иницијатива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Mar 2023 13:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png иницијатива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Едно е клучно: Како да го натерате да ве забележи и да ве викне да излезете? https://arhiva.vistina.com.mk/edno-e-kluchno-kako-da-go-naterate-da-ve-zabelezhi-i-da-ve-vikne-da-izlezete/ Thu, 09 Mar 2023 13:34:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292665

Понекогаш е најдобро да ја препуштите иницијативата на другата страна. Сосема е можно некој да ви се допадн, но да не знаете дали вие му се допаѓате или како да го привлечете неговото внимание. Трансформацискиот тренер Слаѓана Трикиќ дава одговор на ова прашање, кое веруваме дека ќе изненади многумина. Всушност, таа ви предлага да не правите ништо: – Како да ме забележи и да ме покани на состанок? Ова е прашање што си го поставуваат многу девојки и жени, кои можеби не се во врска во моментов, но има маж кој им се допаѓа и би сакале да го предизвикаат да ги викне. Има многу совети на интернет од типот облечи ова и ова, излези на такво место, праќај му такви и такви сигнали итн., меѓутоа, напротив, она што го мислам и како треба да биде е да не правите апсолутно ништо. Односно, да бидам попрецизна, она што треба да го направите е да се оддалечите, да му направите простор да почне да ве освојува – вели Слаѓана и додава: – Немојте да му пишувате пораки, да го бркате, да го притискате на кој било начин, тоа создава контра ефект. Едноставно повлечете се, не правете ништо, поточно за тоа време додека не правите ништо, грижете се за себе. Грижете се за себе на начин што прави да се чувствувате добро, правете се што ве прави да се чувствувате добро и да имате добра енергија, имајќи предвид дека ќе ја испуштите таа пријатна и привлечна енергија околу вас и тој ќе биде привлечен од вашата енергија, а вие всушност треба да бидете во таа женска енергија и да дозволите да ве освои – заклучува Слаѓана. Извор: Попара.мк  ]]>

Иницијатива „Нови Лица 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/initsijativa-novi-litsa-2023/ Fri, 17 Feb 2023 13:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289509

Регионалната музичка сцена е богата со свежи иновативни артисти и клучно е да се поддржат младите сили кои се издвојуваат со својата страст за музичката индустрија. Иницијативата „Нови Лица 2023“ (NEW FACES 2023) е можност за младите музички професионалци активно да бидат дел од музички конференции и настани, да научат повеќе за индустријата, да соработуваат и да ги претстават своите дела пред експерти. Четири регионални фестивали и конференции – македонската музичка конференција „ПИН“, како и МЕНТ Љубљана“ (Словенија), „Контакт“ (Србија) и ШИП“ (Хрватска) – со заеднички сили имаат цел да ги пронајдат овие 10 „нови лица“ во регионот на поранешна Југославија.

Помогнете да ги најдеме 10-те млади (до 30 години) музички професионалциЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ!

Кои се „New Faces 2023?

Новите лица кои се бараат се оние кои ја придвижуваат и оние кои ќе ја размрдаат регионалната музичка сцена, тие работат во најразлични сфери на индустријата: од организирање на настани, букинг, менаџмент, издаваштво, музичко новинарство, па сѐ до продукција. Тие се издвојуваат со нивната работна етика и амбиции како оние кои секогаш се стремат да бидат подобри.

Номинирајте ги „New Faces 2023!

Првичната фаза за пријавување или номинирање е отворена до 1 март и е наменета за сите млади професионалци до 30 години, а во оваа фаза организаторите бараат предлози од пошироката јавност. Доколку сте музички професионалец или пак познавате некој кој сметате дека е токму таков лик, тогаш можете да помогнете во потрагата до конечниот избор за 10 млади музички професионалци! Пријавите можат да бидат поднесени лично или анонимно од трето лице преку пополнување на формата за пријавување ТУКА!

*Можат да се пријават и кандидати кои имаат наполнето 30 години во 2023.

Што добиваат „New Faces 2023?

Сите номинации ќе бидат проверени и оценети од меѓународни претставници на фестивали кои ќе ги издвојат десетте најдобри млади музички професионалци. Овие индивидуи ќе бидат претставени на медиумите и ќе имаат прилика да учествуваат во регионалните музички конференции. За нив е обезбедено сместување и професионална акредитација (PRO-pass) на најмалку четири партнерски конференции.

]]>

Шекеринска со задовлство ќе уживала, Шилегов носталгичен колекционер на плочи: Засрамете се, на 3340 починати и 0 вакцини! https://arhiva.vistina.com.mk/taa-so-zadovlstvo-kje-uzivala-toj-nostalgichen-kolekcioner-na-plochi-zasramete-se-na-3340-pochinati-i-0-vakcini/ Tue, 16 Mar 2021 13:38:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194477

Идејата на Тони Зен да ги преземе работите во свои раце е благородна, но и очајна – обид на професионалец кому државата не му овозможува елементарни услови за живот. Да работи и да заработи.
Неодамна решив да преземам одговорност за моите музички албуми и концертни изданија и самиот да ги продавам онлајн, воедно и да ги дистрибуирам лично до сите вас. Целта ми беше да се подигне свеста кај публиката, но и кај самите автори, дека е потребна меѓусебна соработка и поддршка во овие тешки и кризни моменти, но, исто така е потребно да се има почит и разбирање, и не само сега, туку секогаш. Бидејќи со купување музички албум, цеде, плоча, касета, со купување книга, фотографија, уметничка слика, со купување карта за било каков настан итн., вие ги поддржувате македонските автори од било која област и на тој начин ние опстојуваме. Да нема публика, нема да постоиме, напиша Тони Зен во својата објава на Фејсбук.
Пред неколку дена музичарот започна онлајн предизвик #ЛокаленМузичкиПредизвик за со купување музички албуми да се поддржат музичарите кои веќе една година немаат настапи поради пандемијата со коронавирусот. На повикот на Тони Зен прв се одѕва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој ја прошири иницијативата и ги номинираше Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.
„Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албума па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани. Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Шекериска и Јани Макрадули, за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми“, напиша Шилегов.
Шекеринска, пак, го продолжи синџирот и ги номинираше Мила Царовска, Дамјан Манчев и Јана Белчева.
„Со задоволство ќе уживам во албумот ‘Underground evergreens’ на нашата музичка група Суперхикс, што ми го испрати Петре Шилегов во рамки на #ЛокаленМузичкиПредизвик“ Го проширувам кругот подарувајќи им музички изданија во домашна продукција на Мила Царовска, Дамјан Манчевски и Јана Белчева со предизвик и тие да го прошират кругот. На тој начин изразувам поддршка во овие корона времиња за нашите музичари и домашната музика, напиша Шекеринска.
И се ќе беше благородно, а сигурно и забавно, да не беше кризата таму каде што е – на 3340 смртни случаи до вчера, 11.457 активни и 0 вакцини. Наместо да се фотографирате со плочи и компакт дискови, овозможете им на луѓето да работат и да заработат. Купете вакцини, симнете се на земја, погледнете каква мизерна земја за живеење е оваа Македонија и тогаш плочите сами ќе се продаваат. Извор: Република.мк]]>

„Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала“: Вечерва граѓански собир пред платото на „Универзална сала“ против нејзиното уривање https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-univerzalna-sala-vecherva-gragjanski-sobir-pred-platoto-na-univerzalna-sala-protiv-nejzinoto-urivanje/ Tue, 11 Aug 2020 10:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162748

„Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје - Универзална сала  вечерва, вторник, 11 август 2020 година, пред платото на Универзалната сала со почеток во 20 часот ги повикува сите добронамерни граѓани заедно да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. *Ве молиме почитувајте ги мерките за дистанца и носење маски - се вели во соопштението од иницијаторите кое осамна на социјалните мрежи и во медиумите, за собирот кој беше пролонгиран од минатата недела за денес, заради временските непогоди и обилните врнежи.   Иницијативата потекна по објавата на конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на „Универзална сала“, која во тој случај би се урнала и дислоцирала на друга локација. По бурните рекации на граѓаните на социјалните мрежи и во медиумите за ваквата објава, ним им се придружија музичките и естрадните уметници, актерите, културните дејци, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите, ивент индустријата.... па се очекува на вечерешниот протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој  единствен „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија!    ]]>

Естрадата на бунт против последните мерки на владата: „Вака не може“ – музичарите на нозе, бараат музика сега! https://arhiva.vistina.com.mk/estradata-na-bunt-protiv-poslednite-merki-na-vladata-vaka-ne-moze-muzicharite-na-noze-baraat-muzika-sega/ Thu, 25 Jun 2020 08:41:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155505

На социјалните мрежи е покрената иницијативата ,,Музика – сега” на која се приклучија околу 1.400 музички работници и тие бараат средба со владата, односно со надлежните кои ги носат мерките за заштита од корана епидемијата, обвинувајќи ги за селективност во превентивата, при што музичарите, естрадните уметници  и нивната дејност се соочуваат со тешки егзистенционални проблеми, бидејќи се оневозможени да работат и спречени да заработуваат, а со тоа им е загрозена нивната егзистенција и егзистенцијата на нивните семејства. Иницијативата за враќање на музичките настани на музичарите и музичките работници „МУЗИКА – СЕГА!!!“ и нејзините (до денеска вклучени) 1.400 членови, најостро реагираат на последните одлуки на Владата, објавени во последниот Службен весник, објавен на 23 јуни 2020 година, со кој сè уште се забрануваат секаков тип на организација на музички настани на отворен или во затворен простор во угостителските објекти за исхрана и покрај фактот што последните 15-ина дена, се донесени многу мерки со кои се укинуваатт претходните ограничувања за добар дел од секторите од индустријата (барови, теретани, казина, отворање на границите без потребни ПЦР тестови и задолжителна самоизолација и сл.), соопшти преку „Фејсбук“ музичарот и фронмент на „Суперхикс“, Петар Младеновски, а него го подржаа уште стотици други негови колеги. Истата одлука се содржи во член 15 од делот кој се однесува на угостителските објекти за исхрана. Во писмото со протоколите кое е објавено пред некој ден од самата Иницијатива се предложени многу мерки, во согласност со препораките на СЗО и локалните релевантни фактори за зачувување на општото здравје и спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 а со цел – итно враќање на музичките настани под одредени протоколи! Бараме итна средба со одговорните за носењето на мерки и одлуките со кои е направен овој пропуст кој оди директно на штета на илјадници музичари и музички работници кои деновиве со борат со проблеми од егзистенцијална природа по затворањето или ограничувањето на можноста слободно да работат и заработуваат а директно поврзано со донесените рестриктивни мерки и нивното олеснување , за кој, очигледно за сега- се нема слух! МУЗИКА – СЕГА!, порача Младеновски од името на иницијативата. „Влада и компанија луѓе/нелуѓе, дали малку ја чукнавте главата дека раниме фамилии??? Претеризам е ова! - напиша музичарот Дејан Младеновски, инаку тапанар на „Браво бенд“, чија реакција на социјалните мрежи е само една од низата на музичарите во врска со забраната за организирање музички настани и во отворените и во затворените делови на објектите. Ова се само некои од македонските музичари и естрадни уметници кои ја поддржаа иницијативата ,,Музика – сега”, а  кои живеат и егзистираат од музиката, при тоа обезбедувајќи и егзистенција за своите семејства. Повеќето од нив немаат друга професија, ниту друга работа... А нивниот список е долг... Брои илјадници!]]>

„Mузика – Сега!“: Иницијатива на музичари и музички работници за итно враќање на музичките настапи https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-sega-inicijativa-na-muzichari-i-muzichki-rabotnici-za-itno-vrakjanje-na-muzichkite-nastapi/ Thu, 18 Jun 2020 14:03:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154487

Разни музичари, музички работници, композитори, изведувачи и автори се здружија под името „Музика – Сега!“ со барање до властите за итно враќање на музичките настапи, со определени временски рамки, услови и во фази. Во продолжение, ви го пренесуваме писмото во целост: „МУЗИКА – СЕГА!!!“ е иницијатива во која е вклучен (и која претставува) највисокиот сојуз на музички здруженија, што го сочинуваат здруженија на композитори, изведувачи, автори и нивните служби за остварување на изведувачки и авторски права но, и самостојни и независни музичари и музичките работници. Рестриктивните мерки за јавно собирање во изминитиве 3 месеца, најпрвин и најмногу ја погодија музичката и културната заедница, а посебно оние кои се директно вклучени во работните процеси на истите и се на неделна или дневна база зависни од разни хонорари а, со тоа и во моментов, финансиски исцрпени и немоќни. Од сигурносно – безбедносни причини, најпрвин, беа откажани настапите во живо, на терасите и стадионите а, потоа следеа и мерките за сите гранки на економијата. Подоцна беа забранети по иницијатива и совет на кризниот штаб и секакви јавни собири и настани и било какви групирања, со тоа директно нам (музичарите и музичките работници) нѝ беше ускратено правото на настап и работа а, со тоа и автоматски можноста за било каква заработка и покривање на дневните трошоци. Би сакале да напоменеме дека во оваа иницијатива имаме музичари кои имаат мал дел и на други приходи но, најголем е бројот на оние кои се занимаваат и живеат само од настапи и веќе четврт месец немаат никакви примања. Со оглед на тоа дека надоместоци во висина на една минимална плата од 14.500 денари, со одлука на Владата, беа предвидени само за регистрираните самостојни уметници, како трговци – поединци кои се регистрирани како такви и при Министерството за култура, дел од естрадните уметници и артистите на кои со вонредните мерки им беше ускратено правото и можноста за настап на некои од настаните кои беа предвидени во годишната програма на Министертсвото за култура а, кои нема да се одржат од веќе познатите причини. Разбирајки ги одлуките на владата на РСМ, Кризниот штаб и Министерството за здравство, ги поддржавме нивните одлуки како и останатите граѓани. Но, факт е дека огромен број македонски музичари и музички работници, заради тоа, се најдоа во многу тешка ситуација на која не и се гледа крајот. Имено, настапите во живо се главен извор на приходи за музичарите и музичките работници и еден од основните двигатели на културната и креативната индустрија која со повеќе милиони евра на годишно ниво, сочинува добар процент од македонскиот БДП. Настапите во живо се главен емотивен двигател на контактот на изведувачот и публиката, Темел со кој во индустријата се вклучуваат и други важни сегменти на системот: промотери, дискографски и други издавачки куќи, организатори на концерти, сервиси за продажба на влезници, останати придружни технички сервиси, па сѐ до медиумите – интернет портали, радио и ТВ станици кои со емитувањето ја носат музиката во домовите. Треба ли да се каже дека музиката е прв показател за емотивната состојба и здравје на една нација – општо познати се предностите на музиката во подигањето на атмосферата во заедницата и растеретувањето од стресот како и директен поттик за прилагодба до продолжувањето со нормален живот. А токму и тоа го препорачуваат разни психолози во услови на карантини, полициски часови, вонредни состојби и разни рестриктивни мерки – одржувањето на менталното здравје! Токму музиката е препорачана како еден од главните “лекови“ во овие тешки ситуации (секако зборуваме за настапи со сите задржани и запазени мерки на претпазливост во услови на корона вирус). Музичарите и музичките работници, имаат катастрофален пад во опсегот на делување но, и пад на приходите дури и до 100% во однос на нормалните услови. Нужно е што побргу да се одобрат можни начини за настапување, во прилагодени услови за делување во следните недели. И тоа со точно одредена динамика која би овозможила да се запазат сите мерки кои се препорачани од СЗО и локалните органи. Затоа, во името на 20-ина илјади музичари и музички работници, автори и изведувачи, членови на здруженија од нашиот сојуз и нивните фамилии, ве молиме и предлагаме, во планот за ревитализација на економските сектори, по итна постапка да ги разгледате и додадете следните 5 предлози, чија цел е спас на музичките дејности и самите музички работници (музичари – изведувачи – автори – композитори – инструменталисти…). 1.Отворање на музичките студија за снимање и продукција Со оглед на попуштањето на мерките на кризниот штаб и предвидувањето на можноста на групирање до одредена бројка, сметаме дека е логично да се отворат и музичките и филмските студија за креативни процеси, создавање и снимање музика како и филмска и телевизиска продукција. Снимањето во домашни услови и полупрофесионален или аматерски квалитет не можат трајно да го заменат професионалниот начин на работа и потребниот студиски квалитет на продукција. Моменталниот начин може краткорочно да ги задоволи потребите на публиката / пазарот со нови дела, но наскоро ке дојде до заситување со производи од таквиот начин на работа бидејки овој начин на работа нема никаков економски и финансиски учинок за анагжираните. Моментално во Македонија има преку 100-ина студија за професионално снимање во кои се постојано анагажирани преку 300 луѓе на снимањата како технички персонал или придружни музичари, околу 2000 музичари повремено снимаат а, во последните 20 години – илјадници музичари кои во текот на својата кариера постојано или повремено снимале. Временска рамка за предлогот бр. 1 а) Поединечни проби и снимања, 2-3 особи во студио од 20 Јуни 2020. б) Снимање мали повеќечлени состави (до 10 луѓе) – со фазата на попуштање 3, од 1 Јули 2020. в) Снимање оркестри и хорови – предлагаме воведување 4 фаза која би допуштила собирање до 90 поединци во професионална смисла, од 15 Јули 2020. 2.Концерти на тераси и отворени градски простори (помали и поголеми стадиони, помошни игралишта, плоштади, кејови, паркови и сл.). Сметаме дека, во склад со Кризниот штаб кој ја наведе можноста за отворање на терасите и угостителските објекти, би требало да се одобри и можност за оддржување на концертни настапи на бендови и Диџеи – и поради едноставните технички услови потребни за такви настапи, Да потсетиме, музиката и во вакви услови опушта и поттикнува позитивни емоции и така има благотворно влијание на публиката, нејзиното ментално и емоционално здравје. Исто така, сметаме дека и на плоштадите и во парковите, со задолжително почитување на правилата за растојание и епидемиолошките мерки, музичарите би можеле да оддржуваат концерти. Наведените простори се меѓу првите зафатени со мерките за стопирање на епидемијата и ќе бидат значително погодени од смалениот број на посетители. Воспоставување на нормални услови за работа ќе биде можно дури по финансиското опоравување на угостителскиот сектор. Повеќе илјади музичари и музички работници, се занимаваат со оваков тип на дејност, како основна или дополнителна дејност. Временска рамка за предлогот бр 2: а) Концерти на терасите на хотелите и други угостителски објекти – од 20-ти Јуни 2020 или од отворањето и реактивирање на истите. б) Одвивање на концерти на плоштади, паркови, кејови – за време на туристичката сезона (јуни – октомври 2020). 3.Drive in концерти Предлагаме одржување на концерти на отворен простор со мали изведувачки состави и со почитување на препораките за растојание на музичарите и музичките работници. Публиката би била во автомобили во драјв – ин простори (отворени кина по пример на одредени земји од Европа кои веќе го практикуваат на големо овој тип на настани) а, квалитетно аудио искуство би можело да се обезбеди на различни начини: еден успешен пример од Данска вклучува посебна FM фреквенција на радио приемниците во возилата. Постои можност и за соучество на спонзори кои целосно или делумно би ги покриле трошоците за продукцијата и/или музичарите. Идејата е оддржување концерти на отворено, слично на драјв – ин филмски проекции. Можни локации во градовите би биле поголеми паркинг простори. Посетителите не би излегувале од своите возила а, секое второ паркинг место би било слободно поради одржувањето на дистанца. Влез би бил наплатуван по возило или по договор со спонзор. Услужната дејност би се одвивала со келнер, од автомобил до автомобил а, хигиенските потреби би се регулирале со дистанца и дезинфекциски средства. Временска рамка за предлогот бр. 3: Одвивање на дејности на отворен простор – веднаш! 4.Концерти во затворен простор. Сметаме дека во согласност со напатствијата од Кризниот штаб, кој наведе можност за оддржување верски служби, би требало да се одобри и можност за оддржување концерти во затворени простории кои можат да обезбедат физичка дистанца со почитување на епидемиолошките насоки. Одвивање на концерти со помал број на посетители кои се дистанцирани со ознаки по просторот (знаменца, адекватни знаци по подот, траки и сл. маркери) или со седечки места но, со придржување на епидемиолошките мерки. Затоа предлагаме: а) Да се овозможат седечки концерти со ограничување до 150 луѓе а, кои би се оддржувале во поголеми простори за 300 и повеќе посетители. б) Да се овозможат концерти во затворени стоечки концертни простори, како клубови, кои би можеле да примат од 200 до 2000 луѓе во “вонстандардни“ услови. И овде, најголемиот број на посетители би бил околу 150 луѓе по настап. в) Да се овозможи оддржување концертни случувања, за повеќе од 150 луѓе , во големи концертни простори, како спортски сали и слични простори кои имаат капацитет за 2000 и повеќе луѓе. Веруваме дека со тоа сите работници од музичката индустрија (изведувачи, автори, евент компании, музичари, продуценти, тон мајстори, сопственици на клубови, промотери и други) повторно би имале финансиска корист. Тоа на крајот води до зачувување на работните места и секако, редовни уплати на даноци кон државата па, оттаму и придвижување на целата економија. Моментално, во Македонија активно делуваат преку 5.000 автори, 13.000, изведувачи и околу 2.000 пропратни музички работници и технички персонал поврзан со концертната и изведувачка дејност. Временска рамка за предлогот бр. 4 а) од 1 Јули, слично како и кај верските служби. б) од 15 Јули 2020. 5.Концерти на отворено (Open air) Предлагаме open аir концерти кои можат да се одвиваат и пред поголем број луѓе кои би биле на големи отворени површини на означени позиции. Посетителите, во групи од 5 до 10 луѓе, би можеле да следат концерт. Услужната дејност би можела да се одвива по принципот на редови, по моделот на продавниците и со почитување на епидемиолошките мерки. Овој сегмент е секако поврзан со големи спонзори заради трошоците на продукцијата но, и заради поголемиот број на луѓе што е интересно за спонзорите. Па, по таа логика, опоравувањето на овој сектор ќе зависи од опоравувањето на спонзорите. Повеќе од 5.000 луѓе се зафатени со овој предлог. Поголемиот број се професионални музичари и музиката им е главен извор на приходи. Таков тип на концертни активности е нужно поврзан со бројот на луѓе и атмосферата во местото (сала или стадион), комплетната продукција (озвучување и светло) и не е пренослив на домашно поединечно слушање. При тоа, продукциските трошоци не се занемарливи. Сите претходно наведени начини немаат позитивен, т.е немаат практично никаков финансиски учинок за изведувачите и авторите. Наплатата на дигиталните преноси на концерти е готово непостоечка па, е потребно што побргу да се вратиме на вообичаените начини на делување со прилагодба кон пропишаните здравствено хигиенски мерки. Локации од отворен карактер, на кои час поскоро, можат да се одржуваат музички настани под условите за заштита од корона вирусот и запазување на мерките за заштита споменати погоре: Стадион на АРМ; паркинг просторот кај СЦ Борис Трајковски, разни помошни игралишта (ракометни и фудбалски низ републикава), градски паркови кои веќе имаат постоечка сцена / бина (Школка – Градски Парк Скопје), помали и поголеми плоштади, Скопско Кале, Парк Сарај, Жена-Парк, Матка и други туристички атрактивни локации и слично. Особено важно, кај последниот предлог е да се земе во предвид можноста и потребата, на сите локални манифестации од градско – општински карактер (кои би се одржале па макар и со скратен буџет од веќе одобрените и предвидени) да бидат ангажирани, исклучиво, домашни музичари (состави, бендови, оркестри, соло изведувачи, диџеи) од разни музички жанрови а, со јасна цел и мотив – поддршка на домашната музичка сцена и нејзините работници во овие тешки времиња! Временска рамка за предлогот бр 5. 20 јуни 2020 и понатаму. Овој сегмент на изведувачката дејност (музичарите, изведувачите, инструменталистите) е првиот, директно погоден од мерките за стопирање на епидемијата и истовремено последен на кој ќе му биде овозможен вообичаениот начин на работа (судејќи по тоа дека очигледно стратегија или план за постепено враќање на музичките работници на своите работни / сценски позиции за сега – нема!). Затоа, сметаме дека концертите на отворено, според горенаведениот прелог, би можеле да овозможат одвивање на концертните дејности во текот на летната сезона – 2020та година а, притоа да не се загрози публиката и постоечките резултати во бробата против Ковид 19. Заклучок: Предложените 5 модели – предлози, за враќање на музичките настапи во живо, како витален дел од работењето на македонската музичка заедница, ви ги испраќаме со надеж дека ќе увидите што се случува со повеќе од 20.000 засегнати луѓе, музички креативци и нивните фамилии како и со нив поврзаните други дејности, пресудно и важно е и музичките настапи да бидат приклучени во првиот бран на мерки кои веќе се спроведуваат а, служат за релаксација на состојбата и постепено враќање на нормалното функционирање на секој жител на земјава. Благодариме на вниманието и разбирањето на позициите на нашите членови. Ние сме на располагање со сите ресурси и информации со цел заедничка координација за продолжување на музичкиот живот во земјава. Поддршка добивме од сите релевантни организации и унии во С. Македонија поврзани со музичка дејност: ЗАМП, СОКОМ, ЗЏМ, Здружение на естрадни уметници, Ивент индустрија. Во прилог ја добивате и петицијата за итно реактивирање на музичко – сценскиот живот во државава под засилени безбедносни мерки против коронавирусот и повторно овозможување на работа на илјадници музичари и музичките работници вклучени во овој сектор. Со почит, Иницијативен одбор: Трајко Симоновски Петар Младеновски Никола Бочваров Зоран Костадиновски Виктор Николовски Гоце Стевковски Калина Велковска Благоја Антовски Ѓоко Максимовски]]>

Јавните личност го прифатија предизвикот на свеста и совеста, #седамДомаза… Еве како изреагираа Тамара, Лозано, Миа, Кики, Вера, Дани, Ана, Лидија, Кнез, Малинкова, Гарванлиев… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javnite-lichnost-go-prifatija-predizvikot-na-svesta-i-sovesta-sedamdomaza-eve-kako-izreagiraa-tamara-lozano-mia-kiki-vera-dani-ana-lidija-knez-malinkova-garvanliev-foto/ Sat, 21 Mar 2020 08:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140714

Во овие тешки денови, кога времето ни е единствен сојузник во глобалната борба со невидливиот непријател, не ни преостанува ништо друго освен да седиме, чекаме и истото тоа време „да го купуваме“ од дома, за ситуацијата од алармантна, да не прерасне во катастрофална и трагична. Предизвикот на совеста од која зависи кога и колку брзу ќе се избавиме од билошкото зло на 21-виот век што го нападна човештвотото, е предизвик на кој треба да сериозно се одговори, а всушност треба само малку да се стори, толку малку да се направи: Да се остане дома.  Така најдобро се штитиме и себе си и своите најмили, најблиските, најсаканите, најдрагите, најпочитуваните, ги штитиме сите... и познати и непознати. Со седењето дома во карантин, во изолација, всушност и ја спуштаме рампата на заразата. Во ред, можеби си ја спуштаме и себе си, на динамиката на својот довчерашен живот кој ни го наметнува модерната цивилизација, на своите навики, желби и потреби... И работни и физички и духовни, но... Што се мора - не е тешко. Се разбира, само треба да се сака, да се верува и истрае. После дождот, сонцето секогаш одново изгрева... А тогаш грее уште посилно и посветло! Покрај многуте поединечни и групни апели, препораки, упатства, укажувања... на разни единки и институциии порталот „Женски магазин“ поведе уште еднаш иницијатива за покренување на свеста да се остане дома, како најдобра заштита и пред се превенција од вирусот Ковид 19. Предизвикот на свеста и совеста наречен: #седамДомаза... јавните личности го прифатија со обете раце. Ѕвездената македонска естарада, модниот свет, водителите, актерите, писатите... уште еднаш покажа дека не само што умеат да пеат, глумат, водат, позираат и да ве забавуваат, туку уште повеќе умеат да се справат со проблемите, давајќи и позитивен пример и на својата публика, на своите сограѓани и на целото население, што е најдобро да се направи во моментов и за кого тоа најмногу го прават! Најпознатите и најпопуларни македонски пејач(к)и како Тамара, Лозано, Дани, Наташа Малинкова, Васил Гарванлиев..., потоа манекенките и топ модели Катарина Ивановска - Кики и Вера Мештеровиќ, модните креаторки Ивана Кнез и Лидија Георгиева, водителката Миа Костова, писателката и музички текстописец Ксенија Николова, нејзината колешка Ана Бунтеска, актерката Драгана Левенска... и се приклучија на иницијативата, па секој од нив одделно, на големо парче хартија напишал зоштои заради кого седи дома, праќајќи силна порака и апел, зошто и Вие треба да го направите истото. Тие, вие, сите НИЕ... да бидеме херои од дома во пижами и тренерки, за доброто на сите нас, за поддршка на белите мантили и униформите, лекарите, војската, полицијата и сите оние кои се на првите борбени линии на фиртуелниот фронт во борбата со невидливата аждаја. Да седиме дома за заштита на здравјето на најмилите, за чување на нацијата, спас на човештвото... Затоа... седете дома! За ваше добро и доброто на сите!]]>

Зошто девојките не иницираат секс? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-devojkite-ne-iniciraat-seks/ Wed, 26 Jun 2019 12:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94656

Статистика е на страната на мажите кога станува збор за тоа кој иницира секс. На многу мажи секако тоа не им се допаѓа, но проблемот е што не превземаат ништо околу тој проблем. Понекогаш ќе го споменат тоа, нивните девојки нема да го сфатат сериозно и сé си останува исто. Експерти ги советуваат мажите, доколку сакаат нивната партнерка да иницира секс, тогаш мораат сериозно да разговараат со неа. Најдобро би било да им стават до знаење дека тоа им е навистина важно и дека би биле најсреќни на светот доколку таа покаже кога сака да има секс. Основниот проблем поради кој жените не иницираат секс е тоа што мислат дека ќе бидат одбиени. Жените кои имаат мала самодоверба веруваат дека постои опција нивниот партнер да речи дека е преуморен или едноставно нема позитивно да реагира тоа што таа ја презела иницијативата. Многу девојки срамежливо иницираат секс така што нежно го бакнуваат партнерот, го галат и му шепотат на уво. Доколку мажот не ги прочита овие срамежливви знаци, тогаш жените се плашат како ќе реагира на малку поагресивен настап кој не може никако поинаку да се “прочита”. Меѓутоа, советите од експерите се базираат на тоа дека нема место за егото кога сме во љубовна врска и дека егото треба да се остави пред вратата на спалната соба. И мажите се плашат од одбивање но сепак се обидуваат да се наметнат. Затоа и жените треба да се обидат. Обострано треба да работат на врската, бидејќи, доколку некој се труди многу повеќе за разлика од другиот, започнува зајадливост и проблеми. извор:нетпресс.ком.мк]]>