игимен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Feb 2023 12:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png игимен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Станоевски – Игимен во чест на татко му, заедно со Пијан Славеј ги вратија времето и спомените во – „Мисла од свила“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-stanoevski-igimen-vo-chest-na-tatko-mu-zaedno-so-pijan-slavej-go-vratija-vremeto-i-spomenite-vo-misla-od-svila-audio/ Wed, 15 Feb 2023 12:47:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289059

Младиот ликовен уметник, музички автор и гитарист, Игор Станоевски, алијас Игимен сними нова песна која е подготвена за радио промоција, со најава со која го привлече вниманието, а го поврзува со своите семејни корени. „Станува збор за наследена песна од татко ми за која напишав текст, а на неа гостува вокалистот Бранислав Николов алијас Пијан славеј од  култните „Фолтин”. Оваа песна е снимена во “Студио Алшар”. Тон Мајстор е Ивица Јанкуловски со кого ја делиме и продукцијата на песната. Се појавуваат Дарко Мучев Мучо на бас и Бодин Попов на тапани, додека гитарите ги свирам јас, во насока и стилот на татко ми со цел да го доловам неговиот тон“, вели Игор. Интересно е што музичката тема датира од крајот на 70-тите или почетокот на 80- тите години и е дел од арсеналот на песни кои ги наследил од својот татко, познатиот музичар и новинар Петар Станоевски, кој за жал прерано не напушти.   „Со неа сакам да го најавам претстојниот албум Unforgetable You посветен на татко ми. Албумот е завршен минатата година. Меѓутоа мислам дека му недостигаше песна на македонски јазик, покрај неколкуте теми на англиски јазик, како и инструменталните композициции кои доминираат на албумот“ , раскажува музичарот за песната и албумот во најава. Петар или Перо– Пешак како што го знаеја во скопските музички кругови, беше новинар и уредник во дневниот весник “Вечер”, одличен музичар и извонреден гитарист, посветен на рокенролот и блузот. Дел од дуото „Ловци на бисери”, со кои своевремено извадија и касета и остварија низа гостувања во различни музички емисии и сопствено шоу на Македонската телевизија. Како звучат Игимен и Пијан Славеј во „Мисла од свила“, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

“Punish Him” – нова песна на македонскиот рок и блуз гитарист Игимен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/punish-him-nova-pesna-na-makedonskiot-rok-i-bluz-gitarist-igimen-video/ Tue, 08 Sep 2020 08:37:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166156

Неодамна објавена е новата песна и видеоспотот на талентираниот и креативен млад автор и изведувач Игор Станоески – Игимен. “Punish Him” е насловот на темата за која музиката, текстот и аранжманот ги направил самиот Игор,  која воедно е и водечка на истоимениот албум, на кој му претходеше дигиталното објавување на синглот “Ain’t Nobody Business”. Придружните вокали во оваа песна ги отпеала Рената Симоновска (Renne Simonne). Песната како и албумот се снимени во студиото “АлШар” во Скопје, под аудио-инжинерската палка на Ивица Јанкуловски. Видеото е снимено во истоименото студио од страна на Филип Филиповски како директор на фотографија и камера и Боро Арсовски – камера и техничка помош, додека за режијата која е во доменот на видео концепт како и монтажата и видео постпродукцијата се погрижил Оливер Станоевски. Гости - музичари на песната покрај стандардната ритам постава Пере Ангелов на бас гитара и Гоце Стевковски на тапани, се и Гордан Спасовски на пијано и Јордан Костов на хармоника. Песната претставува жанровски микс од блуз, рок и кантри музика, додека пак текстот е на англиски јазик и има сатиричен контекст. Во продолжение уживајте во најновото од Игимен: https://www.youtube.com/watch?v=_sHwBMwKkMo]]>