интернационална вечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Sep 2022 06:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интернационална вечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јуре Бркљача, победник од публиката на „Охрид фест 2022“: Момче „со медитаранот во себе“ https://arhiva.vistina.com.mk/jure-brkljacha-pobednik-od-publikata-na-ohrid-fest-2022-momche-so-meditaranot-vo-sebe/ Wed, 07 Sep 2022 07:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265923

Јуре Бркљача (27), млад музичар од Задар -Хрватска, на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ со песната „Не постојим кад ниси ту“ на Мирослав Рус ја освои првата награда од публиката. Со „медитеранот во себе“, топлината во гласот и далматинска непосредност ги освои сите, па вети дека ќе доаѓа почесто. Неговиот музички пат во Хрватска започна на натпреварот „Тhe voice“ во 2015 година, и за само неколку години целиот талент и дарба испливаа на површина. Еве со какви импресии Јуре се врати во својата татковина. По поминати 1000 километри, што прво направи кога пристигна дома? Јуре: Патував со феноменална екипа од Словенија, што за прв пат ја запознав, а се дружевме како да се знаеме со години. Тоа беа новинарот Вања Вардјан и дел од групата „Рандеву“, Миро Чекелиш и Божидар Волфанд. Од Охрид тргнавме за Загреб, со неколку паузи, па и „гурманска“ во Скопје, каде ручавме, пристигнавме во понеделник, околу 4 часот наутро. Првин легнав да се наспијам. Потоа, веднаш се фатив за гитарата а потоа почнав со тренинг. И, кои се впечатоците неколку дена по победата на „Охрид-фест“, како беше на фестивалот, колку те изненади наградата, ја почувствува ли енергијата на исчекување на „она нешто“? Јуре: Голема чест ми е победата на „Охрид фест“ а најдраго ми е што публиката го препознаа медитеранот во песната. Се изненадив како луѓето ме прифатија „од прва“. Целта ми беше да дојдам во Македонија, да се претставам и да ја запознам вашата земја, не размислував за никаков пласман. Особено што едни од моите најголеми музички идоли ми се Тоше Проески и Влатко Стефановски, така што честа да победам во земјата од каде што се тие, е уште поголема. Првпат си во Македонија и ете, се случи убава работа, награда и можноста да ни доаѓаш почесто. Што ти се допадна кај нас? Јуре:  Најмногу од се ми се допаднаа луѓето кои имаат голема љубезност кон гостите. Охрид е прекрасен, го има „она нешто“. Сите денови пред фестивалот се дружевме во локалот Харбор и свиревме клавир. Запознав добри луѓе и пријатели на кои ќе им се јавам секогаш кога ќе дојдам во Охрид. А што се однесува до храната, многу е добра и морам да признам дека веќе ми недостасува. Соработуваш со Мирослав Рус, и тоа е голема радост за двајцата, па кажи ни како започна тој музички пат, како работите? Јуре: Рус е мојот пријател пред се. Во една прилика ги слушаше моите песни во студио и едноставно се случи „кликнување“, имаме многу сличен поглед на музиката. Мене ме импресионираа неговите песни и текстови.. Сметам дека Рус е еден од најдобрите автори на сите времиња на овие простори. Има безвременски песни. Од него најмногу научив за музиката и за работата. Го снимивме заедно мојот прв албум „Остани тајна живота мог“ и подготвуваме уште песни кои едвај чекаме да ги слушнете. Рус е посебна личност, добар пријател и човек. Кои ти се ангажманите во следниот период? Јуре: Работиме на новиот албум и на тоа сум најмногу фокусиран. Се радувам на новите песни и средби со публиката. Свирењето во живо ми ги полни батериите и ми дава голем предизвик. Имам многу енергија и младост, сакам да ја искористам таа прилика и да оставам трага зад себе. Фото: Марино Бркљача]]>

29-то издание на „Охрид фест“: Фестивалска еуфорија и добро расположение https://arhiva.vistina.com.mk/29-to-izdanie-na-ohrid-fest-festivalska-euforija-i-dobro-raspolozenie/ Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265182

Вечерва и утре, (2 и 3 септември) е планирано да се одржи 29-тото издание на „Охрид фест“. Се' е подготвено, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение. Директниот пренос го прави МТВ, па така вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечерта, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина ТВ гледачите го проследат фестивалот. Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот како омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција. Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ. За преносот на фестивалот покрај националниот сервис,  големиот интерес  поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада. Затоа „Охрид- фест“ ве повикува  да гледате, слушате и уживате!]]>

„Охрид фест – Охридски трубадури 2021“ со фолк и интернационална вечер на 10 и 11 септември https://arhiva.vistina.com.mk/ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2021-so-folk-i-internacionalna-vecher-na-10-i-11-septemvri/ Tue, 15 Jun 2021 10:27:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207042

Подготовките за претстојниот „Охрид фест - Охридски трубадури 2021“ се во полн ек, а стартот е закажан за 10 септември. Како што е познато, сидрото е во Охрид, на најубавата сцена на Балканот, на Долни Сарај, откаде ќе одекнат песни што долго ќе се паметат. Годинава фестивалот е конципиран во две вечери, во Фолк и Интернационална, кои ќе се случуваат на 10 и 11 септември, со што продолжува музичката традиција долга 28 години. - Минатата година, и покрај неизвесноста со пандемијата, го одржавме фестивалот, на што сме особено горди. Продолжуваме каде што застанавме, очекуваме квалитетни песни кои ја следат трубадурската традиција, но и многу добри поп- композиции и атрактивни гости на Интернационалната вечер – вели првиот човек на „Охрид фест – Охридски трубадури“, Григор Копров. На Фолк вечерта ќе настапат: Благица Павловска, дуетот Баже Груевски и Сани, Ирена Спасовска, Барбара, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, „Соната“, Нино Величковски, Петар Христов, групата „Лихнида“ и многу други. Ќе ги видиме и: „Нокаут“, Ристо Самарџиев, Александар Јосифовски, Димитар Андоновски, Филип Јордановски..., а организаторите најавуваат многу музички изненадувања на Интернационалната вечер. Годинава „Охрид  фест“ посебен акцент и внимание им посветува на новите музички сили, на дебитантите што ќе ја започнат својата музичка кариера токму од Охрид.]]>