инстаграмџика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Oct 2021 09:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инстаграмџика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лила има решение за спас на популарноста во случај на пад на социјалните мрежи… на неодредено време (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-ima-reshenie-za-spas-na-popularnosta-vo-sluchaj-na-pad-na-socijalnite-mrezi-na-neodredeno-vreme-foto/ Fri, 08 Oct 2021 09:06:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222307

Падот на Фејсбук, Инстаграм , Ватс Ап... пред некој ден „ја потресе планетава“. Сите нас, најмногу таканаречените инфлуенсери. Видно потресени и исплашени за својта популарност, Инстграмџииите и особено истаграмџиките, во паника бараа спас и решение, за нивната повеќечасовна отсатност од јавноста. Зашто да те нема на Фејсбук и Инстаграм, исто како да не постоиш... Според нив, секако! Епа, ако е така, а за нив така е, почна потајно да им се влева сомнеж и страв, да ги „јаде црвот“, а што ако социјалните мрежи им ги снема на подолг период? На неодредено време, да речеме? Што правиме тогаш? Отиде популарноста јабана, а Бога ми и спонзорите, рекламирањето, сликањето, а со тоа ќе им се „стопи“ идентитетот, ќе им „испари“ популарноста... И потоа „џабе плетеле“ пред камерата и фотообјективот на мобилните сиве овие години. Џабе да имаш што и да е, да изгледаш како и да е, да си убав(а), талентиран(а), телесно надарен(а)... ако немаш каде тоа да го споделиш, кој да те види и разбере, кому да се пофалиш... Исто како она старата скопска урбана машка поговорка: „Да 'онадуеш' а да не се пофалиш, исто како да не си ни 'онадуел'!!! Е затоа инфлуенсерката број еден кај нас, дамата од Инстаграм престолот која го заседнала врвот на „Топ 100“ Инстаграмџи(к)и во Македонија, се погрижи да најде решение. Лила Филиповска за себе и сите нејзини истомисленици ја пронајде формулата за спас, за одржување на популарноста во случај на пад на социјалните мрежи на неодредено време! Како дама од Инстаграм тронот, но и дама која памети едни поинакви времиња кога Фејсбук и Инстаграм не постоеја, на Лила еден споделен пост токму на Инстаграм и даде идеја.  Парадоксално, ама вистинито. Стариот добар фотоапарат можеби денес е фрлен настрана, ама затоа пак, секогаш е тука кога ќе ти затреба. Можеби излегол од мода, ама никогаш не излегол од употреба. А и фотомајсторски студија, фала Богу, се' уште постојат, па оди „развиј го филмот“ или однеси ја мемори картичката и направи си фотографии на фото хартија, какви што сакаш. А потоа дотерај се и правец - на шпартање низ центар! Тоа ви е препораката од „првата инстаграмџика“ во Македонија... До душа, позајмена, или што би рекле „копи-пејст“ идеја, ама затоа 100% ефикасна за тоа како да останете популарни во случај на пад на социјалните мрежи... на неодредено! А Лила? Веќе е видена на една градска локација во Скопје, пред едно познато фото студио, како го носи „филмот на развивање“, пред некој да и го „осветли“... Или не дај Боже,  „да и пукне“! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska
 ]]>