игор стефановски-иџе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 May 2023 07:50:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png игор стефановски-иџе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иџе повторно не направи шампиони, а македонското знаме уште еднаш на највисокото место (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/idhe-povtorno-ne-napravi-shampioni-a-makedonskoto-zname-ushte-ednash-na-najvisokoto-mesto-foto/ Fri, 05 May 2023 07:48:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300708

Најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе не престанува да реди успеси. Иџе уште еднаш не направи горди Македонци со нова победа на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки. Од генералниот пласман Македонија и името на Стефановски стои на врвот од табелата. За својот ууспех Иџе се пофали пред својата армија фанови и следбеници на социјалните мрежи. -После две извозени трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки Македонското знаме повторно онаму каде што припаѓа- на највисокото место во генералниот пласман, горд е Иџе. Двократниот европски шампион во планина Игор Стафановски на 6-ти и 7-ми мај пристигнува на нова трка во Шпанија. Инаку, тој ја победи својата група Ctg.1 - Група 3 во Франција и беше втор во Австрија со својот HYUNDAI I30 TCR. Пред само неколку дена Иџе по осум години се врати на истата патека во Австрија од каде на крајот од патеката заврши како победник од втората трка. Иџе беше во трка со уште 260 автомобилисти од цела Европа од кои тој го зазеде место број еден. Стискаме палци за наредните трки! фото:Фејсбук/Игор Стефановски Иџе]]>

Иџе прво место на трка во Австрија: Возбуда, адреналин и ежење од убаво – „Само напред момче Македонче!“ (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/idhe-prvo-mesto-na-trka-vo-avstrija-vozduda-adrenalin-i-ezhene-od-ubavo-samo-napred-momche-makedonche-foto-video/ Tue, 02 May 2023 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300114

Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стафановски Иџе, по осум години се врати на истата патека во Австрија од каде на крајот од патеката заврши како победник од втората трка. Иџе беше во трка со уште 260 автомобилисти од цела Европа од кои тој го зазеде место број еден. За возвудата, адреналиност и гордоста да се биде победник по којзнае кој пат, Иџе напиша:   -Втора трка - 1 место и нов рекорд во група три иако со најдобро време во втората трка и поставување на нов рекорд во група три, сепак за неполна секунда неуспеавме да се избориме за прво место по собирањето на времињата од двете трки, но покрај се задоволни од овој викенд, напиша Иџе. Дополнително во прилог следеше и пречекот од љубителите на автомобилизмот, а видеото се најде на социјалните мрежи. -Ова не се пренесува, ова се доживува, напиша тој.
Борбата на четири тркала продолжува во Шпанија каде нашиот Иџе ќе се натпреварува на 6-ти и 7-ми мај. фото: Инстафрам/ Фејсбук принтскрин]]>

Иџе ја покажа романтичната страна: “Те сакам што секогаш те сакам… како и пред 15 години“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/idze-ja-pokaza-romantichnata-strana-te-sakam-shto-sekogash-te-sakam-kako-i-pred-15-godini-foto/ Thu, 05 May 2022 13:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248919

Нашиот најуспешен автомобилист на сите времиња, Игор Стефановски-Иџе денес ја покажа својата романтична страна. Имено, тој и неговата сопруга денес прославуваат годишнина од брак, па тој објави фотографии и прекрасна порака: „На денешен ден пред 15 години…те сакам како што секогаш те сакам…СРЕЌНА ГОДИШНИНА“ – напиша тој, означувајќи ја својата сопруга Емилија. ]]>

Елена Ристеска и Вера Мештеровиќ за 8-ми Март ги покажаа вештините зад воланот, а умешноста им ја призна и Иџе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-risteska-i-vera-meshterovikj-za-8-mi-mart-gi-pokazaa-veshtinite-zad-volanot-a-umeshnosta-im-ja-prizna-i-idze-foto/ Mon, 09 Mar 2020 08:08:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138180

Постојано може да се слушне како жените се лоши возчи и секогаш според посилниот пол ја имаат подредената положба во сообраќајот, како такви што народски кажано не ги бидува зад воланот. Вчера, по повод денот на жената, дамите го докажаа токму спротивното. Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ го организираа популарното „Женско рели 2020“. Свеченото отворање беше од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а со своите автомобили низ улиците на Скопје се натпреваруваа кој е поумешен зад воланот и на педалите, повеќе дами од Македонија и Косово. Меѓу нив беа и Елена Ристеска и Вера Мештеровиќ кои се докажаа меѓу најдобрите низ улиците, а на свеченото прогласување во еден скопски ресторан добија пехар и тоа од рацете на најдобритот- Игор Стефановски-Иџе. Зарем треба повеќе докажување после ова?!  ]]>

Игор Стефановски – Иџе: Агенцијата за млади и спорт ми сврте грб и стана најголема пречка за постигнување на врвни спортски резултати https://arhiva.vistina.com.mk/igor-stefanovski-idze-agencijata-za-mladi-i-sport-mi-svrte-grb-i-stana-najgolema-prechka-za-postignuvanje-na-vrvni-sportski-rezultati/ Thu, 05 Dec 2019 09:10:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122450

Игор Стефановски Иџе, најдобриот македонски автомобилист кој долги години со успеси ја претставува нашата држава на најпознатите европски патеки, најави своја пауза од меѓународните натпреварувања. Причината за тоа е како што вели тој порази малата помош која ја добива од македонските институции одговорни за развојот на спортистите. Иџе преку соопштените јавно го искажа своето незадоволство од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за која вели дека станала најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Соопштението на Игор Стефановски ви го пренесуваме во целост: „Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна. Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави. Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа…!!! Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула? Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти. Повеќе детали за односот на АМС кон мене и мојот тим наскоро на прес-конференција…“ Извор:Курир.мк]]>