инспектор томе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Dec 2021 08:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инспектор томе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Талат и инспектор Томе ќе запеат и заиграат, новогодишната ноќ би да трае цела година: Џингл бел и „елка чочек“ среде соба високо… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-talat-i-inspektor-tome-kje-zapeat-i-zaigraat-novogodishnata-nokj-bi-da-trae-cela-godina-dzingl-bel-i-elka-chochek-srede-soba-visoko-video/ Wed, 29 Dec 2021 08:21:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232884

Хумористичниот ТВ серијал „Преспав“ и со епизодите од новата сезона докажа дека дефинитивно е најдоброто нешто од областа на хуморот и сатирата што е снимено кај нас во последнава деценија, па и повеќе. Ликовите се толку впечатливи, уникатни и препознатливи, што го одразуваат времето и секојдневието во кое живееме, а нивните карактери се како пресликани на оние ликови што ги познаваме или речиси секојдневно ги среќаваме во обичниот живот. Едноставно како да се како пресликани некои наши роднини, пријатели, познаници, соседи, колеги или сосема обични луѓе кои дури  ни лично не ги познаваме, ама точно знаеме дека се тие - тие! Секој лик е погоден, посебен, автентично одглумен... Од Коста и Ула, преку Марио и Јелена од Драчево Дончо и Миле, до Талат и инспектор Томе... Сите! Некој на публиката повеќе, некој помалку омилен, некој посмешен, некој поинтересен, ама сите заедно - маестрални! Нив ќе ги гледаме и во највеселата и најлуда ноќ, во новогодишната програма на јавниот сервис МРТ, кој како и неколку претходни Нови Години, „Преспав“-ци ги одбра покрај музичката понуда да ги забавуваат ТВ гледачите за Нова Година на нивната програма. Токму затоа и не веруваме дека некој ќе ја преспие. А, кога е Нова Година, веселбата низ танцот и песната се задолжителни. Знаел, не знаел - пее  кој стигне, секој танцува, се веселат сите. Арно ама, кога ќе останат само тие двајцата и елката,  дефинитивно еуфоријата кулминира. Зашто кога Талат и инспектор Томе ќе запеат и заиграат, новогодишната ноќ би да трае цела година. Ако не верувате, погледнете и од срце да се насмејте се уште пред Нова Година и да дојде: ]]>

Зошто Горан Стојановски е ултрапопуларен на секои 10 години: Кој е инспектор Томе од  „Преспав“ и зошто нема ни Фејсбук ни Инстаграм? https://arhiva.vistina.com.mk/goran-stojanovski-e-ultrapopularen-koj-e-dzemo-biljbilj-ili-inspektor-tome-od-prespav-i-zoshto-nema-ni-fejsbuk-ni-instagram/ Sat, 02 Oct 2021 07:48:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73053

За него важи правилото дека станува популарен на секои 10 години... ѕвезда на рати! Ќе се појави како некој нов лик, ќе направи „растур систем“, ќе ја освои нацијата со својата нова улога која ќе му донесе енормна популаност и наеднаш преку ноќ ќе исчезне, ќе го снема... И се така до следната улога за „широки народни маси“, која како по некое непишано правило, му доаѓа со секоја следна декада. Или тука некаде.
Горан Стојановски, дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности, по потекло од Охрид каде живее и работи, еден од основачите на Охридсскиот театар, директор на центарот за култура во Охрид... Сето ова му стои во биографијата, во официјалното Си –Ви... Ама сепак, по она, „неофицијалното“ е многу попознат и попопуларен – неговите драмски и особено ТВ ликови.
Како оној на началникот Јеротије Пантиќ во новото видување на претставата „Сомнително лице“ на Нушиќ, во неговиот матичен охридски театар, уште додека не беше ниту тетатар, туку само театарска дружина. Сепак, серијалот „К 15“ ќе му ја донесе првата поширока популарност. Заедно со неговиот колега од театарската дружина и другар од детството Климе Новески со своите улоги и извртениот „Македонско - Турски јазик“ во еден момент ќе станат попопуларни и од самите Тошо, Миле и Цацко.
Откако престанаа да се појавуваат во „К 15“, чаршијата наголемо зборуваше дека токму трите лика намерно „се ослободиле“ од  охриѓаните, зашто овие им го украле шоуто!? Ликот на „Џемо – Биљбил“ во вестите на шоуто 1+2  и особено соработката со Роберт Саздов од „Куку Леле“ ќе го направи  ултрапопуларен лик, кој ќе почане да го препознава и старо и младо на улица. Тој и дел од неговата охридска екипа ги препејаа и хитовите на популарното дуо, со свои комични текстови, од кои публиката „зајдуваше“ од смеење. Снимената касета со песните ( тогаш немаше ЦД –а) во средината на 90-те, се смета за најтиражниот музички производ и апсолутно најпродаваниот носач на звук (плоча, касета, ЦД) на сите времиња во историјата на Македонија, покрај првата касета на „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“.
По ликот на „Џемо – Биљбиљ“ следуваат ликот на началникот во театарско хумористичниот ТВ серијал „Штаб“, одново со охридската театарска екипа. Комично-политичка пародија на состојбите во општеството. „Ѓоре – Шнајдерот“ е следниот ТВ лик кој Стојановски ќе го игра, лик кој низ „делењето памет“ преку „ мисли и мудрости од малиот мозок“ на размуабетениот кројач ќе му ја врати „one man show“ популарноста на актерот одржувајќи го меѓу познатите ликови во ТВ етерот. https://www.youtube.com/watch?v=maM531Fpsu8 Минуваат години, во меѓувреме Горан Стојановски станува еден од основачите на Охридскиот театар, подоцна и директор на центарот за култура во Охрид.
2014 година ТВ Алфа го враќа ликот на  Џемо-Биљбиљ на екраните, но популарноста не е ниту оддалеку онаква каква што некогаш беше.
Чиновничката работа огледана во директорувањето се повеќе го ограничува и му дозволува да се занимава со актерскат професија, се' додека не се појави ситкомот „Преспав“. Ликот на вишиот околиски инспектор Томе одново ќе му ја воскресне популарноста на актерот чиј лик ќе стане „заштитен знак“, еден вид огледало на работата и однесувањето на државната администрација во македонското општество.
И покрај сета популарност сиве овие години, особено изразена по трите сезони на „Преспав“, Горан Стојановски остнува верен на традиционалните вредности и сопствената етика. Затоа воопшто не ги користи социјалните мрежи, нема ниту Фејсбук ниту Инстаграм профил, зашто смета дека сето тоа нема смисла.
„Нема потреба со некого да се допишувам, кога можам да кренам телефон и да му се јавам и да се договорам да се видиме, ако има што да си кажеме. На фејсбук е едно, а во живо сосема друго“ – ќе изјави во едно свое интервју по ова прашање денес популарниот инспектор Томе. https://www.youtube.com/watch?v=oL-1Uo8k5Qk&t=1s  ]]>

Актерот Горан Стојановски или Инспектор Томе од „Преспав“ го седнаа на распит (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-goran-stojanovski-ili-inspektor-tome-od-prespav-go-sednaa-na-raspit-video/ Wed, 23 Dec 2020 11:25:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182270

За него важи правилото дека е постојано познат и популарен, ама ултрапопуларен станува на секои 10 години… Ќе се појави како некој нов лик, ќе направи бум, ќе ја освои нацијата со својата нова улога која ќе му донесе енормна популаност и наеднаш преку ноќ повторно ќе исчезне, ќе го снема.  И се' така, до следното појавување, до следната улога... Главна или споредна сеедно, неа  тој секако умее да направи голема... А и таа него?!   Последниве години, откако постои хумористичниот ТВ серијал, македонскиот ситком „Преспав“ сите го препознаваат како инспектор Томе. Некои го знаат и од порано како Џемо Биљбиљ, а ние, а и оние што го следат театарот и тетарската уметност во Охрид,  го знаеме како актерот Горан Стојановски. Токму тој беше на распит во магазинот од зад сцената, „Бекстејџ“.   Да може да одбере кому би му се заблагодарил во животот, кој му е најголемиот страв,  без кои три работи не излегува од дома, што мисли за пластичната хирургија, Скопје или Охрид, Лила или Марјана, Цеца или Карлеуша... и уште сто и една работа, што досега не сте ја знаеле за него, дознајте ја од прва рака.   Инспекторот ги кажува на соочувањео со камерата и микрофонот, очи в очи со водителката  во „магазинот од зад сцената“, во видеораспитот на единствениот “државен службеник“ во пансион „Преспав“! https://www.youtube.com/watch?v=HiFSNDO5XvI]]>

Инспектор Томе од „Преспав“ не „залепи“ казна, но доби задача да ја опише Преслава, еве што кажа за екс газдарицата https://arhiva.vistina.com.mk/inspektor-tome-od-prespav-ne-zalepi-kazna-no-dobi-zadacha-da-ja-opishe-preslava-eve-shto-kaza-za-eks-gazdraricata/ Mon, 24 Feb 2020 08:35:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135602

Последната односно четвртата сезона на серијата „Преспав“ заврши кон средината на јануари, а веќе фановите се натрпение очекуваа да започне новата сезона. Иако се уште нема точно детали кога започнуваат снимањата и кога петотто продолжение на серијата ќе излезе во етер, на првиот канал на МРТ се емитуваат репризните изданија. Четвртата сезона на „Преспав“ уште еднаш ги сруши рекордите, а инспектор Томе, Талат, Ула и Коста, Јелена од Драчево, собарката Исуара заедно како тим ги насмеа гледачите. Деновиве, актерот Горан Стојановски или познат како инспектор Томе од „Преспав“ гостуваше во „90 секудни“ каде што одговараше на разни прашања. На прашањето дали е тешко да се биде инспектор, тој вели дека не е тешко туку дека тоа е најубаво на светот. Кој те нервира најмногу во пансионот? „Сите до еден, вклучувајќи ме и мене“ вели инспектор Томе. Инспекторот имаше задача да ја опише Преслава во три збора. „Што убава си, што убаво ти стојат хеланките....и толку со два збора можеш да ја опишеш“. На прашањето што ќе работеше да не е инспектор, тој вели дека ќе бил виши инспектор. Целото видео може да го погледнете во продолжение. За потсетување, во последната сезона и доста возбудлива епизода, пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот. Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски.]]>

Инспектор Томе од „Преспав“ има свој двојник… во татко му на Боки 13? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/inspektor-tome-od-prespav-ima-svoj-dvojnik-vo-tatko-mu-na-boki-13-foto/ Sat, 02 Mar 2019 10:54:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75541

Речиси нема човек кој некаде таму или тука близу, нема свој двојник на светот. Иако по физикус идентични можат да бидат само близнаците, па дури до крај ни тие, сепак луѓето си имат свои „копии“ кои помалку или повеќе се верни на оригиналот. Само прашање е кој е оригиналот? Обично, ако сте јавна личност, славен лик, позната фаца, медиумска ѕвезда и слично, луѓето во вашиот лик го препознаваат оригиналот, па доколку наидат на некој друг кој личи на Вас, тој за нив е „копијата“.
Е сега, ликот на актеропт Горан Стојановски некогаш познат како Џемо - „Биљбиљ“, или сега по најново, инспектор Томе од популарната македонска ТВ серија „Преспав“,  на сите им е добро познат!  Ама на малкумина им е познато дека и  тој, како и многумина, има свој двојник. Добро, човекот е нашто малку постар од него, за нијанса повозрасен, ама сепак неодоливо потсетува во ликот на охридскиот актер. И ништо чудно ниту невообичаено не би имало во тоа, доколку и тој не е познат. Или барем, татко на позната личност.
Имено, газда Миле е еден од сопствениците на новата „1ТВ“ и биолошки татко на нејзиниот најекспониран лик, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13. Или едноставно кажано, Миле -татко му на Боки, во ликот недоливо потсетува на инспектор Томе, односно актерот Горан Стојановски.
Ех,  сега само остана дилемата кој е „копијата“, а кој „оригиналот“, со оглед дека едниот е попознатиот, ама затоа пак ниту другиот не е тотален анонимус, а башка е и повозрасниот, што значи дека прв дошол на овој свет? Миле Јовановски или Горан Стојановски? Газда Миле од „1ТВ“ или инспектор Томе од „Преспав“, не е важно. Важно е дека... ТОЈ е ликот!  ]]>