интермецо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 12:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интермецо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Латиноамериканска музичка вечер во Music Bar Intermezzo, заедно со еден од најатрактивните трубачи во светот, Пачо Флорес од Венецуела! https://arhiva.vistina.com.mk/latinoamerikanska-muzichka-vecher-vo-music-bar-intermezzo-zaedno-so-eden-od-najatraktivnite-trubachi-vo-svetot-pacho-flores-od-venetsuela/ Mon, 04 Mar 2024 15:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341052

Овој вторник (5 март), во 20 часот, гостите ќе имаат ретка можност да бидат дел од латино-џез концертот на атрактивниот Флорес, добитник на престижни светски награди, кој прави вистинско уметничко шоу. Маестралните Пачо Флорес на труба, Лео Рондон на гитара и Хернандез-Силва на перкусии од Венецуела, со латино-џез ќе ви овозможат едно исклучително уникатно музичко искуство! Заедно со овој маестрален музичар, чие ЦД го доби Златниот медал на „Глобал мјузик авардс“, ќе настапат и Лео Рондон на венецуелска гитара „куатро“, уште еден харизматичен музичар, потоа Мануел Хернандез Силва кој е диригент, но овој пат ќе свири перкусии, како и македонските врвни музичари: Иван Бејков на контрабас, Кирил Кузманов на саксофон, Филип Димишковски на пијано и Виктор Филиповски на тапани. Оваа фузија од балканска музика со традиционален латиноамерикански џез, ќе создаде неверојатно шаренило од звуци, страст, егзотика, танц. Гостите од Венецуела всушност, овој четврток настапуваат како солисти со оркестарот на Македонската филхармонија со мошне впечатлива програма, а во вторник ќе ги здружат своите креативни сили публиката да ги види и слушне во поинакво светло, кое ќе претстави врвна, квалитетна, но и импресивна музика. Триото од Венецуела настапува често заедно, а пбуликата во светот постојано се воодушевува од нивната уметничка моќ. Трубачот Пачо Флорес е фокусиран на промоција на современата музика. Првата награда која ја освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“. Флорес добил и врвно признание за неговите интерпретации како солист, способен подеднакво да управува со класичните и популарните жанрови. На своите магични изведби, тој им додава огромна доза на енергија обоена со најубавите инструментални бои. ]]>

Женско лице се обиде да ја претепа Елена Ристеска: Пејачката физички нападната со тврд предмет во познат скопски ноќен клуб? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhensko-litse-se-obide-da-ja-pretepa-elena-risteska-pejachkata-fizichki-napadnata-so-tvrd-predmet-vo-poznat-skopski-noken-klub-foto/ Tue, 24 Oct 2023 07:54:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323474

Македонската поп пејачка Елена Ристеска завчеравечер во 2 часот и 30 минути по полноќ во СВР Скопје пријавила дека во угостителскиот објект „Интермецо“ во скопската општина Центар, со тврд предмет била физички нападната од женското лице, Е.Т. Настанот е забележан во билтенот на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Веста бргу се прошири на социјалните мрежи, па следуваа и неколку објави на македонските портали, по што и Вистина.ком.мк се обиде веднаш да стапи во контакт со пејачката. Но и по нашите обиди, како и на неколку колеги пред тоа, пејачката остана нема на телефонските повици. Ристеска за цело време беше активна и на социјалните мрежи, каде преку месинџер новинарите на нашиот портал одново се обидоа да ја исконтактираат, но, Елена не возврати на Фејсбук пораките. На оние упатени по пат на СМС на нејзиниот телефонски број, одговорот е следниот: „Не е овој број на Елена, на компанијата ЕРА козметика е“. Или што би рекле „наводно“ на „нејзината“ козметичка куќа иако досега на истиот сме можеле да ја добиеме?! Инаку чаршијата и естрадните кулоари веќе наголемо почнаа да шпекулираат, дека мотив за нападот била женска љубомора заради нерасчистени емотивни односи од претходната врска. Имено женското лице која ја нападнала Елена Ристеска со тврд предмет во клубот „Интермецо“ наводно била бивша девојка на сегашниот љубовник на пејачката, но тој и поранешната девојка се' уште ги немале до крај расчистено односите во нивната  претходна врска. Некои пак шпекулираат дека врската воопшто и не била раскината и дека се работи за прељуба на момчето кое ја изневерило девојката со пејачката, но сето тоа останува само во доменот на кулоарските муабети, на кои Елена Ристеска не собра храброст, не барем засега, да одговори и да ја каже вистината... Или барем нејзината страна на приказната, за што нашиот портал останува отворен за пејачката, како и за другата страна која се споменува со иницијали Е.Т. во билтенот на МВР! Фото: Принтскрин - МВР билтен/Инстаграм/elenaristeska_era    ]]>

Вечерва „Куку Леле“ со свој настап во „Интермецо мјузик бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-kuku-lele-so-svoj-nastap-vo-intermetso-mjuzik-bar/ Thu, 20 Jul 2023 06:29:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310915

Овој четврток (20 јули 2023) сите патишта водат кон омиленото скопско кафуле „Интермецо мјузик бар“ каде и за оваа недела домаќините најавуваат богата музичка програма. На прекрасната летна тераса на  за овој четврток е закажана музичката дружба – овој пат со легендарното македонско дуо „Куку Леле“. Почетокот на незаборавниот концертен настап  на Роберт и Панки и екипата стартува во 20 часот, а присутните ќе можат да уживаат во изведбата на нивните најголеми хитови кои секогаш се гаранција за врвна забава, на која публиката во еден глас со нив ги пее: „Кучка“, „Постела од рози“, „Ти немаш појма“, „Стамбол сосе Бардовци“, „Блесава си или не“, Р'мбам јко црнец“, „Остани“, „Не плачи, не жали“, „Кажи ми, речи ми“, „Ме канат на свадба“, „Се' е против нас“... Ова ќе бидат само дел од темите кои Роберт и Панки  ќе ги отсвират и отпеат на сцената, на летната тераса на кафулето Интермецо. Се разбира тука е и специјалниот гостин на групата, легендарниот македонски кантавтор Јаков Дренконски кој ќе ја збогати музичката понуда за сите присутни вечерва, која ќе биде дополнета и со изведбата на Панки на уште дузина екс-Ју познати хитови со кои дополнително гостите таа вечер ќе се забавуваат. Не заборавајте – вечерва, четврток, 20 јули, сите патишта водат кон Интермецо. Стартот  е во 20 часот. Затоа резервирајте го своето место навреме.]]>

Гоца Тржан во „Интермецо мјузик бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/229179-2/ Mon, 29 Nov 2021 11:23:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229179

Среда е одличен ден за дружба со најблиските, а во музичкиот бар Интермецо, средата е резервирана за концерти од познати музички имиња. Посетителите можат да уживаат во приватен амбиент со ограничен број на гости и одлична музичка програма. Оваа среда, 1-ви декември 2021 година,  на наше задоволство е настапот на неверојатната Гоца Тржан. Освен по многубројните хитови кои ни се добро познати, Гоца е позната по својата музичка позитивна енергија која ја шири на нејзините настапи. Бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а места ќе има само за најбрзите, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место и имајте една среќна, забавна и опуштена среда.]]>

Продолжуваат Intermezzo Music Rituals забавите: Нада Димитријевиќ, девојката која потпетиците ги чува како експонат на диџеј пултот, гостува во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/prodolzuvaat-intermezzo-music-rituals-zabavite-nada-dimitrijevikj-devojkata-koja-potpeticite-gi-chuva-kako-eksponat-na-didzej-pultot-gostuva-vo-skopje/ Thu, 06 Aug 2020 12:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162190

 Овој петок е резервиран за старт на вториот дел од летната сезона и новиот серијал од Intermezzo Music Rituals забавите. За добрата журка со својот музички сет ќе се погрижи девојката во чии вени тече музика, талентираната Надежда Нада Димитријевиќ од Белград. Нада кариерата почнува да ја гради уште од дете, трагајќи по инспирацијата што ја има денес. Почетоците во музичкото училиште, отсек - пијано и модната сцена на која се наоѓа уште од 2009 година ја издигнуваат високо на пиедесталот на артистите кои доаѓаат од соседна Србија. Има настапувано рамо до рамо со ред музички ѕвезди како Gregory Porter, Robert Glasper, JAZZANOVA, Paul Randolph, Hindi Zahra, Incognito, The Brand New Heavies, Mario Biondi, Jose James, Sean Kuti, Meshell Ndegeocello, Liv Warfield, Keziah Jones, Bebel Gilberto... кои имале огромно музичко влијание врз нејзината понатамошна кариера. Како артист се појавува на многу значајни сцени во Европа, односно има настапувано на фестивали како што се Exit - Urban Bug stage, DEV9T во Словенија... Бележи настапи и во Хрватска, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Германија, Израел… Нејзините музички сетови изобилуваат со мелодични звуци и опфаќаат повеќе жанрови како дип хаус, минимал хаус, техно, тех хаус. Нада или Надежда Димитријевиќ од 2018 година е резидент диџеј во култниот Ben Akiba Club во Белград, а токму ова нејзино музичко резиме беше поттик за тимот на Intermezzo Music Bar таа да застане зад пултот во вечерта со која ќе биде означен стартот на вториот дел од сезоната. - Не се продавам за треш музика, попрво ќе работам три работи, отколку да ја трујам масата со лоша музика, вели Нада, девојката која освен зад диџеј пултот често ја има и на модните ревии. Важи за девојка која знае што сака, а што не и има храброст потпетиците место на нозе да ги држи како експонат на диџеј пултот. И она што е најважно, велат од првиот и единствен музички бар во земјава, забавата ќе биде со ограничен број на гости и организирана според протоколот и препораките од МЗ. Се гледаме во петок на 7 август.]]>

„Нокаут“ на акустичен концерт на дистанца во „Intermezzo Music Bar“ https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-na-akustichen-koncert-na-distanca-vo-intermezzo-music-bar/ Thu, 09 Jul 2020 13:49:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158050

Eдинствените „Нокаут“  предводени од Пере и дружината ќе бидат дел од забавата под мотото: „Петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена во Intermezzo Music Bar“ од каде, пак, велат дека продолжуваат со серијалот притоа задржувајќи ја традицијата да бидат секогаш уникатни и поразлични од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња и неколкумесечна пауза заради корона кризата. Најавениот анплагд концерт на Пере и „Нокаут“ е закажан за утревечер, 10 јули, а бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца. „Intermezzo Music Bar“ во целост беспрекорно ги следи, почитува и применува препораките, а како организација која има задача да се грижи за расположението на нашите посетители, дава скромен, но веруваме значаен придонес и поддршка за домашните изведувачи. Само преку свесно и одговорно однесување можеме да ги надминеме пречките и да се вратиме кон здравствена и економска стабилност, насмеани лица и позитивни мисли. Продолжуваме да работиме со мотото: Сплотени можеме повеќе!, велат од единствениот музички бар во земјава. Наскоро очекувајте нови имиња, нови детали и нови незаборавни вечери, затоа што најдобрите знаат како“.]]>

Љубов и вино зачинети со гласот Павле Камилоски во Intermezzo music bar https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-petok-ljubov-i-vino-zachineti-so-glasot-pavle-kamiloski-vo-intermezzo-music-bar/ Tue, 11 Feb 2020 13:31:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133688

Се вели убавите нешта одат во пар – а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на уникатниот Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски – одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок. Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија. Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања. „Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar. Камилоски со проектите „Мала Италија“ и „Come fly with me“ освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред сè, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број. Павле Камилоски, петок 21 часот, Intermezzo music bar. Денот на вљубените дефинитивно никогаш не звучел подобро!]]>

DERUN MUSIC во склоп на Intermezzo Music Rituals – незаборавна скопска журка по рецепт на оние од „Скорпиос“ на Миконос! https://arhiva.vistina.com.mk/derun-music-vo-sklop-na-intermezzo-music-rituals-nezaboravna-skopska-zurka-po-recept-na-onie-od-skorpios-na-mikonos/ Wed, 18 Sep 2019 10:02:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107564

Во петок, во рамки на музичкото патување под мотото Intermezzo Music Rituals гостуваат DERUN MUSIC - диџеите на „Скорпиос“, кои со себе ја носат вибрацијата на островот Миконос, а во Скопје ни доаѓаат по одличната, минатонеделна забава со неповторливиот Lannka, чиј настап уште долго ќе се прераскажува. „Скорпиос“, инаку го носи епитетот за најдобар бар на плажа во светски рамки, а како таков неговата музичката програма jа сочинуваат најдобрите артисти во deep house, down tempo, folkoric sounds и ancient rhythms звуците. Тимот на Intermezzo Music Rituals се погрижи и овој петок да доживееме ново музичко патување, овојпат со безвременските артисти DERUN. Како што за себе знаат да кажат - тие не веруваат во перцепцијата на времето. Како честичките од прашина што се трансформираат низ целиот космос, нашиот inner self патува наоколу со нив и се трансформира и развива во овој голем океан. Целта на DERUN е да ја трансформира приказната за нашиот универзум со музиката, комбинирајќи честички од прашина за да изгради нови аспекти бидејќи музиката е различна од гласовите. Сетовите на DERUN се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика во која преовладува длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега. Поради зголемениот интерес за Intermezzo Music Rituals забавите вратите на Intermezzo ќе бидат отворен од 20 часот. Бидете и вие дел од ова нивно патување.]]>

Intermezzo Music Rituals продолжува и оваа сабота – следува сетот на LANNKA https://arhiva.vistina.com.mk/intermezzo-music-rituals-prodolzuva-i-ovaa-sabota-sleduva-setot-na-lannka/ Thu, 12 Sep 2019 10:12:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106472

Оваа сабота нашето музичко патување патување во рамки на Intermezzo Music Rituals продолжува со звуците на LANNKA, талентираниот артист кој доаѓа од Атина и е еден од творците на епските забави во култниот „Скорпиос“ на Миконос. Неговите сетови започнуваат од Ориентот, патуваат низ Блискиот Исток и кулминираат со дип бас линијата на Африка. Ум загубен во музика, ова би била перфектната дефиниција за Јоргос Караконстантоглу, попознат како LANNKA. Роден и пораснат во Атина на почетокот од 80-те години, како диџеј почнува да работи на 14-годишна возраст. Почетоците му се поврзани со клубовите во родната Атина, но набрзо негова дестинација станува и Миконос. Благодарение на стекнатото искуство на клупската сцена низ годините како диџеј и промотор во локални клубови, почнува да пишува и продуцира квалитетна музика. И конечно, после долги години и искуство, сликата во неговата главата за тоа што сака и треба да биде станува кристално јасна. Роден е Lannka! Набрзо го сретнува Валерон, а природната хармонија меѓу нив ги прави вистински пријатели и неразделни соработници. Почнуваат да продуцираат заедно, па како природен след на нештата се раѓа Bercana music. Во магијата на Lannka ќе уживаме оваа сабота, а веќе на 4 октомври е закажано гостувањето на неговиот пријател и соработник и еден од водечките диџеи во регионов и број 1 на Миконос – ВАЛЕРОН, човекот кој прави магична комбинација на звуците од традиционалните грчки инструменти и електронските битови. И тоа не е сè, дел од Intermezzo Music Rituals што стартуваше со сетот на Chris IDH, едно од најголемите имиња од соседството кога е во прашање хаус сцената, ќе бидат и Derun и Nikos. Тимот на Интермецо најавува незаборавни музички патувања и уникати сетови. Бидете со нас!]]>

Две врвни диџеј имиња – ТОП најава за топ журки во Интермецо! https://arhiva.vistina.com.mk/dve-vrvni-didzej-iminja-top-najava-za-top-zurki-vo-intermeco/ Thu, 29 Aug 2019 10:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104226

Вториот дел од летната сезона кафулето Интермецо го продолжува онака како што почна –со одлични журки и врвни диџеј имиња! Најдоброто допрва ќе следува, но ако се држиме до онаа дека денот по утрото се познава тогаш вечерашниот сет на Chris Child и оној на Dino MFU, кој гостува утре, нема дилема дека ова е одлична најава за она што ќе се случува таму, а дека Скопје го има најурбаниот локал и местото со најдобри журки.
Chris Child е роден во Атина и важи за еден од ретките артисти кои секогаш се мотивирани да прават експерименти и да излегуваат надвор од границите на модерната електронска денс музика. Неговото име е позиционирано меѓу најдобрите во соседството и со години важи за резидент во најдобрите клубови, како легендарниот Cavo Paradiso на Миконос. Неговите сетови се микс од хаус до техно, полни со свежина и новитети – резултат на неговите истражувања во музиката.
Dino MFU е еден од најпознатите диџеи во соседството, чии почетоци во светот на музиката се поврзани со Њујорк. Соработкоте со Луи Вега, Тими Регисфорд и Квентин Харис одиграле значајна улога во создавањето на неговиот музички идентитет. Неговиот основен принцип е - никогаш не прави компромис и никогаш не свири нешто што не те претставува, токму во ова се крие неговата посебност. Гостувањето на Дино е закажано за утревечер.  ]]>