инстаграм прашања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Dec 2023 13:01:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инстаграм прашања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лина Пејовска со голите слободни гради од секси стајлингот ја испраќа годината (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lina-pejovska-so-golite-slobodni-gradi-od-seksi-stajlingot-ja-ispraka-godinata-foto/ Fri, 22 Dec 2023 10:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332102

Младата македонска пејачката Лина Пејовска која расте на музички план и веќе има над 16 милиони  прегледи на нејзините последни дуети на „Јутјуб“ веќе  се подготвува за  новогодишните настапи, а сега одвои време за нејзините Инстаграм фанови и реши да поразговара со нив. Со одговорот на првото прашање кое и го поставија таа малку ги загрижи фановите но, сепак потврди дека е добро. - Како си ? - Се лечам, ама добро сум , фала на прашањето - напиша Лина. Сепак, доказ дека е доста барана беа многуте прашања кои и ги поставија, а скоро сите беа во насока кога наскоро ќе пее во нивниот град и ќе имаат прилика во живо да го слушнат нејзиниот глас. Сите беа заинтересирани и за најновите фотографии кои таа ги постираше на нејзиниот профил на Инстаграм, па ја прашаа и кој е „виновникот“за нив . - Кој те фотографираше на сликите? Многу се јаки! - Мојот засекогаш, Мартин Трајановски  - обелодени Лина. Но, после дуетите таа во новата 2024 година  ќе ги израдува фановите со соло песни што сега само им наговести, додека нестрпливо чека тоа да се случи, а засега заедно со неа сите се радуваа дека на дуетот со Таско за „Неваљала“ веќе има милиони прегледи,  веднаш тоа и со фотографија го  потврди. - Дали можеби ќе имаш нова песна? - О, да 2024 ќе има и дуети и соло песни , едвај чекам! - искрена беше. За крај требаше да раскаже некој нејзин гаф, но таа од многуте не можеше ниту еден да избере! - Раскажи ни некој твој гаф? - Ах колку ги има ти да знаеш секој ден по 3/4 нови имам - со емотикон кој плаче од смеење таа ги зачува само за себе. Но веднаш се најдоа такви кои ја потсетија на нешто од лани кога микрофонот одеднаш падна, а таа го бркаше на сцената па ја прашаа сега: Ќе лета ли пак микрофонот? - Јас се надевам нема - им потврди повторно  низ смеа. Фото: Printskrin/Instagram/pejovskalina]]>

Накова одговараше на Инстаграм прашања, па еве дали ги израдува или разочара додворувачите кога ја прашаа: „У љубов ли си уште“? (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/praznichnoto-meni-na-nakova-se-zgolemi-a-ubavitsata-otkri-i-koja-e-nejzinata-neostvarena-zhelba-foto/ Mon, 11 Dec 2023 11:02:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330516

Македонската убавица и топ модел Александра Накова ужива да се релаксира во сауна или парна бања, но обожава и да ги усреќи нејзините следбеници со своите жешки фотографии и фотосеанси но и со одговори на нивните Инстаграм прашања. Па така и овој пат атрактивната гевгеличанка додека се одмораше на нејзиното омилено место, го зема мобилниот в раце и во студениот месец декември реши да ги загрее со нејзината искреност. Најпрвин следбениците беа заитересирани дали таа внимава на исхраната па, дирекно ја прашаа: - Убавице, дали внимаваш на исхраната, доручек, ручек, вечера? Сепак нејзината искреност ги изненади сите кога таа  им одговори вака: - Периодов предпразнично не внимавам баш на исхраната но, внесувам доста вода и детокс напитоци. Секако после искреноста околу празниците следуваше и прашањето колку килограми е сега, па може да си дозволи и слобода околу калориите. - Колку килограми си, презгодна си ? - 53-54 килограми беше сегашниот одговор, но се надеваме ќе биде така задоволна и после овој период. - Дали си во љубовна врска? - ја прашаа љубопитните на што таа искористи еден голем црвен знак. X - беше децидна беше Накова, што по сите логики би требало да значи дека во моментов е соло... барем кога е во прашање сериозна врска. Веројатно веднаш имаше заитересирани кандидати за спарување, па конекцијата преку хороскопскиот знак и подзнак  беше следно за откривање. - Знак и подзнак? - Лав и лав - обелодени Накова за оние кои досега не знаеле. За годината што изминува логично е прашањето која е нејзината неостварена желба , но таа реши да се пошегува. - Неостварена желба? - Подобрански скок со тебе - кажа таа, веројатно затоа што со се досега е исполнета и остварена. Фото: Printskrin/Instagram/naleksandraofficial]]>

Александра Накова сподели совети за убавина но, едно нешто што го прави, не го препорачува (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-spodeli-soveti-za-ubavina-no-edno-neshto-shto-go-pravi-ne-go-preporachuva-foto/ Wed, 15 Nov 2023 07:09:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326974

Македонската убавица Александра Накова прави се за да ја одржи својата совршена фигура, а сега  реши искрено да им открие на следбениците кои современи методи ги користи за разубавување. Таа несебично сподели нови приватни информации за неа и нејзините навики. Па, така  на една од нејзините најнови фотографии несебично им напиша „Поставете ми прашање“.   Но, наместо тоа таа веднаш доби комплимент за нејзината коса, за која  откри дека е со надградба. А дека атрактивната гевгеличанка ја преферира корективната естетика покажа дека сите несовршености на лицето ги решава со игла. Но, едно од најчудните одговори кои таа ги даде беше во врска со солариумите кои  ги користи но на тоа прашање напиша: „Користам, но не го препорачувам“ - со што ги изненади слебдениците зошто го прави тоа. Сепак,  ќе се воодушевите колку е висока Накова која сега им го откри одговорот на оние кои досега не знаеја, а нејзините фанови ги интересираат сите интересни факти за неа, меѓу кои и тоа прашање. Така таа, сега јавно на сите им откри дека е 173 сантиметри висока. Фото: Принтскрин/Инстаграм/naleksandraofficial]]>

Ноне Неделковска си ја отвори душата на Инстаграм: Екс пејачката доби брачна понуда и најави дека се враќа на сцената, ама само под еден услов – ако сними дует со овој наш пејач (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-nedelkovska-si-ja-otvori-dushata-na-instagram-eks-pejachkata-dobi-brachna-ponuda-i-najavi-deka-se-vraka-na-stsenata-ama-samo-pod-eden-uslov-ako-snimi-duet-so-ovoj-nash-pejach-foto/ Thu, 26 Oct 2023 08:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323923

Нона Неделковска попозната како Ноне, некогашната многу популарна македонска поп пејачка која „преку ноќ“ ја прекина кариерата и замина да работи во белиот свет. Или поточно да го пропатува „долж и попреку“, со својата работа на прекуокеанските крузери каде професијата воопшто не и е музичка. Сепак убава и уносна, зашто случајно или не, Ноне стана „најшетаната велешанка“, а можеби и најшетаната од естрадата која по силата на нештата го споила убавото и корисното, иако тоа не е музиката на која толку и беше предадена пред да замине на „работна пловидба“ преку седум мориња и океани. Сепак она што покрај талентот и убавината отсекогаш ја красело: добрината, скромноста, искреноста, отвореноста, емпатијата... и уште грст доблести, кои за жал секој не може да ги разбере, ама атоа многумина и тоа како можат да ги зоупотребат. Иако откако замина Ноне не сака ниту да слушне за враќање на естрадата, ниту пак сака да зборува јавно за себе појавувајќи се во било какви медиуми со свои изјави, сепак на социјалните мрежи „малечката сирена“ направи исклучок. Преседан кој  и ка отвори душата па „џепната венера“ одговараше на прашања, која самата побара да и ги поставуваат. Ноне ја прашаа како се чувствувала кога прв пат стапнала и како што почнала  да работи на брод, а таа им одговри: „Тоа беше во 2012 година, Шарм Ел Шеик - Египат... Работев во продавницата за подароци, како специјалист за разубавување (козметика). беше тоа мијата најдобра година“ - се пристеи велешнката. Веднаш потоа следуваше и прашање на кој крузер работи во моментов? „Принцес“ (Принцеза)“ - кусо возврати екс пејачката покажувајќи фотографија од дел од палубата. Кога ќе дојдеш повторно во Велес, оваа година те видов, но не успеав да те поздравам?!“ - ја праша еден нејзин сограѓанин, а Ноне споделувајќи фотографија од родниот град му одговори дека ќе се видат дури во 2024 година, зашто до Нова Година, нема да доаѓа во Македонија. Потоа тргнаа личните прашања, на кои велешката морепловка исто така не ги штедеше одговорите, напротив... - Мислам дека си предобра и искрена личност. Многу сакам да те запознаам, посака  нејзин/а обожавател/ка. „Добро мислиш. Можеби некогаш ќе се сретнеме“ - му возврати надеж Ноне. Комплиментите  продолжија да пристигаат и само во вид на констатации без прашања... Особено кога комплиментите ќе дојдат од женска личност, е тогаша се уште послатки и Ноне ја правата уште посреќна. А покрај комплиментите тука беа и љубовно - брачните понуди... До душа со извесни „пречки“, како онаа дали би си дозволила да биде освоена од помладо момче на што велешката убавица без размислување  одговори: „Годините се само бројка“!  Па сега ти види, дали Ноне може да ти биде девојка?! Брачната понуда пак, „кажана со половина уста“, зашто понудувачот, кој патем не е единствен,  покрај себе веќе има... поубава половина! Затоа таков беше и одговорот на екс пејачката: „Ех, не си единствен... Ама чувај си ја жената“! Оној вториот брачен понудувач баеги подиректен од прва си ја кажа желбата: „Ноне, биди ми жена“! Ама Ноне од прва и го стави во недоумица, зашто меѓудругото кај неа во понудата, очигледно важна улога играат и сантиметрите, односно колкава ти е големината... Кога се работи за височината: Конечно, едно од најпоставуваните прашања за некогашната македонска пејачка, го доби и најпосакуваниот одговор. Ноне Неделковска најави дека се враќа на сцената, ама само под еден услов - ако сними дует со овој наш пејач, чиј музички кам-бек сите со душа го очекуваат. Ноне и Врчак во дует? Зошто да не? Познавајќи ги, хитот е однапред сигурен, а колку долго обајцата ги нема на естрадната сцена, популарноста кај публиката однапред загарантирана, па и повеќе од тоа... Можеби е згодна прилика догодина, на следниот „Макфест 2024“? Фото: Инстаграм/ nona.nedelkovska
           ]]>

Доколку не беше пејачка еве што би била: Лара Иванова одговараше на Инстаграм прашања и ги откри своите амбиции (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dokolku-ne-beshe-pejachka-eve-shto-bi-bila-lara-ivanova-odgovarashe-na-instagram-prashana-i-gi-otkri-svoite-ambitsii-foto/ Wed, 04 Oct 2023 09:50:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320958

Младата пејачка Лара Иванова која ги освои срцата на публиката особено со фестивалскиот хит „Бела“ испеан во  дует со Пајак на минатогодишниот „Макфест 2022“, е се' повеќе барана меѓу естрадните имиња. Доказ за тоа се позитивните коментари кои ги добива, но и многубројните прашањата од нејзините обожаватели кои со нетрпение и пишуваат и ја прашуваат кога и каде ќе пее, преку Инстаграм прашањата на кои таа се одлучи да им одговори и јавно да ги сподели. Меѓу нив имаше и доста лични прашања со цел следбениците што подобро да ја запознаат пејачката. Таа сподели и една стара фотографија кога ја сними нејзината прва песна за детскиот фестифал „Супер Ѕвезда“на свои 5 години и беше јасно дека Лара допрва ја чекаат големи нешта. Потоа откри  и што би била доколку не беше пејачка, на што таа кратко и јасно одговори дека нејзиниот избор би бил  балерина или актерка. Затоа откри дека токму тоа и го студира:  „На ФМУ, балетска педагогија“. Пејачката кажа дека е висока 172 сантиметри, споделувајќи и фотографија на која позира како вистинска манекенка. Тука се најде и прашањето за нејзините усни, дали се природни, а таа гордо потврди дека нема направено никакви естетски корекции. Но, на интимното прашање дали има момче, таа одговори само со еден емотикон во облик на срце. Секако, подготвена е за голема љубов , но најмногу од сѐ, бескрајно ги сака нејзините фанови. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лара Иванова  ]]>

Теа Трајковска ги одговори прашалниците што долго им беа дилема на следбениците – пејачката одлучи креативно да го искористи времето што вечност трае (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-trajkovska-gi-odgovori-prashalnitsite-shto-dolgo-im-bea-dilema-na-sledbenitsite-pejachkata-odluchi-kreativno-da-go-iskoristi-vremeto-shto-vechnost-trae-foto/ Fri, 16 Jun 2023 07:29:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306551

Чекањето секогаш, ама баш секогаш ни се чини вечност. Некои од тоа ги фаќа нервоза, а некои пак знаат како тоа време да го исористат рационално и креативно. Токму тоа го направи македонската пејачка Теа Трајковска која откри за себе дел од приватноста и призна  дека таа не е „риалити персона“ туку сака да остане препознатлива само и само по музиката. Инстаграм прашалникот кој го направи за време на чекањето таа го сподели со сите фанови, а изнесе и некои приватни тајни од нејзиниот живот. - Ја чекам мајка ми точно 40 минути во кола - се пожали пејачката на нејзините фанови кои и го исполнија времето и се дружеа со неа за време на моментите поминати во чекање. Најпрво сите беа заинтересирани за нејзината музика и кога ќе има нешто ново, а Теа со одговорот доста ги израдува. - Кога нова песна? - Броиме прсти од една рака. Едно љубовно прашање беше веднаш на нејзиното мени за одговарање и гласеше: - Дали би простила неверство ? - Не  - пресече Теа. Таа откри и дека сѐ уште не испланирала каде ќе го помине летниот одмор, но како и да е сепак на море ќе оди. - Каде на одмор - јасно гласеше „Инстаграм“ прашањето. - Искрено не знам, ама ќе паднат неколку дена на море следната недела. - Зошто не го експонираш повеќе приватниот живот - беше едно од следните прашања на некој од нејзите многубројни фанови. - Затоа што сум артист, а не reality personalityи сакам да ме препознаваат по мојата музика, а не по глупости. - Од колку години сакаше да бидеш пејачка - на што таа одговори дека друга опција во игра воопшто никогаш ниту била: - Никогаш не сакав да бидам нешто друго ова ми е нешто како „вистинска љубов“. Пејачката без проблем го откри нејзиното хоби, а тоа што неа во слободно време ја интересира е што велат ѕвездите, ама оние во хороскопот. Претпоставуваме, мајка и дошла брзо па, прашањата беа тие без селекција и менување, а Теа со автомобилот среќно и исполнето си заминала без никакви драми. Фото: Принтскрин/Инстаграм.Теа Трајковска]]>

„Заљуби се“ – Александра Накова ја откри тајната на добриот изглед (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zalubi-se-aleksandra-nakova-ja-otkri-tajnata-na-dobriot-izgled-foto/ Wed, 17 May 2023 10:06:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302388

Александра Накова е една од оние кои како по правило се меѓу првите што ја отвораат бикини сезоната. Сепак, со оглед на временските (не)прилики, летото изгледа многу и недостасува па Накова тоа покажа и со последната Инстаграм објава во која споделила спомени од ланскиот период ова време кога наместо со да се шета со чадор за дожд, се сончала евентуално користејќи сонцобран да не изгори. Во недостаток на сонце додека времето не се промени, Накова за да не и биде здодевно решила денот да го мине не само во спомени, туку со помош на социјалните мрежи и својот Инстаграм малку да се познаимава со туѓите мислења за себе, па ги отворила своите Инстаграм приказни за прашања. Таа доцна вечерта објави неколку интересни податоци од нејзината приватност, а сите претежно беа зинтересирани за тајната на нејзиниот добар изглед... Или барем таа токму тој избор на прашања и одговори го селектирала за да го објавим зашто така најмногу и годи и и' чини. Погледот и нејзините зелени очи го маѓепсуваат машкиот пол, па многумина беа заинтересирани дали таа случајно можеби носи леќи. - Носиш леќи или зелени ти се очите? - Зелени, не носам леќи - одговори таа потврдувајќи дека таква е нејзината природна боја на очите. Поглед во кој можеш да ги одмараш сопстевните очи и стиммулираш сопствените мисли. - Која фарба ја користиш? - беше следното прашање за убавицата. - Не се фарбам - гордо изјави таа, без оглед што многумина се посомневаа во искреноста на нејзиниот одговор, зашто наликува дека Накова некого „фарба“. Впрочем, на фотографијата лево и десно Накова не е со истата боја на косата... Освен ако не во прашање „игра на светлината“ или некаква екстензија?! - Дали носиш вештачки трепки? - Не трепките се мои, ставам целосни трепки само доколку морам за снимање или понекогаш за излегување - им одговори Накова без да трепне. Дали некогаш си размислувала да живееше надвор од Македонија? - гласеше едно „иселеничко“ прашање кое доби „иселенички“ одговор иако Накова на таков чекор не се одлучила и се' уште е живее во Македонија . -Да, многу пати! Бидејќи тешко некој да не ја препознае оваа ретка убавина која зрачи со сексипил,  таа од нејзините фанови го доби прашање како сето тоа и успева, како да се стане  убав како неа? - Како да станам убав како тебе ? - Заљуби се - кратко и јасно му одговори таа, откривајќи ја нејзината тајна на убавината. А од секоја љубов повеќе од јасно е дека може да се изроди и нешто друго... Или поточно речено, љубовта може да се мултиципира, па логично беше силиконската убавица да ја прашаат дали би сакала да има и повеќе деца, кога е веќе толку убава, пардон, заљубена? - Да, секако! - одговорила како од пушка без размислување Александра Накова, што укажува дека кога е веќе заљубена, можеби (набргу ќе по)работи на принова, а нејзината ќеркичка ќе добие братче или сестричка? Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александра Накова]]>

Снеже Велков одговараше на Инстаграм прашања, меѓу кои и на лични: „Последен пат имав дечко 2006-та… од тогаш имам маж“! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-odgovarashe-na-instagram-prashana-megu-koi-i-na-lichni-posleden-pat-imav-dechko-2006-ta-od-togash-imam-mazh-foto/ Sat, 13 May 2023 06:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292219

Денот на ТВ водителката Снеже Велков е исполнет со многу вежбање, здрава храна и едноставно водење на здрав живот полн со правила. Таа постојано ги челичи телото и духот, а нејзините профили на социјалните мрежи се редовно исполнети со  решенија од секаков тип. Па така, овој пат  русокосата дама одлучи да им посвети внимание на нејзините фанови и да им одговори на нивните љубопитни прашања. Разбирливо,  првото прашање беше со вежбањето, па кратко и едноставно ја прашаа дали вежба:
- „Вежбаш ли ?“, а Снеже уште еднаш потврди дека тоа го прави не некогаш туку постојано! - „Секогаш!“ - одговори таа. Бидејќи водителката  е експерт за одржување на линијата, веднаш  доби прашање како да се симне веќе добиената килажа.
- Како да се симнат 10 килограми, без вежбање ? - Со добар режим на исхрана и калориски дефицит -  лесно им одговори. Познато е дека Снеже Велков подготвува веганска храна или можеби некој здрав оброк и  често објавува фотографии од нејзиниот дом па, нејзините фанови беа заинтересирани каде живее Снеже, дали во стан или можеби во куќа?
- Прекрасна! Во стан или во куќа живееш многу убав амбиент. - Во стан живеам, благодарам. Снеже доби и едно психолошко прашање, на кое мудро одговори:
- Што кога се чувствуваме како на раскрсница, изгубено, дали сте се чувствувале некогаш така? - Кај мене запали моментот што почнав да се занимавам со нешто сосема трето да ми се искристализира кој пат да го фатам. Ако постојано мислиш на проблемите се зголемуваат, за тоа јас се дефокусирав за да се намалат. Секако благодарение на нејзиниот труд кој го вложува во нејзиното тело да изгледа перфектно и енергично посилната половина беше заинтересирана дали има момче ? - Дали имаш дечко, Снеже? - Последен пат имав дечко 2006 , од тогаш имам маж. Па откако Снеже  „разочара“ дел од фанови следуваше прашањето и за нејзиниот сопруг и за нејзините деца.
- Колку години е разликата помеѓу тебе и твојот маж и возраста на твоите деца? - Маж ми е постар од мене 6 години, а децата се 15 и 11 години - откри таа. И на крај сепак без разлика дали има сопруг и деца таа си доби покана за излегување.
- Дали планираш да идеме на кафе во блиска иднина? -  Еве излегувам. Кај да те најдам? Брзо, без размислување Снеже одлучи да прифати, а дали се пошегува или не,  знае само таа. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>

Миа Костова одговараше на „Инстаграм прашања“, па сподели лични искувства, меѓу останатите и некои, кои други не би ги откриле: „Сексот е најдобар со некој што ти ги поткрева цревата“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-odgovarashe-na-instagram-prashana-pa-spodeli-lichni-iskuvstva-megu-ostanatite-i-nekoi-koi-drugi-ne-bi-gi-otkrile-foto/ Sat, 18 Mar 2023 08:10:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288064

Миа Костова, екс водителката на естрадиот ТВ магазин „Бекстејџ“,  а сега  можеби и најпопуларната  и најследената македонска инфлуенсерка, најчесто ги информира нејзините следбеници за сите новитети и кај нив знае лесно да  предизвика реакции со секое свое ново видео или фото-објава на нејзиниот Инстаграм профил. Имено, Миа со нив знае да сподели совети, да се дружи со нив,  да ги известува  што прави и во ниту еден момент не го остава нејзиниот профил неисполнет. Таа деновиве повторно им овозможи комуниција на следбениците, а тие побрзаа да и постават прашања, да дадат  коментари и да и доделат комплименти. Миа е позната како некоја која не се  срами ниту се плаши  да се подложи на чести трансформации, па голем дел од прашањата беа токму такви.

На прашањето дали има силикони на градите, таа одговори:

- Да, од пред пет години. Искувство за силиконите, дали е подобро да се стават или не? Има ли некои последици подоцна? - Или сакаш или несакаш да ставиш. Последици во принцип нема никакви. Градите не ги чувствуваш како да не се твои се навикнуваш на нив и не ни мислиш на тоа дека имаш гради после 5-6 месеци. Импланитите се трајни и не се менуваат. Дали е тоа пирс меѓу градите и ако е дали е болно за ставање? - Дермален пирс, да. Не е болно, дел од секунда е. Колку време трае опоравокот од операција на очните капаци и дали е болна процедурата ? - 5 - 7 дена со отоци, болки скоро и да нема се држат ладни облоги, а комплетно заздравени се за едно 3- 4 недели. Процедурата е со локалн анестезија. Не чувствуваш апсолутно ништо. Малку е морничаво зашто знаеш што се случува инаку болка нема. Колку килограми имаш ?  - Многу, ама со вежбањето изгледаат како многу помалку, а и знам да ги носам, па Миа ја напишала култната бројка 69 - ка. А потоа секако следуваше прашањето со кого е најдобар сексот ... Секс со маж или со жена е подобар? - Сексот е најдобар со некој што ти ги поткрева цревата. Дали тоа е страст или љубов, маж или жена - не знам... Можеби треба да пробате, па да ми кажете. И за крај Миа Костова призна без што не може  откако следуваше прашањето: Да мораш без цигари или без вино? - Или без двете или не може само без едно. Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Миа Костовска]]>

„Најтешкото го поминав“ – Антониа Гиговска споделуваше лични искуства од бременоста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/najteshkoto-go-pominav-antonia-gigovska-spodeluvashe-lichni-iskuvstva-od-bremenosta-foto/ Tue, 14 Mar 2023 10:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293143

Антониа Гиговска кариерата ја стави во мирување, а сега најде време за да им одговори на нејзините фанови на „Инстаграм прашања“ на познатата социјална мрежа.  Таа уште од самиот почеток сака да го сподели нејзиното лично искуство со следбениците со цел да им помогне на идните мајки. Така беше и овој пат, младата пејачка постираше фотографија од неа наместена во удобна поза, а со таа објава ги повика следбениците на прашања: - Што ќе ме прашате? - напиша таа секако очекувајќи ги прашањата поврзани со бременоста, а потоа се разбира и на музички план. - Како си? Само да знаеш дека си најдобра - гласеше комплиментот упатено до Антониа,  а таа алудурајќи на бременоста одговори: - Подобра не сум била никогаш. Фала ти најмногу ! - Kако оди бременоста? Jас сум шеста недела и имам многу мачнини... -  Гиговска за тоа имаше само утеха, па даде и таков одговор: - Ако сакаш да те утешам јас бев ужас, најтешкото го пројдов, со лесно ќе помине дури да трепнеш. Обожавателите беа нестрпливи да го дознаат полот на бебето, па веднаш следуваше и тоа љубопитно прашање: - Дали ќе ни го откриеш полот на бебенцето ? - Секако многу наскоро -  кажа таа,  сѐ уште чувајќи го во тајност па и овој пат ги разочара и не одговори прецизно... -Да го видиме мешето колку пораснало? - Еве сме! - им  напиша на фотографијата со емотикон смајли идната мама. - Што му правиш на лицето или чиста генетика? - Генетика! Имам многу чисто лице најверојатно затоа што не се шминкам секојдневно и скоро цело време сум без шминака, освен на настап, снимање и фотосесија. Во ПМС имам една бубуличка, а сега во бременост многу малку се исфрлам - Задоволно им  ја откри и позитивната страна од блажената состојба,  дека и се исчистило и лицето за кое рече дека најзаслужна е генетиката. Пристигна и првото прашањето на музички план, а младата пејачка изјави дека е сѐ во свое време и секако плановите околу музиката не се оставени на страна туку таа посветено работи на нови песни. - Дали ќе продожиш со кариерата и после бременоста и кои се твоите планови? - Нормално се враќам во моментот кога ќе се почувствувам спремна. А планови околу музиката имам многу но сѐ во свое време. Сега сум посветена на нови песни. Верувам дека сите ќе чекате нешто интересно од мене. Тоа веднаш и го потврдија фановите на кои  веќе почна да им недостига па доби покана за настап: -Дојди некогаш во Битола на настап! - Ќе темперим прв настап после пауза во Битола - одговори таа, покажувувајќи со раката голем лајк. Се гледа дека Антониа зрачи од убавина иако бременоста ги менува жените, таа се збогува со мачнините , па сега слободно може мирно да ужива во блажената состојба после која повторно ќе им се врати на настапите и на вераната пубика.   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска  ]]>