интелигенција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 10:27:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png интелигенција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали и вие сте дел од нив? Пет нешта кои ги издвојуваат натпросечно интелигентните луѓе од останатите https://arhiva.vistina.com.mk/dali-i-vie-ste-del-od-niv-pet-neshta-koi-gi-izdvojuvaat-natprosechno-inteligentnite-luge-od-ostanatite/ Fri, 02 Feb 2024 13:20:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314346

Не треба да знаеме нечиј коефициент на интелигенција за да заклучиме дека таа личност е натпросечно интелигентна. Тие се препознаваат по пет нешта кои ги прават поинаку од останатите. 1. Тие се не ги земаат здраво за готово воспоставените мислења и верувања Интелигентните луѓе не веруваат во сè што ќе слушнат. Тие ги доведуваат во прашање традициите, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живееме – сè што постои. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку за се размислуваат критички и темелно истражуваат пред да формираат сопствено мислење. Натпросечно интелигентните луѓе можат да гледаат низ лагите и не дозволуваат другите да си играат со нив или да ги стават во теснец. Догмата, односно принципите кои се претставени како непобитна вистина, не им значат ништо – тие го имаат мислењето што сакаат да го имаат и го следат својот пат во животот. 2. Никој не е однесен во рајот Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие разбираат дека можеме да научиме нешто од секој човек во животот, но разбираат и дека никој не знае сè. Никој ги нема сите одговори и затоа натпросечно интелигентните луѓе не гледаат на никого како на идол. Тие се доживуваат себеси како свој личен гуру кој има доволно мудрост и сила да се снајде во секоја ситуација. 3. Постојано се во потрага по нови знаења Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат – тие секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Уживаат да ги прошируваат своите умови и да се вклучат во интелигентен разговор секогаш кога ќе добијат шанса. Интелигентните луѓе се фасцинирани од знаењето и зависни од него, не се задоволни со наученото бидејќи не сакаат умот да им стагнира. Тие разбираат дека знаењето е моќ и сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција. 4. Своите мисли ги претвораат во дела Натпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да стигнат каде било во животот, разбираат дека мора да го применат она што го знаат во конкретни акции. Вашите мисли не се од корист освен ако не ги споделите со другите и не ги користите за да придонесете за светот, па интелигентните луѓе секогаш бараат начини да го применат своето знаење. Нема да дозволат ништо да им застане на патот во обидот да го искористат своето знаење за да го променат светот на подобро. Смислувањето нови планови за постигнување на нивните цели им дава големо задоволство. 5. Ја знаат вредноста на времето поминато сами, во тишина Повеќе од сè, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато сами во тишина. Светот е толку брз што се чини дека воопшто не става акцент на „битието“. Сите ние треба да дејствуваме, да работиме, да произведуваме, да се движиме, да заработуваме. Не трошиме доволно време размислувајќи, чувствувајќи, сакајќи. извор:куриор.мк]]>

Сите високоинтелигентни луѓе ги имаат овие маани https://arhiva.vistina.com.mk/site-visokointeligentni-luge-gi-imaat-ovie-maani/ Fri, 22 Dec 2023 13:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332145

Високата интелигенција секако е предност, но не е клуч за лесен, едноставен, среќен или пак исполнет живот. Високата интелигенција секако е предност, но не е клуч за лесен, едноставен, среќен или пак исполнет живот. Како одговор на тоа дали може интелигенцијата да биде и проклетство за некои луѓе, психолозите објаснуваат дека таа секако може да има негативни страни. Често размислуваат наместо да чувствуваат Високо интелигентните луѓе можат да ги разберат чувствата многу добро, да размислуваат и разговараат за нив, но проблемот е во тоа што често не чувствуваат олеснување по нивното изразување. Тоа е чест проблем кај многу паметните луѓе, особено кај оние кои убаво се изразуваат. Тие ги користат зборовите како одбранбен механизам. Помалку комуникативните и вербални луѓе своето однесување го користат како издувен вентил – викаат, фрлаат нешто, плачат, скокаат, играат. Високо интелигентните луѓе ќе разговараат за тоа како се чувствуваат, а кога ќе се заврши разговорот сите тие чувства и понатаму ќе бидат заробени, вели психологот, Маркус Гедулд. Луѓето од нив очекуваат секогаш да блескаат Во однос на натпросечните интелигентни луѓе општеството од нив ќе очекува повеќе – да бидат најдобри во се, без оглед за која област станува збор, па тие немаат со кого да разговараат за нивните слабости или несигурности. Потешко ја учат вредноста на напорната работа Факт е дека интелигентните луѓе ќе знаат подобро да ги распоредат нивните задачи и побрзо да ја завршат работата, односно со помалку труд отколку што би му требало на некој кој не е толку интелегентен. Сепак, интелегенцијата не води директно до успех, а високо интелигентните луѓе можеби никогаш нема да ја развијат упорноста која им е потребна за него. На луѓето им оди на нерви кога ги корегираат Без оглед на тоа дали станува збор за обичен разговор или сериозна дисусија интелегентните луѓе најчесто имаат потреба да ги корегираат другите ако речат или тврдат нешто погрешно, а тоа значи дека другите ги доживуваат како сезнајковци, кои се напори во друштвото. Прекумерно анализираат Луѓето со висока интелегенција прекумерно време трошат на размислуање и анализирање. Од прекумерни анализи произлегуваат и премногу грижи, како и тешкотии во изборот. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Знаци кои откриваат нечија интелигенција https://arhiva.vistina.com.mk/znatsi-koi-otkrivaat-nechija-inteligentsija/ Mon, 21 Aug 2023 13:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314524

Не се само коефициентот на интелигенција или познавањето на странски јазици знаци дека некој е интелигентен. Еве што велат психолозите, што открива дали некој е интелигентен. Учат од своите грешки Психолошките студии имаат докажано дека паметни се оние луѓе кои ги прифаќаат своите порази и што е уште поважно – учат од нив. Тие не ги гледаат грешките како чекор назад, туку како можност да научат нешто ново и да напредуваат. Читаат од забава Луѓето кои читаат бидејќи тоа ги забавува и им приќинува задоволство се поинтелигентни од оние кои активно бараат нешто ново што би можеле да научат. Истражувањата имаат покажано дека тие имаат и подобро памтење, концентрација, како и подобри комуникациски вештини. Можат да се расправаат со било кого Можеби не ви делува така, но вештината на расправањето е исто така знак на интелигенција. Но, важен е и начинот на кој се расправа. Луѓето кои се поубедливи кога се расправаат со некој и можат да ја согледаат ситуацијата од повеќе агли, се понадарени. Интелигентните луѓе не ја водат расправата само од своето гледиште, туку се обидуваат да го согледаат проблемот и од аголот на својот противник. Размислуваат пред да кажат нешто Интелигентните луѓе не дозволуваат јазикот да им биде побрз од мозокот. Тие застануваат на момент за да размислат пред да одговорат на нечие прашање. Не ги интересира туѓото мислење Интелигентните луѓе не го разгледуваат туѓото мислење кога треба да донесат одлука. Тие не размислуваат за тоа како другите ќе се чувствуваат поради нивното дело и го прават тоа што сметаат дека е исправно без разлика на тоа дали околината ќе ги осудува. Извор: Курир]]>

Родители, ако во овој текст го препознаете вашето дете, тоа има натпросечна интелигенција https://arhiva.vistina.com.mk/roditeli-ako-vo-ovoj-tekst-go-prepoznaete-vasheto-dete-toa-ima-natprosechna-inteligentsija/ Fri, 28 Jul 2023 12:44:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311962

Ако вашето дете сака да зборува многу, постојано поставува прашања и учествува во разговорите на возрасните, тоа покажува знаци на љубопитност, зрелост и високо ниво на интелигенција. Mensa објави кои карактеристики откриваат дека детето има натпросечна интелигенција. Љубопитни се Љубопитноста е поврзана со нивото на интелигенција. Ако вашето дете поставува многу прашања и ако постојано го преиспитува светот околу себе, тоа е еден од показателите дека детето е паметно. Имаат добра меморија Ви се случило ли детето да ви прераскажува настан кој се случил пред неколку недели или месеци? Тоа е показател на одлична меморија. Порано научуваат да читаат Децата во просек учат да читаат во шестата година од животот. Талентираните деца добиваат желба за читање уште на четири години. Обожава да разговара, особено со возрасните Ако вашето дете сака да зборува, постојано прашува и активно учествува во разговори за возрасни, тоа покажува знаци на љубопитност, зрелост и желба да се социјализира. Се чини дека вчера го кажа првиот збор, а веќе сврзува сложени реченици. Има одлична смисла за хумор Дали вашето дете се обидува да ве натера да се насмеете? Постојано прави нови шеги и бара начини да го покажете својот хумор? Ова е уште еден знак на интелигентно дете. извор:курир.мк]]>

Сите интелигентни луѓе ги имаат овие карактеристики! Дали и вие сте меѓу нив? https://arhiva.vistina.com.mk/site-inteligentni-luge-gi-imaat-ovie-karakteristiki-dali-i-vie-ste-megu-niv/ Thu, 23 Feb 2023 10:55:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290240

Преку 100-тина корисници на интернет страната Quorа одговориле на прашањето: „Кои се заедничките карактеристики на натпросечно интелигентните луѓе?“. Некои одговарале од лично искуство, додека други само погодувале. Погледнете ги 8-те најзастапени одговори од кои, ако се пронајдете, ќе се почувствувате попаметно: Интелигентните луѓе се поприлагодливи Неколку корисници рекле дека интелигентните луѓе се пофлексибилни и поснаодливи во различни ситуации. Според зборовите на Дон Хамет, интелигентните луѓе се прилагодуваат „покажувајќи што може да се направи без оглед на компликациите и препреките поставени пред нив.“ Новите психолошки истражувања ја потврдуваат оваа идеја, покажувајќи дека интелигенцијата зависи од способноста на менување на нашето однесување поради прилагодување на средината или правење промени во истата таква средина. Тие разбираат колку работи не ги знаат Паметните луѓе се способни да признаат дека не се запознаени со одредени работи. Џим Винер пишува дека интелигентните луѓе не се плашат да кажат „не знам”. Сѐ што не се знае може да се научи.“ Тоа го потврдуваат и истражувањата на Кругер и Денинг кои велат дека: „Колку луѓето се помалку интелигентни толку повеќе ги преценуваат своите способности“. Имаат огромна љубопитност Како што рекол Ајнштајн: „Јас немам специфични таленти, јас сум само страсно љубопитен.“ или како што рекол Кејзурбур Алас: „Интелигентните луѓе си дозволуваат себеси да се фасцинираат од работите кои останатите ги земаат здраво за готово.“ Истражувањата од 2016-та година покажуваат дека постои врска меѓу детската интелигенција и отвореноста за нови искуства кои ја опфаќаат интелектуалната љубопитност во возрасниот човек. Имаат отворен ум Паметните луѓе не се затвораат пред новите идеи и можности, туку се подготвени да прифатат друго мислење и отворени се за алтернативни решенија. Во исто време, паметните луѓе се внимателни во тоа кои идеи ќе ги усвојат, а кои не. „Интелигентниот ум има јака аверзија кон прифаќање на работите здраво за готово и поради тоа го задржува своето верување, сѐ додека не бидат претставени нови идеи со доволно докази. “ – вели Алас. Тие сакаат да бидат сами Ричард Хе вели дека високо интелигентните луѓе се индивидуалисти. Интересно, последните истражувања покажуваат помало задоволство отколку поголемиот дел од луѓето кои се социјализираат со своите пријатели. Имаат висока самоконтрола Зохер Али вели дека паметните луѓе се способни да го совладаат бесот така што планираат, поставуваат цели, истражуваат алтернативни решенија и размислуваат за последиците уште пред да започнат. Исто така, научниците покажуваат врска меѓу самоконтрола и интелигенција. Во едно истражување од 2009 учесниците можеле да одбираат меѓу 2 парични награди – помала исплата веднаш или поголема исплата по одредено време. Оние кои избрале одложена исплата, дополнително на тестот на интелигенција покажале подобри резултати. Истражувачите рекле дека еден дел од мозокот – предниот префронтален кортекс – може да игра улога во помагање на луѓето да решат тешки проблеми и да покажат самоконтрола додека работат на исполнување на целите. Тие имаат подобра смисла за хумор Адвита Бихани заклучила дека интелигентните луѓе имаат одлична смисла за хумор. А, и експертите се сложуваат со неа. Така, едно истражување покажало дека професионалните комичари имале повеќе бодови во тестот на вербална интелигенција. Интелигентните луѓе се чувствителни на туѓите искуства и имаат емпатија „Паметните луѓе скоро можат да почувствуваат што другите мислат и чувствуваат.“ – вели Хе. Некои психолози ја аргументираат оваа теза така што велат дека емпатичноста, што значи да се биде приврзан кон потребите и чувствата на другите и да се однесува во склад со тие чувства, значи поголема емоционална интелигенција. Тие луѓе се позаинтересирани за разговор со непознати луѓе и сакаат да научат нешто повеќе за нив. Извор: Kурир]]>

Интелигенцијата се наследува од мајката https://arhiva.vistina.com.mk/inteligencijata-se-nasleduva-od-majkata/ Mon, 05 Apr 2021 11:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197539

Познатата поговорка „Убав/а на мама, паметен/а на тато“ и не толку вистинита, бидејќи изгледа дека интелигенцијата пред се’ ја наследуваме од мајката. Научниците уште во далечната 1984 година докажале дека гените на мајката најмногу придонесуваат за развој на мисловниот центар во мозокот, а потоа се спроведени уште неколку истражувања, кои само ја потврдиле оваа теза. Имено овие истражувања покажале дека децата имаат најголеми шанси за наследување на мајчината интелигенција, бидејќи генот, кој ја одредува се наоѓа во хромозомот Икс. По овие истражувања е докажано дека мајчиниот коефициент на интелигенција е најдобар индикатор за предвидување на интелигенцијата на детето, а потоа и дека мајчинската љубов е клучна за развој на одредени делови од мозокот, поврзани со интелигенцијата. Затоа ако сакате мали генијалци, прво пронајдете голема генијалка и земете ја за жена! извор:нетпрес.ком.мк]]>

Решете ги овие загатки и тестирајте ја вашата интелигенција https://arhiva.vistina.com.mk/reshete-gi-ovie-zagatki-i-testirajte-ja-vashata-inteligencija/ Thu, 27 Feb 2020 13:45:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136545

Луѓето сакаат загатки затоа што можат да ги тестираат границите на својот ум, а во исто време, тие ќе ви помогнат да ги проширите вашите знаења. Логичките загатки се еден од најефикасните начини за развој на вашите вештини за размислување и за развој на интелигенцијата, па тестирајте ги вашата логика и вашето внимание со следните загатки

1. Седум сестри во колиба

Седум сестри се наоѓаат во една колиба и секоја од нив прави нешто. Првата чита роман, втората прави палачинки, третата игра шах, четвртата решава крстозбори, петтата пере алишта, а шестата ги полева растенија. Што прави седмата сестра?

2. Кражба на чевли

Еден млад човек наследил две фабрики што произведувале многу убави женски чевли. Сè се одвивало добро, сè додека не забележал дека вработените ги крадат тие убави чевли за своите сопруги и девојки. Но, никако не успеал да открие кој кради чевли. Каква одлука донел младичот за да го намали бројот на украдени чевли?

3. Мачка и глушец

Кога надвор врне дожд, мачката е во собата или во подрумот. Кога мачката е во собата, глушецот е во дупката, а сирењето е во фрижидер. Ако сирењето е на масата, а мачката е во подрумот, тогаш глушецот е во собата. Сега врне и сирењето е на масата. Каде се мачката и глушецот?

4. Колку бедрени коски имате?

На еден испит, професорот ѝ дал една бедрена коска на студентката и ја прашал: „Колку бедрени коски имаш?“ „Пет“, одговорила студентката. „Погрешно! Имаш само две“, рекол професорот. Студентката била во право. Како е можно тоа?

5. Надмудрување на владетелот

Еден автократски владетел на еден остров не сакал вонземјаните да се населат на островот. Тој сакал да изгледа како вистински монарх, па составил законот. Според законот, секоја личност која сака да се насели на островот, мора да потпише изјава од која ќе зависи нејзиниот живот. Во изјавата се вели: „Ако вонземјанинот ја каже вистината, тој ќе биде застрелан. Ако излаже, ќе биде обесен“. Што треба да каже вонземјанинот за да го надмудри владетелот?

6. Пополнете го празното место

Маја е ќерка на Роберт. Роберт е на таткото на Маја. Ако не успеавте да ги решите загатките, погледнете ги одговорите. извор: kafepauza]]>

Нивото на интелегенција кај младите се намалува https://arhiva.vistina.com.mk/nivoto-na-intelegencija-kaj-mladite-se-namaluva/ Fri, 22 Jun 2018 17:07:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32544

Ново истражување во Норвешка покажало дека нивото на интелегенција кај младите луѓе се повеќе се намалува. Во изминатите 90 години интелегенцијата кај младите рамномерно се зголемувала во просек три поени по генерација, и тој феномен е наречен Флин ефект. Но, на тоа изгледа му е дојден крајот. Научниците Оле Рогербург и Бернт Братсберг од Центарот за економски истражувања Рагнар Фриш, направиле ново истражување во кое анализирале резултати на повеќе од 730 илјади мажи. Споредувајќи резултати на мажите и нивни татковци кога биле во исти години, заклучиле дека мажите во однос на нивните татковци имале понизок коефициент на интелегенција.
Се наведува дека една од можните причини за намален коефициент на интелегенција е тоа што младите се повеќе користат технологија наместо да читаат книги. Истражувањето ги донело до заклучок дека често конзумирање риба и доволно сон подобрува интелегенција. Пред спроведувањето на тестот, 500 деца биле испрашани колку пати месечно конзумираат риба. Децата кои конзумирале риба еднаш неделно имале пет бодови повеќе во однос на оние деца кои риба конзумирале ретко или речиси никогаш.  ]]>