Ирена Стојановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jul 2021 12:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ирена Стојановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трите македонски симфо-грации од „Тринити стрингс“ прашуваат – „Да или не?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trite-makedonski-simfo-gracii-od-triniti-strings-prashuvaat-da-ili-ne-video/ Wed, 07 Jul 2021 12:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210136

Македонското гудачко трио „Тринити стрингс“ деновиве ја објави својата нова, трета по ред песна со наслов: „Да или не“? Црни свечени тоалети во амбент како да се антички божици, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова (виолина) и Марта Куч (виолончело и вокал) темата ја визуелизирале на една од најубавите локации во Македонија, античкиот локалитет „Хераклеа“ кај Битола. Автори на музиката и стиховите се Марта Куч и Ирена Стојановска, додека аранжманот се погрижил да го направи Иван Јованов - Ивајо. Налик на она што го свират девојките од „Бонд“ или Ванеса Меј, трите македонски убавици во нивната нова тема го синтетизирале модерниот звук со класичните инструменти, создавајќи своевиден микс на етно, техно поп и класика, но на специфичен начин, во амбиентален стил кој им дава сопствен печат, препознатливост и уникатна оригиналност. Кога на сето тоа ќе му се придодаде еротскиот набој кој го создава нивната сексапилна појава, сликата за творештвото на трите македонски симфо грации  аудио-визуелно го комплетира впечатокот, кој е доволно импресивен. Како видео продуцент и режисер на видеото кое одлично соодвествува со амбиентот на музиката сипреплетувајќи го аудиото и визуелното во една компактна целина, се јавува  Горан Симјановски. Проследете во продолжение како звучи и изгледа кога „Тринити стрингс“ прашуваат: „Да или не“? ]]>

Девојките од „Trinity Strings“ ќе ве „излудат“ со „Crazy about you“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/devojkite-od-trinity-strings-kje-ve-izludat-so-crazy-about-you-video/ Tue, 20 Nov 2018 12:39:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58864

Се сеќавате ли на темата „Луд сум по тебе“ која Александар Тарабунов - Тара ја испеа во 2017 година, а кон почетокот на оваа и ја екранизираше со интересен видеоспот? Токму истата таа тема, чиј автор е македонскиот хитмејкер и музички продуцент Роберт Билбилов деновиве доби уште една, овој пат „гудачка“ верзија!
Имено, македонското женско гудачко трио „Trinity Strings“ предводено од виолинистката Ирена Стојановска алиас „Ина Виолина“, која е професионален музичар во оркестарот при Македодонската опера и балет, заедно со своите колешки ја адаптираше истата тема во инструментална верзија.
Се разбира, девојките ( Ина, Марта и Александра) по теркот на светски познатите Ванеса Меј или „Бонд“ во свој стил ја преработија песната на Билбилов насловувајќи ја  „Crazy about you“,  за која адаптацијата и аранжманот го направила самата Ина Виолина, а зад проектот стои и продукцијата на Билбилов - „Just RB production“.
Гудачката верзија на  „Crazy about you“ звучи прилично свежо и во себе носи модерен светски призвук, што е несомнено и една од препознатливите страни на Билбилов, но и аранжмански сосема се вклопува во опсегот што го нудат двете виолини и виолончелото на трите девојки, кои со својата атрактивност и изразен сексапил и даваат и нота на поширока прифатливост на целата приказна, надоградувајќи музичката со визуелната компонента. Токму по теркот на претходно споменатите светски ѕвезди кои го негуваат ваквиот музички правец и стил на музицирање.
Доказ за тоа е и едноставното, но артистички сосема функционално видео, во кое покрај раскошната убавина и атрактивност на девојките, се појавува и моделот Филип Наков, кој заедно со артистичките способности на трите грации ја заокружува звучната со визуелната слика, создавајќи убаво спакувана аудиовизуелна композиција.
На режијата на спотот својот потпис го ставил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски, чие видео, заедно со верзијата на „Crazy about you“ на  женското гудачко трио „Trinity Strings“, можете да ја проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=7dXV5CHkDTE&feature=share&fbclid=IwAR2Q41D8mXHJqHwFddbYGoe5NuVxHXGfvfdSGHPwsppE4XYUEAdPsxFjDxg  ]]>