иги мен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Sep 2023 10:17:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png иги мен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Iggy Man вечерва на „Blues & Soul festival“ во скопски „Куршумли Ан“ https://arhiva.vistina.com.mk/iggy-man-vecherva-na-blues-soul-festival-vo-skopski-kurshumli-an/ Wed, 27 Sep 2023 10:16:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319961

Македонскиот блуз и рок гитарист Iggy Man односно Игор Станоевски кариерата ја започнал на 16-годишна возраст, кога неговиот неверојатен талент бил препознаен од “Јамаха” и станува нивно заштитно лице за Македонија во 2003-та година. Меѓу неговите многубројни успеси е солистичкиот настап на Блуз и соул фестивалот, како и настапот со гитаристот на Мајкл Џексон, Грег Рајт. Настапил и на Reckenberg Blues Festival во Германија, како и на многу други фестивали. Има соработувано со Пијан Славеј, Гоце Стевковски, Симон Киселички, Петар Лукиќ, Gregor Hilden и други. На 27-ми Септември, среда, Иги Мен ќе се претстави со своето трио во Куршумли Ан. Почеток на концертот е во 21 часот. Билетите се по цена од 200 денари.]]>

Бубе и Игор или Rico Sanchez feat. Igi Man здружени за една љубов во – „Por Un Amor“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/bube-i-igor-ili-rico-sanchez-feat-igi-man-zdruzeni-za-edna-ljubov-vo-por-un-amor-audio/ Tue, 07 Dec 2021 11:55:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230321

Ако некого прашате што би се добило да се спојат рокот, блузот и латино музиката, електричната гитара и латино ритамот, првата асоцијација веројатно би била Карлос Сантана. Неговата единствена музика, оригиналниот звук на електричната гитара проткаен во автентичните латино ритмови. Уникатно и неповторливо. Но ако некој ви каже дека во Македонија е создадено  нешто што такво од македонски музичари, нешто што неодоливо потсетува на музиката на големиот Карлос, ќе речете дека тоа не возможно. А можеби и ќе се зачудите и ќе го смените мислењето откако ќе го слушнете новото, заедничко остварување на двајца врвни македонски музичари. Искусниот Љупчо Ќурчиевски, алиас Бубе - „Тартиф“, некогашен бас гитариста и лидер на своевремено многу познатата и популарна скопска група „Тартиф“ и Игор Станоевски, рок и блуз гитарист од помладата генерација, познат под прекарот Иги Мен, син на однеодамна покојниот македонски гитарист и новинар Петар Станоевски - „Пешак“. Токму нивната необична соработка, резултира со остварувањето насловено  „Por Un Amor“, кое во себе содржи многу латино елементи, но и гитарски звук кој ги спојува рокот и блузот со латиноритамот. Бубе под псевдонимот Рико Санчез веќе со децении живее и работи настапувајќи по цела Европа, каоде изведува токму ваков тип на музика, која во себе го содржи срцето на латинозвукот. Игор пак ориентиран кон традиционалниот гитарски рок и блуз звук создава и твори свирејќи во Македонија. Познанството на неговиот покоен татко со Бубе - „Тартиф“ веројатно ја раѓа соработката на стариот мајстор со новата гитарска ведета, па обајцата спојувајќи го она што најдобро умеат да го дадат од себе, со измиксале во единствен звук кој резултара со темата  „Por Un Amor“ отпеана на шпански, која е комплетно авторско део на Љупчо Ќурчиев. Песната е снимена во студиото „Алшар“ во Скопје, а миксот и мастерингот на истата ги потпишува Ивица Јанкуловски. Бубе и Игор или Rico Sanchez feat. Igi Man здружени за една љубов во - „Por Un Amor“... Љубов кон музиката, во чест на старите добри времиња, на спомените и сеќавањата, љубов кон она што на обајцата им е свето и незаборавно... „Por Un Amor“. ]]>