илинденски денови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Aug 2022 12:43:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png илинденски денови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Заврши фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-festivalot-na-narodni-pesni-i-igri-ilindenski-denovi-vo-bitola/ Mon, 01 Aug 2022 12:38:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261186

Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, синоќа во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки“ од Радовиш, награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги“ од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден“-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден“ од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија. Награди на најуспешните и благодарници за учество на гостите од странство им додели директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски. – За еден фестивал дека е успешен сведочат насмевките на учесниците и на публиката, силината на аплаузите, радоста на организаторите. На Министерството за култура и Општина Битола бескрајно им благодарам за препознавањето и значењето, како и поддршката на најстариот фестивал во нашиот град, фестивалот кој го претвори градот во крстопат, каде се споија Истокот и Западот, Северот и Југот, создавајќи пријателства што ќе траат, истакна Андоновска Илијевски. На завршната вечер и на македонски јазик се обрати Диего Мантано член на ансамблот „Франциско де Гоја“ од Мадрид. – Ви благодарам за вашето гостопримство и бидете сигурни дека од сега и понатаму секој од нас кога ќе ги насочи очите кон изгрејсонцето ќе се сети дека има една прекрасна земја Македонија со прекрасен град Битола, и каде во јули 2022 година оставивме дел од нашите срца за секогаш, истакна гостинот од Шпанија, Мантано. Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава почна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот“ Извор:Канал 5]]>

Започнува фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-festivalot-na-narodni-igri-i-pesni-ilindenski-denovi-vo-bitola/ Mon, 18 Jul 2022 12:23:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259108

„Од корените до цветот“ тоа е мотото на 52 издание на Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ кој на денес започнува во Битола и ќе трае цели 12 дена. Со најобемна програма досега, која за прв пат вклучува и Интернационален фестивал на етно филмови, па ќе следуваат работилници, изложби и стручен симпозиум кои ќе бидат убав вовед во фестивалските вечери, кои повторно со големото дефиле по улиците на Битола стартуваат на 26 и ќе завршат на 30 јули, испланирани се до детал сите фестивалски денови кои на едно место ќе соберат над 1.000 учесници. „Оваа година започнуваме порано, а поводот е навистина посебен. Иницијативата во рамките на фестивалот да заживее и филмот како медиум, ја реализиравме и од годинава Илинденски денови се и организатори на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој носи 11 филмски наслови од кои 6 се долгометражни. Селектор на фестивалот е познатиот македонски новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски и кој заедно со својата сопруга таму организираат фестивал кој ги надмина нивните национални граници. Оттука и сериозноста на овој проект, кој со таа поддршка оттаму, дава сериозни намери и за локалната домашна филмска продукција да го негува етно жанрот, зошто конечно истиот добива свој фестивал кај нас„- истакна директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска Илијевски по повод 52 издание на Илинденски денови. Гости од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска, Италија, Србија и десетици домашни ансамбли ќе го донесат националниот фолклор низ улиците на Битола, под светлата на фестивалските сцени кои годинава ќе ги има и на стари и познати, но и на некои сосем нови локации. Ова е и фестивал, кој пред неколку години на светскиот конгрес во одржан во Индонезија се здоби со сертификат кој го стави на листата на 100 најдобри светски фестивали за фолклор од страна на меѓународната фолклорна организација CIOFF, која се грижи за унапредување на грижата на нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите, со што ја продолжуваат мисијата на УНЕСКО, со која CIOFF е во официјално партнерство, станувајќи познат и признат ширум светот.]]>

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ вечер во Битола за крај на „Илинденски денови“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-i-miroslav-tadikj-vecher-vo-bitola-za-kraj-na-ilindenski-denovi/ Wed, 31 Jul 2019 11:17:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100052

Со прогласување на најдобрите учесници на фестивалот и со концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ кој ќе се одржи во археолошкиот локалитет Хераклеа, вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Натпреварувачкиот дел од програмата заврши синоќа со вечер на староградска музика и игра на која настапија членовите на КУД „Васил Хаџиманов“ од Кавадарци, „Распеани штипјани“, „Распеани велешани“, „Распеани гевгеличани“, пејачката група „Сирма Војвода“-Битола, ВИС „Орнаменти“ од Штип, староградските групи „Пензионер“ и „Прилеп“ од Прилеп и КУД „Илинден“ од Битола. – Оваа година во Битола учествуваа многу нови групи што го негуваат изворниот фолклор и тоа го сметам за главно годинешно обележје на фестивалот. Карактеристиката на овој наш фестивал е секогаш да се претставува изворниот фолклор, автентичен фолклор, да се презентираат обичаи, обреди, пеење и користење на народни инструменти. Сите овие елементи ги видовме на фестивалот. Регистриравме прекрасни носии и регистриравме хармонично пеење со инструментална поддршка. Јас лично среќна сум што на сцена се почесто освен играње застапено е и традиционалното пеење, посебно изворни песни. На свеченото затворање сепак ќе бидат наградени најдобрите, изјави за МИА, проф. д-р Родна Величковска, претседател на стручното жири. Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ чиј домаќин и организатор е НУ Центар за култура-Битола, се одржува под покровителство на Собрание на Република Северна Македонија и со поддршка на Министерство за култура и Општина Битола. Вечер во Битола завршува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. извор:вечер]]>

Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ од 27 до 31 јули во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-narodni-pesni-i-igri-ilindenski-denovi-od-27-do-31-juli-vo-bitola/ Wed, 17 Jul 2019 12:33:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98090

Од 27 до 31 јули во Битола ќе се одржува 49. издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Над 1.500 учесници од земјава и светот ќе дојдат во Битола и петте фестивалски денови ќе ги исполнат со песни и игри од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија и Израел.
Добро ќе ги препознаеме и сите наши ора и песни, познати и помалку познати, за да се потсетиме дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот,  најави директорката на фестивалот и на битолскиот Центар за култура, Маја Андоновска.
Фестивалот „Илинденски денови“ во 2017 година, на еден од светските конгреси на CIOFF (Council of International organizations of folklore festivals & folk arts) во Индонезија, стана сертифициран CIOFF Festival, еден од вкупно 100 најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исплонувајќи ги тие строги критериуми на оваа светска организација која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.
Првиот постер е посветен на фестивалот и вечерите на кои ќе се презентира домашниот фолклор, а вториот на интернационалната вечер . Фотографијата на првиот постер е на битолската фотографка Кети Талевска, а автор на втората фотографија користена за дизајн на постерот е на Димитар Петковски. Графички дизајнер е Никола Трајковски.]]>