инстаграм следбеници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 May 2023 10:56:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инстаграм следбеници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Тина Тарнер и се зголеми бројот на следбеници на „Инстаграм“: За три дена покојната пејачка ја заследија плус 200.000 луѓе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-tina-tarner-i-se-zgolemi-brojot-na-sledbenitsi-na-instagram-za-tri-dena-pokojnata-pejachka-ja-zasledija-plus-200-000-luge-foto/ Fri, 26 May 2023 10:56:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303829

Тина Тарнер почина во средата на 24 мај на 83-годишна возраст, а од тој ден бројот на следбеници на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм рапидно расте. Кралицата на рокенролот почина по долго боледување во својот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија, оставајќи зад себе богата музичка кариера. Тарнер важи за една од најпопуларните пејачи со над 180 милиони примероци на продадени албуми ширум светот. И затоа не е чудно што „Кралицата на рокенролот“ ја следеа милион луѓе на социјалната мрежа Инстаграм. Меѓутоа, откако таа почина, бројот на следбеници почна да расте. Ден откако почина, покојната пејачка ја следеа уште 100.000 луѓе, а сега има 1.200.000. придружници. Тина Тарнер родена како Ана Меј Булок на 26 ноември 1939 година, беше американска пејачка и актерка чија кариера траеше повеќе од 60 години. Фото: Принтскрин/АП фото]]>

Дијана Оу-Џи во „интимни муабети“ со своите Инстаграм следбеници: Од незгодни прашања, до комплименти и навреди и една ексклузивна понуда што „не се одбива“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dijana-ou-dzi-vo-intimni-muabeti-so-svoite-instagram-sledbenici-od-nezgodni-prashanja-do-komplimenti-i-navredi-i-edna-ekskluzivna-ponuda-shto-ne-se-odbiva-foto/ Thu, 28 Jul 2022 08:28:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260605

Само неколку дена откако ја исфрли во етерот својата најнова музичка тема со скокотлив наслов - „Only fans“ во која македонската (т)раперка Дијана - Оу-Џи во иста песна успеа да спои три јазици: Македонскиот, српскиот и бугарскиот, таа ја отвори душата за „блиски муабети“ со своте Инстаграм следбеници. Дијана на своите Инстаграм приказни ги предизвика ситe што ги интересира се ' живо во врска со неа, да и поставуваат „прашања кои ги мачат“, а тие и возвратија со „рафална серија“... Од незгодни прашања, до комплименти и пофалби, па се до лични навреди... А во целата „стори приказна“ осамна и една интересна понуда, за која Дијана е се' уште „на два ума“ и и' треба време самата да се преиспита... Дали да ја прифати, се разбира! Среќна или не после се', знае само самата Дијана, која уште на почеток беше запрашана како е да бидеш среќен? Со прашањата за сексот дојдоа и прашањата за „игрите за возрасни“ и колекцијата фетиши. За еден од нив, следбениците побараа мислење од Дијана, која пак им одговори со извадок од своите стихови. Можеби другите „кучки“ не знаат, ама затоа има кој знае, што е тоа „foot fetish“... Та биле тоа само пети(ци)! А кога сме веќе кај сексот, во него ја прави убавината, а и ја разбива монотонијата промената на позите. Од целата „камасутра“ секој има своја омилена поза, па која и е најдобра ја прашаа и Дијана? Арно ама, секој има и своја тајна која најчесто ја открива само на одредено место... Вака можеме да раскажуваме само „басни“. За да дознаеш - претплати се на нејзината страница за возрасни! Меѓу грстот пофалби и комплименти, прашања за музика и разно-разни музички правци, комбинации и дуети, следуваше и едно прашање за кое Дијана Оу-Џи требаша да даде свое мислење. Скопско Драчево со години е познато по прочуениот „драчевски кромид“, ама во последно време, очигледно и по нешто друго... Нешто што на Дијана и тоа како и се допаѓа! Барем така самата се изјасни и сликовто со емотикон тоа го покажа! Кога си Дијана Оу-Џи мора да си подготвена со се' и сешто да се соочиш. На сите коментари и прашања да имаш одговор, при тоа секој туѓ збор да не те погаѓа, колку кажаното и да не ти се допаѓа... Впрочем општеството наше да имаше смисла, немаше да биде волку... бесмислено. Убаво кажано, уште подобро смислено! И конечно во целата „Инстаграм сторија“ осамна и една интересна понуда, за која Дијана е се' уште се двоуми  дали да ја прифати? Во прашање е влез во најгледаното регионално ријалити „Задруга 6“! Како што вели и самата, кој знае дали ќе има живци да издржи подолго затворена во такво опкружување, ама пак од друга страна, нема ништо против и идејата вреди за размислување? Фото: Инстаграм принтскрин/iamdijana.og]]>

Кристина Димитриевска од прашањата на нејзините Инстаграм следбеници извлече неколку поенти: Непристоен предлог, самоубиствена понуда и една дилема – бившиот сопруг е „лошо“ момче или таа е „лоша“ девојка? https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-od-prashanjata-na-nejzinite-instagram-sledbenici-izvleche-nekolku-poenti-nepristoen-predlog-samoubistvena-ponuda-i-edna-dilema-bivshiot-soprug-e-losho-momche-ili-taa-e-losha-devo/ Fri, 05 Nov 2021 08:27:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226087

Македонмнската мисица, манекенка, модел и пејачка Кристина Димитриевска почна се' почесто да одговара на прашања на нејзините Инстаграм следбеници. На тетовската убавица очигледно и стана интересно и забавно на тој начин да комуницира со обожавателите на социјалните мрежи, па едно-две, еве нова барање од неа тие да ја прашаат што сакаат, а таа да им одговори онака како што сака... Или како што и одговара!? Последната тура прашања и одговори сепак многу говори, зашто мисицата ја зачинила со неколку извлечени поенти од нејзината комуникација со фановите во кои се содржани три клучни нешта: Еден непристоен предлог, една „самоубиствена“ понуда и една дилема...! Но да тргнеме со ред: Еден од следбениците - прилично конкретен. Со (не)пристоен предлог на невидено... Всушност, на 50% од виденото, зашто тој знае кому нуди брак, ама таа не знае кој и нуди брачна идила, во прашањето: „Да те земем за жена, кажи ДА“? Покажаната тетоважа на прстот, на местото од брачната бурма, како симболичен одговор на убавиицата на непристојниот предлог на нејзиниот таен обожавател со брачни амбиции. Вториот ем вљубен во Кристина, ем спремен да „гине“ за неа... Неговата самоубиствена понуда уште порадикална од онаа на претходникот. „Цел живот би го дал за тебе, совршена си лепотице“, е неговиот суициден заклучок, на кој наместо одговор, добил само поглед директно в очи од онаа, за која вљубениот хазардер животот го дава или барем на коцка го става. Но, она што е некако највпечатлива поента, нешто што најмногу „боде очи“ и се наметнува како дилема е прашањето на третиот обожавател или Инстаграм следбеник, на русокосата убавица. Неговото прашање до неа: „Зошто фините момчиња не можат да си фатат добри девојки?“,  разоткрива или отвора нова недоумица, содржана во одговорот на Кристина: „Сакаат 'лоши' девојки“! Тогаш, ако навистина е така, останува да виси дилемата: Дали бившиот сопруг на мисицата, пејачот Даниел Кајмаковски  е „лошо момче“ или добрите момчиња навистина сакаат „лоши девојки“... за врска или брак, сеедно? Кристина Димитриевска е на потег да ви ја открие загатката што самата ја постави во одговорот на прашањето на нејзиниот Инстаграм следбеник, во врска со врските на добрите момчиња и „лошите“ девојки! Фот: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry  ]]>