инфлуенсери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 Mar 2023 08:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инфлуенсери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зоки – Фаци влезе во најпознатиот скопски секс шоп да пазари, па ги помеша „играчките“: Она што најмногу „го запали“, всушност е за… гаснење! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-fatsi-vleze-vo-najpoznatiot-skopski-seks-shop-da-pazari-pa-gi-pomesha-igrachkite-ona-shto-najmnogu-go-zapali-vsushnost-e-za-gasnene-video/ Sat, 11 Mar 2023 08:34:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290623

Зоран Василевски во јавноста многу попознат како Зоки - Фаци... Прекар што го доби по насловот на некогаш неговата популарна ТВ емисија. Контроверзен по многу нешта, пред се' по тоа што она што го има на ум, многу не му ја мисли јавно да го каже кога дава изјави или да „му го плесне“ в лице на соговорникот, кога води интервјуа и разговори. Неговата сексуална определба со која со години наназад вешто кокетира исто така постојано е дискутабилна, а одвреме-навреме доаѓа во фокусот на јавноста откако ќе излезе некој муабет во чаршијата или новинарските кулоари за него, ќе осамне некоја фотографија или клипче на мобилните телефони... За него може да зборуваaт се' и сешто, но факт е едно нешто: Зоран Василевски - Фаци како естраден новинар е еден од оние кои најмногу ги познаваат работите, одлично си ја владеа професијата и секогаш кога ќе се впуштат во работа, таа е перфектно завршена. Еден од оние кој прв го ползуваше стилот и силата на таблоидното новинарство и жолтиот печат во Македонија, а со самото тоа многумина од тотални анонимуси ги претворил во  профлирани естрадни ѕвезди. До душа поединци од неговите искрени написи и прилози  ги „болело глава“, имале проблеми и недоразбирања дома,  врската, бракот или кариерата им виселе на конец заради објавеното или обзнаненото... Но, тоа е веќе друга тема за полемика. Нешто заради кое многупата Зоки Фаци вербално бил напаѓан, добивал непристојни предлози, чудни понуди, бизарни закани, а во неколку наврати и физички се обиделе да се пресметаат со него. Како и да е, Фаци е се', само обичен не. По последното Интернет подкаст шоу со „несреќниот“ Лазаров, Фаци се сетил дека нешто му недостасува, па решен да се поднови тргна во шопинг? Или чисто онака, само во прошетка, како што на пример жените шетаат по излози, така и тој навратил кај старите пријатели од најпознатиот скопски секс шоп, лоциран во центарот на македонската престолнина. Кај старите пријатели Фаци дочекан како добредојден гостин и муштерија, па откако пријателски се поздравија со газдата, Зоки тргна да разгледа што има ново на полиците. Случајно или не застана покрај онаа  чија палета производи најчесто ја купуваат дамите, арно ама... Палетата новитети како и секогаш  разновидна и раскошна, а патем истата збогатена и со нови американски модели од различни парчиња и величини... Арно ама, пребирливиот Фаци откако внимателно ја разгледа понудата око му фати еден „чуден“ позамашен црвен модел со некакво дополнително црево на себе!? „Ееее... Овој го сакам“ - му посочи со показалецот Фаци на газда Горан, кој онака зачуден, му падна малку незгодно, ама виде - не виде, мораше  муштеријата да го соочи со вистината: „Абе Зоки, тоа е противпожарен апарат... За гаснење пожар“ - го разочара газдата Фаци, кој очигледно ги ги помешал „играчките“, зашто на што најмногу „го запали“, всушност е за... гаснење! Се разбира, сето ова само како смешка, како пародија на еден стар виц, кој во стилот на некогашниот хумор од  „К15“, Зоки-Фаци и газда Горан го визуелизирле во скеч. Чисто онака за да ја насмеат публиката, односно Инстаграм следбениците... Патем и за да ги изрекламираат производите, на необичен инфлуенсерки начин. Е сега, тоа што некои велат дека во секоја шега има половина вистина...?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Фото: Инстаграм принтскрин/zokifaci
 ]]>

„Инфлуенсери“ – прва самостојна изложба на Снежана Шумковска во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/influenseri-prva-samostojna-izlozba-na-snezana-shumkovska-vo-mkc/ Mon, 15 Aug 2022 12:48:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262726

„Инфлуенсери“ е насловот на првата самостојна изложба на Снежана Шумковска која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Младинскиот култирен центар (МКЦ) во Скопје. На изложбата Шумковска ќе се претстави со 18 слики на платно работени во комбинирана техника. Изложбата во МКЦ ќе биде отворена до 24 август. Снежана Шумковска е родена 1980 во Скопје, каде што завршува средно уметничко училиште и дипломира на Факултетот за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство.]]>

Македонските инфлуенсерки можат „вода да му носат“: Игор Џамбазов се пофали дека не само што е во нивно друштво, туку високо котира и е пред многу од познатите дами (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-influenserki-mozat-voda-da-mu-nosat-igor-dzambazov-se-pofali-deka-ne-samo-shto-e-vo-nivno-drushtvo-tuku-visoko-kotira-i-e-pred-mnogu-od-poznatite-dami-foto/ Mon, 04 Oct 2021 08:34:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221569

Инфлуенсер, најновата професија без школо, без никакви квалификации... Доволно е да имаш мобилен телефон со добра камера, профил на Инстаграм и „сенс“ да го погодиш и споделиш моментот. „Чувство за осет“ што би рекле, а откако ќе го набилдаш профилот со  илјадници следбеници, маркетингот е следниот чекор. Рекламирање познати или помалку познати брендови, од храна и пијалаци до козметика и разни други услуги, но и рекламирање на личните нешта... Како сопствените песни, видеа, фотографии... Широка лепеза со можност и за добра заработка. Инстаграм за познатите и јавни македонски  фаци стана место за гратис маркетинг, а самите тие се како подвижен билборд! Се рекламира се’ и сешто: Од козметички производи, препарати и третмани, преку туристички патувања до сексуални помагала. Која што начекала да рекламира, каков спонзор закачила, а народот… Кому што му треба! Лила Филиповска, Миа Костова, Марјана Станојковска,  Милена Антовска, Јелена Спенџарска, Ани - Црна мачка... но и некои од познатите и популарни пејачки како Тамара Тодевска, Викторија Лоба,  Мартија Станојковиќ, или Антониа Гиговска, на пример се меѓу најпознатите домашни инфлуенсер(к)и. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/loba-moze-da-te-grizne-bez-da-te-boli-a-lila-nosi-gakjichki-so-dvojno-dno-foto/[/embed] Меѓу сите „инфлуенс ѕвезди“ и тој... Едно од ретките домашни машки јавни и познати фаци. Иако со нјдолг стаж од сите претходни, сепак жените се некако повеќе како создадени за „новата професија без портфељ“, па затоа Игор Џамбазов е вистинско изненадување. Особено што меѓу сите овие дами дури и високо котира на листата на популарноста, што и самиот го потврди. Имено Џамбазов сподели доказ, а каде на друго место, ако не на својот Инстаграм, каков му е рејтингот меѓу „конкуренцијата“ во светот на домашите инфлуенсери.  Меѓу останатите на неа се се сами познати имиња и тоа женски, а меѓу сите нив и неговото, на Игор Џамбазов на 9-тата позиција. Пред него лото Марјана, зад него пејачките Гиговска и Тамара. „Ние, ѕверките, инфлуенсерките... Една до друга на табелата... од 8-мо до 11-то место“ - напишал во описот Игор,  кому барем според прикажаното многу од познатите „инфлуенсерки“ можат „вода да му носат“. Игор Џамбазов се пофали дека не само што е во нивно друштво, туку високо котира и е пред многу од познатите дами и по некој фраер како на пример: Фитенес инструкторката Ана Стојанова која е 12-та, или пејачките Каролина Гочева и Викторија Лоба кои се 15-та и 16-та... Или младата поп пејачка Мартија Станојковиќ која е 19-та и топ моделот Катарина Ивановска која е на 21-во место. Потоа, Даниел Кајмакоски и Миа Костова кои се ден зад друг на 31-вата и 32-та позиција... Или Жаре - „1 на 1“ кој е 39-ти, како и Дарко- Спејко кој е 43-ти... Џамбазов е далеку подобар и од премиерот Зоран Заев кој со целата машинерија што работи за него, од центарот за комуникации на СДСМ, целиот ПР во владата, разни мрежи и свита од партиски ботови, преку куп портали и лажни профили, не стои баш најдобро со популарноста, па е едвај е на 23-тото место. Се разбира, на првото место неприкосновена на инфлуенсерскиот трон, нејзиното „инфлуенс величество“... Инстаграм „кралицата“, Лила Филиповска!    ]]>

Пнчо-ДНК ги раскринка инфлуенсерите: „Слават лажна слава со бројки кои ништо не значат, а во реалноста се никој и ништо“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pncho-dnk-gi-raskrinka-influenserite-slavat-lazna-slava-so-brojki-koi-nishto-ne-znachat-a-vo-realnosta-se-nikoj-i-nishto-video/ Mon, 22 Feb 2021 07:40:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190435

Панчо од ДНК или Владимир Блажев како што му е вистинското име.  музички е познат како македонски  ДЈ и ар ен би и рап артист, ама карактерно е уште попознат како човек „без влакна на јазикот“, па сето она што му лежи на душа и срце, знае да им го плесне в лице. Овој пат на нишан му беа таканаречените „виртуелни ѕвезди“, кои заедно со старлетите се новите познати лица во новото време... Или поточно, популарни, ама како и старлетите, се без професија: Ниту се пејачки, актерки, спортистки, водителки, манекенки, модели... а се наводно популарни и имаат огромен број свои следбеници на социјалните мрежи. Добро некои од нив и имаат професија, која ја спојуваат со оваа - виртуелната наречена: инфлуенсерство! А, од која наводно многу подобро се заработува и живее, отколку да се занимаваш со претходноспоменатите јавни професии. Колку е тоа вистина и дали е тоа баш така или сето тоа е само дел од една голема измама, од самореклама без покритие, заради реклама на одредени производи за ситниш, е друго прашање... Или тема за дополнително истражување, сеедно. И вистинските инфлуенсер(к)и обично се дистанцираат од оние на кои се веќе познати, атоа им е наводно само дополнителна работа, па неретко нс социјалните мрежи читаме полемики, дискусии кои прерасбнуваат во вистинска мала виртуелна војна за тоа кој се' може и смее, а кој не да биде инфлуенсер и што е тоа што се нарекува со тој збор. Или како што некои познати меѓу нив би рекле: „Не е доволно само да ставиш две-три сликички на Инстаграм“... Токму Панчо-ДНК влета во таквата полемика, во дискусијата и тоа со видео во кое  ем сликовито, ем вербално од свој агол се обиде да го објасни „апсурдот на постоењето и особено славењето на празните бројки на социјалните мрежи“... „ До сега 20.000 следбеници... И што се смени? Ништо! Исти „к“... И кога имав 1000, 1500, 2000 и 10 000... и кога би имал 100.000,  јас  сум истиот.  Кај отиде светот, во бестрага? дали е за Вас нормално дфа се слават е*ани бројки на Инстаграм? Од кои половината и повеќе им се купени лајкови и следбеници, а ги слават со тортии балони, „ѓеомити“ родендени и дипломски слават!   Со лигавење онака колку се среќни и колку ги сакаат луѓето што ги следат... Ама оние малкумина, зошто другиве, нели рековме им се купени. Во кој лажен свет живееме ние, не ми се верува?!“     За тоа кој какви и колку следбеници има, кој колку лајкови собрал, кого колку луѓе го виделе на Инстаграм... А во пракса, во реалниот живот „виртуелната слава“ излегува дека е само „млатење празна слама“? Или можеби, не е?  Дополнително, за што е тоа „лажна слава“  Панчо ќе ви објасни во видеото подолу кое тој го сними и сподели на својот Фејсбук деновиве: ]]>

Еве колку заработуваат познатите српски ѕвезди од Инстаграм: Од 300 до 12.000 евра по објава за Кија, Луна, Карлеуша, Сека, Цеца, Анастасија, Зоранах… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kolku-zarabotuvaat-poznatite-srpski-dzvezdi-od-instagram-od-300-do-12-000-evra-po-objava-za-kija-luna-karleusha-seka-ceca-anastasija-zoranah-foto/ Mon, 11 Jan 2021 11:12:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184572

Познато е дека пејачите и актерите покрај основната заработка, земаат и сериозни пари од рекламирање производи на социјалните мрежи. За време на короната, ова е еден од нивните главни приходи, а се почесто гледаме големи sвезди кои вложуваат многу време во фотографии и постови, со цел подобро да ги изрекламираат своите производи. Една ваква објава на профил што има повеќе од 50 000 следбеници чини минимум 300 евра, додека оној што има повеќе од 100 000 следбеници може да наплати околу 900 евра за реклама. Ако некој производ го рекламира sвезда која има над 500.000 следбеници (како Кија Коцкар, Луна Ѓогани, Цеца и други), тоа чини до 3.000 евра. Оние што имаат милион следбеници, логично, заработуваат најмногу. Дури 6.000 евра и повеќе. За потсетување, ѕвезди кои имаат 1 милион следбеници се: Новак Ѓоковиќ, Милош Биковиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Немања Матиќ, Ана Ивановиќ, Сека Алексиќ, Бака Прасе, Теодора Џехверовиќ, Јелена Карлеуша и актерот Дарко Периќ, кој игра во една од најпопуларните серии "La casa de papel". Сека Алексиќ дефинитивно рекламира најмногу од  познатите личности, па сигурно за неа нема зима. Мртва трка е исто така се води помеѓу Луна и Кија, кои се вечни ривалки во се, па и во оваој сегмент. Се вели дека цената на нивниот пост е околу 2.000 евра. Анастасија веќе се пофали дека се издржува и дека заработува најмногу од социјалните мрежи. Се шпекулира дека таа самата си го платила спотот од 22.000 евра. Според извештаите на медиумите, Душко Тошиќ покрај фудбалот, заработува добри пари и од Инстаграм. Неговиот пост чини околу 2.000 евра, а во странство и уште повеќе. Блогерката Зоранах вложува многу во Инстаграм и за само еден пост, таа добива повеќе од 3.000 евра. Инаку, Зорана Јовановиќ истакна дека во Србија има поинаква тарифа и дека наплатува помалку отколку во странство, каде се говори дека постовите на познатите српски јавни личности можат да достигнат цена и до 12.000 евра по објава!]]>

Презентерот на временска прогноза на „Сител“ „ги подбра“ инфлуенсерките, а индиректно и колешката на која и е и „личен асистент“: Кој го „исфрустрира до бола“ Спасе – Рола? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenska-prognoza-na-sitel-gi-podbra-influenserite-a-indirektno-i-koleshkata-na-koja-i-e-i-lichen-asistent-koj-go-isfrustrira-do-bola-spase-rola-foto/ Thu, 01 Oct 2020 07:31:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169308

Светот се повеќе почна да живее виртуелно. Социјалните мрежи оддамна станаа „главно корзо“ за средби со познати  и непознати пријатели, место за размена на се' и сешто, па на нив по цел ден освен што „киснат“ обичните смртници, свое поле за делување и заработка си најдоа и разни старо-новокомпонирани професии. Нетот врие од разни инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти, лажни патриоти, пучисти, пацифисти... Што ти нема и што не ќе видиш. Доволно е само да се „закачиш“ и... светот е твој. Чат - пат реалниот, многу повеќе оној виртуелниот, на „шарени лажги со опашки“! Спасе Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“. Го наследи „дедо Трајко“ на функцијата појаснувач на тоа каква била денес, а каква ќе биде утре и во наредните неколку дена, временската состојба во Европа, регионот и кај нас. Спасе во телевизиско-естрадните кругови  инаку е познат уште по две нешта: прекарот и втората функција. Имено, Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој  веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук профил. Од друга страна, покрај презентирањето на времето, „Рола - Weatherman“ е познат и како ПР администратор на официјалната страница на Лила Филиповска, за чиј близок пријател и важи, а неофицијално важи и за нејзин „личен асистент“! На Спасе -„Рола“ очигледно погоре споменатите „структури“ на социјалните мрежи му дошле преку глава, па реши да распали од сите оружја по нив. И тоа со нивното оружје - разорен статус на својот Фејсбук профил, во кој „Рола“  дебело „ги заплеска“, како што вели,  самопрогласените фул-тајм инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти... : „Ми се иде да упишам забрзан курс по информатика отсек ХАКИРАЊЕ! Па фино лепо, еден убав ден да седнам и тоа профилите на сите САМОПРОГЛАСЕНИ ФУЛ ТАЈМ инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти... Се тоа да почистам ко "V for Vendetta". Па здосадивте веќе и БОГУ И НАРОДУ со тоа како сте сите совршени, како јадете само бифтеци, морски чуда, мачкате крем од свежа сирена, на леб печен на Египетско сонце, се полевате со шампањи, продавате муда за бубрези и сето тоа на оваа педа земја, на овој напатен народ, кој мисли дека ете така ФЕЈКЕРСКИ треба да се оди кроз животот. А пустите тие, кои вие ги викате ФАНОВИ не знаат дека немате сигурен кров над глава, возите кола на лизинг, до гуша сте со кредити, МОЛИТЕ за да јадете на компензација по ресторани, затоа што за тие специјалитети немате доволно финансии. Купувате фејк гардероба во која пресмешно изгледате... Без срам, купувате фоловерси, лајкови... ПА ВЕ ЛАЈКААТ КИНЕЗИ И ИНДИЈЦИ. Абе, ви кажал некој дека сте повеќе од провидни? Не научивте да живеете за себе а не за другите! Па бидете барем еднаш во тој вашиот пуст ФЕЈКЕРСКИ ЖИВОТ реални! Вашиот живот драги мои мизерни за жал не е инстаграм! Вашиот живот кој што го пласирате е инстаСРАМ! А се' што е инстант, низ историјата се покажа како и каде завршува. ПС: Ако некој се пронајде во статусот, одма да ми пише пошо многу се засеЌирав“ -  завршува со „рафалната стрелба“ со зборови, Спасе - „Рола“. И  не дека не е во право. Само има еден проблем... А можеби се - два?! Како прво, кој е мотивот, што толку го изнервира, за  вака жестоко да изреагира? Дали на Спасе му пречи „конкуренцијата“  на неговата „пријателка“ на која „лично и асистира“, па онлајн бизнисот не оди како што одеше, зашто другите „лапаат“ баеги големо парче од „инфлуенсерскиот колач“,  па од „се' или нешто“  за рекламирање на Инстаграм,  останува само по нешто? Или можеби на „временскиот“ презентер му здодеа улогата „момaк на стенбај“, па Спасе - „Рола“ „исфрустриран до бола“, реши директно да распали по се' живо, а индиректно и по  неговата „работодавачка“? Инстаграм измама, или ИнстаСРАМ, како што „Рола“ вели, оставаме на него да се сеЌира... Пред да реши да хаЌира! Впрочем, не случајно се пишал за „Public Relations Officer at... Лила Филиповска“ - најголемата и најпозната меѓу македонските инфлуенсерски ведети на Инстаграм. ]]>

Познати личности на кои Инстаграм не им донесе само следбеници туку и илјадници евра! https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-lichnosti-na-koi-instagram-ne-im-donese-samo-sledbenici-tuku-i-iljadnici-evra/ Sun, 21 Jun 2020 08:38:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154795

Познатите личности на социјалната мрежа Инстаграм ги следат толку многу луѓе, што можат да ги наплатат своите постови. Додека инфлуенсерите практично заработуваат за живеење од своите објавуви, вакво нешто може да биде сериозен додаток на веќе постојната заработка за актерите и пејачите - имено, нечие кликнување им носи до 3.000 евра. Една од нив е Сека Алексиќ, која рекламира производи на својот профил на Инстаграм, а како што се наведува во српските медиуми- скапо наплаќа за реклами. Една објава во форма на оглас на профил што има повеќе од 50 000 следбеници чини минимум 300 евра, а на оној што има повеќе од 100 000 следбеници, огласот чини околу 900 евра, покажуваат. Доколку рекламата се појави на профил со повеќе од 500.000 следбеници, таа чини до 3.000 евра. Затоа, оние што објавуваат реклами на профил со повеќе од еден милион следбеници, можат да земат и до 6.000 евра, а оваа пејачка е меѓу нив.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic) on

Со оглед на тоа што Анастасија Ражнатовиќ неодамна може да се пофали декаја следат милион луѓе на Инстаграм, таа исто така заработува пари од реклами, може да земе колку Алексиќ само за еден пост.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ? A N A S T A S I J A ? (@raznatovicanastasija) on

Нина Радуловиќ, како и Сека, често рекламира разни производи на својот профил на Инстаграм. Бидејќи ја следат околу 160.000 луѓе, таа може да заработи околу 900 евра за еден пост.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nina Radulovic (@nina_radulovic_official) on

Ружа Рупиќ може да се пофали дека е проследена од 300.000 корисници на Инстаграм, што значи дека може да земе од 300 до 1.000 евра по реклама.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ruza Rupic (@ruza_rupic) on

Зорана Јовановиќ веќе не мора да биде блогерка! Таа може да заработи повеќе од 3.000 евра по објава од рекламата на нејзиниот Инстаграм профил, каде ја следат близу 900.000 луѓе.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zorana Jovanovic (@zorannah) on

Весна Бејби им го плесна на македонските инфлуенсери: „Пуштај на најјако бејб!“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-im-go-plesna-na-makedonskite-influenseri-pushtaj-na-najjako-bejb/ Thu, 08 Aug 2019 07:16:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100961

Кај нас нема голем број инфлуенсери на социјалните мрежи, но затоа пак оние познатите, претежно дами, кои се занимаваат со маркетинг и промоција на разни брендови, буквално ја преплавуваат социјалната мрежа со објави. Големиот број на следбеници, влијателноста и популарноста се привлечни за клиентите кои не ретко знаат да ангажираат и да платат за спонзорирана објава на профилите на познатите Македонки. Една од најактивните инфлуенсери е ТВ водителката Лила Филиповска, потоа тука е ТВ водителката Миа Костова, струмичката блогерка Љупка Митрова и други претежно телевизиски лица. Од нив можете да дознаете за разни производи, од такви за козметика, облека, па се до оние за храна. Инстаграм е буквално како една продавница, па ако не сте љубител на шетање и потрага по некој производ или услуга, најлесно е да отворите кај некоја од нив.
Актерката Весна Бејби Пертушевска деновиве објави свое видување за Инстаграм инфлуенсерството за кое вели: -Инстаграмов со инфлуенсериве во Македонија пропадна! Дека нели не е живот Инстаграм (современа мисла од инстаграм инфлуенсерка) Пуштај на најјако бејб – јасна беше пораката на Весна која како и секогаш без влакна на јазикот си го кажа своето.
Е сега, на кого алудираше, веројатно засегнатите самите ќе се пронајдат.]]>