интернационален – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Jan 2023 07:25:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интернационален – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ива Пројковска интернационaлна ФИФА судијка: „Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iva-projkovska-internatsionalna-fifa-sudijka-doprva-pochnuva-revolutsijata-na-zhenite-vo-mashkiot-fudbal-foto/ Tue, 31 Jan 2023 07:25:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286517

Ива Пројковска, првата интернационална ФИФА судијка која се најде помеѓу 20-те елитни судии во Европа, неодамна ја доби наградата најуспешна женска судијка за 2022 година од Олимпискиот комитет на Македонија. Ива вели дека била изненадена за наградата, но и среќна затоа што некој ги следел нејзините резултати и успеси надвор од Македонија. „Бев многу среќна кога ме избраа, највеќе затоа што женскиот фудбал и женските судии малку се следат во нашата држава и медиумите многу малку информираат за тоа“, вели Ива за Репортер. Ива имаше можност да присуствува на Светското фудбалско првенство во Катар, но како гостинка на покана на катарската фудбалска репрезентација. „Тоа што сум ФИФА судија немав приоритет, но бидејќи работев за катарската фудбалска репрезентација имав привилегија и чест да добијам ВИП карти и да се дружам со некои видни гости на трибините“, раскажа Ива. Таа била на повеќе натпревари. Ја пофали организација на Катарците и рече дека на следните организатори им посакува среќа. „Ги следев натпреварите на репрезентацијата на Хрватска, Србија, Катар, Англија, Велс, Холандија. Можам да кажам дека сум презадоволна од организацијата. Ова го очекував од нив затоа што година и пол живеев во Катар, знам како функционираат. Поставија високи стандарди за едно Светско првенство, така што на следните организатори можам само да им кажам со среќа“, со насмевка вели Пројковска. Фаворити секогаш и се судиите, но на Светското во Катар навивала за блиските соседи Хрватска, Србија, но и за Катар. Светското првенство во Катар беше многу посебно по многу работи, но и потоа што оваа година главен судија на еден меч беше жена судијка. Станува збор за Французинката Стефани Фрапер која судеше на натпреварот помеѓу Германија и Костарика. „Во светот на фудбалот жените отидоа многу напред, што за жал кај нас тоа слабо ги следиме. ФИФА и УЕФА многу ги поддржуваат женските судии, ми им даваат поддршка. Можеме да видиме дека Стефани не само на ова првенство таа испиша историја во последните години на многу големи машки натпреварувања. Мислам дека се почесто и почесто ќе гледаме жени на големите натпреварувања, ФИФА и УЕФА тоа го сакаат, тоа и го наложуваат и до сите останати федерации. Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал“, рече Ива. Спортски судија, не типична професија за жените, но и професија од која во Македонија не може да се заработи за живот. „ Кај нас во Македонија не може. Ние не сме професионалци, не сме на платен список, се е тоа хонорар. Ако се случи една мала повреда при судење, а не си пријавен, нема како да заработуваш, да купиш суплементи, да платиш медицински трошоци. Во голем број федерации судиите се професионалци, тоа им е главна професија, само со тоа се занимаваат“, раскажа Ива како стојат работите со спортските судиите кај нас. Има другари/ки помеѓу фудбалерите и фудбалерките, но таа дружба останува само на кафе муабет. „Постои мала дистанца, мала е Македонија, не сакам да се продлабочуваат врските, затоа што утре ќе треба да им судам“, вели Ива. Не сака да се обложува и никогаш не напишала ливче во обложувалница. „Не ме бива за тоа. Немам поим ни како се пишува ливче, коефициенти тоа ништо не знам, знам дека има двојка во икс. Знаат некогаш некои другари кога ќе се обложуваат да ме прашат за резултат, меѓутоа никогаш немам погодено натпревар“, кажа Ива. Таа се подготвува во меѓувреме за зимскиот семинар кој ќе се одржи во Рим, каде ќе полага норми и тестови, видео анализи, заеднички тренинзи, различни мерења. „Кога ќе го положам тоа ќе размислувам за понатаму бидејќи прво треба да положам, па потоа ќе следи делегирањето за остатокот на сезоната“, рече Ива во интервјуто кое можете да го погледнете во продолжение:. ]]>

Со промоција на новата книга на Пијан Славеј „Срчки“ вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ на кој ќе учестуваат книжевни ѕвезди од Балканот https://arhiva.vistina.com.mk/so-promocija-na-novata-kniga-na-pijan-slavej-srchki-vecherva-se-otvora-pro-za-balkan-na-koj-kje-uchestuvaat-knizevni-dzvezdi-od-balkanot/ Mon, 14 Sep 2020 11:55:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166915

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во 19.30 часот во Куршумли Ан во Скопје. Врвни автори од регионот, како и домашни автори се гости на фестивалот, кој ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер ќе ви претставиме тројца од нашите гости. Со македонската публика ќе се сретне Мухарем Баздуљ, Углеша Шајтинац, Калина Малеска и со Дамир Каракаш, кој ќе учествува со видеомонолог. Баздуљ е писател, новинар и преведувач и еден од најчитаните во регионот. Неговите 20-тина книги се преведени на повеќе странски јазици, а ги има добиено голем дел од значајните новинарски награди во БиХ и во Србија. Две негови книги се преведени на македонски јазик – „Ѓаурот и Зухејда“ („Готен“) и „Кукла од марципан“ во издание на „Везилка“. Српскиот автор Угљеша Шајтинац е наградуван драматург и писател, добитник на Европската награда за литература за романот „Сосема скромни дарови“. На првата вечер ќе биде претставeно делото и на нашата писателка Калина Малеска, професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзини раскази се преведени на неколку јазици и објавени во списанија во земјата и во странство, а учествувала и на повеќе македонски и меѓународни книжевни фестивали. Нејзиниот расказ „Поинаков вид оружје“ е застапен во антологијата Best European Fiction 2018. Со нив ќе разговараат уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев, и претседателот на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, Ермис Лафазановски. Во продолжение ќе следува креативно и луцидно видеоизлагање на хрватскиот писател Дамир Каракаш, автор на пет романи, три збирки раскази, патопис и две претстави за неговите книги и светот во којшто моментално живееме. Некои од неговите книги имаат култен статус кај читателите. Според неговата збирка раскази „Кино Лика“ снимен е филм што освои бројни награди на реномирани филмски фестивали. Првата вечер ќе биде промовирана и „Срчки“, новата книга на Бранислав Николов (Пијан Славеј), а на промоцијата ќе настапат авторот и басистот Гоце Јованоски. На 15 септември во 13 часот во Europe House ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“ на која ќе учествуваат гостите-писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Поради ковид-протоколите, настанот е затворен за публика. Традиционално, фестивалот организира средба на членовите на оваа програма со претставници на Македонската асоцијација на издавачите и ќе имаат можност да воспостават идни соработки. Вечерта во 19.30 часот следува второто претставување на писателите и нивните дела. Маја Солар, авторка која се занимава со феминистички и филозофски теми, како и младата книжевна ѕвезда во регионот, Магдалена Блажевиќ (БиХ) и македонската писателка и книжевна теоретичарка Елизабета Баковска ќе разговараат со Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски. Музичарите Гоце Јованоски и Андреа Мирческа ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“ по сценарио на Анте Томиќ. Потоа ќе следи получасовен видеоразговор меѓу Миљенко Јерговиќ и Анте Томиќ, изработен специјално за публиката на фестивалот. Фестивалот ќе биде затворен на 16 септември во Куршумли ан во 19.30 часот, кога ќе биде прочитан говорот на добитникот на наградата „Прозарт“, Исмаил Кадаре, а писателите-гости ќе читаат извадоци од своите дела. Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, на 17 септември во летното кино на Кинотеката, ќе биде прикажан документарецот „Медена земја“. Преку видеоприлог, Миљенко Јерговиќ ќе зборува за филмот по проекцијата. Фестивалот ќе го отвори директорот Дејан Трајкоски. Гости ќе бидат и четворицата членови на програмата „Скопје fellowship“ – Назли Бериван Ак од Турција, Јасмина Радојичиќ од Србија, Доротеа Монова и Милен Милев од Бугарија. Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон балканската книжевност е големиот писател Исмаил Кадаре. За жал, тој не можеше да дојде во Скопје и да се сретне со својата читателска публика. Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт“, а е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и од Кинотеката.]]>

Интернационален младински арт фестивал: “Битола Отворен Град” од 3-ти до 5-ми септември https://arhiva.vistina.com.mk/internacionalen-mladinski-art-festival-bitola-otvoren-grad-od-3-ti-do-5-mi-septemvri/ Sat, 08 Aug 2020 08:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162398

Познатитот битолски фестивал, “Битола отворен град”, сепак ќе се одржи и оваа година во пандемиски услови. Организаторите од МКЦ- Битола соопштија дека ова издание кое требаше да се одржи во јуни е преместено за од 3-ти до 5-ми септември. Се најавува музичка програма на кирилица, но и други мали слатки уметнички задоволства за душа и глава. “Годинава пред нас се исправи предизвикот да го организираме фестивалот во состојба на пандемија и тоа на сосема нов, оригинален, непретпоставуван дискурс, согласно пропишаните протоколи и мерки. Пандемијата е трансформативен момент за светот. Корона кризата испишува нови страници во домашната и светската уметност, а ние имаме одговорност да ја поддржиме домашната уметничка сцена, да обезбедиме можност и услови за нејзино промовирање, конзумирање и уживање. Уметноста успева да го најде својот пат до публиката и во време на пандемија, а ние сме должни тој пат да го направиме безбеден и за уметниците и за публиката која е жедна за квалитетна уметничка програма”, велат од Младинскиот културен центар – Битола.
]]>

20 години интернационалeн музички фестивал „Тра ла ла“ https://arhiva.vistina.com.mk/20-godini-internacionalen-muzichki-festival-tra-la-la/ Mon, 12 Aug 2019 09:31:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101610

Од 13-18 август ќе се одржи 20-тото издание на Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2019 Охрид и Битола, Македонија. Учествуваат солисти од 14-26 годишна возарст од 22 држави. Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА оваа година го одбележува својот 20-ти јубилеј и е една од најуспешните манифестации од овој вид во цела Европа. Во досегашните изданија на фестивалот ТРА ЛА ЛА покрај учесниците од Македонија, земаат учество и репрезенти и делегации, солисти и вокални групи од Малта, Индија, Шпанија, Естонија, Велика Британија, Украина, Хрватска, Белорусија, Кипар, Бугарија, Латвија, Австралија, Бугарија, Русија, Албанија, Литванија, Романија, Србија, Јапонија, Косово, Полска, Италија, Словенија, Молдавија, Израел, Унгарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и многу други.
Проектот има за цел да придонесе во развојот на музичката култура во нашата држава и јакнење на натпреварувачкиот дух кај младите. Со тоа се допринесува во афирмацијата на македонската и светската естрада, дел од партиципантите се учесници на голем број европски и светски манифестации како детската Евровизија, Сан Ремо џуниор, Славјански базар и многу други познати случувања. Фестивалот ТРА ЛА ЛА е член на Светската асоцијација на перформанси и уметости (World association of performing and arts) WAPA со седиште во Ерменија, а наскоро се очекува да стане член на Светската асоцијација на фестивали и уметности (World association of festivals and arts – WAFA). Соработува со преку 40-тина фестивали и организации ширум светот. Гала концертот ќе се одржи  на 17 aвгуст 2019, во Центар за култура, Битола, почеток 19 часот. Билетите се пуштени во предпродажба.]]>