илин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Feb 2022 09:17:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png илин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кристина Поптрпева на прошетка со синчето: Малечкиот наследник наполни еден месец (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-poptrpeva-na-proshetka-so-sincheto-malechkiot-naslednik-napolni-eden-mesec-foto/ Mon, 07 Feb 2022 09:12:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237857

Македонската манекенка, мисица, модел и пејачка Кристина Поптрпева која неодамна стана мајка, сподели фотографија од нејзиното синче Илин, кое викендов (05.02.2022) го наполни првиот  месец од својот живот. Среќната мајка го искористи убавото време, за во бебешката количка да го прошета малечкото на сонцето, кое иако „со заби“, сепак беше доволен предизвик да се излезе на прошетка во околниот парк. Фотографијата осамна на приказните од нејзиниот Инстаграм профил, на кој претходно Кристина сподели 4 пози од нејзиниот малечок наследник, среќен, весел и насмеан, облечен во бебешка облека налик на слатка малечка  панда, што го направи впечатокот уште помил и поубав. Инаку ова не се први фотографии од малечкиот Илин, како што му дадоа име име манекенкенката и нејзиниот сопруг на својот наследник. Иако многумина не сакаат јавно да споделуваат фотографии од своите новороденчиња, па дури и од поодраснатите дечиња, Кристина очигледно нема такви предрасуди. Таа тоа го направи уште веднаш штом бебето дојде на свет, споделувајќи фотографија уште од болничката соба со тукушто роденото чедо во приватната акушерска клиника, во која таа се породи... ...Како и некој ден подоцна, при заминувањето на мајката и малечкиот од породилиштето дома. Фото: Инстаграм принтскрин/kristinapoptrpeva  ]]>

Се породи Кристина Поптрпева, која долго ја криеше бременоста: Манекенката и поп пејачка за првпат стана мајка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-kristina-poptrpeva-koja-dolgo-ja-krieshe-bremenosta-manekenkata-i-pop-pejachka-za-prvpat-stana-majka/ Mon, 10 Jan 2022 10:11:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234096

Висока, стројна, згодна со атрактивен изглед и манекенски пропорции. Јавноста ја запозна како некогашна членка на модното студио „Црнокрак“, топ модел, манекенка и мисица која учествувал на повеќе домашни и меѓународни избори. Од друга страна и пејачка која кариерата ја започна менувајќи ја Симона Попоска на настапите со ДЈ Ерик Фокс, за потоа да тргне и по својот пат. По првата сопствена песна „Никад доста“ и тоа на српски јазик, веројатно заради желба за пробив во регионот и второто остварување, до душа во дует, насловено „Беби“,  македонската „секс бомба“ со „атомски потенцијал“ каков што кај нас ретко се гледа, кога сите очекуваа да „експлодира“ на естрадната сцена, неа ја снема!? Во празничните денови помеѓу Новата 2022 година и Божиќ, долгоногата убавица сподели фотографии на социјалните мрежи на кои осамна вистината или поточно причината за нејзиното „медиумско отсуство“. А таа не може биде поубава и пооправдана, зашто Кристина обзанани дека станала за прв пат мајка! Имено, таа иако долго ја криеше бременоста од јавноста, а за неа знаеа само најблиските, на денот ( 05.01.2022) кога го донесе на свет своето машко чедо кое го добило името Илин, радосната вест убавицата ја обзнани со серија фотографии кои биле снимени порано, кога таа била во полна бременост пред породување. Само во боди или по теркот на светските селебрети ѕвезди гола до половина, Кристина покрај „бремената фотографија“ во постот обзнанила: „Денес среда среќен ден,05.01.2022 Господ не благослови со најголемата среќа! Го добивме најубавиот подарок-се роди Илин. Добредојде на свет наше слатко момче. Мама и тато те сакаат“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KRISTINA POP (@kristinapoptrpeva)

Непосредно потоа среќната и горда мајка ја сподели и првата фотографија по породувањето од породилната соба во една приватна скопска акушерско-гинеколошка клиника, на која во топлите мајчински прегратки го држи своето тукуштородено машко чедо. Сега кога стана мајка, криерата ќе мора да почека... Среќна и до крај исполнета, Кристина онаа музичката „Беби“ ја замени со она што е животна реалност - вистинско бебе и мајчинството! Бродот на среќата за Кристина Поп Трпева продолжи да плови по друг курс, во еден поинаков правец, оној животниот... За секој родител - вистинскиот! Нека е со среќа! Фото: Инстагрм принтскрин/kristinapoptrpeva  ]]>

Се породи Јована Аврамовска, водителката на „Фчерашни“ и екс портпарол на Министерството за финансии (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-jovana-avramovska-voditelkata-na-fcherashni-i-eks-portparol-na-ministerstvoto-za-finansii-foto/ Wed, 15 Sep 2021 08:10:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219137

ТВ водителката Јована Аврамовска се породи и за прв пат стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Предраг добија здраво машко дете, кому му го дадоа името Илин. Веста на социјалните мрежи ја објави самата Јована, споделувајќи фотографија од бебето и сопругот со кого пред да стапи во брак, биле во врска. Инаку, Јована Аврамовска јавноста ја запозна најпрвин како репортер, па водителка во утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“. Не мина долго време, а новинарката преку ноќ ја снема од ТВ екраните. Неофицијално – си заминала од телевизијата, (не)официјално, телевизијата „и се заблагодарила“ заради сопствено прегрупирање на кадрите во програмата по пат на „природна селекција!“ Јована како што се појави – така и исчезна, за понекое време  одново да ја има на телевизија! Овој пат, како една од главните актерско-водителски ведети на проектот „Фчерашни новости“ , финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Така симпатичната бивша новинарка стана и актерка, која „глумејќи“ ТВ водителка, заедно со останатите од екипата ја забавуваше нацијата која последна ги дознаваше „Фчерашните новости“! По доаѓањето на СДСМ на власт и востанувањето на тогаш нивната нова влада, Јована Аврамовска осамна на ново работно место... или функција, како сакате. Како нов портпарол на Министерството за финансии на тогашниот министер Драган Тевдовски. Така водителското столче од пред камерата на „Фчерашни“, Јована го замени со фотеља во кабинетот на министерот… или баерем некоја канцеларија до него!   „Фчерашни“… за неа останаа да бидат „боља прошлост“, ама подоцна ќе се испостави и „лепша будуќност“! Се додека не се појави новата министерка Нина Ангеловска, алијас Нина – „Групер“, во чии раце беа предадени финансиите на државата! Тогаш новата министерка за финансии ја реконструираше до(Ф)черашната портпаролка, односно Нина – „Групер“ ја „прегрупира“ Јована Аврамовска назад… во „Фчерашњи“! Во меѓувреме, Јована стапи во брак со своето момче, нејзиниот сегашен сопруг Предраг и сега за прв пат се реализира и како мајка. Вистина.ком.мк на Јована и сопругот им ја честита приновата! Фото: Јутјуб/Социјални мрежи    ]]>