интернационален натпревар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Jun 2023 10:59:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интернационален натпревар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Носеа медали за Германија, а сега тоа го прават за Македонија: Илина и Ева македонското знаме ќе го веат и низ Европа https://arhiva.vistina.com.mk/nosea-medali-za-germanija-a-sega-toa-go-pravat-za-makedonija-ilina-i-eva-makedonskoto-zname-ke-go-veat-niz-evropa/ Sat, 03 Jun 2023 10:59:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304775

Нашите девојчиња Илина и Ева Соколовски повторно редат успеси, а најубавото е што ќе се натпреваруваат под македонско знаме на интернационални натпревари по ритмичка гимнастика. Илина и Ева со родителите живеат во Германија, и сите досегашни нивни успеси, златни, сребрени и бронзени медали што ги освојуваа, ги освојуваа за Германија иако и двете се со македонски пасош. Но, овој пат и за двете задоволството е поголемо, бидејќи, како што велат, ќе ги бранат боите на татковината. Илина се квалификуваше за големото германско финале во ритмичка гимнастика, односно Германскиот куп, кој ќе се одржи  на 10 јуни, додека нејзината сестра Ева прв пат ќе ја претставува Македонија на интернационален натпревар, кој ќе се одржи на 15 овој септември во Будва. -Германскиот куп ќе се одржи за 10 дена во градот Вестербург и ова ми е четврти пат што се натпреварувам во финалето, каде секогаш земаат учество топ 15 најдобри гимнастичарки во Германија. Пред две недели се натпреварував во полуфиналето во градот Хепенхаим, во сениорската категорија, каде што настапија 32 натпреварувачки со врвен квалитет. Настапив со три кореографии, топка, чуневи и лента и едноставно тргна се како што треба. Бев перфектна во трите кореогафии, со што се квалификував во големото германско финале или Германскиот куп во ритмичка гимнастика, рече Илина и ги откри плановите: -Во план ми се уште четири интернационални натпревари оваа и следната година. Натпреварите ќе бидат во Полска, Италија, Германија и Португалија. Сите овие натпревари ќе ми бидат како еден вид подготовка за Европското првенство на кое за прв пат ќе ја претставувам Македонија, вели Илина. Но, успеси во оваа дисциплина не реди само Илина, туку и нејзината сестра Ева(13). Ева, по големите успеси во Германија,  за првпат ќе настапи на интернационален натпревар, каде ќе ја претставува Македонија. -Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика ќе се одржи на 15 септември во Будва. Ќе се натпреварувам под македонско знаме и задоволството е глемо. Но, голема е и одговорноста, да направам се што можам достојно да ја претставам Македонија. Па прв пат ја претставувам Македонија и ќе навистина ќе дадам се од себе за да направам што подобри резултати и да ја претставам татковината во најдобро светло, вели Ева.
]]>