индустријал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2017 14:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png индустријал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Киборг“ се враќаат на сцената! https://arhiva.vistina.com.mk/kiborg-se-vrakjaat-na-scenata/ Wed, 29 Nov 2017 14:31:39 +0000 http://vistina.mk/?p=5232

Киборг, култното име на македонската сајберпанк музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот индустријал бенд во Македонија, по 20 години се враќа на сцената и тоа со концерт кој ќе се одржи на 2 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Со овој потврден настап во живо, „Киборг“ ја збогатува програмата на ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, организирана во рамките на Таксират!
Киборг започнуваат кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје. Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија. По многу жртви, конечната постава беше дефинирана. Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods“, кое им обезбеди место во музичката историја. Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни. По 20 години, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен сајберпанк, да проповедаат малку и се забавуваат …
Киборг се: Дарко Јаневски – вокал, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури.
Концертот на „Киборг“ во Скопје е во рамките на завршната вечер на ПИН – единствената меѓународна музичка конференција и шоукејс фестивал во Македонија организирана во рамките на Таксират, која ќе се одржува од 30 ноември до 2 декември во МКЦ!
https://www.youtube.com/watch?v=GBGhmBsABO4
]]>