исцелител – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Feb 2020 08:00:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png исцелител – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес се празнува Свети Трифун: Оваа работа мора да ја направите за да ве следи среќа https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-sveti-trifun-ovaa-rabota-mora-da-ja-napravite-za-da-ve-sledi-srekja/ Fri, 14 Feb 2020 07:59:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134137

Денес, 14-ти февруари, верниците го обележуваат големиот христијански празник - Светиот маченик Трифун. Роден е во малоазиската област Фригија во Мала Азија.   уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој на изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста таа многу пати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да и помогне и да ја излечи. На девојката и е откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“. Злобниот дух од девојката тогаш проговорил велејќи дека него никој не може да го истера-освен Трифун. После многу Трифуни од царството и овој Трифун го повикале во Рим да ја исцели царевата ќерка. Царот го дарувал многукратно, а Трифун сите подароци им ги разделил на сиромашните. Кога на власт дошол царок Дециј, Свети Трифун е мачен поради следбеништвото на Христос, а сите мачења ги поднел со голема радост. Бидејќи ниедна мака не му нашкодила, мачителите му ја отсекле главата со меч. Пред смртта Трифун му се помолил на Бога и умрел во 250 година. Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец. Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари. Денеска неговиот ден се празнува од страна на лозарите, градинарите на 14 февруари според грегоријанскиот календар. На овој ден лозарите приредуваат и ручек и ги повикуваат и случајните минувачи , бидејќи се смета дека на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа.
]]>

„Исцелител“ со две награди на фестивал во Црна Гора https://arhiva.vistina.com.mk/iscelitel-so-dve-nagradi-na-festival-vo-crna-gora/ Wed, 07 Aug 2019 11:08:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100911

Филмот на Ѓорче Ставревски, „Исцелител“ освои две нови награди на фестивалот „Green Montenegro International Film Fest“ во Црна Гора, посветен на заштитата на природата. „Исцелител“ доби награда за најдобар филм во селекцијата „Екологија на душата“ и специјална награда за главниот актер Благој Веселинов. Фестивалот се одржува на Црно езеро во Националниот парк Дурмитор, под отворено небо. „Исцелител“ беше во друштво на филмови како како „Жени во војна“ и „Солта на земјата“. Фестивалот во Црна Гора траеше четири дена. Инаку, „Исцелител“ досега беше прикажан на бројни филмски фестивали низ целиот свет, а доби позитивни рецензии од повеќе светски, балкански и македонски медиуми. извор:рпублика.мк]]>

„Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“ https://arhiva.vistina.com.mk/iscelitel-e-makedonski-kandidat-za-oskar/ Thu, 20 Sep 2018 11:58:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48860

„Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје.
Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје при Друштвото на филмски работници на Македонија, во состав на Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајковски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематограф, донесе одлука филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда во 2019 година.
Одлуката е прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
Во конкуренција за кандидатура беа и „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на агелот“ на Јани Бојаџци.

Интервју со исцелителот Чарли Голдсмит https://arhiva.vistina.com.mk/intervju-so-iscelitelot-charli-goldsmit/ Thu, 14 Jun 2018 09:02:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32553

„Исцелител“ нова интригантна документарна серија на ТЛЦ каналот, која го следи животот и работата на исцелителот Чарли Голдсмит, кој воедно ја шири свеста за своите извонредни способности за лечење. Чарли има дарба за лечење со помош на својот ум, им помага на луѓето да се ослободат од болката, додека пак неговите методи ги збунуваат научниците и медицинските стручњаци кои се обидуваат да ја разберат неговата вештина. Чарли до неодамна го криеше својот неверојатен талент. Денес пак целиот свет се обидува да разбере и дознае што е можно повеќе за неговите извонредни моќи, со тоа што многу славни личности и обични луѓе ширум светот ја бараат неговата помош. Народот од сите раси и воедно сите друштвени слоеви сака да се ослободи од своите болки, па дури и најголемите скептици се вчудоневидени од способностите на Чарли.
Серијата премиерно се прикажува на каналот ТЛЦ од понеделник 18 јуни во 21.00 часот, па тоа е причината и за ексклузивното интервју добиено директно од исцелителот Чарли. Еве што имаше тој да сподели со нас поврзано со своите дарби.
  1. Кога увидовте дека можете да им помагате на луѓето, да ги исцелувате?
Имав само 18 години, кога едно утро се разбудив и почувствував енергија во рацете. Тогаш за прв пат почувствував, некој вид на магнетизам помеѓу дланките. Во истиот момент помислив дека сум болен, дека нешто со мене не е во ред, дека си замислувам работи. Токму тој  ден сосема случајно му помогнав на еден човек и ја открив својата дарба.
  1. Како изгледа еден исцелителски момент со Вас?
Обично се се одвива многу брзо. Личноста ми кажува која е нејзината мака, на пример дали има болки во коленото или пак грбот – тоа е се што треба да знам. Ги затворам очите од 30 – 60 секунди и потоа ги прашувам луѓето како се чувствуваат, дали можат да ги направат нештата кои претходно не можеле. На овој начин мојата работа е брза и веднаш мерлива.
  1. Верувам дека многу луѓе гледаат на Вашата дарба со скептицизам. Како се справувате со критиките?
На луѓето им помагам веќе 20 години. Разбирам и прифаќам дека самите тие се скептични. Тоа што го работам и не многу го коментирам, не разговарам за исцелувањето. Јас работам. Кога луѓето гледаат како помагам, целиот скептицизам исчезнува. Со критиките се носам на начин со кој покажувам како практично работам.
  1. Можете ли да ни опишете некој случај во кој не сте успеале да им помогнете на луѓето?
Можам да набројам доста примери. Не го знам точниот одговор. На од прилика 2-3 случаи од 10-тина не сум можел да им помогнам. Приметив дека немам можност да им помогнам на особи кои имаат проблем со зуење во ушите. Тоа го објаснувам едноставно – не можеме се да лечиме на ист начин и не постои совршено решение. Не можам да им помогнам на сите.
  1. Морате ли да бидете во непосредна близина на особите на кои им помагате или е доволно  да разговарате телефонски?
Можам да им помогнам на луѓето кои се до мене, но и на оние кои се далеку. Во последно време имам чувство дека многу повеќе помагам на оние кои ќе ме добијат преку телефон, во споредба со оние кои се до мене...
  1. Дали ја подобрувате состојбата на лицата перманентно или моментално?
Оние  на кои сум им помогнал за време на снимањата на емисијата, се сеуште во одлична состојба, дури и подобри се. Од снимањата кои беа помина повеќе од една година. На многу мал процент луѓе досега не успеав да помогнам, на некои им помагам само во моментот, но на од прилика 70-80% исцелувањето им трае подолг период. Ова е од прилика искуството кое го имам.
  1. Може ли медицината да ја објасни Вашата дарба и резултатите кои ги постигнувате?
На светот постојат лекари на кои оваа тематика им е особено интересна и кои веројатно можат да дадат некакво објаснување. Да бидам искрен, досега не сум запознал некој кој навистина разбира што се случува и може тоа да го објасни. Сум соработувал со лекари, чии пациенти биле препратени кај мене. Истите тие лекари потврдија дека нешто се случува, но не можеа да го објаснат феноменот. Се надевам дека еден ден ќе запознам научници кои ќе можат да одговорат на сите овие прашања.
  1. Можете ли самите себеси да си помогнете кога ќе се разболете т.е дали некогаш воопшто се разболувате?
Многу ретко сум болен, а кога сум – искрено не можам баш да си помогнам. Малку да, но не до степен како што можам на останатите да им помогнам. Живеам здраво, внимавам на исхраната и вежбам, многу ретко сум болен. Исцелувањето како такво многу ме исцрпува, па доколку не пазам на себеси ќе се разболам многу брзо. Храната без шеќер и глутен ми помага да останам здрав.
  1. Опишете ни некој случај кој особено Ве трогнал?
Има еден таков случај, ќе го погледнете во серијата. Малото момче Гибсон има 2 ипол години и од самото раѓање живее со хронична болка. Многу е чувствителен. Кога се запознавме не бев сосема сигурен дека ќе успеам да му помогнам. Мислев дека тоа е голем зафат за мене. Но се обидов, дадов се од себе и успеав да му ја подобрам состојбата. Тоа беше навистина голема работа, многу ми значи што успеав да му помогнам. Гибсон ќе го видите во серијата и ќе ме разберете зошто вака се чувствувам.]]>

Ѕвездена рецензија во филмскиот магазин „Варајети“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdena-recenzija-vo-filmskiot-magazin-varajeti/ Tue, 05 Dec 2017 09:59:50 +0000 http://vistina.mk/?p=5699

Њујоршки „Варајети“ (Variety), едно од највлијателните филмски списанија во светот напиша ѕвездена рецензија за македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески. Известувајќи од меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија кој се одржува од 17 ноември до 3 декември 2017 година, Џесика Кјанг од „Варајати“ има само пофални зборови за филмското деби на Ставрески. Според неа, имајќи го предвид сценариото на „Secret Ingredient“ (како што е познат филмот во странство) „веројатно би требало да биде еден од најдепресивните филмови годинава. Но наместо тоа, соодветно за филм што на свој начин се справува со чуда, тој е еден од најсмешните, најпаметните и најдрагите филмови.“ Рецензијата оди и чекор подалеку и го смета филмското деби за исчекор кој може да ја повлече и целата македонска филмска индустрија. „Прекрасниот „Secret Ingredient" - кој не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија - сосема заслужи да го добие колачот наполнет со трева, и да го изеде“, заклучува „Варајети“.
Филмот, кој се натпреварува во категоријата дебитантски филмови, ги распродаде сите три прикажувања во Естонија. Според известувањата од режисерот Ѓорче Ставрески, публика имало дури и на скалите, а фановите на филмот барале да се фотографираат со екипата. Објавувањето на рецензијата на „Variety“, коинцидираше со вчерашната специјална проекција на филмот на која присуствуваа статистите – работници од депото на Македонски железници. По проекцијата, филмот беше дочекан со громогласен аплауз. Пред „Варајети“, филмот доби одлични рецензии од македонската, но и светската критика. За филмот веќе пишуваа „Screen Daily“, „Cineuropa“, „Cinevue“ и други значајни филмски списанија и блогови. Хрватскиот онлајн магазин „Монитор“ веќе го прогласи филмот за најдобар на фестивалот во Талин.
Освен кај критиката, филмот остварува успех и кај публиката. На својата премиера на Солунскиот филмски фестивал „Исцелител“ ја освои наградата од публиката, прв пат во нашата историја. На својата македонска премиера во рамки на фестивалот „Синедејс“, филмската екипа беше дочекана со овации од публиката. Во текот на наредната недела на 5-ти и 6-ти декември 2017год. филмот ќе има проекции и на фестивалот на Медитерански филм во Брисел. Филмот моментално се прикажува во кината Синеплекс и Милениум.]]>