игранка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Jan 2021 12:50:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png игранка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Стефановски ве враќа во романтичните времиња со душа, носејќи ве на – „Игранка“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-ve-vrakja-vo-romantichnite-vreminja-so-dusha-nosejkji-ve-na-igranka-audio/ Mon, 04 Jan 2021 12:47:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183881

Македонската гитарска легенда, музичар и композитор Влатко Стефановски  кон крајот на  штотуку изминатата 2020 година го промовираше својот најнов албум насловен „Taftalidze shuffle” . Албумот  e во издание на  „Кроација рекордс“, a во продажба излезе во Хрватска и некои земји од регионот, но до новата 2021-ва не и во Македонија, па најавите при неговата домашна промоција беа дека по новогодишните празници тоа набргу ќе се случи. Новиот албумот инаку го доби името по скопската населбата Тафталиџе во која  Влатко со своето семејство живее  со децении. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го смести и неговото тонско студио „Езотерија” во кое и е сниман и овој албум. „Taftalidze shuffle” беше најавен уште во нсредината на ноември минатата година со пилот синглот „Огледало“ , а песната беше визуелизрана со интерсно лирик видео, проткаено со природни пејсажи, природни убавини како синоним за женската убавина, но и и убавината на душата која се огледува во погледот како во огледало, додека чекор по чекор, миг по миг, времето и животот неизоставно минуваат. Деновиве како втора песна  од новиот албум на Влатко Стефановски – „Taftalidze shuffle”, по „Огледало“, се наметнува темата нсловена „Игранка“. Рокен ен рол тема во стилот на најдобрите песни на „Леб и сол“  од  „Као какао“ ерата, на која разбирливо доминира гитарата на Влатко и вокалната приказна за едни стари добри времиња, кога гимназиските игранки беа центарот на светот за младите тинејџери. Времиња без компјутери и дигитална технологоја, но со многу душа... Времиња кога се излегуваше на затемнетиот подум едвај осветлен со неколку сијалици во боја да се покажат танцувачките вештини во ритамот на музиката или да се спојат телата, сплотувајќи се во танго, во едно тело со девојката која ти се допаѓа, која со малку умешност и шарм, може да ја освоиш, да биде твоја... Можеби засекогаш!? Токму духот на тие времиња Влатко бајковито, музички и стиховно го пресликал во неговата „Игранка“, на која разбирливо комплетен автор е самиот тој. И додека чекаме  „Taftalidze shuffle” да пристигне и до нас, вие уживајте во романтичните времиња вткаени во „Игранка“. Кој ги живеел - знае, кој не, може само да си замисли колку бил тогаш животот убав! https://www.youtube.com/watch?v=m0hB8oquV_c]]>