интермецо мјузик бар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Nov 2021 09:17:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интермецо мјузик бар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Стефановски трио во „Интермецо“: Гитарскиот маестро му ја врати душата на Скопје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-trio-vo-intermeco-gitarskiot-maestro-mu-ja-vrati-dushata-na-skopje-foto/ Thu, 18 Nov 2021 08:32:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227756

Влатко Стефановски со своето трио ( Јан Стефановски - тапани и Иван Кукиќ - бас) вчеравечер, среда 17-ти ноември одржа спектакуларен концерт во скопскиот „Интермецо мјузик бар“, кој со настапот на македонскиот гитарски маестро ја продолжи традицијата да биде едено од ретките места кои ја спојуваат забавата со уметноста, ноќниот живот со (суб)културата во македонаската престолнина. Иако оддамна предодреден за големи концерти, Влатко и младата екипата која го придружува покажа дека подеднакво добро звучи, но и прави штимунг за паметење и во помал, клупски простор, во кој ретко сме го гледале во главниот град. Полниот мјузик бар, онолку колку што дозволуваат ковид протоколите, широко ги отвори портите и за еден поинаков вид на свирка, а македонската гитарска легенда по којзнае кој пат покажа дека дефинитивно му нема рамен на Балканот, а можеби во Европа кога е гитарското умеење во прашање. Уште со воведните инструменални преработки ги допре срцата на посетителите со прошетка по македонскиот изворен фолклор, онака, како што само тој знае и умее дтоа да го направи: доволно автентично да се препознае оригиналот и со доволен личен печат да се завери верзијата која тешко дека некој друг освен Влатко може да ја осмисли и отсвири. Песните од некои други времиња ( „Кантри“, „Џипси сонг“...) кои ги паметиме како „златни“ на публиката и ја стоплија душата како „Кандилце“, кое се' уште гори со истиот жар и интензитет, зашто Стефановски со својата музика и изведба е тој што „со две раце го чува да не угасне“, а на конзументите на неговата музика бајковито ги потсетува на времето кога нормалното беше навистина нормално, а не извртено, изопачено, дегенерирано, деградирано... како денес.  Дното како врв, прикажан како „ново нормално“! Турата песни пак од најновото нормално, односно времето на, како што самиот Стефановски ја најави, „локдаун проектот“ - „Тафталиџе шафл“ огледан во ланскиот и последен албум на В.С. триото, беше одбележана со неколку песни, како „Огледало“ или „Фанки - Џанки“, за потоа да дојде кулминацијата. Првиот голем хит од почетоците на „Леб и Сол“, па најдрагиот или најголемиот хит на Стефановски, како што самиот една по една ги најавуваше песните од „златните години“: „Ја нисам твој“, „Мамурни људи“, „Као какао“... И концертен делириум во мјузик барот. Сите на нозе, се пее, се аплаудира, мобилните сликаат и снимаат... За спомен на момнтите кои ја милуваат и разнежнуваат душата, длабоко ги будат емоциите, ја враќаат љубовта и емпатијата... Зашто гитарскиот маестро успеа барем на миг, на неколку часа да му ја врати душата на неговото, наше, Ваше... Скопје. Истиот оној град кој со помош на стиховите на неговиот брат, покојниот великан Горан Стефановски, како ретко кој успеа да го опее во еден од најголемите хитови, со кој Влатко ја стави „јаготката на шлагот“ на незаборавната вечер. Вечер во која одново видовме дека за „градот на апарати“  има надеж за живот, зашто во него се' уште „млади моми љубов водат, душа вадат очи бодат“... И сето останато што легендарната песна „Скопје“ го содржи во своите стихови, со која еуфоријата кулминираше на настапот, а Влатко токму со неа побара присутните скопјани и останати да го испратат него и бендот веќе следниот ден на турнејата низ Германија на која заминуваат. За крај, Стефановски незаборавната вечер ја заврши со нешто што е за своја душа, песната која, како што самиот ја најави, има нешто посебно во себе... Култната „Бистра вода“... За бистри мисли на од убавина опиената публика на полноќ, како катарза на една незаборавна вечер, за ново прочистување на душата на оние кои беа сведоци на фантастичната ноќ во „Интермецо мјузик бар“ во која Влатко Стефановски и неговиот бенд му ја вратија душата на Скопје.  ]]>

Влатко Стефановски трио во „Интермецо мјузик бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-trio-vo-intermeco-mjuzik-bar/ Mon, 15 Nov 2021 10:57:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227278

Уште еден во низата успешни концертни настани во Intermezzo Music Bar е настапот на мегапопуларното Влатко Стефановски Трио. Во среда, 17.11.2021, неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците. Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место. Настанот ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.  ]]>

„Фрајле“ доаѓаат на уникатна дружба со скопската публика https://arhiva.vistina.com.mk/frajle-doagjaat-na-unikatna-druzba-so-skopskata-publika/ Sat, 19 Sep 2020 13:48:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167675

„Веќе традиционално средите во единствениот музички бар кај нас се резервирани за уникатни музички патувања. Овој пат, односно на 23 септември, во Intermezzo Music Bar доаѓаат девојките кои пеат песни од Тоше, имаат дует со Тијана, освоија награда на минатогодишниот Макфест – ако се4 уште не претпоставивте, станува збор за популарниот женски бенд од соседството - „Фрајле“. „Се радуваме на дружбата со македонската публика. Од Македонија носиме преубави спомени и среќни сме што конечно после оваа долга, принудна пауза заедно ќе пееме и свириме убава музика“, велат девојките со волшебни вокали. Наташа Михајловиќ, Јелена Мирковиќ и Невена и Марија Буча всушност го сочинуваат составот - акустичен бенд кој постои повеќе од една деценија. Уникатни се по својот изглед, начинот на кој музицираат, но и по самото име кое всушност го означува војводинското поднебје од кое доаѓаат. Освен веќе добро познатите хитови, како и омилените македонски песни девојките пред скопската публика премиерно ќе ја изведат и најновата композиција „Воли ме годинама“. Одлична летна песна (со потписот на една од Фрајлите - Марија Мирковиќ и Алка Вуица), проследена со романтично видео кое раскажува носталгична, хипнотизирачка приказна во која вреди да се загубиш. Песна совршена за топла ноќ и небо полно со ѕвезди, а токму такво ќе има во среда. Уште една незаборавна вечер, од нова испишана приказна на страниците на единствениот музички бар кај нас од каде уште еднаш потсетуваат: „Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ.” Влезниците за настапот на Фрајле се продаваат исклучиво во претпродажба, а заради почитување на протоколите се во ограничен број. https://www.youtube.com/watch?v=l0Mmze0YeRA&fbclid=IwAR1PXufLzagMFHEjJLKRB-fRuXBexO0bYVWCFpaqtIzlryJHp93qcBOVXNM]]>

Скопје и „Интермецо мјузик бар“ за старт на европската турнеја на „Derun“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-i-intermeco-mjuzik-bar-za-start-na-evropskata-turneja-na-derun/ Wed, 19 Feb 2020 11:29:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135001

Мега популарното музичко дуо од Турција - „Derun“ доаѓа на европско тло и ја носи енергијата од забавите во Тулум. Тие доаѓаат во Скопје по тримесечната турнеја низ Јужна и Средна Америка, и токму од тука, од Скопје ќе го стартуваат европскиот дел од истата. А, нема подобро место за старт на уште една убава и успешна приказна од првиот музички бар - Intermezzo music bar и во рамки на Интермецо музичките ритуали - фестивал кој имаше и свое летно издание, а кој почна со одличниот настап на Space Motion. Интермецо музичките ритуали како и секогаш нудат најдобра музика и енергија во градот, а овој петок (со почеток во 21 часот) доживуваме ново музичко патување со безвременските артисти Derun. Нивните музички сетови се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика, преовладуваат етно и балкански ритми, со длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.]]>