иле спасев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 08:13:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png иле спасев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана Периќ ќе ве натера да не верувате во туѓите лаги во – „Невера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perik-ke-ve-natera-da-ne-veruvate-vo-tugite-lagi-vo-nevera-video/ Tue, 30 Jan 2024 08:12:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336705

По впелатливиот и забележителен настап на последниот „Макфест 2023“ и уште подобриот прием на нејзиниот хит „Бумеранг“ кој се' уште се врти во домашниот радио етер, „Невера” е новата песна четврта по ред на младата и надежна пеачка Тијана Периќ. Автор на песната е  композиторот Иле Спасев кој ги напишал, музиката и аранжманот, а се погрижил и  за миксот и  мастерингот, додека стиховите ги напишал Дени Куртовиќ кој што е млад артист и воедно композитор. Песната е визуелизирана и со видеозапис, а  Тијана повторно одлучи довербата да му ја препушти на проверениот мајстор Александар Ристовски Принц, кој направил еден преубав краток музички филм, во кој Тијана носи креации и накит на македонската модна  дизајнерката Ива Спасовска. „Невера“ е песната која се одлликува со модерен ритам кој веднаш ве тера да танцувате, а мелодијата на прва влегува во уво, иако е нешто поразлично од досегашните песни. Инаку Тијана е студент на Музичката академија - 3-та година. Музиката е нејзина љубов уште од најрана возраст. Од неодамна е и дел од тимот на Урбан ФМ радио каде што со околу 30 тина млади артисти водат радио подкасти во живо на You Tube каналот на радиото, улога во која подеднакво успешно се снаоѓа. Наскоро најавува и дует со еден наш артист, а секако веќе размуслува и за следна песна. Во продолжение слушнете као звучи и проследете како изгледа новото музичко остварување на Тијана, преточено во темата „Невера“. ]]>

Вештачката интелигенција ја оживеа последната отпеана песна од Тоше – „Kажу да време лечи све” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/veshtachkata-inteligentsija-ja-ozhivea-poslednata-otpeana-pesna-od-toshe-kazhu-da-vreme-lechi-sve-video/ Thu, 25 Jan 2024 07:16:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336307

“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата  најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. “Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот – нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како DJ Erik Fox. Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени. Првата демо снимка е направена во септември 2004-та година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (DJ Erik Fox). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – “Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер. “Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната: Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше”, ни изјави Кирил. За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски ѕвезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. Најголема благодарност до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект. Момчето “љубов”, момчето “енергија” пред 43 години дојде на овој свет и со својата магија во гласот, харизмата, шармот, скромноста, добрината и хуманоста успеа да допре до милиони срца и разубави стотици детски животи. Дали времето лечи се?… Се чини дека времето никогаш не излечило ништо, само човек едноставно се навикнува да живее со таа болка. Ние останува да живееме со неговата музика, која буди силни емоции, да бидеме горди на неговите музички достигнувања и остварувања, да ги следиме неговите хумани дела и имаме одговорност да го чуваме и негуваме споменот за него. ]]>

Драгана Јовановска блесна на „Макфест 2023“, ги собра симпатиите на публиката, сними спот на Малдиви и сето тоа не е – „Случајно“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-jovanovska-blesna-na-makfest-2023-gi-sobra-simpatiite-na-publikata-snimi-spot-na-maldivi-i-seto-toa-ne-e-sluchajno-video/ Thu, 26 Oct 2023 11:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324050

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест 2023“. Таа пееше на првата фестивалска вечер, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жири комисијата имаа можност да настапат и на втората, односно ревијалната вечер. Драгана беше избрана според гласовите на жири комисијата и публиката во салата да биде една од петте изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија. Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот. „Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест 2023“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот“ - изјави новата македонска музичка надеж на која музилката и е во гените, зашто потекнува од музичко семејство. Нејзини родители се познатата естрадно музичка двојка од Куманово, фолк пејачката Тања Јовановска - Трајкова и нејзиниот сопруг, музичарот Младен. Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, туку на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви. „Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната“ - вели Јовановска. Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа... Дотогаш, проследете го и уживајте во видеото за нејзиното макфестовско музичко остварување - „Случајно“. ]]>

На младата Драгана Јовановска и се смешка блескава кариера со нејзината нова песна – „Камиказа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-mladata-dragana-jovanovska-i-se-smeshka-bleskava-kariera-so-nejzinata-nova-pesna-kamikaza-video/ Mon, 05 Jun 2023 12:34:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304977

Многумина ја забележаа на едно регионално музичко натпрварување каде со своите вокални квалитети успеа да ги освои симпатиите на публиката, не само во Македонија, туку и во поранешните југословенски републики... Тогаш беше навистина малечка (9), а многумина и прогнозираа блескава музичка кариера... По се изгледа овие предвидувања од тогаш полека се остваруваат, а како и не би кога таа потекнува од музичко семејство. Младата кумановка е ќерка на познатата македонска фолк пејачка, Тања Јовановска Трајкова, која настапува заедно со својот сопруг Младен кој е исто така музичар и свири клавијатури. Драгана Јовановска (16) денеска ја објави нејзината втора авторска песна. Новиот проект на Драгана носи наслов „Камиказа“, а за истата таа со својот тим од соработници сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува Горан Симјановски. „Целиот спот е сниман во прекрасните делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“ во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Јас лично сум многу задоволна од целиот проект кој заедно со многу луѓе кои се воедно и мој тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело“ - вели Јовановска. Инаку на оваа песна работеа едни од најквалитените музички имиња во нашата земја, тоа е продуцентот Иле Спасев и познатиот рапер Тајзи. Драгана не застанува тука, таа веќе работи на новите проекти и ветува во иднина многу нови песни, видеоспотови и големи проекти... До тогаш уживајте во „Камиказа“ која можете да ја проследите од видеото во продолжение, а доколку ви се допаѓа лајкнете и споделете. ]]>

Тајзи за Богојавление сподели порака каков сака да го види светот – „Сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-za-bogojavlenie-spodeli-poraka-kakov-saka-da-go-vidi-svetot-sakam-video/ Fri, 20 Jan 2023 07:14:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285096

Драган Величковски попознат по својот прекар Тајзи, повторно има нова песна. Тој за големиот православен празник Богојавление - Водици сподели музичка порака во која раскажа каков сака да го види светот, а песната носи наслов „Сакам“. „Бог се јави.  Среќен празник браќа и сестри. Мислам дека сега е моментот да ја споделиме оваа порака...Сакам да го видам светот без омраза, маски и беда.Симни се Боже, сега од било кога повеќе ни требаш. Ова е мојата нова песна 'Сакам', која како 'Bella Ciao', 'Калимеро', 'Иронија' и уште неколку  наредни ги чувам повеќе од 5 години. Ова е всушност демо снимка, вокалите се снимени во моето домашно студио и сакав да останат такви какви што се, природни без штимање. Битна ми беше емоцијата!!! Никој не е совршен...Вистината е гола, но каква и да е, поубава од лагата. Никогаш не сум сакал публицитет и слава од она што го работам, затоа многу ретко се појавувам по медиуми.Вака, преку песна ви се обраќам. Должен сум за љубовта што ми ја дававте сите овие години да ви ги пренесам овие пораки. Тоа е мојата мисија. на богати газди да бркнам во џеб, на гладните деца  да им дадеме леб!!! Слава на Бога...Слобода за народот!!!“ - споделил пејачот во својата празнична порака на социјалните мрежи, при промоцијата на „Сакам“. Музиката и текстот ги напишал самиот Тајзи, додека аранжманот, миксот и мастерингот  ги потпишува Иле Спасев.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

„Сакам“ е визуелизирана и со едноставно но доволно ефектно видео кое е снимано на локалитетот „Кокино“, а стиховите провејуваат во спотот кој со тоа станва комбинирано лирик-видео, чија реализација ја потпишува Никола Ставрески. Како звучи и изгледа музичката порака „Сакам“ на Тајзи во која тој порачува каков би сакал да го види светот, проследете ја во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тајзи ја опиша сурова реалност на живеењето во неговата балканска верзија на – „Бела чао“ ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-ja-opisha-surova-realnost-na-ziveenjeto-vo-negovata-balkanska-verzija-na-bela-chao-video/ Wed, 09 Nov 2022 13:58:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275159

Кумановскиот музичар и пејач Тајзи деновиве го објави видеспотот за неговата најнова песна „Бела чао“. Како што самиот вели, станува збор за балканска верзија на познатата италијанска револуционерна песна која стана симбол на пркосот и повторно ги спои луѓето, одржувајќи го духот, вербата и надежта  и за време на коронапандемијата која однесе голем број човечки животи. „Решив да направам балканска верзија за модерното општество во кое живееме и за системот кој е тркало т.е истото зло кое се менува на неколку години. Светлината е мојот пат и не се тркам со никој,тука сум да ви докажам дека добри луѓе сеуште постојат.Не знам како да ви се заблагодарам за сите овие 12 години освен да ве послужам со нова музика од душа за душа. Спремам албум до лето и на него ќе има 12 песни. Сине, Парадокс, Гори, Југ и уште 8 нови песни на македонски и на српски јазик. Не замерувајте на јазик и граматика туку пробајте да ја разберете пораката која ми е дадена да ви ја пренесам. Песната е напишана пред 5 години како и многу други дела кои го чекаат моментот.Многу малку луѓе знаат со какво зло се борам низ целата кариера. Ама не се откажувам!!! Имам своја мисија... 1Слобода за народот !!! Слава на Бога“ - напишал Тајзи во Инстаграм постот како најава за неговата балканска верзија на песната. Фантастичниот текст кој ја опишува суровата реалност на денешницата за балканската верзија на „Бела Чао“ го напишал самиот Тајзи, додека аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува Иле Спасев. Верзијата на Тајзи е визуелизирана со симпатично лирик видео, кое го изработил Никола Ставрески: Како звучи и изгледа кога Тјзи ја претставува својата сурово реална верзија на „Бела чао“ проследете во неговото видео (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Мартинијан Кириловски добро знае дека кармата наплаќа се’, секоја грешка и грев во – „Крал и слуга“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martinijan-kirilovski-dobro-znae-deka-karmata-naplakja-se-sekoja-greshka-i-grev-vo-kral-i-sluga-video/ Tue, 01 Nov 2022 12:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273761

Мартинијан Кириловски го објави видеозаписот за својата најнова песна „Крал и слуга“. Прекрасната мелодија ја слушнавме на годинешниот Макфест, а сега можеме да уживаме и во видеото. Во него освен пејачот се појавува моделот, шармантната и заводлива Тамара Николовска. Режијата на видеото ја потпишува Марко Јовановски, а зад видеопроектот  стои филмското студио „Aperture Productions“. Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, кој ја снимил песната и ги изработил и миксот и мастерингот, додека а зад текстот се потпишува познатиот  Тајзи. Спотот е објавен на каналот на Гранд продукција, откако Мартинијан потпиша договор со нив, по големиот успех кој го постигна при учеството во нивното регионално, музичко, талент шоу натпреварување, „Ѕвездите на Гранд“. Како звучи и изгледа макфестовската љубовна приказна на Мартинијан Кириловски во која тој е „Крал и слуга“, проследете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Лара Иванова во магична изведба опиша како изгледа кога во љубовен неповрат заминува една – „Душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-magichna-izvedba-opisha-kako-izgleda-koga-vo-ljuboven-nepovrat-zaminuva-edna-dusha-video/ Fri, 24 Sep 2021 12:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220578

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на годишниот фестивал "Макфест 2021", кој неодамна се одржа во Штип. Лара буквално ја "разнесе" сцената во Штип со нејзината изведба на песната "Душа" и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација. Инаку "Душа" е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. "Душа" доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. - "Душа" мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика“ - вели Лара. Како изгледа аудиовизуелниот пакет на нејзиното макфестовско остварување, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=hrPVumNqcYw[/embed]]]>

Сара Тасевска ова лето е – „Среќна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-tasevska-ova-leto-e-srekjna-video/ Mon, 23 Aug 2021 12:42:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216440

Младата пејачка Сара Тасевска ја објави нумерата “Среќна”. Музиката и продукцијата за оваа песна се на Иле Спасев, текстот на Даниела Хаџи-Тоневска. Видеото кое е во убав летен амбиент е дело на Алекс Ризински, а како модел во спотот се појавува Александар Минев. ]]>

Лара Иванова само во стиховите на новата песна е – „Осамена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-samo-vo-stihovite-na-novata-pesna-e-osamena-video/ Wed, 16 Jun 2021 13:13:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207355

Oваа 2021 година е  е дефинитивно успешна за младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, таа веќе ги освои симпатиите на публиката. Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите. Таа сега на социјалните мрежи  и „Јутјуб“ каналот, ја промовираше нејзината најнова песна. „Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев ги напишал музиката и аранжманот, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков. Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка. „Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни „Некогаш ќе помине“ и „Кој е сега крив“ кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки“ – вели младата Лара. Режисер на овој видеоспот за „Осамена“ е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, а идејата за истиот била заедничка. „Спотот за 'Осамена' е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен“ - истакнала Лара. Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, затоа  во иднина од неа, очекувајте само квалитетна музика. ]]>