имитација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 09:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png имитација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Карлеуша и Прија и наша Антониа: Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како моден тренд или комшиска имитација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-karleusha-i-prija-i-nasha-antonia-od-grlo-do-gluzhdovi-vo-leopardov-print-kreatsija-kako-moden-trend-ili-komshiska-imitatsija-foto/ Thu, 22 Feb 2024 09:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339687

Покрај песните и пеењето, однесувањето, изгледот, имиџиот... заедно со доброто менаџирање се пресудни за кариерата на еден естраден уметник. Особено за пејачките, кои покрај „златното грло“ би требале да поседуваат уште грст „златни нешта“ за да успеат, меѓу кои она што прво паѓа в очи е физичкиот изглед и секако стајлингот! Од фризура до обувки и се разбира гардеробата која ја носат на себе, зашто како што вели старата поговорка: „Руба краси, руба гнаси“ е особено изразена на естрадата! Таму мора да си впечатлив, уникатен, оригинален... да не изгледаш „евтино и петпарачки“, туку стајлингот да ти биде како „од милион долари“! Се разбира, секој/а не може да си  ги дозволи скапите брендови, ама затоа мора и може да си ги задржи оригиналноста и прилагоди вкусот на сопствениот физикус и комплетен изглед воопшто. Впрочем понекогаш и со поевтини модни парчиња, ако се добро вкомпонирани, може да се изгледа „холивудски“ иако на себе не носите скапи светски марки!
Сепак, многу често на естрадата се случува сакајќи да ги следат модните трендови, поедини естрадни ѕвезди случајно или намерно да бидат исто облечени во различно време и прилики!  Онаа што прва на себе ќе го исфорсира трендот е најчесто оригиналната, останатите што по неа ќе се променат во иста или слична комбинација се „бледа копија“? Или барем така сакаат да ги прикажат медиумите и обожавателите, иако можеби и не е баш така, зашто трендот е тренд и модата не е наменета само за една личност, ама сепак... Која прва ќе ја примени откако трендовски ќе се промени, таа е „модната кралица“, а останатите се само... „една од многуте по неа“! Токму една иста модна комбинација со животински леопардов принт е пример за тоа која е која на регионалната естрада кога е во прашање последната мода! Јелена Карлеуша во тој поглед важи за неприкосновена, па уште во почетокот на ноември минатата 2023-та, и овој пат беше првата која изгледаше како „дива мачка на вжештениот естраден подиум“! Од бунда од вештачко крзно со црни дамки... ...Преку длабоко деколтиран корсет и чизми до препони со истата шара, „белградската мала од скандала“ покажа дека и овој пат е уникат! Деновиве новата регионална фолк мегаѕвезда Александра Пријовиќ имаше серија концерти низ регионот. На еден од своите настапи во преполните сали во Хрватска, од грстот модни комбинации на сцената се појави во иста комбинација од леопардов принт, само малку стилски поразлична. Место корсет, деколтирано мини фустанче над колена, чизмите слични како кај колешката, а сето тоа надополнето со високи ракавици до надлактици, секако со истиот леопардов дезен! По Хрватска и Србија, дојдовме и до Македонија...  каде по Карлеуша и Прија вака „диво“ променета ја видоме и наша Антониа! Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како следбеник на модниот тренд или само комшиска имитација? Дилемата ви ја оставаме вам, кој како сака да го толкува овој стајлинг на Антониа, но едно е сигурно, дека и нејзе истиот ништо помалку добро не и прилега! Инаку, животинските дезени се нешто во што поретко ја гледаме Гиговска, но таа покажа дека одлично изгледа и во вакво издание. И покрај тоа што е закопчана до грло, Антониа изгледа мошне атрактивно и доволно провокативно за да ја разбранува фантазијата и дополнително поттикне возбудата на својот настап на кој вака се појавила. Патем,  креација е дело на македонската дизајнерка, кумановката Ива Спасовска и нејзиното модно ателје, а во која Гиговска исто така изгледа како „дива мачка“... Леопард, гепард или јагуар - проценете сами од шарата. Она што го пее меѓудругото на сцена, носи наслов - „Хиена“! Фото: Инстаграм/karleusastar/aleksandraprijovic/antoniagigovskaa
       ]]>

Ана Николиќ сите ги изнасмеа: „Каков бре смак на светот, тоа е за сиромаштија… нам секој викенд ни е смак на светот“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-nikolikj-site-gi-iznasmea-kakov-bre-smak-na-svetot-toa-e-za-siromashtija-nam-sekoj-vikend-ni-e-smak-na-svetot-foto/ Tue, 21 Sep 2021 10:25:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219945

Во текот на вчерашниот ден, Ана Николиќ успеа да предизвика лавина коментари на социјалните мрежи и да намее многумина. Имено, едно вирално видео најпрвин толку ја насмеа пејачката што таа одлучи да направи своја верзија на истото. „Добровечер, како ќе го дочекате крајот на светот?“ - може да се слушне во клипот како пријателката ја прашува Ана која карикирајќи го однесувањето на ликот од видеото што го имитира, одговара: „Каков смак на светот, тоа е за сиромаштијата! Нам, секој викенд ни е смак на светот кога ќе заседнеме во сепарето на сплав! Ајде, душо, дојди со нас“ - и одговара Ана и ситдвете прснуваат во смеа. Како сето тоа изгледа, погледнете подолу:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Имитацијата на ова девојка на „Тик ток“ како Цеца стана хит на социјалните мрежи (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/imitacijata-na-ova-devojka-na-tik-tok-kako-ceca-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-video/ Mon, 01 Feb 2021 10:40:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187600

Корисничката на  „Тик ток“, Драгана го привлече вниманието поради своите имитации на Цеца Ражнатовиќ. Освен тоа што физички потсетува на Цеца, тиктокерката успешно ги изимитира мимиките на пејачката, но и начинот на шминкање, па многумина би помислиле дека на снимките е Цеца. Драгана со своите имитации го воодушеви корисниците на социјаните мрежи, па многумина ја нарекоа двојничка на Цеца. На својот профил, таа најчесто објавува снимки на кои во позадина одат песни од Ражнатовиќ. Како Драгана ја имитира Цеца погледнете во видеото подолу. https://www.tiktok.com/@draganaaaa1/video/6922903055419657477?referer_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2F&referer_video_id=6922903055419657477&is_copy_url=0&is_from_webapp=v2&sender_device=pc&sender_web_id=6924236295352403462  ]]>

„Спушти се на земја“: Ана Николиќ влезе во филм дека извојувала победа над Џеј Ло, но набрзо и покажаа каде и е местото (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/spushti-se-na-zemja-ana-nikolikj-vleze-vo-film-deka-izvojuvala-pobeda-nad-dzej-lo-no-nabrzo-i-pokazaa-kade-i-e-mestoto-foto/ Mon, 05 Oct 2020 09:22:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169926

Џенифер Лопез неодамна објави  спот за новата песна „Pa ti“, а многумина забележаа одредени сличности со сцените од видеото на Ана што беше објавено претходно. Сепак, новата фотографија што Николиќ ја објави на својот Инстаграм покажува дека тука не е крајот на сличностите меѓу неа и големата ѕвезда. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzenifer-lopez-vo-noviot-spot-ja-iskopira-ana-nikolikj-foto/ "Не знам ... што сака таа "девојка“ Џеј Ло. Ова е едноставно победа", напиша Ана.
 
View this post on Instagram
 
Ja ne znam...sta ta" devojka" J.LO hoce ....🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣😅Jednostavno OVO JE POBEDA!

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on

Сепак, овој нејзин коментар ги налути следбениците кои и порачаа „да се спушти на земја“. „Најјако е кога нашите тажни пејачи се обидуваат да ја зголемат својата популарност така што светски познатите личности „ сакаат да ги имитираат или копираат“. И тие самите не веруваат во тоа! Ниту било кој друг! „Многу тажно“, се замо некои од коментарите кои беа упатени кон Ана.]]>

Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби… своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-si-go-barashe-pa-si-go-dobi-svoeto-vtoro-jas-kopija-so-tapija-podobra-i-od-originalot-video/ Mon, 15 Jun 2020 07:22:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153618

Кога по сила на нештата си долго време затворен дома, кога со месеци ќе останеш без работа, ќе ги пробаш сите можни и неможни работи што никогаш претходно не си имал време да ги правиш, па за да ти мине времето на памет ти паѓаат невозмозможни нешта. Особено ако си естраден уметник, кого ем околностите, ем аматеризмот на властите безмалку од естраден, ќе го претворат во страден уметник! Така е со речиси целата естрада која со месеци живее „грицкајќи ја“ заштедата од минатиот труд или на туѓ грб на некој од останатите членови на семејството. Но, бидејќи духот не смее да клоне,  оптимизмот не смее да не напушти, а надежта последна умира, фолк пејачката Сања Сани Гроздановска и нејзиниот колега и постојан партнер за шеги, музичарот и скопски угостител Трајче Толевски, решија во овие тмурни времиња уште еднаш „да не умрат“ од смеење. Познати како меѓусебна мета за шеговити прпукувања на сметка на другиот, фолкерите одново најдоа начин како да ја разбијат сопствената монотонија, а при тоа да ги забавуваат и себе си и другите. Ако не од полна кафеана со гости, тогаш онлајн, преку социјалните мрежи со нова шега! Имено, Сани прва ја започна „закачката“ со нова „јадачка“ кон колегата, со тоа што на Трајче му постави нов предизвик: Да ја имитира пејачката, со „скромен“ изговор дека „не е прв што сака да биде како неа“!? Арно ама, бидејќи како него мајка веќе не раѓа, на „скопскиот боем“ не треба двапати да му се каже, па како проверен и искусен трагач по возбуди, не чекаше предизвикот сам да му дојде, туку тој му тргна во пресрет. Соодветна гардероба од проѕирна црна тантела, налик на онаа што Сани често ја носи, перика со долги коси, кармин на усните, сончеви очила и копијата за миг се преточила во оригиналот! Како засилување повикана екипата од неговата група „Скопски боеми“, за впечатокот да биде што посилен, а имитацијата да собере што повеќе поени, во очите на оние што ќе ја видат! Предизвикот прифатен, перформансот прекрасен, па музичарот за миг се преобрази во пејачката... Сани Гроздановска си го бараше, па си го доби... своето второ јас: Копија со тапија, подобра и од оригиналот! „Од малечок сум сакал да сум како тебе... Го прифатив предизвикот , но тоа не е се'...“ - напишал Трајче покрај споделеното шеговито видео. А Сани? Откако на фолкерката верно „и ја земаа мерката“, виде - невиде, мораше тоа и  самата јавно да го признае: „Не е прв што сака да биде како мене, ама најуспешен е!“ Чесно и поштено, зашто знаете како велат: „Кој признава, половина му се... додава“!!! ]]>

Бугарите пробаа и Тоше да го „воскреснат“, ама… еден е ангелот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarite-probaa-i-toshe-da-go-voskresnat-ama-eden-e-angelot-video/ Wed, 27 May 2020 06:54:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151451

Јазикот, идентитетот, нацијата, историјата... има ли уште нешто наше што би сакале источните соседи да е нивно, да го присвојат? Има... Бугарите се обидоа дури и Тоше Проески да го „воскреснат“... во нивна верзија! Шегата настрана, иако многумина би сакале да се како него, не само во Бугарија, засега никој не успева ниту да му се приближи, зашто Тоше е еден и единствен! Сепак популарниот бугарски пејач Фики Стораро кој е е учесник во познатото шоу „Твоето лице звучи познато“ кое  во соседна Бугарија оди под наслов “Като две капки вода”, ја презеде таа тешка улога, да влезе во ликот на Тоше. Имено, во едно од изданијата на шоуто, пејачот се стави во улогата на нашата музичка легенда, обидувајќи се да го имитира Тоше. Шминкерите, фризерите, маскерите, костимографите... рака на срце беспрекорно си ја завршиле својата работа, па Фики беше стокмен да наликува на македонскиот ангел. До душа, можеби не одбрал најсоодветна песна, зашто се нафатил да  ја  исполни песната „Несаница”,  која баш и не го отсликува вистинското светло на Тоше, зашто како филмска тема и песна која многу му се допадна, тој  ја стави и испеа само како кавер на својот последен албум. Нејсе, Фики се решил за неа и ликот на Тоше во што донекаде успеа со имитацијата, па победи во таа емисија, арно ама... Пејачот и покрај покажаниот талент и вокалните способности, достојни и доволни  за победа, иако често пати самиот спомнувал во своите интервјуа дека Тоше му е омилен пејач и за него убавата песна не познава граница, ниту пак нација, сепак далеку од тоа дека успеа да го „воскресне“ македонскиот музички ангел на сцената. Колку и да се трудел и обидувал со својот тим вокално и физички да направат тој да заличи на Тоше, има нешто што многу му недостасува. Онаа харизма, онаа аура што Тоше ја имаше и ширеше во вид на позитивна енергија околу себе, онаа експресија и вдахната душа во песните, никој не може да ја повтори. Зашто, некои работи ниту се учат, ниту се прават и создаваат... Едноставно, од Бога се дадени! А Бог ги дарува со таква дарба, само посебните... како што беше Тоше! Погледнете го видеото со имитацијата на Тоше, на бугарскиот пејач Фики во шоуто „Како две капки вода“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=101&v=zj6_EyOTzeE&feature=emb_logo    ]]>

Даниел Кајмакоски со одлична имитација во првата емисија на „ТЛЗП“ – погледнете го неговиот настап https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kajmakoski-so-odlichna-imitacija-vo-prvata-emisija-na-tlzp-poglednete-go-negoviot-nastap/ Sun, 06 Oct 2019 09:23:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111058

Петатта сезона на регионалното хуманитарно шоу „Твоето лице звучи познато“ започна во петок, а во следните неколку месеци учесниците од претходните сезони ќе имаат задача да се најдат во улога на некоја позната ѕвезда. Во музичкото шоу ќе учествува и македонскиот победник на „ТЛЗП“, Даниел Кајмакоски. Даниел истакна дека во претходната сезона  најтешка имитација му била онаа кога требаше да се најде во улогата на Мајкл Џексон. Во првата емсиија, на Даниел му се паднa  да го имитира Хју Џекмен од насловна песна на филмот „The Greatest showmen“ https://www.youtube.com/watch?v=kkjhqJ55I1I „Мислам дека е многу тешка улога и дека треба добро да се подготвам за тоа. Целата кореографија, целиот настап е фантастичен и „ТЛЗП“ заслужува еден такот настап“ истакна Кајмакоски. Со маска со која наликува на Хју и целосно кореографија на сцената, Кајмакоски успеа одлично да се снајде во оваа улога. „Даниел е секогаш фантастичен пејач, вечерва добро играше. Слушнав дека си бил фантастичен во сезоната во која победи. Многу ми се допаѓа се што правиш и верувам дека допрва ќе доминираш во ова шоу програма“ истакна Гоца Тржан. Пофални зборови за Даниел имаа и останатите членови на жирито и истакнаа дека Кајмакоски имал фасцинантен настап. Во следната емисија Даниел ќе има задача да ја имитира Тејлор Свифт. Неговиот настап може да го погледнете тука.    ]]>