инструментал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jul 2021 11:36:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инструментал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андријана Јаневска и Благојче Трајковски со взаемна љубов на виолината и кларинетот во инструменталот – „Трепет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-i-blagojche-trajkovski-so-vzaemna-ljubov-na-violinata-i-klarinetot-vo-instrumentalot-trepet-video/ Fri, 16 Jul 2021 11:36:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211406

Кларинетистот Благојче Трајковски ја промовира песната „Трепет“, која ја направи во соработка со пејачката и виолинистка Андријана Јаневска. „Трепет“ претставува емоционално богата инструментална музика каде што кларинетот на Благојче и виолината на Андријана изразувајќи меѓусебна љубов не оставаат рамнодушен ни еден слушател. Посебните емоции произлегуваат и од прекрасната придружба од камерниот оркестар составен од врвни македонски музичари и неколкутемина гости инструменталисти, меѓу кои уникатниот гитарист од Бугарија Петар Миланов, како и најдобриот перкусионист од Македонија Ратко Даутовски. Сите тие префинети звуци маестрално ги склопи големиот диригент и композитор Димитар Христов.   „Ова претставува композиција создавана во духот на класичната музика, но со елементи од македонската староградска музичка традиција. Автор сум на музиката, а маестрално ја аранжираше големиот композитор и диригент Димитар Христов. Аудиопродукцијата е производ на Дејан Момироски, а дел од композицијата се снимаше во Софија, во студиото на Алекс Нушев. Видеото за ова парче музика го направи екипата на Веста продукција, а спотот е снимен во прекрасното издание на Завод и музеј во Битола. Покрај прекрасните млади музичари кои се дел од Камерниот оркестар, во спотот значаен придонес даваат младите танчери Мила Димовска и Томи Марох, кои со својот прекрасен перформанс му даваат една посебна уметничка димензија на целиот музички и визуелен производ. За изгледот во спотот на нас како артисти се погрижи македонскиот моден дизајнер Папаз. Инаку, сакам да истакнам дека подготвувам албум кој треба целосно во етер да излезе на есен ќе биде еден исклучителен придонес во развојот на целокупната балканска музика“ - вели кларинетистот Благојче Трајковски. Благојче Трајковски го поседува најуникатниот звук на кларинетот и е единствениот интерпретатор кој знае да ја интерпретира македонската музика во вистинската смисла на зборот. Еден од најактуелните инструменталисти и музички педагози на Балканот, кој неуморно го дава својот придонес во вистинскиот музички професионализам. Андријана Јаневска во македонската музика се докажа како еден многу сериозен и префинет комплетен музичар, вокален солист, солист на виолина, оркестарски интерпретатор, композитор и аранжер.   ]]>

Зеле Липовача од „Дивље Јагоде“ сними инструментална преработка на „Македонско девојче“ (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zele-lipovacha-od-divlje-jagode-snimi-instrumentalna-prerabotka-na-makedonsko-devojche-video/ Tue, 11 May 2021 07:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201973

Фронтменот на „Дивље јагоде“, Сеад Зеле Липовача, сними  гитарска преработка на познатата народна песна „Македонско девојче“. Зеле покрај изведбата на оваа инструментална преработка, сам го направи и новиот аранжман. Токму оваа македонска песна е прва на списокот на оние што ќе се најдат на новиот соло-албум на основачот на „Дивље јагоде“. Во неговиот препознатлив стил, а истовремено емотивен и искрен, баш на начинот на кој треба да се пристапи кон обработката на традиционалните мелодии, Зеле уште еднаш совршено ги комбинираше ориенталниот звук на македонското поднебје и звукот на гитарата. Работниот наслов на новиот албум е „You Are the Wind and I’m the Flame“ и ќе излезе оваа есен. Оваа е негов трет соло албум по последниот албум од 2016 година, „Internal Waves of Love“. Уникатната изведба на песната „Македонско девојче“ не можеше да помине без македонските синови, славните музички браќа Гаро и Диран Тавитјан на тапани и синтисајзер, а на кавал е Александар Јовевски. За песната беше претставено и визуелно уметничко видео, додека официјалното видео наскоро ќе го види светлото на денот и ќе се снима во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=6BMxgqPMMV8&t=105s Извор: Музика24.мк  ]]>

„Паркети“ ви подготвија инструментални – „Tarantino Spaghetti“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/parketi-vi-podgotvija-instrumentalni-tarantino-spaghetti-video/ Sat, 26 Dec 2020 08:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182820

Познатиот битолски пост-панк рок бенд „Паркети“ го промовираа новиот инструментален „шпагети вестерн мјузик“ сингл „Tarantino Spaghetti“ кој ќе биде дел и од новиот албум кој ќе се промовира наскоро. Песната е целосен производ на фронтменот Сашо Паркет. „Благодарност до  Пет Бун за воведот, продавницата за оружје „Дијана“, Кумбхата од Солза и Смеа, Коста Дупчинов од Концепт продукција, Лина од Театаро, Петар Бибовски, Денис Бајрамов, Кети Талевска, Марјан Младеновски и сите членови на 'Паркети' досега.. и на Господ, кој сè уште ни дава ентузијазам за ова што го правиме... Аудиото е снимено и миксано во 'Фуш рекордс' од Сашо Паркет мастерингот е на Оги  - Форестделик рекордс, а видеото камера и монтажа на спотот на Сашо Паркет“ - напишале во описот на песната и  видеото членовите на бендот. Инаку, „Паркети“ се формирани во 1991 година, една деценија по првиот бран на панк музиката.  Првата постава ја сочинуваа Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите жестоки настапи во живо, имиџот, изгледот и необичната „аланфордовска“ смисла за хумор во текстовите на своите песни. https://www.youtube.com/watch?v=98tGGAjdvG0&feature=emb_log    ]]>

Кире Мирчовски со нова гитарска рапсодија во – „Cohort“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kire-mirchovski-so-nova-gitarska-rapsodija-vo-cohort-video/ Fri, 15 Mar 2019 13:38:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77833

Скопјанецот Кире Мирчовски спаѓа во плејада млади македонски рок гитарски виртуози, кои гитарската техника и умеење ги темелат на своето знаење стекнато веројатно слушајќи ги Сти Вај, Стив Лукетер, Џо Сатриани... и уште по некои мајстори на гитарскиот „прстомет“ од помлада светска рок гарда.
Токму во март минатата година го издаде своето дебитантско самостојно ЛП издание со осум траки во траење од половина час, на кои се наоѓа и една обработка на македонската традиционална песна „Не си го продавај Кољо чифлигот“.
Една година подоцна, во почетокот на март 2019 тој се појавува со нова тема, овој пат визуелизирана со видеозапис. Се работи за уште една гитарска инструменталка насловена „Cohort“, која е снимена, миксана и продуцирана од уште еден македонски гитарски виртуоз, каков што е Дамир Пух.
Едноставното, но функционално видео го потпишува Калин Бибан, а во оваа гитарска тема Кире одново го покажува своето свиречко мајсторство, но и авторска зрелост, во музиката која малкумина кај нас ја создаваат, а уште помалку ја разбираат и слушаат. Сепак оние што тоа го прават, знаат да ја препознаат нејзината вредност и убавина.
Ако сте еден од нив, преслушајте ја внимателно темата и погледнете го видеото за „Cohort“ на Кире Мирчовски. А и да не сте... https://www.youtube.com/watch?v=HdC5b0gHruc]]>