Илина и Ева Соколовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 11:59:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Илина и Ева Соколовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Илина и Ева и донесоа злато, сребро и бронза на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-i-eva-i-donesoa-zlato-srebro-i-bronza-na-makedonija/ Mon, 18 Dec 2023 11:59:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331477

Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското победничко знаме среде Германија!  Двете македонски девојчиња  освоија злато, сребро и бронза на интернационален натпревар по ритмичка гимнастика. Минатиот викенд во Падаборн, Германија се одржа Интернационалниот натпревар во ритмичка гимнастика, на кој учествува Илина(17) и Ева(13) како репрезентативки на Македонија. Ева во својата катергорија освои злато, додека Илина во двете категории освои сребро, односно бронза. На натпреварот учествува над 150 натпреварувачки од повеке европски држави, како Франција,Бугарија, Чешка, Словачка, Полска, Швајцарија, Полска, Германија, Македонија... И Илина и Ева настапија со по две кореографи, Илина со лента и топка, додека Ева настапи со хулохоп и лента. Ева беше перфектна и тргна се од рака и во двете кореографи го освои првото место, додека Илина настапи со нови кореографии, што се уште не и се добро извежбани, но тоа не беше пречка да го освои второто место со топка и трето со лента. -Пре задоволни сме од резултатот. Што не следуваше за нашиот труд си земавме од тепихот, а тоа се пехарите. Горди сме на резултатот и на тоа што ја претставувавме Македонија во интернационални рамки. Не можеме да го опишеме чувството на возбуда кога не прогласија за најдобри и кога тргнавме по наградите со нашето знаме, велат среќно Илина и Ева. Но, ова е само загревање на се она што понатаму ќе го постигнат Илина и Ева. Пред нив се уште многу натпревари и успеси, особено на Илина, која кон крајот на фебруари идната година ја чека голем предизвик. -Следниот интернационален натпревар, во организација на Интерналната федерација за ритмичка гимнастика (FIG), која ќе се одржи кон крајот на фебриари во Естонија.  На овој натпревар името на првото место се вика Мис валентајн гран при. Тоа е како што на интернационалниот натпревар пред неколку години во Украина го освоив првото место и ја добив титулата принцеза, вели Илина. Но, за жал на овој голем натпревар Илина нема големи очекувања, бидејќи од Федерација во овој спорт во Македонија го имаме само името. За да се биде дел од овој голем натпревар учесничките треба да имаат професионални тренери, судии и лекари, но и покрај тоа што Илина ќе го вее македонското знаме на овој натпревар ос светски рамки, таа заминува сама и тоа единствено по нејзина заслуга. -На вакви големи натпревари треба да има  тренер и судии со лиценца, за да ме подготват. Ми треба норма да исполнам зашто нашата федерација нема ниту судии ниту лекар, ниту тренер. Бидејќи ништо од тоа нема, јас поради големата желба да ја претставувам Македонија им испратив мејл и ги замолив за да настапам. Ги молев навистина, им реков дека  ние сме млада федерација. И врз основа на молбата и на моите досегашни резултати, моите награди дозволија.  Токму затоа велам дека тешки се шансите за победа ама гордоста и желбата е голема. Се натпреварувам со елитата во гимнастика и свесна сум дека не смеам да очекувам и покрај мојот голем капацитет. Затоа на овој натпревар не одам со очекувања. Македонското знаме за мене е многу важно, сакам да се вее на овој наптревар, вели Илина, која на сите напревари задолжително настапува со македонска песна. Така беше и минатата недела, кога настапи  во кореографијата со топка, а настапи со песната „Кога паднав на Пирина“.]]>

Македонските гимнастичарки Илина и Ева Соколовски за прв пат под македонско знаме на балкански натпревар во Будва https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-gimnasticharki-ilina-i-eva-sokolovski-za-prv-pat-pod-makedonsko-zname-na-balkanski-natprevar-vo-budva/ Wed, 20 Sep 2023 10:13:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318832

Илина и Ева Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар во ритмичка гимнастика, која викендов се одржа во Будва, во организација на црногорската федерација за гимнастка. Иако,  живеат во Германија каде редат успеси, овде не успеаја да се закитат со медали, среќни се што достојно ја претставиле Македонија и имаат само пофални зборови за пречекот и организацијата. За пречекот и организацијата едно големо браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата пред време, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија, бидејќи нивните натпреварувачки се неколкукратни светски и европски прваци во гимнастика. Освен тоа настапија со неколку тима и минимум од 15- 20 свои гимнастичарки, вели Илина и додава: – За нас ова беше нешто ново, прв ваков голем натпревар под знамето на Македонија и  морам да нагласам дека за овој настап најзаслужен е претседателот на Федерацијата за гимнастика, Љупчо Арнаудов. Тој ги среди сите работи за јас и Ева прв пат да можеме да настапиме, иако во нашата држава не постои овој спорт,  нема државни натпреварувања. Арнаудов ни беше ветерот во грб, не бодреше од трибините, вели Илина. Ева си ги мереше силите со 15- 16 годишните натпреварувчки, таа беше најмалата натпреварувачка на турнирот и единствена што настапи со четири кореографи,  како и јас – топка, чуневи, лента и хулохоп. И двете не сме задоволни од резултатот кој го направивме, Ева во јуниорска категорија, јас во сениорска конкуренција, но свесни сме,  знаеме колку заслужуваме, а и добро ја познаваме конкуренцијата, додава Илина. За жал, судите од натпреварот направија Евровизија, мислам ќе разберете што сакаме да кажеме. Но, здравје и тоа го има во спортот.  Наше е да работиме и да ја преставуваме нашата татковина на највисоко ниво, но мораме и самите да признаеме дека можностите и капацитетот на нашата Федерација е толкав, немаме други натпреварувачки што би помогнале дури ни судии немаме на записничка маса, но се надеваме дека државата ќе и помогне на Федерацијата за да бидеме побројни натпреварувачки и со наши судии, кои ќе ни помагат во делењето на поени од записничките маси. И покрај сите недостатоци, сепак, уште еднаш можеме да кажеме големо благодарам на нашата Федерација за се, вели Илина.]]>

Настапуваат во Германија, а сонуваат Македонија да ја претставуваат на Олимпијада: Илина и Ева Соколовски тренираат и кога треба да одморат https://arhiva.vistina.com.mk/nastapuvaat-vo-germanija-a-sonuvaat-makedonija-da-ja-pretstavuvaat-na-olimpijada-ilina-i-eva-sokolovski-treniraat-i-koga-treba-da-odmorat/ Wed, 27 Jul 2022 12:29:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260592

Сезоната заврши, натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија на државо ниво завршија, а нашите девјчиња Илина и Ева Соколовски и покрај пандемиската година и тешките услови за работа, со успех се збогуваа од оваа сезона, а од есен не само Илина(16) , туку се очекува и Ева (12) да настапува во Бундес лигата. Македонските девојчиња веќе пристигнаа во Скопје на летен одмор, но и тука не мируваат, туку секој ден тренираат во ОУ „Гоце Делчев“  во населбата Илинден. Велат нема застанување, бидејќи во новата сезона ги очекуваат многу потешки натпревари и нови медаљи да и донесат на Германија, иако се натпреваруваат со македонски пасош. Илина, која поради големиот талент не се натпреварува со нејзината, помлада категорија, туку со сениорите и цела година на републичките натпревари се закитуваше со медали. -Настапував со поголеми од мене, една од натпреварувачките имаше 30 години и оваа година и е последна сезона. Јас бев пред неа два пати иако таа уште од мала мене ми беше идол. За да дојдеш во финале мора неколку пати да се победи на републичко ниво, а јас неколку пати во текот на сезоната победував. Во републиката каде живеам со семејството, во Северна Рајна Вествалија јас немам конкуренција. А Бундес лигата, каде е веќе три години,  почнува на почетокот на октомври и затоа сега не смее да се престане со тренирање, вели Илина. Таа е веќе препознатлива, помали дечиња од неа веќе сакаат да се сликаат со неа и ја сметаат за идол. А поради таленот многу од нејзините конкурентки и имаат страв, а некои и пружаат рака за успехот. За разлика од неа Ева настапува во малите групи, но она што е интересно е дека таа на натпреварите речиси и да не останува без медали, а поради талентот добила покана и таа од новата сезона да почне да се натпреварува во Бундес лига во нејзината јуниорска категорија. -Кога ќе се вратиме во Германија ќе одиме на тренинг и од тој тренинг, на крајот на август ќе се одлучи со кои вежби ќе се натпреваруваме во Бундес, вели Ева. Илина и Ева летниот распуст го поминуваат си тренирање и тоа секој ден се на линија со тренерите. Но, тоа не им е тешко и на двете паралелно да нижат успеси и на училиште. -Кога се сака се наоѓа време. И двете сме свесни дека овој спорт трае до одредена возрасна граница, па така неминовно е да си имаме професија, кога ќе престанеме професионално да се занимаваме со ритмичка гимнастика. Но, и покрај тоа и на двете сон ни е да се натпреваруваме на Олимпијада, велат Илина и Ева. Уште подобро е, велат и двете, ако ја претставуваат Македонија на овој најголем спортски натпревар.    ]]>

Илина и Ева Соколовски се закитија со нови медали https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-i-eva-sokolovski-se-zakitija-so-novi-medali/ Tue, 28 Dec 2021 12:20:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232856

Илина победи, а Ева го освои третото место. Ваков е резултатот од натпераврот по ритмичка гимнастика на сестрите Соколовски, кој се одржа викендот во Германија. Илина и Ева, кои потекнуваат од Македонија,  продолжуваат со успесите, продолжуваат да носат злато за Германија со македонски пасош и нивниот талент и успех секој ден е се поголем и поголем. На последниот натпревар што го имаа Илина и Ева се одржа во градот Гутерслох,  Илина ги бранеше боите во Бундеслигата.  Натпреварот се вика OWL-CUP, каде Илина и Ева настапија поединечно.  Илина им одржа лекција на останатите натпреварувачки, кои се повозрасни од неа и тоа со голема предност од 4,50 поени го освои првото место. Ева го освои третото место и се закити со бронза по пауза поради корона од 20месеци. Кај Ева се натгпреваруваа 19 натпреварувачки додека кај Илина 10, бидејќи поради прописите многу натпреварувачки не настапија,  не ги исполнуват условите за натпревар, односно не се вакцинирани. Во Германија правилото за натпревар е дека мора да се сите вакцинирани и плус дополнително корона тест не постар од 24 часа. Поради падемијата многу натпревари се откажани, токму поради се поголемиот  ризик од зараза. Следниот натпревар е заказан во фебруар, но токму поради ова точните услви се уште не се знаат. Но, едно се знае и од овој следниов, како и од сите до сега сестичките Соколовски без медал нема да бидат.]]>