инстаграм поема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Apr 2021 08:30:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инстаграм поема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков не запозна со нејзините прекрасни луѓе и нивните вистински вредности: „Не успеав ништо да забележам, од убавата им душа!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ne-zapozna-so-nejzinite-prekrasni-lugje-i-nivnite-vistinski-vrednosti-ne-uspeav-nishto-da-zabelezam-od-ubavata-im-dusha-foto/ Wed, 28 Apr 2021 08:17:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200752

Живееме во време кога светот „се преврте наопаку“... или ни го превртеа, сеедно! Се' повеќе лоше вести, болести, кризи, пакост, омраза, завист, осаменост, отуѓеност... Општо лудило, при навидум нас здрави, прави, нормални! Од друга страна свет на искривени вредности, царство на животнски инстикти наместо љубов и емоции, психопатија наместо емпатија, доминација на материјалното над духовното, пакувањето над содржината, изгледот наместо суштината... Безвредна збирштина од несклад! Во такво едно време, една средина, опкружување, сепак постојат и исклучоци. Ако не друго, колку за да го потврдат правилото. Постојат малку пиоинакви луѓе, кои всушност се оние вистинските. И тие и нивниот систем на вредности, расудување, препознавање, проценка, споделување... Сето она што некогаш не учеа дека е нормално и правилно, а денес заборавено, згазено, потиснато, уништено од толпата „корисни идиоти“ на „трулиот систем“ составен од „понизни полтрони“ и се' така до врвот на пирамидата на која „фараонот“ е всушност, само обична марионета, а пирамидата само хартиена кула од карти, која секој „малку посилен“ однавор ја урива и одново гради со леснотија, кога и како ќе посака. Меѓу толпата сепак постојат и малку поинакви, поразлични, има едни прекрасни луѓе. Оние што знаат да ги препознаат, ценат и почитуваат, употребуваат и споделуваат, оние што се' уште држат до вистинските вредности! Она што во себе, а не на себе го носат, кои зрачат со својот скалд на ум и душа, а не со некое си таму крпче, парче или играчка што може да ја купи секоја новокомпонирана „шуша“! Токму на нив, со своја приказна низ стихови во проза, не потсети македонската ТВ водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков, на својот Инстаграм. На тие луѓе прекрасни, кои зрачат со позитивна енергија, добрина, насмевка, простодушност, хуманост, другарство, емппатија, емоција, убав збор... А, при тоа не се ниту прости и неуки, ниту некултурни и необразовани, ниту полтрони и подлизурковци, ниту политички обоени, ниту плашливи и изгубени, напротив... Горди и пркосни и... само свои, а при тоа оние - вистинските! За разлика од од мнозинството „расипани и гнасни“, се' уште има едни луѓе прекрасни... Од ден на ден, се чини се' повеќе и повеќе. Вака Снеже Велков нив ги опиша во испишаната, своевидна „Инстаграм поема“ за вистинските вредности!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Има едни луѓе ПРЕКРАСНИ! Ама не паметам во што марка беа облечени, ни кој бренд чевли носат. Не ме фаќајте за збор, ама ич не знам дали комбинацијата што ја носеа им беше погодена. Простете, не видов ни што телефонски апарат имаат ама знам дека кога ги барам веднаш ми креваат. Ако ме прашате нема да  знам ни каков парфем користат, ама знам дека мирисаат на радост. Што носат од накит? Насмевка, чинам беше. А часовникот каков им е? Уфф, не сум сигурна, ама знам дека секогаш наоѓаат време за мене. Стварно не знам дали палтото што го носат им е вистинска или лажна кожа, а верувајте не знам ни патиките дали им се познат спортски бренд!? Не ме прашувајте дали имаат средени нокти или тазе  маникир. Оти не им ја приметив дланката и прстите, ама им ја почувствував прегратката и стисокот цврст за поддршка. Не забележав простете, ни дали имаат брчки околу очите или се "измазнувале" - заради сјајот кој им излегуваше од зениците. Простете, но, не забележав ни дали се стегнати и навежабани заради енергијата  што ја зрачеа. Оф! Не знам да ви кажам ни дали чантата им беше погодена со чевлите и дали косата им беше стеганата со листиче кое на ништо не одговара. Ништо не видов простете! Оти бев занесена во думите им слатки и зборовите им мудри. Досетките им смешни и шегите им налудничави. Утехите им топли и советите им разумни... Не успеав простете, ништо да забележам, од УБАВАТА ИМ ДУША... Има едни луѓе ПРЕКРАСНИ!]]>