интернет закани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 06:06:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интернет закани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Марија Луиса Тодоровска и се заканува „Инстаграм мафија“: „Пеј уште малку, ќе те уништиме, ќе ти е…е се’ најмило!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-marija-luisa-todorovska-i-se-zakanuva-instagram-mafija-pej-ushte-malku-ke-te-unishtime-ke-ti-e-e-se-najmilo-foto/ Wed, 30 Aug 2023 10:50:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315858

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска летово одмараше „за сите пари“. Изборот на пејачката падна на Егејот, кај нашиот јужен сосед, но не и на вообичаените места како Халкидики, Паралилија, Платамона, Неа Пори, Лептокарија… туку Марија  се качи на тарект и фати сосема друга траекторија - правец на грчките острови. Откако до врв ги наполни батериите, го потемне тенот, осоли телото, ја релаксираше душата и одмори грлото, фолкерката сакала не сакала, мораше да се врати назад „во трлото“... Во она, во кое сите ние го возиме своето секојдневие. А нејзиното е оноа вообичаенето: „Пеам дење, пеам ноќе, пеам што ќе посакате, само ако добро платите...!“ А нејзе на тоа поле  посекако и оди одлично. И по враќањето од море, тезгите не и недостасуваат, а на нив како по правило богатиот бакшиш е екстра од договореното... И што е битно, Марија не пее за ситно! Затоа не може и не смее да се пожали од заработеното, а дебелото конто и пружа можност за „скап живот“ во кој пејачката сака да ужива. И покрај тоа што изгледа дека македонската Северина „добро плива“, сепак не е баш се' така како што изгледа, зашто некој и се заканува дека наскоро „нема да биде жива“... или бареме не здрава! Имено, Марија Луиса покрај сите убавини, деновиве почнала да добива чудни пораки на социјалните мрежи. Интернет закани од „Инстаграм мафија“, како што фолкерката заканувачите ги нарекува кои и порачале дека наскоро „ќе ја решат“! „Ти дојде крајот... Пеј уште малку... Ќе ти е..ме се' најмило... Ќе те уништиме...“ - јавно и порачале „Инстаграм мафијашите“ на Марија Луиса, без да ја наведат причината зошто и како? Дали тоа љубоморната естрадна конкуренција и праќа скриени пораки или нечија љубоморна девојка/сопруга на овој начин ја предупредува  да си ја „потсобере опашката“ - ќе дознаеме допрва! Што и да е, Марија Луиса со брз одговор покажа дека не им се плаши на заканувачите, па јавно ги објави нивните закани на своите Инстаграм приказни. Патем, сподели и една прилично асоцијативна фотографија на која покажа дека „славата никој не може да и ја украде“, па дури и на ваков начин да се обидува, зашто Марија е исто толку подготвена,  ваквите кои ги има на претек, за миг „да ги спакува во гепек“! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska  ]]>