интернационален рок и етно фестивал 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Jul 2022 12:41:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интернационален рок и етно фестивал 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Првиот македонски трибјут бенд „Бело копче“ заедно со најголемите регионални ѕвезди на првиот интернационален „Рок и етно фест“ во Улцињ https://arhiva.vistina.com.mk/prviot-makedonski-tribjut-bend-belo-kopche-zaedno-so-najgolemite-regionalni-dzvezdi-na-prviot-internacionalen-rok-i-etno-fest-vo-ulcinj/ Thu, 14 Jul 2022 12:38:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258628

Спој на рок и етно култура, карактеристичен звук и познати музички имиња - сето тоа го носи првиот интернационален „Рок и етно фест“. Четири дена добра музика, но и разновидна културно-уметничка програма, во срцето на морскиот брег, Улцињ, ќе ги собере најпознатите рок групи како: „Тешка индустрија“, „Генерација пет“, „Црвена јабука“, „Краљевски апартмани „... Ним ќе им се придружат регионалната ѕвезда Индира Форца – екс „Колонија“, необичниот македонски трибјут бенд „Бело копче“ трибјут „Бијело дугме“, но и многу други изведувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Хрватска и  Македонија. Покрај љубителите на добриот звук, свое место во модерниот јавен парк на семејството Хајдари ќе најдат и љубителите на уметноста, ракотворбите, модата и фолклорот. Покрај големите музички концерти, во програмата на фестивалот има и настапи на фолклорни групи од Западен Балкан. Покрај тоа, ќе се одржи саем за ракотворби, модна ревија и етнографска изложба. Првиот Интернационален Rock & Ethno Fest започнува на 4-ти август во 19 часот. Првата фестивалска вечер ќе настапи „Бело Копче“ трибјут „Бијело дугме“, а истата вечер публиката ќе ја забавуваат Индира Форца - екс „Колонија“, „Тешка индустрија“, Билјана Ѓошева, „Трилоџи бенд“ и Адријан Љуљџурај.  „Бело Копче“ трибјут на „Бијело дугме“ настапуваат и втората вечер, како и „Тешка индустрија“, Билјана Ѓошева и „Трилоги бенд“. Освен нив, на 5 август на сцената ќе се појават „Епилогија“ и „Краљевски апартман“. Третиот фестивалски ден е резервиран за концертот „Генерација 5“, „Црвена јабука“, како и за музиката на „Фјола и бенд“. Истата вечер публиката повторно ќе има можност да ги слушне „Тешка индустрија“ и „Епилогија“. На последниот ден од манифестацијата ќе настапат  Шкумбин Исмаили, Пони, Кораб Шаќири, Сидорела Кељменди. Конечно, фестивалот се затвори со хитовите на „Тешка индустрија“, а публиката уште еднаш ќе го слушне бендот „Фјола и бенд“. Првиот Интернационален Rock & Ethno Fest го организира невладината организација „Глобус Арт“ од Улцињ, која зад себе има низа успешни културни манифестации кои се одржуваат во Улцињ и низ целиот Балкан. Билетите за настанот можете да ги купите на веб-страницата www.gigstix.me. Цената на билетот за една вечер чини 9 евра, додека цената на билетот за сите четири вечери на фестивалот изнесува 29 евра. „Поминете ги деновите на една од прекрасните плажи, а потоа подгответе се и дојдете на најдобрата забава во градот. Време е за добар стар звук и нови спомени“ -порачуваат организаторите кои помпезно ги најавуваат настапите на македонскиот трибјут бенд „Бело копче“. Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на официјалните социјални мрежи: Facebook: https://www.facebook.com/International-Rock-Etno-Fest-112254891536027 Instagram: https://www.instagram.com/international_rocketno_fest/]]>