игор атансовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 May 2021 09:54:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png игор атансовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гуру Харе се повика на фолклорната традиција, па ни ја подари – „Македонска“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-se-povika-na-folklornata-tradicija-pa-ni-ja-podari-makedonska-audio/ Thu, 20 May 2021 09:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203450

По соработката  со Игор Џамбазов, тамара, Нокаут, Аки Рахимовски... и своите последни соло проекти како „Карантин“ или „Реприза“, македонскиот блуз/рок гитарист и композитор Игор Атанасовски – Харе ја објави новата песна. „Македонска“ е  широк и баладичен инструментал со препознатливи елементи од македонската народна музичка оставштина и нашата фолк традиција. Во изведбата на оваа музичка посвета на Македонија, во стилот на најдобрите теми на „Леб и Сол“, освен Гуру Харе како гитарист, автор на музиката, аранжаманот и на стиховите, уште учествуваат и Александар Јовевски на кавал, Филип Димишковски на клавијатури, Ратко Даутовски на удиралки,  а снимањето и продукцијата, плус музицирањето на тапаните е на Мите Димовски од музичкото студиото „Тралала“, каде што е снимена „Македонска“. Дизајн и фотографијата се на Александар Даутовски – Maxxxo. Слушнета како звучи „Македонска“. https://www.youtube.com/watch?v=VQfqe69W0nk  ]]>

Се здружија Гуру – Харе и Мики Јовановски – Џафер во – „Посакав да пејам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-zdruzija-guru-hare-i-miki-jovanovski-dzafer-vo-posakav-da-pejam-video/ Tue, 15 Oct 2019 11:46:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112681

Македонскиот гитарски блуз и не само блуз виртоуз Игор Атанасовски, или како што публиката го препознава по неговиот прекар Гуру Харе, е неуморен, па од неговата непресушна гитарска работилница излезе нова песна. Имено, по соработките со Игор Џамбазов, „Нокаут“, Тамара, Аки Рахимовски... овој пат своето авторство и гитарско умеење го здружи со уште македонска музичка легенда, пејачот за сите времиња и генерации, Мики Јовановски - Џафер. А, нивната приказна е една и единствена, зашто во овие кич времиња тие носат светлина на надеж дека рок ен ролот не замрел на овие простори, а хармониката и синтисајзерот се' уште не го закопале гитарскиот звук, а трилерот не го уништил рифот! Едноставна гитарска тема, можеби малку подзаборавена и старомодна, со тематско соло на Харе и вообичаениот препознатлив вокал на Џафер... Нешто што не е ниту ново и неслушнато, а сепак е вистинско освежување за сите оние кои фармерките, каубојските чизми и кожните јакни и елечиња, никогаш нема да ги заменат, како некои други што ги заменија опинците со штикли!  Како и да е  Гуру Харе ја продолжува низата на соработки со познати и значајни фаци, а во исто време лица кои биле, се' и ќе останат препознатлив музички квалитет, без оглед кој во кој жанр дејствува(л). На оваа негова гитарска тема се надоврзува визуелизацијата на Емил Мијалковиќ, составена од разиграно лирик видео, прошарано со интересни фотографии и анимации кои целосно содејствуваат со она за што се пее во стиховите на песната. Нискобуџетно, ама ефектно видеопокритие за музичката приказна на Гуру Харе и Мики - Џафер насловена „Посакав да пеам“... Веруваме дека и вие посакавте да ја проследите: https://www.youtube.com/watch?v=9CdT8jAiDXU]]>