интимност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Jan 2023 10:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интимност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Катарина Живковиќ оди на ремонт: Пејачката повеќе не е задоволна од изгледот и големината на нејзините гради (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/katarina-zhivkovik-odi-na-remont-pejachkata-poveke-ne-e-zadovolna-od-izgledot-i-goleminata-na-nejzinite-gradi-foto/ Mon, 16 Jan 2023 10:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284364

Пејачката Катарина Живковиќ (33) наводно изразила желба да стави нови силиконски импланти, но и да ги зголеми градите од сегашните „тројки“ на „петка“. Блиска пријателка на популарната пејачка ги открива плановите на Каќа, како и причините поради кои решила да се подложи на силиконска реконструкција на градите и малку повеќе да го зголеми нејзиното деколте. - Познато е дека Катарина многу се грижи за своето тело, нега и исхрана. Теретаната е нејзиниот втор дом и таму е крајно дисциплинирана – започнува изворот. -Каќа и покрај тоа е незадоволна од големината на градите, па решила малку да ги зголеми. За прв пат ставила импланти пред точно девет години, а потоа се одлучила за 325 кубни метри. Тоа во тој момент и изгледало сосема доволно, а бидејќи планирала да роди дете, мислела дека треба да стави нови импланти дури кога бебето малку ќе порасне и ќе престане да дои. Како што се одолговлекуваше прашањето за нејзиното мајчинство, а во меѓувреме во неколку консултации со стручњаци дозна дека силиконите не ја нарушуваат функцијата на градите и дека дури и кога ќе стане мајка со нови силикони ќе може непречено да дои, Катарина одлучи да се почести во 2023 година поголеми гради. Без разлика што постојано ја фалат за својот изглед, популарната пејачка сака поинаков облик на градите. - Никогаш не сум зборувала што сум направила на себе или што ќе правам, не затоа што сум против процедурата, туку затоа што сметам дека е прашање на моја интимност и секако сите корекции се видливи за око и не можат да се сокријат.  Точно е дека се грижам за својот изглед и дека со години се грижам за себе кај истиот лекар, но се грижам и за своето здравје, редовно тренирам, внимавам што јадам, но работам и на внатрешната убавина затоа што верувам дека тоа што го носиме во себе е тоа што ја гради нашата личност – рекла Катарина. Фото: Принтскрин/Инстаграм/katarina_zivkovic_official]]>

Мажите тајно посакуваат ваков секс но, се срамат да признаат https://arhiva.vistina.com.mk/mazite-tajno-posakuvaat-vakov-seks-no-se-sramat-da-priznaat/ Wed, 30 Mar 2022 12:31:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244886

Наместо „маратонски“ секс, бурно водење на љубов, поголем дел од мажите сакаат нежност во кревет. „Ми беше срам да им признаам на пријателите, но нежното водење љубов ми е најдраго. Обожавам кога партнерката ја гледам и ја допирам нежно“, признал некој маж. „Немам ништо против груб секс, но тој никогаш не ги задоволува моите најдлабоки потреби. Најмногу сакам кога нежно ќе ме соблече, ќе ме бакнува по цело тело и кога полека ќе постигнам оргазам. Тогаш се чувствувам некако поврзан со неа, како да сме едно“, додал друг маж.
„Мажите не сакаат секогаш да бидат тие кои иницираат секс“, вели д-р Даун Мајкл, клинички сексолог. Таа објаснува и дека мажите доколку мора секогаш да иницираат секс почнуваат да се чувствуваат помалку привлечно, а можат да развијат и страв од лоша умешност во спалната соба. Без оглед на популарноста на филмовите како што е „50 нијанси на сиво“, д-р Мајкл забележала дека поголем дел од мажите бараат нешто поразлично. „Некои од мажите сакаат кога нивните партнерки доминираат, но таа доминација не ја спроведуваат на груб начин. Напротив, доминираат во својата грижливост. За тоа ретко се зборува, но мажите навистина сакаат нежност во спалната соба. Сакаат интимност со жената низ нежен секс преполн со љубов. Жените забораваат дека и мажите се емоционални суштества, а дека сексот е огромна експресија на интимност“, порачува докторката.    
]]>

11 знаци дека не уживате во кревет со вашиот партнер https://arhiva.vistina.com.mk/11-znaci-deka-ne-uzivate-vo-krevet-so-vashiot-partner-2/ Tue, 10 Nov 2020 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175371

Може да се чувствувате прилично неудобно ако не уживате во сексот со партнерот онолку колку што уживавте порано. Ако не станува збор за привремен проблем, тогаш тоа ќе има негативно влијание врз вашата врска. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека треба да поработите на сексуалниот живот, сето тоа за да поминувате поквалитетно време заедно и да создадете поздрава врска. 1. Го одложувате сексот затоа што секогаш имате некои други обврски Секогаш имате некоја обврска што треба да ја завршите и се однесувате како работата, училиштето или пријателите да се поважни од поминувањето време заедно со партнерот. За да го решите тоа, размислете дали лутината, повредените чувства или некој друг проблем во врската можеби влијаат врз вашите чувства кон партнерот, а со тоа и врз вашата желба за секс. Откако ќе откриете, обидете се да го решите проблемот заедно. 2. Фантазирате за некој друг за време на сексот Сосема е нормално да фантазирате за време на сексот. Ако мислите на некој симпатичен странец неколку минути, тоа не значи дека не сакате да имате секс со партнерот или дека посакувате некој друг. Но, ако треба да замислите некој друг за да го избегнете партнерот, тогаш тоа е алармантен знак. 3. Сте имале секс со некој друг Фантазирањето е една работа, но неверството е сосема различна. Ако криете нешто такво од партнерот, тогаш нема да можете да се опуштите и да уживате во сексот. 4. Сексот го сметате за обврска Иако не звучи многу романтично, понекогаш е неопходно да закажете секс во врската, само за да поминете време со партнерот. Сепак, тоа не значи дека сексот треба да го чувствувате како обврска. Ако е така, тоа би можело да биде знак дека не уживате во сексот со партнерот онолку колку што би требало. 5. Едвај фантазирате за вашиот партнер Ако не фантазирате за вашиот партнер и не чувствувате потреба да бидете интимни, можеби партнерот веќе не ве привлекува. 6. Вашиот партнер е тој што секогаш иницира секс Прашајте го вашиот партнер што сака и претворете ги неговите желби во игра под чаршафите. Иако во моментот не сте расположени за секс, ако сепак вие иницирате, можеби партнерот ќе направи и вие да бидете расположени за секс. 7. Не се чувствувате удобно за време на сексот Невозможно е да уживате во сексот ако не се чувствувате пријатно, без оглед дали е тоа физички поради некоја болест или психички како резултат на депресија или поради недостаток на самодоверба. Најдоброто решение е да разговарате со партнерот и да му кажете како се чувствувате затоа што тој можеби не ни забележува дека не се чувствувате удобно. 8. Се плашите да кажете што сакате во креветот Можеби ви е чудно да зборувате за тоа што го правите иле не сакате да го правите во спалната соба, но колку повеќе разговарате за тоа, толку полесно ќе ви биде да уживате во сексуалниот чин. 9. Секогаш се чувствувате разочарано по сексот Понекогаш ќе ви биде многу тешко да уживате во сексот, особено ако вашите потреби не се задоволени. Но, имајте на ум дека сексот не може секогаш да биде совршен. Ќе има ноќи кога двајцата ќе бидете уморни или некој од вас ќе биде болен, па сексот ќе биде здодевен. Тоа е сосема нормално само ако станува збор за некои тековни проблеми што ве загрижуваат. 10. Мислите дека сексот треба да се одвива на одреден начин Ако разговарате со вашите пријатели за вашите сексуални животи, можеби ќе мислите дека вашиот не е доволно добар. Но, ако вие уживате во сексот и се чувствувате поврзано со партнерот, заборавете на коментарите што ги кажале пријателите и кои постојано ви се вртат во главата. 11. Го разочарувате партнерот во спалната соба Ниската самодоверба може да игра огромна улога во тоа дали ќе уживате во сексот или не и на перформансите во спалната соба. Ако постои таков проблем, разговарајте со партнерот. Ако ви е досадно, или се борите со депресија, кажете му. Заедно можете да се потрудите да имате подобар сексуален живот и многу да се забавувате. извор:nнетпрес.ком.мк]]>

Короната ја расипа акцијата во кревет: Колку луѓе не сакаат да водат љубов и што прават за да избегнат однос? https://arhiva.vistina.com.mk/koronata-ja-rasipa-akcijata-vo-krevet-kolku-lugje-ne-sakaat-da-vodat-ljubov-i-shto-pravat-za-da-izbegnat-odnos/ Wed, 14 Oct 2020 13:00:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171415

Вирусот ги расипа работите во спалната соба Без оглед на тоа колку короната влијаела на секој сегмент од нашите животи, не треба да трошиме зборови, па затоа не е ни чудо што нејзиното лошо влијание стигнало и до спалната соба. Имено, вирусот значително влијаеше на сексуалните навики на луѓето и постои јасна тенденција за паѓање на либидото. Едно британско истражување во кое учествувале 2.559 припадници на двата пола, покажало дека дури 55% од луѓето мислат дека повеќе нема да бидат заинтересирани за секс! А, колку опаѓањето на сексуалната желба доби замав за време на Ковид 19 најдобро покажува фактот дека неверојатни 41 процент од испитаниците прават се што ќе помислат… да се направат непривлечни за своите партнери! Да, добро прочитавте, а тоа вклучува избегнување туширање (?) и облекување повеќе слоеви облека. Околу 29 проценти од луѓето користат ТВ или видео игри за да имаат изговор да не имаат секс. Експертите наведуваат дека падот на либидото е нормална работа, особено во време на зголемена изолација, но некои податоци се доста загрижувачки. Повеќе од половина од испитаниците признале дека се чувствуваат нервозни, па дури и вознемирени кога нивниот партнер сугерира секс, а 27% од испитаниците рекле дека се срамат од своето тело. „Ниското либидо, како и другите форми на сексуални проблеми, може да биде вистинско табу. Луѓето се срамат да изразат како навистина се чувствуваат затоа што се плашат дека ќе бидат осудени, особено кога има голем притисок врз луѓето да имаат секс без прекин, а тоа е особено точно за младите“, објаснува сексуалната терапевтка Кетрин Хартлајн. : Најголем фокус е на тоа што треба да сакаме и што се смета за нормално, но кога станува збор за сексот, нема „нормално“. Сите имаме различни пориви и желби. Дека губењето на либидото стана сериозен проблем, покажува и фактот дека Британската здравствена служба (NHS) посвети посебен дел на ова прашање на својата веб-страница. извор:попара.мк]]>

Која е разликата помеѓу интимноста и блискоста и зошто е важно за врската да ги имате двете? https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-razlikata-pomegju-intimnosta-i-bliskosta-i-zoshto-e-vazno-za-vrskata-da-gi-imate-dvete/ Thu, 06 Feb 2020 13:30:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133032

Во секоја врска, луѓето сакаат да имаат блискост со партнерот, но и да се чувствуваат интимни со него. На крајот на краиштата, не можете да бидете интимни со некој што не сте блиски. Но, разликата помеѓу овие две работи е поголема отколку што очекувате. Блискоста значи низок ризик, ниска вознемиреност, висока предвидливост, удобност. Со интимноста постои значителен степен на мистерија во врската и тоа значи висок ризик, голема вознемиреност, ниска предвидливост, свежина и новини. Која е разликата помеѓу блискоста и интимноста? Еве неколку клучни примери:

1. Блискоста значи дека играте на сигурно

За многу парови, особено за оние со деца, да имаат време само за себе може да биде навистина голем предизвик. Кога ќе се случат тие ретки моменти, повеќето луѓе имаат тенденција да се вратат на добро познатите патеки: јадење во омилениот ресторан, нарачување на истиот оброк, одење во истиот кино, гледање на истата серија на Нетфликс итн. Ако вашето време е навистина толку ограничено, зошто не правите нешто во што ќе уживате? Променете ја рутината и направете нешто што не сте го направиле досега. Паровите треба да прават нешто што ќе ги натера да ја напуштат удобната зона и да стекнат заедничко искуство, а тоа може да биде каква било нова авантура.

2. Интимноста значи да останете љубопитни

Кога барате интимност во врската, мора да бидете постојано љубопитни за партнерот, што доаѓа само со сознанието дека никогаш нема да знаете сè за него. Партнерот секогаш ќе има нови мислења и желби што ќе ве изненадат. Вие мора да бидете подготвени да го прифатите тој концепт и да бидете подготвени да продолжите да ги откривате слоевите. Ако мислите дека го познавате вашиот партнер, тогаш станува збор за блискост. Никогаш не можете целосно да го познавате вашиот партнер, но можете да се запознаете подобро себеси во присуство на вашиот партнер. На тој начин можете да ја зацврстите вашата страст и да го откриете партнерот на нови и возбудливи начини.

3. Блискоста е рутина, дури и во спалната соба

Да знаете како да ја разгорите страста и да знаете во што ужива партнерот во текот на сексот се едни од главните придобивки на долгорочната врска. Но, сексот лесно станува здодевен и монотон, па може да се чувствувате како одново да го слушате истиот албум. Одличниот секс бара промена на работите. Со други зборови, ако ја имате целата куќа, искористете ја целата куќа, играјте улоги, пробајте неколку нови играчки и сл.

4. Интимноста ги потврдува вашите сопствени желби

Многу често, во бракот, едниот партнер ги загрозува сопствените интереси или желби во корист на одржувањето статус кво. Тоа не мора да се однесува само на сексот. Може да биде хоби, вештина што сакаат да ја научат, место што сакаат да го посетат. Ако нивната желба се заканува на удобната зона што ја граделе двајцата партнери, многу луѓе имаат тенденција да ја потиснат. Интимноста значи да останете свои бидејќи вашите интереси, потреби и желби се важни. Интимноста значи да се договорите со парнтерот дека вашите желби ќе бидат целосно изразени и дека ќе се потрудите да ги остварите тие желби.

5. Блискоста значи да ги задржувате фантазиите во себе

Секој има сексуални фантазии, но повеќето од нив се потиснати. Повеќето луѓе ги задржуваат сексуалните фантазии само за себе бидејќи се плашат дека ќе предизвикаат стресни ситуации ако ги споделат своите фантазии со партнерот и мислат дека партнерот ќе го сфати тоа лично.

6. Интимноста ви дозволува да ги остварите вашите фантазии

Ако тоа за што фантазирате не вклучува нешто штетно или нелегално, тогаш споделувањето на тие фантазии може да биде само позитивна работа. Споделувањето на фантазијата може да отвори нови можности за вас. А, ако сакате да имате исполнета, негување и инспиративна врска, тоа ќе го постигнете ако заедно се согласите да ги правите работите што ги сакате. извор: Кафепауза]]>

Што предизвикува избегнувањето на интимност? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-predizvikuva-izbegnuvanjeto-na-intimnost/ Fri, 09 Aug 2019 12:45:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101368

Избегнувате интимност поради некоја причина? Едноставно се наоѓате во таков период и на некој начин дури и без намера избегнувате да бидете интимни. Не е ништо страшно бидејќи секому може да му се случи ова во одреден период од животот. Прочитајте во продолжение за да дознаете што се случува кога интимноста под чаршафите недостига. Научниците од Универзитет во Флорида откриле дека недостатокот на интимност под чаршафите може да ги направи луѓето депресивни. Според резултатите од најновите истражувања, луѓето кои подолго време не биле интимни стануваат нерасположени, а после одреден период лесно можат да потпаднат во депресија. Но, тоа не е единствениот проблем. Се претпоставува дека недостатокот на интимност може да влијае и на намалување на концентрацијата и неизвршување на работните обврски како и зголемено ниво на стрес односно чувство на потешкотии. Како што интимноста влијае и на нивото на различни хормони во организмот, недостаток на акција може да се одрази и на проблеми поврзани со спиењето. Освен тоа, психолозите тврдат дека поради редовната интимност со партнерот луѓето се чувствуваат многу задоволно од самите себе, а нејзиниот недостаток може да влијае врз нарушување на самодовербата. Одредени истражувања покажале и дека редовното водење љубов е поврзано со здравјето на срцето. извор:кафепауза.мк]]>