Insecurities – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Dec 2022 13:27:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Insecurities – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 16 годишната кантавторка Михаела Антеска дебитира на рок сцената со темата – „Insecurities“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/16-godishnata-kantavtorka-mihaela-anteska-debitira-na-rok-scenata-so-temata-insecurities-audio/ Thu, 15 Dec 2022 13:27:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280297

Шеснаесетгодишната Михаела Антеска од Гостивар дебитира на музичката сцена со панк-рок песната „Insecurities“, на која се потпишува и како автор на музиката и текстот. Се работи за енергична песна со модерен звук и богата инструментална линија во која доминираат гитара и виолина. По неколку месеци снимање, обработка и подготовки песната е објавена на Soundcloud и Youtube. „Музиката отсекогаш ми била најдобар пријател и омилен начин за да се изразам кога не сум знаела како поинаку, за да кажам што мислам пред другите и да си помогнам самата на себе, кога ми било најтешко. Затоа велам дека во оваа песна оставив голем дел од моето срце и сигурна сум дека тоа се чувствува при самото слушање. Ова ми е прва песна, но со тоа и прв чекор кон мојот сон и иднината што сум ја замислила и ќе ја градам – светски успех на полето на панк-рок музиката и име што ќе остави белег на таа сцена“ , вели младата кант-авторка. Песната е снимена во студио „Клиника“ на Ивица Брчиоски од „Ареа“, кој го направи и аранжманот. Промо фотографиите се продукција на Gostivarpress.mk. Михаела е ученичка во втора година во гостиварската гимназија. Гитара свири од седумгодишна возраст. Голем љубител е на рок, метал, панк и гранџ музика. Настапувала на клупски свирки, манифестации, како и на фестивалот „Од ребро до рокенрол“ во 2019-та година. Слушнете како звучи „Insecurities“ на Михаела Антеска (КЛИКНИ ТУКА): ]]>