исаура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Feb 2024 10:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png исаура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во „Преспав“ јавноста дозна која е Исаура, а на снимањето филмот за Џеј – „Недела“, Емра Куртишова дозна дека е бремена, но и дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка Лена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prespav-javnosta-dozna-koja-e-isaura-a-na-snimaneto-filmot-za-dhej-nedela-emra-kurtishova-dozna-deka-e-bremena-no-i-deka-tatko-i-nema-da-go-docheka-raganeto-na-nejzinata-kerka-lena-video/ Wed, 07 Feb 2024 07:33:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337825

Иако за љубителите на театарската уметност и претходно не беше анонимна, особено за помладата публика како професионален актер во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје,  пошироката јавност сепак ја запозна дури по емитувањето на третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, кога се појави во ликот на собарката Исаура, која му стана голема љубов на рецепционерот Талат. Актерката Емра Куртишова со оваа улога преку ноќ  ја освои публиката, па како еден од познатите и популарни ликови во „Преспав“ стана етаблирана актерска ТВ ѕвезда за која јавноста и медиумите почнаа се повеќе да се интересираат и почесто да ја третираат. Порталите на своите насловници, ТВ емисиите како гостинка во нивните најнови изданија, Јутјуб просторот и подкастерите исто така неретко ја седнуваат пред камерите... Исклучок не направи ниту најстариот и најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас, „Бекстејџ“ кој во интервју пред камерата ја седна актерката за која се повеќе гласно се зборува. Особено по уште едно маестрално остварување, овој пат регионално и на големото платно, откако одлично ја одигра улогата на мајката на починатата естрадна ѕвезда Џеј Рамадановски, во неговиот автобиографски филм „Недеља“, чија премиера се прикажува и во Македонија. Како што по некое непишано правило убавите случки се случуват случајно, така и Емра станала дел од актерската екипа на филмот за животот на Џеј. Како ја добила улогата, дали знаела воопшто нешто за животот на пејачот претходно, кој и помогнал во снимањето на пробното домашно кастинг видео, како течел процесот на градењето на улогата... За свадбата, бременоста, загубата на таткото непосредно по стапувањето во брак, за поврзаноста со него и последните денови и мигови пред тој да замине од овој свет, за болката кога додека била бремена сфатила дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка... И за уште некои непознати нешта за неа, македонската актерка Емра Куртишова „ја отвори душата“ пред камерата на „естрадниот ТВ магазин од зад сцената“. Погледнете го видеото во продолжение... ]]>

Да се заучи од пелени: Исаура од „Преспав“ на прва прошетка го однесе новороденото бебе во кафеана, а Џамбазов и остави урнебесен коментар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-zauchi-od-peleni-isaura-od-prespav-na-prva-proshetka-go-odnese-novorodenoto-bebe-vo-kafeana-a-dhambazov-i-ostavi-urnebesen-komentar-foto/ Wed, 15 Nov 2023 09:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326927

Веќе е познато дека од месец декември 2023 година ќе започне да се емитува седмата сезона од мега популарната македонска серија „Преспав“. Игор Џамбазов неодамна откри детали од тоа што генерално ќе се случува во пансионот, а меѓу другото сподели и дека Исаура ќе биде бремена од Талат. Веројатно епизодите се снимаа додека таа беше бремена и во реалноста, а вистински го носеше бебето од својот сопруг и колега Петар Стојанов. Малата наследничка која го доби името Лена веќе е дојдена на свет и е во прегратките на мама и тато. Лена се роди пред неполн месец, а мама веќе ја изнезе на прва прошетка, изборот на локација беше необичен – кафеана. Веројано на мама Емра и се пријате некое кафанско јадење, па го подготви бебето и го понесе со себе. За овој момент од првата заедничка фотографија, гордата мајка покажа на својот Инстаграм држејќи ја во рацете, стопена од љубов и пијана од бебешкиот мирис. -Лена за првпат во кафана, стои во описот, а првата реакција беше од колегата Игор Џамбазов или бате Миле на кој кафеаната му е омилено место, па оттука за него ова беше сосема оправдан зачеток на навиките уште од пелени. -Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба .. и порача Игор, а Емра со многу смајли симболи очигледно квалитетно насмеана од духовитиот Миле, кусо му врати: - Не јадела лук, му врати таа.   Засега доволна е само посетата, а адаптацијата веќе е започната, па дури и кафанските мириси се сосема доволни...   За потсетување, Емра Куртишова оваа година во месец јуни, се омажи со нејзиниот сакан, актерот Петар Стојанов, а интересно е тоа што младата талентирана актерка доби ангажман и во Србија, односно за филмот за легендарниот Џеј каде ќе ја гледаме во улогата на неговата мајка. фото: Instagram preentskrin/Emra Kurtisova/ @majaargakijeva]]>

Исаура е секси помошничка во „Преспав“, а и приватно актрактивна и провокативна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/isaura-e-seksi-pomoshnichka-vo-prespav-a-i-privatno-aktraktivna-i-provokativna-foto/ Thu, 17 Mar 2022 08:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243379

Во третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, се појави помошничката Исаура која стана голема љубов на рецепционерот Талат, но за брзо време таа си замина од пансионот со својот Лоренцо. Но,судбината,односно сценариото повторно ја донесе и во наредните сезони на популарниот македонски ситком. Во серијата има доста комични сцени со Исаура актерката Емра Куртишова, а особено е препознатлива и по својот атрактивен изглед како помошничка во „Преспав“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Emra Kurtishova (@emra.kurtishova)

Иако вели дека преиватно не многу ги сака социјалните мрежи, периодов знае да објави по некоја фотографија, а моѓу последните позира во провокативна поза облечена во тесни фармерки и со прекрстени нозе. Дека е згодна е евидентно, а го носи шармот во себе и кога позира како фотомодел. „Нешто ново“- пишува Емра во описот, веројатно навестувајќи дека работи на некој рекламен проект во кој ќе ја видиме наскоро.
 
Инаку, улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика. За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…
 
Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. фото:Инстаграм/емра куртишова/сашко стојановски/иван наунов]]>

Актерката Емра Куртишова позната како Исаура од „Преспав“ испрати силна порака до сите жени: „Блиску до себе…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterkata-emra-kurtishova-poznata-kako-isaura-od-prespav-isprati-silna-poraka-do-site-zeni-blisku-do-sebe-foto/ Sat, 03 Oct 2020 06:46:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169772

„Блиску до себе. Чекор три… Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два сантиметри“ - стои на фотографијата која македонската актерка Емра Куртишова ја објави на својот Инстаграм профил.
Нејзината фотографија е повеќе од обичен едиторијал или провокација. Целта на оваа фотографија на Куртишова е подигање на свеста кај жените за борбата против ракот на дојката.
Октомври – месец на борбата против ракот на дојката! – пораката која ја носи фотографијата на Куртишова, која се прослави со ликот на собарката Исаура во последната сезона на хумористичниот ситком ТВ едиторијал - пансион „Преспав“. Редовниот самопреглед на дојките е првиот чекор во рано откривањето на карциномот и негово лекување. На фотографијата Куртишова го покажува третиот чекор од целосниот самопреглед кој треба да го практикува секоја жена во својот дом. Посветете се денес на своето здравје и направете си самопреглед во домашни услови.]]>

Еве која е Емра Куртишова кога не ја глуми Исаура во „Преспав“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koja-e-emra-kurtishova-koga-ne-ja-glumi-isaura-vo-prespav-foto/ Sun, 06 Sep 2020 08:20:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128138

Во третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, се појави помошничката Исаура која стана голема љубов на рецепционерот Талат, но за брзо време таа си замина од пансионот со својот Лоренцо. Во четвртата и најнова сезона на „Преспав“, Исаура повторно се врати, но овој пат по желба на Талат (кој стана менаџер) и остана подолго, но приказната се повтори и таа пак си замина со Лоренцо. Имаше доста комични сцени кога е во прашање Исаура, особено онаа кога му ја предвидува иднината на брат Миле. Улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика. Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат. Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со "Цветната улица“. За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа… Не многу ги сака социјалните мрежи и не е меѓу поактивните корисници, но затоа во себе има огромна љубов за животните. Со крајот на четвртата сезона на „Преспав“ ќе ни дедостасуваат сите ликови, меѓу кои секако и Исаура!]]>

На Исаура и „забранија“ да лета за Германија: Актерката Емра Куртишова вратена од аеродромот во Скопје (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-isaura-i-zabranija-da-leta-za-germanija-akterkata-emra-kurtishova-vratena-od-aerodromot-vo-skopje-video/ Fri, 14 Feb 2020 08:24:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134126

Младата актерка Емра Куртишова од театарот за „Деца и младинци“  која пошироката јавнмост  ја запозна како Исаура во ТВ серијата „Преспав“ била вратена од скопскиот аеродром. Имено, таа за Канал 5 телевизија, вели дека требало да патува кај нејзината сестра во Германија и таму да остане до 27 август. Актерката раскажа дека имала уреден повратен авиобилет и потврда од театарот каде што работи, но на пасошка контрола и го оспориле гарантното писмо и тоа дека парите што ги носела со себе не биле доволни за престој. „Им го дадов гарантното писмо, но беше копија, зашто градот каде што живее сестра ми не издава гарантни писма бидејќи е туристичко место“ - изјави Куртишова за Канал 5 телевизија. Актерката истакна дека не добила ниту некаков официјален документ зошто е вратена. Таа изјави дека во текот на следните денови ќе се јави и ќе побара објаснување кај сите надележни институции. „Суштината е чиста дискриминација... Очигледно беше дека човекот бара влакно во јајце. Имаш ли гарантно писмо - велам имам, имаш ли потврда од работа - имам, имаш ли кеш? - имам 500евра. Ми вели, тоа е многу малку. Значи според нив требало да имам 50 евра од ден. Дали требаше да патувам со 4000 евра, а во гарантното писмо кое што воопшто не го ни прочита службеникот, пишува дека финансиски ќе ме издржува сестра ми - изјави Куртишова. Од МВР велат дека никогаш не постапувале селективно со македонските граѓани, без разлика на која групата припаѓаат. „Во конкретниот случај на лицето не му е дозволен излез од РМ согласно чл 15 ст 4 од законот за гранична контрола. Имено по извршената пасошка контрола и проверката во евиденциите надлежниот полициски службеник извршил разговор околу целта и мотивот за патувањето. Истата појаснила дека патува во посета на роднини и планира да остане до 27 август за што приложила и повратен авиобилет. Сепак немала доволно парични средства во однос на планираниот престој односно покажала 450 евра.  Не поседувала ниту хотелска резервација ниту пак соодветно гарантно писмо. Секојдневно МВР се соочува со слични проблеми најмалку по неколку македонски државјани кои ги враќаат од границите на членките на ЕУ заради фактот дека не поседуваат доволно парични средства. Имено во просек членките на ЕУ бараат околу  50 евра дневно“ стои во соопштението на МВР. Емра во 2009 година дипломирала на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. Во 2019-та година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „Check in: Пред зграда”. Во четвртата сезона на серијата „Преспав“ таа ја имаше улогата на Исаура - помошничката во пансионот, но и голема љубов на Талат. ]]>