инфлуенсер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 09:33:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инфлуенсер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот олимпиец нема за што не го бива: Врвен атлетичар, рапер, инфлуенсер, официјален спикер на „КК Црвена ѕвезда“… Јован Стојкоски е вистински мултиталент (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-olimpiets-nema-za-shto-ne-go-biva-vrven-atletichar-raper-influenser-ofitsijalen-spiker-na-kk-tsrvena-zvezda-jovan-stojkoski-e-vistinski-multitalent-video/ Mon, 06 Nov 2023 09:32:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325491

Охриѓани, но и оние кои ја следат атлетиката добро го знаат името на  Јован Стојкоски и познаваат момчето кое пред две години на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио ја претставуваше Македонија. Тој на последниот глобален светски собир во Јапонија настапи во трката на 400 метри, но за жал  без да ја мине квалификациската група. Стојкоски кој е член е на „АКК Охрид“, во моментов се' уште е сопственик на два државни рекорда и тоа во трките на 100 и 200 метри и во штафетата 4 х 100 метри. Но Јован не е само врвен спотрист, туку ако погледнете со што се занимава, ќе заклучите дека ова момче - Македонче е вистински мултиталент! Покрај врвните атлетски способности, „jst400“ - како што гласи неговиот уметнички прекар е и одличен рапер, инфлуенсер, а неодамна беше и официјален спикер на еден од мечевите на КК Црвена Ѕвезда во Белград. „Луѓе, денес ја добив таа чест да бидам спикер на нтпревар од Евролигата пред 20.000 луѓе. Немам трема ниту малку, сепак сум настапувал на олимписките игри... За мене ова е 'мачкина кашлица' “ - се пошегува во најавата пред своето спикерско деби Јован, кој феноменално си ја заврши работатата, па откако добро се покажа доби понуда и за постојан ангажман?!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jovan Stojoski | Olympian (@jst400)

Патем, селфито со “тенискиот бог“  Новак Ѓоковиќ кој беше присутен во арената, беше неизоставно... А кога сме веќе кај белградска Арена, откако одлично се покажа како официјален спикер,  Јован како „jst400“ ги покажа и своите музичко-раперски способности, па ја отпеа или поточно одрапува неговата песна „Ноќу“ (Ноќе), за што доби силен аплауз. Полн со самодоверба, раперот веднаш посака и шеговито вети дека еден ден и тој ќе ја наполни пет пати Арена, како Александра Пријовиќ!
 
А, дека шегата и забавата на македонскиот олимпиец не му се страни, покажува и на социјалните мрежи каде со своите шеговити скечеви умее да ги насмее оние кои го следат. Така на пример погледнете како изгледа кога Јован ја учи својата партнерка - Груберка, да зборува македонски.
 
А, вака изгледа видеото и звучи песната „Ноќу“ која Јован, односно „jst400“ и Груберка заедно ја изведуваат: Фото: Инстаграм/jst400 Видео: Јутјуб]]>

Водителот Ване Маркоски си тера лето во Египет, па на следбениците им прати разголени фотки за поздрав од навежбаното торзо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-vane-markoski-si-tera-leto-vo-egipet-pa-na-sledbenitsite-im-prti-razgoleni-fotki-za-pozdrav-od-navezhbanoto-torzo-foto/ Fri, 15 Sep 2023 07:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318118

Не само водителките и пејачките се успешни како инфлуенсери на социјалните мрежи, ТВ и радио водителот Ване Маркоски може рамо до рамо да се носи со најбараните и најактуелнните колешки и пејачки на Инстаграм. Летото му почна со патување во Турција преку своите соработници кои го праќаат со јасна цел, а сега неговата нова дестинација за крајот на летото е Египет. Ване реши дека е време да здивне од пред камерите на утринската програма на МТВ и да си даде време за одмор. Сепак, навика е навика, па будењето наутро останува како природно наметнат биоритам, па дури и кога сака да поспие. Сега од луксузниот ресорт Ване прати утрински поздрав со кафе во рака, разголен и подготвен да го започне денот со пливање. Здравиот начин на живот се негово секојдневие кое продолжува и кога е време за пауза, а дека тоа е така се гледа и од навежбаното мускулесто и дефинирано торзо. Добрата книга оди во прилог, а тишината и убавото кафе, дополнителен стимул за ведри мисли и насмевка. Летото е најубаво кога би се искористило до максимум, особено со патувања и одмор, а на Ване тоа му се може. фото:Инстаграм принтскрин/Ване Маркоски]]>

Бугарскиот еротски модел Дениз Хајрула со гради на гради на гола кожа со својата пријателка: „Сексот е како парите… само кога е премногу е доволно!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskiot-erotski-model-deniz-hajrula-so-gradi-na-gradi-na-gola-koza-so-svojata-prijatelka-seksot-e-kako-parite-samo-koga-e-premnogu-e-dovolno-foto/ Tue, 26 Jan 2021 12:52:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186843

 Во биографијата на Бугарката со турско потекло Дениз Хајрула стои дека е старлета, танчарка, модел, инфлуенсерка и мејкап артист. Оваа убавица неретко објавува разголени фотографии на социјалните мрежи, а особено вниманието го привлече со својата максима: „Сексот е како парите... само кога е премногу е доволно!“ Деновиове Хајрула објави серија еротски фотографии на кои е сликана во блиска средба со својата пријателка. На нив убавицата е пишттол гола, додека присно се гушкаат и се допираат со нејзината русокоса пријателка, која исто така е прилично разголена. Нежните голи допири кожа на кожа, кулминираат со допир гради на гради и поза пред страсен еротски бакнеж на двете сексапилни нимфи. Откако екстравагантната еротска фотосесија Хајрула ја сподели на социјалните мрежи,  предизвика цунами од реакции на следбениците. Еротскиот модел успеа да ја разбранува машката фантазија, а причината за  голите фотографии „гради на гради“, е роденденот на нејзината пријателка, пишува „Бугарија денес“. Фото: Инстаграм принтскрин/denizhayrula
Извор: HotNews.bg
 ]]>

Љупка Митрова по теркот на регионалните и светските старлети: Заради карантинот, тенот не смее да трпи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljupka-mitrova-po-terkot-na-regionalnite-i-svetskite-starleti-zaradi-karantinot-tenot-ne-smee-da-trpi-foto/ Fri, 24 Apr 2020 07:51:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146299

Корона пандемијата и карантинот на сите им го превртеа животот наопаку, па кој како знае и умее се снаоѓа и адаптира на новонастанатите услови на опстанок на човештвото на планетата земја. Едни се борат со депресијата, други со анксиозноста, трети со клаустрофибијата, а сите заедно со монотонијата, здодевноста и приклештеноста во четири ѕида... Или така барем изгледа. Зашто, иако на сите помалку или повеќе им е „ускратена слободата“, не сите  имаат еднакви услови за живот и пред и во време на корона. Оние што можеле да си приуштат многу повеќе од останатите претходно, сега исто така можат да си дозволат малку повеќе слобода, повеќе  комоција, заради капиталот и животниот простор во кој живеат. Зашто некој живее во 40, а некој во 400 квадрати... плус уште 1000 во дворно место! Куќи, вили, хациенди... со огромно тераси и пространи дворишта, изолирани од надворешниот свет, со прекрасна панорама на местата каде живеат далеку од љубопитните очи на јавноста, кога не сакаат таа да им „дише во врат“... Така отприлика живеат милијардерите и милионерите, олигархијата и џет сетот по светот, но и кај нас. Со тоа што таму некаде, почнувајќи од соседството па се' до западна Европа, Америка и Австралија, во оваа група спаѓаат и познатите лица, јавните фаци, естрадните, музичките, спортските, филмските и ТВ ѕвезди, старлети... А кај нас? Кај нас само новата олигархија збогатена преку криминалната приватизација и децата на новокомпонираната буржоазија. Во новопропишаните владини мерки и услови за живот, како и сите ние, живее и таа - најпознатата македонска модна блогерка, инфлуенсер, модел... згодната Љупка Митрова. Од карантинот се огласија сите познати и непознати фаци  и се покажаа во вакво или онакво светло, па така и Љупка реши да сподели по некоја фотографија или клипче... И додека некои ги покажуваат своите кулинарски вештини и домаќинското умеење, други вежбовните активности во домашни услови, трети поставуваат и прифаќаат разни предизвици, од пеење до танцување и изведување разни „будалаштини“, атрактивната убавица од Струмица, покажа дека времето во изолација го минува за максимално опуштање и релаксација. Љупка по теркот на регионалните и светските пејачки, водителки и старлети себеси си вети, дека заради карантинот - тенот не смее да трпи! И како што тоа го направија една Рита Ора, Нивес Целзиус или Деми Роуз... и Љупка реши  да ги впие топлите пролетни сончеви зраци, за да го подготви своето тело за претстојното лето. Соблечна во мини бикини, распослана на белата мека  прекривка, послана на зелениот тревник во огромниот двор, Митрова онака распослана, како ужива додека лежи  го сподели сиот свој телесен раскош на социјалните мрежи. Сексапил и природна убавина во природен амбиент, како „празник за очи“ за секој „гладен Инстаграм конзумент“. Особено за нејзините следбеници! Патем, привлечната инфлуенсерка не пропушти да ја запознае нацијата со амбиентот и екстериерот каде ја минува изолацијата. Љупка онака легната, секси, пожелна, привлечна... локацијата уште попривлечна. Да не знаеш во што повеќе да уживаш, во која глетка: Во онаа на дворот, панорамата на градот или на модната блогерка?!
 
View this post on Instagram
 
quarantine?

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

Лила е инфлуенсерски феномен: Што и да рекламира добро се продава иако сите гледаат во неа, наместо во производот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-e-influenserski-fenomen-shto-i-da-reklamira-dobro-se-prodava-iako-site-gledaat-vo-nea-namesto-vo-proizvodot-foto/ Sat, 14 Dec 2019 09:40:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123930

Лила Филиповска покрај тоа што без конкуренција е најпопуларната македонска ТВ водителка, последниве неколку години важи и за еден од најбараните инфлуенсери на социјалните мрежи. Водителката рекламира што ќе стигне. Од кондиторски производи и пијалоци, преку накит, шминка и гардероба, па се' до козметика и... што ти уште не!? Начинот на кој тоа го прави навидум е обичен и едноставен, ама сепак, не е баш така. Ако подобро погледнете, ќе забележите дека на секоја нејзина рекламна фотографија има доза на еротски набој. Иако Лила можеби и не е баш „во цветот на младоста“, со начинот на кој знае и умее да го истакне она што во себе го носи како сексипил, придонесува она што на себе го носи или рекламира, да добие на значење, на вредност и популарност или во превод - добра продажба. Така на пример, кога Лила рекламира основа за шминка која делува како втора невидлива кожа, сите ја гледаат во онаа првата, нејзината видлива кожа... И тоа таму каде што е највидлива во позата во која Лила се наместила. Кога рекламира накит, сите си замислуваат каде ќе заврши огрлицата или приврзокот од ланчето, ако случајно се откачи... Кога водителката рекламира свечен фустан сите многу повеќе ги интерсира што има под него или евентуално каде почнува шлицот... Кога рекламира очила за сонце, ги рекламира на така необично место што на многумина им доаѓа да погледнат во „сонцето“ под пената во полната када... Кога рекламира електронски цигари, сите се прашуваат дали Лила приватно пуши? Или пуши само за реклама? Едноставно, Лила е инфлуенсерски феномен. Што и да рекламира добро се продава иако сите гледаат во неа, наместо во производот! Затоа и сите неа ја бараат... за реклама!  ]]>