инфекција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 13:59:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png инфекција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не ги соблекувате чорапите кога спиете? Еве зошто треба да престанете со оваа навика веднаш https://arhiva.vistina.com.mk/ne-gi-soblekuvate-chorapite-koga-spiete-eve-zoshto-treba-da-prestanete-so-ovaa-navika-vednash/ Tue, 30 Jan 2024 13:59:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336850

Во ред е да го правите тоа повремено ако ви е ладно, но не правете го тоа премногу често, бидејќи ја забавува циркулацијата и може да предизвика некои инфекции на кожата. Еве како тоа влијае на телото: Влијае на циркулацијата   Чорапите ни ги загреваат стапалата, што може привремено да ја зголеми циркулацијата на крвта. Но, ако носите чорапи долго време, ефектот е спротивен, па протокот на крв се намалува.   Ризик од инфекции на кожата   Обрнете внимание на видот на ткаенината од која се направени вашите чорапи. Синтетичките материјали, како што се полиестер или најлон, не се удобни на кожата и не дозволуваат вашите стапала да дишат. Ноќното потење е доста честа појава, а ако спиете под тешки покривки, влажната и топла средина создава совршена почва за бактерии кои можат да влијаат на вашите стапала.   Ако некои груби хемикалии, како што се бои и смоли, се користени за правење на вашите чорапи, големи се шансите да добиете иритација и осип. Ако еластичните ленти што ги држат чорапите за вашите стапала се премногу тесни, може да се разбудите со болни, црвени траги. Како и секоја тесна облека, чорапите со тесни еластични ленти може да го ограничат протокот на крв што предизвикува оток.   Влијае на телесната температура   Кога одморате навечер, телото продолжува да работи и многу нешта се случуваат додека спиете. Температурата на телото се менува неколку пати во текот на ноќта, а подобро спиеме кога ни е поладно. Ако носите чорапи кои не се направени од ткаенини за дишење, температурата на вашето тело може да се зголеми и да го наруши сонот.  ]]>

Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvanje-lugjeto-koi-odat-pobrzo-imaat-pomal-rizik-od-infekcija/ Thu, 16 Jul 2020 12:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159085

Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од развој на потежок облик на ковид-19, според истражувањето на британскиот „Биобанк“, регистар што го следи здравјето на испитаниците. Научниците анализирале податоци од над 400.000 луѓе вклучени во истражувањето. Од сите испитаници, 973 од нив развиле тешка форма на ковид-19 откако биле заразени со коронавирусот, поради што морале да бидат хоспитализирани. Луѓето што се движеле бавно имале најголем ризик да добијат ковид-19, без оглед дали се слаби или имаат вишок килограми. Луѓето со нормална тежина кои оделе бавно – помалку од 4,8 километри на час, имале двојно поголема веројатност да развијат тежок облик на ковид-19 во споредба со лицата со нормална тежина кои оделе со брзина поголема од 6,4 километри на час. Личностите што одат бавно честопати имаа и други здравствени нарушувања. Брзината на движењето често се користи за да се тестира физичкиот капацитет кај возрасните луѓе и да се предвидат ризиците од заболување, инвалидитет и смрт. Исто така, споредено со луѓето со нормална физичка тежина, оние со вишок килограми имале 49% поголем ризик за развој на тежок облик на ковид-19. иѕвор: кафепауза]]>

По престојот во болница, Катарина Грујиќ повторно минува низ драма (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/105329/ Thu, 05 Sep 2019 10:10:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105329

 На пејачката Катарина Грујиќ сериозно и беше загрозено здравјето кога и беше дијагностицирана инфекција на бубрезите. Таа откако ќе ја напушти болницата, каде лежеше две недели, планираше да оди на заслужен одмор, но... Каќа мораше да го откаже патувањето во последен момент. „Кога Каќа на лекарите при последниот прегледот им кажала дека би сакала да отпатува некаде  и да одмори од сè, поточно дека планира да замине десет дена, тие веднаш и забранија. Тие и рекоа дека не смее се' уште да патува и дека мора да остане во земјата и да продолжи со терапијата иследниот месец“ - вели извор близок до пејачката и  додава:
„Иако Каќа се ипланирале, не доаѓаше во предвид да не ги послуша лекарите и во тој момент реши да остане во Србија, за наредниот месец  да оди на редовни терапии и проверки. Ќе има можности за одмор, а сега најважно е да не го изложува организмот на било каков стрес. Секако, со неа цело време е семејство кое и помага во сè, но и  партнерот кој не се двои од неа ниту една минута. Сите се грижат за Каќа, а таа ги слуша советите на најблиските“ - изјавил изворот.
Самата пејачка го потврди ова:
„Вистина е, лекарите не ме пуштија да патувам. Сè уште сум во фаза на закрепнување, бидејќи бубрезите не се опоравени целосно. Ги слушам и мирувам. Нема да дозволам да западнам во онаа состојба во која се најдов. Сè уште сум на терапија веќе еден месец и навистина внимавам на себе и не се изложувам на стрес“ - вели пејачката.
]]>

Катарина Грујиќ излезе од болница па проговори за пеколот низ кој мина: „Не можев да стојам, да се движам, да дишам… од болки“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/katarina-grujikj-izleze-od-bolnica-pa-progovori-za-pekolot-niz-koj-mina-ne-mozev-da-stojam-da-sed-vizam-da-disham-od-bolki-foto/ Wed, 21 Aug 2019 11:30:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103231

Катарина Грујиќ беше пренесена во болница каде остана цели две недели поради проблеми со бубрезите. „Прв пат по долго време да се насмеам. Конечно ја напуштам болницата по две недели терапија и одмор во кревет. Продолжувам со терапија дома и да лежам во кревет и наредните 6 недели. Ќе ми биде полесно дома, со моите пријатели. Сега сум многу подобра отколку пред две недели кога дојдов овде. Не можев ни да шетам ниту да дишам. Овие беа навистина огромни болки, тоа не беше само воспаление на бубрезите, туку тешка инфекција. Ифала му на Бога,  се опоравувам “, рече Грујиќ.
Катарина се плашела дека ќе мора да и го отстранат бубрегот, но за среќа тоа не се случило. "Имаше секакви приказни. Не знаевме дали тој треба да се извади. Фала му на Бога што не излезе така и бубрезите ми издржаа. Во август ги откажав сите настапи. Во септември ги проретчив, иако имав многу. Се обидувам да бидам подобро, за да можеме да ги направиме што е можно повеќе настапи што ме чекаат, да ја снимам п песната што треба да излезе како и новиот спот. Здравјето е сепак на прво место“ - ќе рече Катарина за српски „Ексклузив“. Фото: Драган Кадиќ]]>

Од маникирот за малку ќе и го ампутирале прстот, а сега упатува апел до сите жени! https://arhiva.vistina.com.mk/od-manikirot-za-malku-kje-i-go-amputirale-prstot-a-sega-upatuva-apel-do-site-zeni/ Wed, 07 Aug 2019 11:45:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100919

Жена чиј идентитет не е откриен доживеала хорор откако била на маникир- малку фалело да остане без прст по правењето на нокти во некој козметички салон. Таа верува дека инфекцијата настана од нестелизираните инструменти кои ги користат за маникир и предупредува жените да внимаваат кога одат на средување на ноктите. Вака почнало се: Била на третман на ноктите, а кога завршила со средувањето забележала дека на врвот од прстот има мал оток и веднаш заминала на лекар каде и биле дадени антибиотици и упат за на клиника.
Два дена подоцна, отокот почнал да расте, а прстот да потемнува. Кога стигнала во болница прстот целосно и поцрнел, па и било кажано дека најверојатно ќе треба по пат на хируршки зафат да ѝ го отстранат. Но, за среќа операцијата поминала успешно и докторите успеале да ја отстранат инфекцијата.
Таа сега се обидува да ја подигне свеста кај жените за ризиците кои владеат во салоните за маникир. Затоа, ВНИМАВАЈТЕ! извор:курир.мк]]>

Славниот рокер се ракувал со стотици фанови, па заврши во болница со тешка инфекција https://arhiva.vistina.com.mk/slavniot-roker-se-rakuval-so-stotici-fanovi-pa-zavrshi-vo-bolnica-so-teshka-infekcija/ Wed, 31 Oct 2018 11:44:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55492

Ози Озборн морал да ја прекине својата американска турнеја бидејќи добил инфекција која можела да заврши фатално. Во еден момент Ози забележал дека палецот почнал да отекува и морал да се обрати на лекар, пишува магазинот Rolling Stone. Кога сопругата го однела во болница, се покажало дека е заразен од стафилокока. Тоа е бактерија која предизвикува рани инфекции од такви на кожата, па се до тешки болести како сепса, воспаление на белите дробови, синдром на токсичен шок, менингитис...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ozzy Osbourne (@ozzyosbourne) on

-Не се чувствував лошо, па почнав да се шегувам, а лекарот му кажа дека имам сериозен проблем и да не се шегувам, вели пејачот.  По темелниот преглед со анестезија му била извршена интервенција на палецот и средниот прст , а по неколку дена поминати во болница сега е на домашно боледување. фото:инстаграм]]>

Не можете да се решите од кандидата – еве зошто немате раат од неа https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mozete-da-se-reshite-od-kandidata-eve-zoshto-nemate-raat-od-nea/ Mon, 11 Jun 2018 12:52:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29755

Еден од најчестите гинеколошки проблеми со кој се соочуваат жените се габичните вагинални инфекции. Се смета дека околу 75% од женската популација во одреден период од животот ќе се соочи со ова заболување. Станува збор за инфекција на вагината и вулвата, која е предизвикана од габи. Најчестиот причинител е Candida albicans (во повеќе од 90% од случаите).

ЗОШТО СЕ ЈАВУВА И КОИ СЕ РИЗИК ФАКТОРИ?

Физиолошки, голем број на микроорганизми на чело со Lactobacillus ја сочинуваат нормалната вагинална микрофлора. Овие микроорганизми одржуваат ниво на pH на вагината од 3,8 до 4,2, со што се оневозможува развој на патогени микроорганизми. Доколку се наруши нормалниот баланс на вагиналната микрофлора, може да настане инфекција на вагината (вагинитис). Ако при нарушувањето на балансот на микрофлората, бројот на габи абнормално се зголеми, настанува габичен вагинитис (инфекција на вагината предизвикана од габи). Најголемите ризик фактори за појава на габична вагинална инфекција (ГВИ) се:
  • Долготрајна употреба на антибиотици. Долготрајната употреба на антибиотици може да доведе до нарушување на балансот на микрофлората во вагината и намалување на нивото на Lactobacillus, а со тоа да се зголеми ризикот за појава на ГВИ.
  • Дијабетес. Се смета дека кај луѓето кои страдаат од дијабетес, а не примаат соодветна терапија, поради покаченото ниво на шеќер во крвта, може да се јави габична инфекција.
  • Зголемување на нивото на естрогени. Дел од истражувањата потврдуваат дека има зголемена инциденца на ГВИ кај жени кои имаат покачено ниво на естрогени (при бременост, употреба на орални контрацептиви итн.).
  • Нарушен имунитет. Намалениот имунитет исто така овозможува развој на габични инфекции. Особено зголемен ризик имаат заболените од ХИВ и луѓето со малигни болести кои примаат соодветна терапија.
  • Сексуална активност со честа промена на партнери. Преносот на габична инфекција меѓу сексуалните партнери е возможна. Затоа, се советува практикување на заштитен сексуален однос.
  • Употреба на средства кои може да го нарушат балансот на вагиналната микрофлора. Несоодветни гелови за интимна нега, употреба на интраутерини контрацептивни средства и несоодветни лубриканти може да го нарушат вагиналниот баланс.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ И ЗНАЦИТЕ?

При габична инфекција на вагината, клиничката слика може да вклучува:
  • Густ, беличест вагинален исцедок;
  • Чешање на вагината;
  • Печење на вагината;
  • Црвенило и оток на вулвата;
  • Печење при уринирање;
  • Болка при сексуален однос.
Габичната инфекција може да се појави и кај мажи. Во таков случај, симптоматологијата вклучува:
  • Чешање на главата на пенисот;
  • Печење на главата на пенисот;
  • Црвенило и иритација на главата на пенисот;
  • Печење при уринирање.
Доколку забележите некој од овие симптоми и знаци, консултирајте се со вашиот лекар.

ДИЈАГНОЗА

Жена Клиничката слика на габичната вагинална инфекција е слична со други генитални болести, па затоа е потребно покрај физикалниот преглед, да се направат дополнителни испитувања. Најчесто се зема примерок од вагиналниот секрет кој се гледа под микроскоп, со цел да се утврди дали постои абнормален број на кандида. Засадувањето на култура не секогаш може да даде дефинитивна дијагноза, бидејќи кандидата е и нормален жител во човековиот организам и може да се добијат лажни резултати.

ЛЕКУВАЊЕ

Постојат повеќе тераписки опции за лекување на габична вагинална инфекција. Може да се користи локална или орална терапија, специфична за лекување на инфекции кои се предизвикани од габи (антимикотични средства). Еден од најефикасните орални препарати за борба против ова заболување е Fluconazole, a од локалните препарати најчесто се употребуваат Clotrimasole, Terconazole, Miconazole, Nystatin и др. Внимание! Оралните медикаменти може да предизвикаат низа несакани ефекти како гадење, повраќање, абдоминална болка, главоболка и др.

ШТО АКО ЛЕКУВАЊЕТО НЕ Е УСПЕШНО?

Во одредени случаи и покрај соодветно препишаната терапија, симптомите и знаците сè уште се присутни. Доколку по 7-14 дена ги имате истите проблеми и покрај тоа што ги следевте советите на вашиот гинеколог, тоа најчесто е знак дека лекувањето не е успешно. Постојат повеќе причини за ваквиот исход. Во голем број од случаите, тоа се должи на несоодветно поставена дијагноза и наместо за габична, може да станува збор за бактериска вагиноза, која предизвикува слична симптоматологија.

ШТО АКО ГАБИЧНАТА ИНФЕКЦИЈА ЧЕСТО СЕ ПОВТОРУВА?

Доколку кај жената габичната вагинална инфекција се повтори 4 или повеќе пати во рок од една година, станува збор за рекурентна инфекција. Во тој случај, потребни се дополнителни испитувања, затоа што рекурентната инфекција може да биде резултат на намален имунитет или да биде знак за присуство на некое друго заболување. При повторување на ГВИ, најчесто се советува пролонгиран третман со орални или локални медикаменти, или нивна комбинација. Најдобар лек е превенцијата.  ]]>