илина соколовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Nov 2023 12:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png илина соколовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-gimnasticharka-ilina-sokolovska-osvoi-tri-srebra-vo-natprevarite-vo-bundes-ligata/ Mon, 20 Nov 2023 12:02:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327707

Нашата гимнастичарка Илина Соколовска освои три сребра во натпреварите во Бундес лигата! Овие три медали ќе ја красат витрината и на Илина и на нејзиниот клуб со останатите злата, сребра и бронзи што таа ги освои колку што се занимава со ритмичка гимнастика дома и во странство. Последните три натпревари од Бундес се одржаа во Дизелдорф, Берлин, а финалето во Бремен.
Се натпреварував екипно, како дел од мојот тим Гутерсло-Билефелд, каде што сум еден од лидерите на тимот, тоа го кажаа и тренерите, а пред извесно време беше објавено во германските весници. Тоа значи дека од мене очекуваат да го превземам товарот на тимот, а тоа и се случи на првите два натпревари во Дизелдорф и Берлин. Речиси сам освоив една третина од бодовите, што ни овозможи да стигнеме до финалето во Бундеслига. Ова ми е втор пат по ред да се натпреварувам во финале што е голем успех за мене, вели Илина.
Овој голем успех на Илина, која со македонски пасош ги брани боите на Германија не е лесен, бидејќи листата на Германија со гимнастичарки од година во година е посилен, особено по војната во Украина.
Еднаш кажав дека лигата во Германија е се посилна од година во година поради кризата во Украина. Многу гимнастичари поради состојбата во нивната земја настапуваат во германските гимнастички клубови, а има репрезентативци од Италија, Романија и секако од Германија. Тука ќе ја споменам петкратната репрезентативка, шампионка во гимнастика, Дарија која доаѓа од Русија, но и уште неколку гимнастичарки од Бугарија, кои се и светски шампиони во групна ритмичка гимнастика. Ѐ затоа, пак, ќе кажам дека моментално Бундеслигата е една од најдобрите и елитни гимнастичари во светот, додава таа.
Илина пред неколку месеци за прв пат ја претстави и Македонија на европски натпревари. Во иднина, пак, ќе ја претставува Македонија во Естонија во градот Тарту, каде што се одржува еден од најпознатите традиционални натпревари во ритмичка гимнастика.
Горда сум што и на меѓународно ниво ја претставувам мојата Македонија и ќе ја претставувам и свесна сум дека ќе морам да се натпреварувам со овие елити кои се неколку чекори пред нас. Ние во Македонија сме нова Федерација, има само две гимнастичарки, но желба да ја претставуваме нашата земја е голема. Сепак, наидуваме на огромни проблеми во Федерацијата во Македонија, а последните шест месеци се подготвуваме за Европското првенство и меѓународните натпревари во зима низ Европа. Сакам со спортско срце да порачам да не се дозволи проблемите да продолжат, бидејќи сакаме да се натпреваруваме под боите на нашето знаме. Јас лично се радувам кога настапува, за татковината и секогаш ќе ја претставувам Македонија и ќе кажувам дека сум Македонка. И на натпреварите во Германија јас со гордост кажувам дека сум Македоника, затоа што ја сакам Македонија. Иако сум родена и живеам во Германија во моето срце секогаш е Македонија, вели Илина.
]]>

„Кога падна на Пирина“ ечеше на финале во Германија: Илина Соколовска со нови успеси по ритмичка гимнастика https://arhiva.vistina.com.mk/koga-padna-na-pirina-echeshe-na-finale-vo-germanija-ilina-sokolovska-so-novi-uspesi-po-ritmichka-gimnastika/ Thu, 29 Jun 2023 05:10:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308235

Гимнастичарката Илина Соколовска настапи  на големото германско финале  по ритмичка гимнастика, што се одржа во Вестербург - Германија, рамо до рамо со искусни спортистки, а и двата дена додека се натпреваруваше на финалето ечеше познатата македонска патриотска песна  песната „Кога падна на Пирина“. Илина иако има само 16 години, сепак, поради нејзиниот талент, веќе неколку години се натпреварува и освојува медали во Бундес лигата, а сега се натпреваруваше со гимнастичарки над 20 години и го освои седмото место. Во финалето дел се само најдобрите гимнастичарки од републичките натпревари во Германија, но, за жал, како што вели таа, иако е германско финале најголемиот дел од натпреварувачките биле од Украина и Русија. - Сите натпеварувачки беа од бившите советски републики, но највеќе од Украина. Поради војната многу гимнатичарки заземаа место во германските клубови со што гимнастиката веќе е на повисоко ниво на квалитет. Јас иако имам 16 години, сепак, настапив во сениорска конкуренција. Бев најмала во првиот настап, а настапив со топка и кореографијата со македонската песна „Кога паднав на Пирина“ и добив висока оценка од судите, вели Илина и додава: - Презадоволна сум, бев во конкуренција за првите три места. Следниот ден настапив со истата кореографија, бидејки дибив големи бодови од претходниот ден, но од судите бев изненадена, бидејќи добив четири поени помалку. Но, тоа е во спортот. Не сум разочарана, напротив задоволна сум и со овој успех. Бидејќи успех е да учествуваш во финале со најдобрите 15. Не е едноставно треба многу работа. Секој ден од 3-4 часа тренинг, некогаш и саботи, а понекогаш и до шест часа на ден. Но, трудот и напорот се исплатеа, дојдов до посакуваниот резултат, вели Илина. Паралелно со ова Илина се подготвува и за Европското првенство, кое ќе се одржи во Будимпешта. Илина за прв пат ќе ја претставува Македонија. – Ми се оствари сонот да ја претставувам Македонија на интернационален наптревар, да го развеам македонското знаме на големи натпревари, изјави претходно таа.]]>

Илина Соколовска освои сребрен медал на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија на песна на „Некст тајм“ https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-sokolovska-osvoi-srebren-medal-na-internacionalniot-natprevar-po-ritmichka-gimnastika-vo-germanija-na-pesna-na-nekst-tajm/ Mon, 12 Dec 2022 07:14:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279494

Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место. Илина се натпреваруваше за Германија и и донесе сребро во конкуренција на над 20 земји  учеснички од целиот свет. Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен,  македонското девојче Илина, кое веќе неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона. -Среќна сум многу, особено што настапуваа гимнастичарки од над 20 земји од целиот свет. Им се радувам на сите медали што ги освоив за Германија, но ми е жал што не се тоа успеси за Македонија. А оваа песна ја одбрав бидејќи иако живееме во Германија, ние дома постојано слушаме македонска музика, а и ги сакам „Некст тајм“, ни рече Илина. Илина и нејзината помала сестра Ева се дел и од Бундес лига и во претходните два напревари екипно ги освоија вторите места за Бундес лига и на републичкиот напревар. -Се натпреварував екипно и се собираа поени за целиот тим.  Ние со нашиот тим по бодови бевме втори уште по вториот натпревар. Четири екипи се сретнаа во финале и се натпреваруваа кој ќе биде првак на Германија, а кој ќе биде во прва Бундес лига, ни рече Илина, која и на двата натпревари се натпреваруваше со повреда. Но, и покрај тоа што имаше проблем со ногата, сепак, успеа екипно да освои најмногу бодови и да го освојат сребрениот медал.   -  Последниве месеци напорно тренирав, ме чекаа големи натпреварувања и немаше простор за одмор. Одеднаш почна ногата да ме боли, едвај газев на неа, но не се откажав. И покрај болките настапив. Бев на лекар, ми рекоа дека имам истегнат мускул. Затоа во оваа пауза до почеток на новата сезона ќе вежбам само фитнес заради мускулите, ни рече Илина.   Нејзината помала сестра, Ева, пак, пред една недела имаше републички напревар и го освои второто месо.]]>

Бронза за македонското девојче во Бундес лигата во Германија: Нов успех на Илина Соколовска во ритмичка гимнастика https://arhiva.vistina.com.mk/bronza-za-makedonskoto-devojche-vo-bundes-ligata-vo-germanija-nov-uspeh-na-ilina-sokolovska-vo-ritmichka-gimnastika/ Thu, 27 Oct 2022 08:54:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273055

Срцето му е топло на секој Македонец, кога наши луѓе ќе успеат во светот. Едни од нив се сестрите Илина и Ева Соколовски, кој нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика. Она што во моментов претставува македоска гордост е успехот на Илина (16) во Бундес лигата, која започна по пауза поради короната. И на стартот на натпреварувањето Илина се закити со бронза. Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но екипно за влакно им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот. -Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап, ни рече гордо Илина. Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување, но поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена. А до крајот на спортската сезона овие две македонски сонца, кои боите на Германија го бранат со македонски пасош, ги очекуваат повеќе републички и интернационални натпревари. Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол. -Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел Ашрам. Јас се исрадував и јас ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и  сонот ми се оствари лично да ја запознам, вели Илина. Илина и Ева веќе се подготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории. И секако, како што е вообичаено, очекуваме да се закитат со некој медал.]]>

Македонска гордост: Илина Соколовска прогласена за мајстор по гимнастика во Германија https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-gordost-ilina-sokolovska-proglasena-za-majstor-po-gimnastika-vo-germanija/ Wed, 13 Oct 2021 12:33:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222791

Гимнастичарката Илина Соколовска (15), која со семејството живее во Германија, е прогласена за мајстор на Северна Вествалија. Илина минатата недела по 18 месеци пауза се натпреваруваше на најголемиот турнир во Хависбек,  Вествалија и освои две медали, додека на натпреватор, кој се одржа во Јена, во републиката Туринген го освои четвртото место. -Илина стана првак на Вествалија, по пауза од 18 месеци, кога поради пандемијата сите натпревари беа стопирани. Во Хависбек настапи со чуневи и топка, со две кореографи и два пати освои најмногу поени. Како првак на Вествалија, пак, ја преставуваше републиката на најголемиот турнир во Туринген и од 34 гимнастуичарки што беа на турнирот освои 4 место. Илина веќе се натпреварува во Бундес лигата и на 20 ноеври ја очекува нов натпревар, кој ќе се одржи во Берлин, вели нејзиниот татко Горан. Илина, како и сите во светот се соочува со пандемијата, која во голема мера ги застана животите на сите. Спас од неа се вакцините и имунизирањето на населението. Илина има 15 години, нејзоното семејство е имунизирано, но за да продолжи со натпреварите, тоа се очекува и од неа. -Во Германија веке се имунизираат младите и на последниот турнир на натпреварувачите, меѓу кои е и Илина, им беше речено дека за да продолжи со натпреварувањето мора да се вакцинира. -Мора до 20 ноемви да се вакцинира инаку нема да и дозволат да се натпреварува. Илина има 15 години и правилата мора да се почитуваат. Гимнастиката е нејзина љубов, нејзин живот и секако дека ќе продолжи да се натпреварува. Таа и минатата година додека се беше застанато не мируваше, постојано тренираше. Летово дојде на одмор во Македонија, но повторно правеше подготовки. Успехот на Илина е само во љубовта кон гимнастиката и упорното вежбање, вели Горан. Илина скоро 10 години се дружи со гимнастиката. Од натпреварите речиси и да не се случило, а да не се врати до медал. Зад неа се натпревари на републичко, државно и интернационално ниво. Во Украина беше прогласена за принцеза, а Германците се гордеат со неа иако таа се натпреварува со македонски пасош. Во Македонија, пак, од Агенцијата за млади и спорт и покрај големиот успех никогаш не е повикана да ја претставува државата на интернационални натпревари. Место неа со години одат едни исти гимнастичари, кои не покажуваат никакви резултати. Но, во Германија, за разлика од кај нас, не се потребни врски. Напротив без разлика кој и да си и од каде да доагаш важен е квалитетот. А Илина досега го покажала квалитетот и нејзиниот спортски вонсериски талент. ]]>

Илина Соколовска – македонско девојче, шампионка на германска земја (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-sokolovska-makedonsko-devojche-shampionka-na-germanska-zemja-foto/ Tue, 15 Dec 2020 08:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180830

Малата Илина Соколовска (14) е пример за уште една успешна македонска приказна надвор од границите на државата. Таа со нејзиното семејство живее во германскиот град Билефелд, каде ова талентирано македонско девојче ниже успеси за Германија, но сонува еден ден македонското знаме да го вее на Олимпијада. И ако се погледнат нејзините досегашни успеси во ритмичка гимнастика, несомнено дека овој сон лесно може да и се оствари. По неполна деценија занимавање со овој спорт, нејзиниот дом е преполн со пехари, кои минатата година и го отворија патот да почне да се натпреварува и во Бундес лигата. И таман почна се' да се одвива  како што треба, се случи корона пандемијата, која го застана животот во целиот свет. Но, Илина и покрај стопирањето на натпреварите не застанува. Нејзиниот живот продолжи со тренирање, за да биде подготвена, кога повторно животот ќе се врати во нормала и ќе почнат натпреварите. „Од февруари до октомври немавме никаков настап. Цела година чекав да се натпреваруваме. Пред десеттина дена се случи еден клупски натпревар, убаво беше, но откажаа многу клубови од Бундес првата и втора лига. Мојот клуб учествуваше, запазувајќи ги сите протоколи за заштита. Мојот клуб се вика СГ Гутерслох- Билефелд, и клубски се натреварувавме. Секој сам танцуваше и на крај со вкупно 80 поени како клуб го освоивме петтото место. Имаше посилни клубови од нас, се натреваруваат на интернационално ниво. Требаше и деновиве да има уште еден натпревар, но поради короната и тој е откажан“ - вели Илина, која пред неколку години на интернационален натпревар во Украина ја освои титулата „принцеза“, освојувајќи најмногу поени. Иако нема натпревари Илина, како и нејзината помала сестра Ева (10), која исто така е гимнастичарка, продолжија да тренираат. Додека беше топло времето тренирале во природа, но сега тренинзите ги прават дома, секој ден по неколку часа. „Многу ни е тешко што не можеме да спортуваме. Сестра ми Ева дури и плачеше бидејќи за следните четири недели се откажани тренинзите и затоа ќе тренираме дома, во дневната соба, бидејќи надвор е веќе студено. Од март до јуни вежбавме така, малку дома, малку надвор. Кога не ослободија многу се израдувавме дека ќе продолжиме со натпреварите, но ете пак не затворија. Сега само одиме на училиште,цело време со маски и со постојано отворени прозорци и врати. На часови седиме со јакни, капи, шалови или ќебе врз себе. Напорно е ама мора да се издржи. Одам во деветто одделени и најдобра сум во класот. Паралелно вежбам и учам. Обврските со спортот и натпреварите не ми пречет на училишниот успех.  А имам време и за другарките. Секогаш прво е учењето, па потоа дружењето“ - вели Илина. Сонот на секој спортист, па и на Илина е успех и само успех. Но најголем сон и е да ја однесе Македонија на Олимпијада, кој ако продолжи со трофеите, како и до сега, секако дека ќе и се оствари. Иако таа се натпреварува за Германија, сепак, засега го има само македонскиот пасош, па оттаму и надежта дека еден ден ќе ја однесе својата татковина на најголемото спортско натпреварување. „Јас отсекогаш сонувам да одам на Олимпијада и се надевам дека ќе успеам. Сега се натпреварувам со многу силни гимнастичарки, кои се постари од мене. Но, тоа ми е мотивација повеќе. Да бидам уште подобра. Кога бев мала, уште во градинка ги гледав девојчиња како вежбаат и гледав колку убави фустанчиња имааат. Така го засакав овој спорт. А потоа, кога почнав да вежбам и да се натпреварувам и да редам успеси уште повеќе почнав да го сакам. Засега имам над осум натпреварувачки фустани, кои веќе ми се мали. Сите од клубот одиме кај една жена која е од Русија и по наша желба ни ги прави“ - вели македонската шампионка на германско тло. „Пред компјутер сум само кога морам. Кога е потребно од училиште. Затоа сакам да им порачам на моите врсници да си размислат дали тоа ќе им помогне во животот и каков успех ке имаат ако по цел ден седат пред комјутер и затворени дома.  Јас најмногу сакам биологија и хемија. Мислам дека кога ќе престанам професионално да се занимавам со гимнастика тоа ќе ми биде животна преокупација, можеби и професија. Сега по 3-4 часа дневно вежбам, после училиште прво јадам, па пишувам домашна и потоа тренирам. Па пак продолжувам со домашното и потоа одморам. Сакам и јазици, покрај македонскиот и германскиот јас паралелно ги учам и англискиот и францускиот. За се' се наоѓа време“ - вели таа. До минатата година Илина едвај чекаше да дојде лето, за да дојде во Скопје. И додека беше тука на одмор, таа постојано тренираше. „Ми се доаѓа во Скопје многу. Цела година чекав да дојде летото и многу ми беше жал што летово не можевме да дојдеме. А многу сакав кај баба и дедо, кај Нате братучетка ми, кај стрина и чичо. Сакам да ги видам сите, но место тоа, сега комуницираме само по телефон. Се надевам дека до следното лето ќе се вратиме во нормала и се' ќе биде како порано“ -  вели со надеж Илина, македонската шампионка која ниже успеси на германска земја.]]>

Илина Соколовска го освои првото место во ритмичка гимнастика на OWL куп во Билефилд https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-sokolovska-go-osvoi-prvoto-mesto-vo-ritmichka-gimnastika-na-owl-kup-vo-bilefild/ Mon, 02 Dec 2019 10:41:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121764

Илина Соколовска го освои првото место на натпреварот по ритмичка гимнастика наречен OWL куп кој се одржа пред неколку дена во германскиот град Белефилд. На овој натпревар настапи и нејзината помала сестра Ева, која со девет години во нејзината категорија го освои второто место. Илина со оваа победа ја отвори сезоната на натпревари во Бундес лигата и иако според годините е мала, сепак, заради големиот талент и досегашните резултати, од оваа година таа ќе се натпреварува во сениорската категорија во германската прва лига, каде учествуваат и гимнастичарки до 20 години. -Илина беше перфектна, заслужено го освои златниот медал. Настапи во две категории, јаже и топка, и ги освои највисоките поени од комисијата. Ева, пак, досега на сите натпревари победувала, но овој пат настапи со јаже и соло и освои сребрен медал. Ме радува што Илина со победа ја отвори сезоната во Бундес лигата иако не беше лесно бидејќи настапуваше со девојчиња кои се по неколку години постари и поискусни од неа. Но се подготвуваше четири месеци. Од август работи на кореографиите и тоа со нејзиниот тренер Мариа Габриела Тромпетеро од Венецуела, која зад себе има големо минато со светски резултати, вели нивниот татко Горан Соколовски. За да дојдат до овие големи резултати Илина и Ева тренираат секој ден по неколку часа. Затоа овој куп го почнаа со злато и сребро, што значи дека ги очекува светла иднина во Бундес лигата. Првиот официјален Бундес натпревар Илина ќе го има наскоро во градот Кобленц а потоа вториот во Берлин. Илина и Ева со родителите живеат во Германија, но на натпреварите на домашен терен и на интернационално ниво овие две македонски сонца учествуваат со македонски пасоши.]]>

Илина Соколовска ниже успеси: „Малата принцеза“ во полуфинале на првенството на Германија во ритмичка гимнастика https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-sokolovska-nize-uspesi-malata-princeza-vo-polufinale-na-prvenstvoto-na-germanija-vo-ritmichka-gimnastika/ Tue, 19 Mar 2019 11:50:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78232

Македонското девојче Илина Соколовска се пласира во полуфиналето на прврнството Германија во ритмичка гимнастика. Илина го освои третото место на натпреварот што пред неколку дена се одржа во Германија а се натпреваруваше со уште 17 спортистки, од кои првите четири се пласираат во полуфинале . Илина има само 12 години, но поради големиот талент настапува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години.
-Се натпреваруваше со многу голема конкуренција.  Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората.  Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени.  Но, со овие поени и со третото место успеа да се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во најубавата Арена во Германија, пишуваат германските медиуми.
Колку е сериозен натпреварот покажува и фактот што ги оценуваа 32 судии. Но, тоа не е проблем за „малата ѕверка“, како што ја нарекуваат Илина медиумите во Германија. Колку е таа успешна покажува и фактот што Илина веќе ја препознава и публиката во салата и секој нејзин настап е проследен со аплауз.  Настапила со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите. Илина е по потекло од Скопје, но со семејството живее во Германија. Досега на сите натпревари освојувала награди а минатата година на првиот интернационален настап во Украина беше прогласена за принцеза на овој спорт.]]>

Германците го препознаа квалитетот: Малата Илина Соколовска – македонски талент во ритмичка гимнастика https://arhiva.vistina.com.mk/germancite-go-prepoznaa-kvalitetot-malata-ilina-sokolovska-makedonski-talent-vo-ritmichka-gimnastika/ Thu, 03 Jan 2019 11:42:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65977

Малата Илина Соколовска, која е талент по ритмичка гимнастика во Германија, иако има само 12 години, од оваа сезона ќе се натпреварува со професионалци, односно стартува со сериозна професионална кариера. На 26 овој месец во германскиот град Боркен, ја започнува сезоната со гупата од 15 години, која во овој спорт се смета за професионална и која се натпреварува на интернационално ниво.
Оваа заслуга Илина ја доби бидејки од осум години, откако почна да се натпреварува до денес освојува само медали и пехари. Во нејзината категорија беше прогласувана и за најдобра во Германија, а минатата година на првиот интернационален натпревар во Украина го освои првото место и беше прогласена за принцеза. Германците го препознаа квалитетот на Илина па иако е со македонски пасош, тие ја сметаат за свој талент.
„Овој месец Илина ќе стартува со професионална кариера, од Боркен, град на холандска граница. Од тука почнува новата сезона на овој спорт. Илина подготвуваше нови кореографии, какви што се подготвуваат за професионалци. Таа досега се натпреваруваше во својата група, како за млади, но сега веќе е нешто друго. Германците многу вложуваат во таленти. Илина беше во Леверкузен, каде ја тренираше Викторија Мазут од Украина, трета во свет по ритмичка гимнастика. Таа дојде во Геманија да тренира талентирани деца од цела Европа, секако на препорака на Германците и Илина беше мегу нив. Илина веќе е со професионалци, тоа е многу силна конкуренција, но не се плаши. Долго време се подготвува, тренира за да една минута и 30 секунди покаже што научила. Во Германија децата основно завршуваат во петто одделение и потоа ги насочуваат. Илина веке и се одлучи, покрај талентот школувањето ќе го продолжи во спортска гимназија. Секако дека сме во исчекување на првиот натпревар и првата медаља на Илина како професионалец“ -  вели нејзиниот татко Горан Соколовски.]]>