Иљо Антески – Смок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Feb 2024 13:50:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Иљо Антески – Смок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лени Партикова со голем солистички концерт: „Корените македонски да не се заборават“ https://arhiva.vistina.com.mk/leni-partikova-so-golem-solistichki-kontsert-korenite-makedonski-da-ne-se-zaboravat/ Thu, 29 Feb 2024 13:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340692

Македонска пејачка Лени Партикова на 30-ти март во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, ќе го одржи својот прв голем солистички концерт пред македонската публика. Таа досега има снимено голем број на песни со кои има настапено на повеќето еминентни и познати македонски музички забавни и фолк фестивали.
„Еден мој голем сон ќе се оствари да имам свој солистички концерт. Со многу голема љубов и посветеност мојот сопруг Жарко Ѓоргески успеа со голема доверба и почит за мојата работа како уметник да го организира и реализира овој концерт. На истиот ќе бидат изведени мои авторски песни од албумот „Со срце и душа за Македонија“, и стари изворни песни од моите два нови албуми „Корените македонски да не се заборават“ - изјави лени за порталот Музика 24. Таа меѓудругото додава дека за време на концертот со неа на сцената ќе бидат и прекрасните деца-играорци од КУД „Шара“, како и детскиот хор „Лале“ од Тетово. На сцената музичката поддршка ќе бидат нејзините почитувани колеги група „Круна“ заедно со двајцата врвни хармоникаши Робертино Стефановски и Златко Мадевски. А ќе гостува и дувачкиот оркестар „Весела дружина“. „Како јаготка на шлагот на овој долго подготвуван и очекуван концерт ќе бидат моите драги колеги со кои долги години соработувам, нашата фолк дива Благица Павловска, Флори Манев како и Раде Младеновски“ - додава пејачката.
Инаку, зад студискиот албум „Со срце и душа за Македонија“ стои Кактус продукција и продуцентот и познат македонски музичар Горан Милошески, а зад останатите студиски албуми „Корените македонски да не се заборават“ застана Сенатор Мјузик од Битола и Ване Петкоски од ИН Телевизија]]>