infinity – албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Dec 2020 14:38:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png infinity – албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Star Boy, македонскиот артист стартува со интернационална кариера со – „Cash game (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/star-boy-makedonskiot-artist-startuva-so-internacionalna-kariera-so-cash-game-video/ Tue, 01 Dec 2020 13:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178945

„Со музика започнав на возраст од 12-13 години, кога ја снимив мојата прва песна. Оттогаш, имам некаде околу 5-6. Подоцна, на 23-годишна возраст, решив професионално да влезам во овие води. Почнав да ја снимам мојата музика на српски и македонски јазик, за да може да се слуша пошироко и надвор од Македонија“ - ја започнува својата приказна  „Star Boy“, Македонецот чие вистинско име е Ванчо, а е момче кое се обидува да направи интернационална кариера на музичката сцена. Тој живее во Париз, во градот каде што во 2017 година основа свој бренд за гардероба наречен „ROYALTY PARIS“. Бренд кој како што самиот вели е заштитен со лиценца низ цела Франција и сега планира да го заштити и на меѓународно ниво. Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy  има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“. „Пред да започнам да работам на албумот, излезе една трака на српски и француски јазик, која се издвојува од другите, се вика „Лете паре“ која  достигна 150 илјади прегледи за 3 месеци. Албумот „INFINITY“ беше започнат во Париз, подоцна доснимуванн во Лондон и Загреб и конечно завршен во Македонија. Содржината на 8-те траки, карактеристична според името, има различен карактер. Тој е збир на настани од мојот живот во кои се содржани пресвртите, добивките и загубите во последните две години“ - раскажува артистот за своето дискографско првенче. Првата песна премиерно беше  промовирана на 23 ноември и се вика „Cash game“ („Кеш игра“) за која е снимено и видео и е објавена на GorillaTV каналот (2Bona). Втората трака е предвидено да излезе оваа недела, поточно на 6 декември, наречена е „Mad“ („Луд“) , исто така со видеозапис. <Во соработка со GorillaTV, сите песни ќе бидат објавени кај нив, односно целиот албум INFINITY 2020. Од 8-те песни на албумот, предвидено е 4 од нив да бидат визуелизрани со видеозаписи. Третиот проект, од кој најсилниот се вика „Motorsport“, за кој веќе се снимаа дел од сетовите, се очекува да излезе на крајот од годината. Во овој проект, какоспецијален гостин се појавува легендата на македонскиот моторспорт Игор Стефановски - Иџе, а во истиот своја улога ќе има и македонската манекенка, мисица и модел Кристина Димитри(евска). Имам свое студио каде ги снимам песните, имам и свој тим што се грижи за мојот маркетинг и  секако спонзорите без кои моите проекти не би биле такви какви што се“ - порачува за крај Star Boy  препорачувајќи  да го проследите видеото за неговиот прв пилот сингл од албумот „Infinity“, песната со наслов „Cash game“ за која стиховите ги напишал  самиот Star Boy, битот е на Taip On The Beat, миксот и мастерингот ги изработиле The Smoke House. Видеото го потпишува Владислав Гавриловски, светлото го изработил Љупчо Мастер Хип, додека фотографијата е на Венко Паркуера. https://www.youtube.com/watch?v=_AdmQmcAYaY]]>