игор џамбазов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:08:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png игор џамбазов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сашко Коцев предизвика солзи од смеење на „Златна Бубамара“, а Џамбазов од тага за оние што станаа далечни (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kotsev-predizvika-solzi-od-smeene-na-zlatna-bubamara-a-dhambazov-od-taga-za-onie-shto-stanaa-dalechni-video/ Mon, 04 Mar 2024 08:20:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341019

Вчеравечер на Канал 5 телевизија се прикажуваше најновото и неодамна одржано издание на „Златна Бубама“. Па така, ако Сашко Коцев предизвика солзи од смеење, Игор Џамбазов допре до посериозните нешта за сите оние кои ни заминаа далеку од дома. Игор Џамбазов, како и секоја година, така и оваа, имаше најемотивна изведба на Златна Бубамара. Тој говореше за сите македонски граѓани кои во потрага по подобар живот ја напуштија Македонија и заминаа во некоја далечна земја. -„Т’га за југ“ им ја посветувам на сите оние кои си заминаа од Македонија. Со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто, рече Џамбазов пред изведбата. Со него на сцената беа Маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски. Погледнете: фото:You Tube printscreen/ Radio Bubamara]]>

Игор Џамбазов побара сочувство за маките кои ги има: „Пуштете некој збор на утеха“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-pobara-sochuvstvo-za-makite-koi-gi-ima-pushtete-nekoj-zbor-na-uteha-foto/ Fri, 01 Mar 2024 09:26:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340709

Календарски ставивме точка на месец февруари, но од реалното чувство како да не знаеме во кое годишно доба се наоѓаме моментално. Иако зима, надвор, нејаснотии... Пролет, на моменти есен, навечер зима! Временски хаос во кој сите сме изгубени, особено метеопатите, а со таква дијагноза под ова наше поднебје веќе има армија. Командат или претседател на истата се нагласи шоуменот Игор Џамбазов, кој во ова време- невреме преку социјалните мрежи побара сочувство, односно утеха дека не е сам во маката.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

-Колеги метеопати. Како главата? Бучи ли? Како снагата? Трне ли? Како вилицата? Се кочи ли? Пуштете некој збор на утеха. Ве сака вашиот претседател ... се жали Игор. Реакции бурни и хаотични, толку многу на број што ралноста не беше за утеха, туку за групно жалење. -Уф, уште од сабајле ми е стемнето се пред очиве, главата бумбар, се пожали водителката Ирена Спировска. -Не се издржува веќе 4 ден, се јави во клубот на метеопати и Викторија Лоба. -Умирам по цел ден, и влагам у кола да не се онесвестам пред народ. 3 кафетина ми е дневна доза. Спијам ко да дојам бебе старо три дена, се жали и Миа Костова. -Ќе ти мине чедо, ко на кутре... Врати Џамбазов, ако ништо друго да се насмеат на сопствените маки. Ролеркостер во главите, грч во телото и летаргија за се’ освен за исповед на социјални мрежи, место каде барем има утеха и тоа во мера навидум е лек од кој на крај едно е јасно – што и да е, ќе помине! фото:Instagram printscreen/ igordzambazov]]>

Игор Џамбазов го умреа: Лажната вест на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-go-umrea-lazhnata-vest-na-sotsijalnite-mrezhi-ja-raspameti-i-naezhi-makedonskata-javnost-iako-beshe-samo-obichna-glupost-foto/ Mon, 29 Jan 2024 08:25:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336512

Социјалните мрежи дефинитивно станаа „поле за натпревар кој поголема глупост ќе објави“.  Врие од  она што се нарекува: „Она од што паметниот се срами  - будалата со  гордост се фали“, па сме преплавени со тоа кој кај бил, што правел, што јадел, што пиел... Од самобендисани нарциси и „напумпани“ невести до лажни вести...! Меѓудругото и по некоја шокантна,  како онаа најновата, која  викендов на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост! Човек да не знае дали да плаче или да се смее, дали е не дај Боже, веста навистина трагична или само трагикомична... За среќа, излезе дека е лажна и смешна, налик на „Викенд на мртовци“, комедијата во која една од улогите играше и главниот протагонист во оваа ситуација во која и самиот овој викенд се најде. Имено, Игор Џамбазов на социјалните мрежи викендов го умреа! „Фејк“ веста ја објавил некој недоветен или поточно „недоквакан“ кој се задскрива зад псевдоним или лажен профил - сеедно, ама затоа никако не е сеедно она што го пласираше, обзнанувајќи проштален статус покрај фотографијата на Игор Џамбазов со зборовите: „Почивај во мир легендо“! Освен што за миг ја распамети јавноста, па некои го протолкуваа како злобна намера, други сепак рекоа дека објавувачот „ги измешал лончињата“, со тоа што наместо фотографијата на покојниот маестро Александар Џамбазов кој почина деновиве пред две години, по грешка „плеснал“ слика на син му Игор! Како и да е, на ова веднаш се огласи македонскиот шоумен со свој одговор со кој ги демантираше и отстрани сите сомнежи дека се случило најстрашното, па на „објавувачот“ му возврати со следниве зборови: „Ќе почекаш малку пријателе. Само што изедов два чизкејка. Тешко дека бргу ќе се умира“ – му порача Џамбаз на „лажниот гробар“, а потоа покрај објавата сподели и свој статус: „Македонијо моја. Што се' немаш ти родено. Понекогаш ми е многу жал за тебе... Жив сум дечки, по обичај. Кога ќе бидам за умирачка, на стори ќе ставам. Без гајле. Систер, @tanjadzambazova полека сфаќам зошто си замина од тука...“ - стои во објавата на Џамбазов.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

На оваа „лажна умирачка“ реагираа многумина,меѓу кои и мноштвио познати личности кои го прокоментираа овој „идиотски чин“  со кој некој сакал „да си поигра“ или „толку му сечел умот“, па со објавата на глупоста ја распамети јавноста. „Игор воскресна“ - напиша јутјуберот и подкастер, Стефан Лазаров. „Аман бре, нозе ми се пресекоа“ - објави пејачката Андријана Јаневска. „Леле, дали се нормални, бре?“ - јавно праша колешката на Игор, Весна Бејби Петрушевска. „Да си ни жив и здрав“ - му порача Елена Петреска која сега живее надвор од Македонија, на релација Белгија - Франција. „Цццццц...“ - загрижено  споделила Тамара Тодевска. „Мене пред три години ме умреа. Секоја година сам помен си вадам“ - го тешеше „лажно покојниот“ шоумен, Пеце 0д „Суперхикс“.... Фото: Instagram/igordzambazov
   ]]>

Игор Џамбазов раскажа анегдота на две години од смртта на својот татко: „Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-raskazha-anegdota-na-dve-godini-od-smrtta-na-svojot-tatko-ova-na-majka-ti-nema-da-i-go-kazhesh-taka-foto/ Thu, 25 Jan 2024 10:01:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336227

Времето лета, реченица која многу често за слушаме за повеќе нешта, особено за тоа кога некој одамна го нема меѓу живите, а ние чувствуваме како да сме го изгубиле вчера. На денешен ден пред две години почина легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов. Неговиот син, шоуменот Игор Џамбазов како и минатата година на годишнината од смртта на татка си и неговото заминување во вечноста, тој со емотивна прошетка по сеќавањата се потсети на него и денот кога тој почина. Поточно, Игор се присети на една анегдота од детството, а за крај прати и порака до вечноста:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

-Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме "колега". Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај "Рубин кармин". На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: "А? Како теткава? Згодна е?" Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: "Да". Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: "Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?" А јас ти одговорив: "Е нема де, нели сме колеги". И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња. П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука се' е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Се' на се' стари, ништо не си пропуштил... заврши тој. фото: Instagram printscreen/ igordzambazov]]>

Утринската вежба на Игор Џамбазов е вистинска умешност – пробај, ако можеш (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/utrinskata-vezba-na-igor-dzambazov-e-vistinska-umeshnost-probaj-ako-mozesh-video/ Fri, 19 Jan 2024 09:21:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66879

Игор Џамбазов периодов е во Дојран, а иако е јужно позициониран, зимската идила не го одминува. Тој преку својот Инстаграм профил се огласи со порака за добро утро до сите негови следбеници да направат утринска вежба за раздвижување на вилицата. -Ви се верува дека ова е Дојран? Ајде сега сите утринска вежба за размрдување на вилицата. Плетвар бел Плетвар, ајде сега сите пробајте, постави предизвик нашиот македонски шоумен. Пробајте ама тешко кој ќе ја постигне умешноста на Игор.
 
View this post on Instagram
 
Плетвар во Дојран...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Игор Џамбазов со нешто конкретно, директно, а и за прв пат: „Ќе остане болката што не сум оставил пород, но сериозен сум да замрзнам сперма“ https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-so-neshto-konkretno-direktno-a-i-za-prv-pat-ke-ostane-bolkata-shto-ne-sum-ostavil-porod-no-seriozen-sum-da-zamrznam-sperma/ Tue, 09 Jan 2024 09:03:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334120

Во најновото празнично издание на есмисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков, темата беше: Што значи да се биде Бренд во Македонија? Оттука, следствено на тоа, на водителката и требаше само еден гостин, наместо повеќе како од претходната пракса. Задачата за изборот беше лесна, затоа што тој е еден и единствен, синоним за македонски бренд! За едно такво специјално празнично божиќно издание, Снеже го имаше наспроти себе никој друг, туку Игор Џамбазов. Досега дал многу интервјуа, но ниедно од истите не било монотоно, секогаш имало да се слушне нешто досега неслушнато, нешто за прв пат, секогаш возбудливо или едноставно никогаш доволно за гледачот и слушателот, па дури и за нешто репризно. Снеже ја имаше привилегијата да добие толку искрени одговори на своите прашања, што Џамбазов така опуштено и мастрално ја оставаше без зборови, тој говореше, а таа слушаше и само потпрашуваше. Зборуваа за животот, музиката, за загубата на драгите личности... Во прашањата на Снеже стоеше и она за што Игор најмногу жали што не го остварил во животот? Одговорот неочекуван, дури како што вели самиот и за прв пат вака јавно: -Ќе остане таа болка што не сум оставил пород. Ова за прв пат ќе го кажам кај тебе. Имам еден млад доктор во Струмица, кај кого поради планинарското друштво правев спермограм за да видам дали може да бидам татко и ми рече, „оди прави дете“, ја мислев ни едно не мрда, но сите ти мрдаат. Сериозен сум да замрзнам сперма, па може ќе се појави некоја будала да рече „ја од овој човек сакам да имам дете“. Денес тоа е изводнливо и без секс-искрен и без задршка за се'она што му лежеше на душа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Снеже почестена за ваквата интимна и емотивна исповед, она што Игор всушност отсекогаш и го правел, пеел и пишувал - она што го прави бренд! фото:Instagram printscreen/ nestokonkretno1]]>

Илина и Игор повторно заедно: Изразот на лицата покажа дека не им е сеедно, само остана дилемата дали меѓу нив дискретно има „нешто конкретно“? (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-i-igor-povtorno-zaedno-izrazot-na-litsata-pokazha-deka-ne-im-e-seedno-samo-ostana-dilemata-dali-megu-niv-diskretno-ima-neshto-konkretno-foto/ Tue, 02 Jan 2024 12:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333238

Во најновото издание на емисијата на Снеже Велков „Нешто конкретно“ меѓу гостите се најдоа македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов и алпинистката и уметница Илина Арсова со која  тој беше во врска, а јавноста е запознаена дека сега тоа е веќе минато. Дека тие останале во добри односи потврдија и сега кога заедно застанаа пред фотообјективот, а за фотографијата да биде комплетна им се придружи и водителката која реши да ги спои. Па, додека Илина на кратко се врати во Македонија Снеже искористи прилика и се сети да направи нешто конкретно со овие две персони во нејзината емисија. Нејзината покана со или без двоумење, сепак  ја прифатиле, а дали поединечно биле известени дека ќе се најдат во студиото со поранешната љубов засега не е познато. Имено, на социјалната мрежа Инстагарам се појави видео кое сите ги остави во неверување. Илина и Игор повторно заедно во студиото позираа насмеани и прегрнати, со придружба на главната иницијаторка за оваа емотивно-носталгична средба.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

Нивната  љубовна врска и по разделбата сѐ уште буди интерес во јавноста  и не е заборавена од никого, особено по  заминувањето на Илина во САД. Обожавателите  не беа сигурни во тоа што го гледаат и не веруваа дека  случајно се заедно на телевизија, туку беа речиси убедени дека повторно се разгорело жарчето што се изгаси откако одлучија да се разделат на пријателски начин. Какви чувства се јавиле кај нив двајцата сега кога се сретнаа по долгиот период е нешто што се гледа на нивните лица, израз кој говори повеќе од сите зборови. Фото: Printskrin/Instagram/nestokonkretno1]]>

„Зошто толкаво нетрпение“: Екс -девојката на Игор Џамбазов се врати во Македонија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-tolkavo-netrpenie-eks-devojkata-na-igor-dhambazov-se-vrati-vo-makedonija-foto/ Thu, 21 Dec 2023 11:09:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331979

Алпинистката и уметница Илина Арсова, позната и како екс- девојката на  шоуменот Игор Џамбазов, се врати во Македонија со повод. Имено, неодамна се одржа промоцијата со која веќе освојува нови врвови со нејзината сликовница наменета за најмалите насловена „Највисокиот врв“. Па така, за таа цел поранешната партнерка на Џамбазов кој и купи куфер со кој таа замина преку океанот  каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси сега по долго време конечно за првпат реши да се врати дома и веројатно зажали. Откако Илина замина од Македонија таа со своите фанови не престана да контактира преку социјалните мрежи, а за нив редовно подготвуваше и споделуваше фитнес видеа од нејзиниот активен живот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Сепак, сега кога се врати, повторно се соочи со напнатоста која е  секојдневен дел од овдешниот сообраќај, нешто што веројатно како и на многумина така и нејзе многу и пречи. Таа сподели фотографија од метежот за која напиша и малку подолг опис кој голем дел беше во прашална форма, а потоа објасни и по што се гледа културата на еден народ: „Зошто толку силеџиство, толку свирење и нетрпение? Каде ќе стигнете порано? По сообраќајот се гледа културата на еден народ“. Но, за познатата планинарка овој проблем не е само на Балканот, туку и во Америка и се јави револт со истиот интензитет. Па така за потсетување, таа еднаш напиша: -Жал ми е што ќе го кажам ова, но колеџ студентите се лоши во возење… Честитки за неколку исклучоци, но генерално се разгалени деца со големи модерни автомобили кои се паркираат на пешачки премин, се ставаат пред велосипеди и пешаци и баш им е гајле за тоа… се почувствував дека повторно сум на Балканот, револирана беше Илина. Без разлика каде и да е низ светот, веројатно секогаш ќе има и ќе владеат вакви непријатности.   Сообраќајната (не)културата некако сѐ повеќе доминира, а нервозата кулминира. Фото: Printskrin/Instagram/ilina_arsova]]>

„Мама е зад фотоапаратот…“ – Игор Џамбазов сподели семејни спомени од летен одмор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mama-e-zad-fotoaparatot-igor-dhambazov-spodeli-semejni-spomeni-od-leten-odmor-foto/ Thu, 14 Dec 2023 08:07:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331064

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов го отвори албумот со стари фотографии и реши еден спомен да сподели со своите многубројни следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Не е прв пат тој да покаже некоја историска фотографија од неговиот живот богат со сеќавања од некогаш и негде. На неговите фанови тоа исклучително им се допаѓа бидејќи нивните реакции и коментари веднаш се нижат, а воедно како со временска машина ги враќа и ги потсетува на тоа што било, бидејќи им буди емоции за тоа време. Овој пат Игор не сподели ништо поврзано со неговата кариера, туку додека деновиве престојуваше во Охрид  се потсети на еден интимен момент со неговото семејство од еден убав летен одмор во македонскиот езерски бисер. - Градиште, илјада деветстотини седумдесет и некоја, со тато и дада. Мама е зад фотоапаратот... - напиша Игор во описот на фотографијата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

На фотографијата тој и неговата сестра Тања се мали, а неговиот татко многу млад, мајка му ја нема бидејќи како што објасни Џамбазов таа е главиниот „виновник“ на ова убаво фото дело. Неговите колешки и добри пријателки поп дивата Калиопи и актерката Весна Бејби Петрушевска први му оставија црвени срциња, а допаѓањата за неговата најнова објава уште веднаш започнаа... Минатата година Игор го изгуби родителот , својот татко, маестро Александар Џамбазов, а мајка му, познатата театарска и филмска глумица Анче Џамбазова уште во 1997 година. Но, сеќавањата затоа се тука, за да не потсетат  токму на тие убави времиња кои некогаш сме ги доживеале.   Фото: Printskrin/Instagram/igordzambazov]]>

Да се заучи од пелени: Исаура од „Преспав“ на прва прошетка го однесе новороденото бебе во кафеана, а Џамбазов и остави урнебесен коментар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-zauchi-od-peleni-isaura-od-prespav-na-prva-proshetka-go-odnese-novorodenoto-bebe-vo-kafeana-a-dhambazov-i-ostavi-urnebesen-komentar-foto/ Wed, 15 Nov 2023 09:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326927

Веќе е познато дека од месец декември 2023 година ќе започне да се емитува седмата сезона од мега популарната македонска серија „Преспав“. Игор Џамбазов неодамна откри детали од тоа што генерално ќе се случува во пансионот, а меѓу другото сподели и дека Исаура ќе биде бремена од Талат. Веројатно епизодите се снимаа додека таа беше бремена и во реалноста, а вистински го носеше бебето од својот сопруг и колега Петар Стојанов. Малата наследничка која го доби името Лена веќе е дојдена на свет и е во прегратките на мама и тато. Лена се роди пред неполн месец, а мама веќе ја изнезе на прва прошетка, изборот на локација беше необичен – кафеана. Веројано на мама Емра и се пријате некое кафанско јадење, па го подготви бебето и го понесе со себе. За овој момент од првата заедничка фотографија, гордата мајка покажа на својот Инстаграм држејќи ја во рацете, стопена од љубов и пијана од бебешкиот мирис. -Лена за првпат во кафана, стои во описот, а првата реакција беше од колегата Игор Џамбазов или бате Миле на кој кафеаната му е омилено место, па оттука за него ова беше сосема оправдан зачеток на навиките уште од пелени. -Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба .. и порача Игор, а Емра со многу смајли симболи очигледно квалитетно насмеана од духовитиот Миле, кусо му врати: - Не јадела лук, му врати таа.   Засега доволна е само посетата, а адаптацијата веќе е започната, па дури и кафанските мириси се сосема доволни...   За потсетување, Емра Куртишова оваа година во месец јуни, се омажи со нејзиниот сакан, актерот Петар Стојанов, а интересно е тоа што младата талентирана актерка доби ангажман и во Србија, односно за филмот за легендарниот Џеј каде ќе ја гледаме во улогата на неговата мајка. фото: Instagram preentskrin/Emra Kurtisova/ @majaargakijeva]]>