дарко Лазиќ се исели од родното место, еве каде живее сега со Марина и синот https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-ostana-bez-pokriv-na-glavata-pejachot-se-iseli-od-kukjata-koja-ja-gradeshe-za-semejstvoto-eve-kade-zivee-sega/ Sun, 16 Feb 2020 09:24:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134367

Српскиот пејач Дарко Лазиќ неодамна се исели од родниот Брестач и се пресели да живее во Белград, пишуваат српските медиуми. Тој заедно со сопругата Марина и синот живеат во изнајмен стан во Нови Белград. Лазиќ вели дека се преселил од село во град бидејќи мајсторите се уште не ја завршиле неговата нова куќа .„Марина и јас повеќе не живееме во Брестач. Го одложивме градењето на куќата бидејќи чекаме подобро време. Ќе продолжиме со работа на лето, а дотогаш ќе живееме во град“ вели пејачот и додава: „Убаво ни е тука, се имаме во близина. Ми значи и тоа што аеродромот ми е блиску бидејќи секој викенд патувам на настапи“ вели пејачот. Дарко вели дека е многу радосен бидејќи ги познава соседите во новото маало. „Ми одговара што со колегите може да се видим во било кое време. Во новата населба ги сретнав Луна Ѓогани и Теодора Џехверовиќ, овде многу пејачи веќе имаат станови“ обаснува Дарко. За потсетување, Дарко и Марина претходната година го добија синот Алексиј.]]>

Анастасија се пресели од дома, па сега би (можела) да се мажи, ама Цеца вели: „Не важи“! https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-se-preseli-od-doma-pa-sega-bi-mozela-da-se-mazi-ama-ceca-veli-ne-vazi/ Tue, 16 Jul 2019 10:48:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97828

Анастасија Ражнатовиќ неодамна го напушти семејниот дом и се преселила во својот стан во Врачар, а сега дури размислува да се венча, иако мама Цеца смета дека е рано за тоа. Искрена да бидам, единствен проблем ми е готвењето, бидејќи јас сум тотален антиталент за во кујна. Не знам како да готвам и никогаш нема да научам“ - рече Анастасија.
Имајќи предвид дека е во долга врска со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, Анастасија вели дека би сакала да застане на лудиот камен, но не брза.
"Мајка ми ќе ја поддржи мојата одлука да решам да се омажам, но таа мисли дека сум млада за таков голем чекор. Искрена да бидам и јас го мислам истото“ - рече Анастасија, и призна дека откако се преселила, се поретко престојува во куќата на Цеца.]]>