идол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 06:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png идол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот репрезентативен голман Димитриевски во прегратки на неговиот идол: Столе си го исполни својот сон, се сретна со Џиџи Буфон! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-reprezentativen-golman-dimitrievski-vo-pregratki-na-negoviot-idol-stole-si-go-ispolni-svojot-son-se-sretna-so-dhidhi-bufon-video/ Mon, 11 Sep 2023 06:38:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317265

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е „ноќна мора“ за Италија. По катастрофата од Англија, конечно еден добар натпревар, солидно поставена тактика, цврста игра на средината, брзи на контри во нападот, сигурни во одбраната сво која македонскиот голман Столе Димитриевски уште еднаш потврди дека е светска класа. Чуварот на нашата мрежа не крие дека има свој идол од  младоста  на кој му се восхитува и денес, а тоа е италијанската голманска легенда, однеодамна тазе фудбалски пензионираниот Џанлуиџи Џиџи Буфон. Токму Столе се појави со  неговиот дрес на себе на првата средба при собирот  со фудбалерите и селекторот Благоја Милевски на подготовките пред двата квалификациски средби за Европско против Италија и Малта. Италијаните одново никако да излезат на крај со нас, а македонскиот голман имаше можност да си ја исполни најголемата желба во животот, за која мечтаел уште од дете... Да се сретне со својот идол Џиџи Буфон, кој беше дел од италијанската фудбалска делегација на натпреварот меѓу двете репрезентации. Средбата во соблекувалните на стадионот „Тодор Проески“ непосредна, емотивна и срдечна. Со тоа што Столе не пропушти од џебот на тренерката да го извади споменатиот дрес на легендарната „единица“ и побара од својот идол да му се потпише на него. Галантниот Џиџи иако можеби помалку и изненаден, со насмевка, прегратки и бакнежи  тоа го прифати, оставјќи  автограм со посвета на восхитениот Столе. Срцето и душата полни, како поттик повеќе македонскиот голман  да продолжи со добри одбрани и резултати, како во репрезентативниот дрес, така и во оној на клубот за кого настапува, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Фото: Инстаграм/ffmacedonia
]]>

Кој направи на Сара Мејс да и пукне срцето… од среќа: „Алооооо, животе, дали се слушаме…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-napravi-na-sara-mejs-da-i-pukne-srceto-od-srekja-alooooo-zivote-dali-se-slushame-foto/ Tue, 13 Oct 2020 07:09:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171008

На Сара Костадиновска која пошироката јавност ја знае како Сара Мејс, музиката и е „прва љубов“... Се' во животот, покрај семејството, се разбира! Поп пејачка на естрадата, харфистка во светот на класиката при оркестарот на МОБ, не ретко знае да ги „измикса“ едното со другото, па токму со еден таков, ама сепак поинаков микс на македонскиот традиционален, изворен фолклор и звуците на харфата, изведбата на  екстравагантната македонска уметничка душа ќе се слуша надалеку во светотот. Сара обзнани дека за овој роденден веќе е во најава нејзиниот најубав роденденски подарок. Но, не од сопругот или семејството, кои секако нема да изостанат, туку овој е малку поинаков, понеобичен, кој ретко и тешко се добива, зашто за него треба да се избориш! Роденденот на Сара, случајно се поклопува со светскиот ден на нејзиниот инструмент - харфата, па токму за тој 20-ти октомври, уште сега и стигна (не)очекуваниот подарок. Имено, Сара е избрана да ја преставува Македонија токму на светскиот ден на харфата и нејзин роденден, 20 октомври, како дел од меѓународниот проект на Окса. Јас сум пресреќна што објавувам дека настапувам на ‘Светскиот ден на харфата’ - 20.10.2020 и ја претставувам мојата земја, Македонија. Инспирирана од нашата прекрасна македонска народна песна 'Сербес Донка', напишав парче (варијации на темата Сербес Донка и една оригинална тема) наречена „Донка од Македонија'. Ви благодарам 'Окса проџектс' што ме избравте, застапувавте и ме поддржувате“ - напиша со воодушевување нашата уметничка душа на својот Инстаграм профил, уверена дека  претстојниот роденден ќе и биде највозбудливиот роденден досега!
Дали Сара „лесно се возбудува“ или возбудата се случи уште пред да започне - сеедно, ама за нејзиното воодушевување придонесе уште едно изненадување. А такво и приреди, како што самата харфистка вели, нејзиниот идол, светски познатиот уметник и еден од најдобрите на овој инструмент, Александер Болдачев, откако ја „шерна“ на Инстаграм! „Алооооо, животе, дали се слушаме? Дали тоа Болдачев ме шерна на сторииии? Аааајјј, леле... ќе ми пукне срцево. Не заспивам јас оваа ноќ, тоа е...  Кога идолот ќе те шерне, кога најдобриот харфист на светот лабаво те тагнува на стори, џускаааам“ -  извикуваше во стилот на преводите од турските серии, фасцинирана од гестот и воодушевена од чинот на нејзиниот идол, па својата радост Сара Мејс ја сподели  со сите, „all over the space“!  До душа не дознавме дали мирно заспа или „џускаше од среќа до зори“, но ете и тоа се стори... Нашата Сара да биде во светското друштво на најдобрите за светскиот ден на својот инструмент, а тој ден, случајно и нејзин роденден! Заслужен (пред)роденденски подарок, зашто не е мала работа да си во друштво на светската елита, па макар и виртуелно, на еден ден, како нашата „Сербез Сара“! П.С. Нејзиниот сопруг водителот Димитар Атанасовски, Опра Винфри на пример, се' уште не го шернала?!!  ]]>

Ким Кардашијан како Елизабет Тејлор (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kim-kardashijan-kako-elizabet-tejlor-foto/ Wed, 25 Dec 2019 12:29:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125889

Сите имаме свои идоли, ликови кои ги обожаваме и кои ни се инспирација во секојдневниот живот. Со ознаката #MyIdol и „селфито“ од неа како позира до стара фотографија од Елизабет Тејлор, Ким Кардашијан повторно ни покажа кој е нејзиниот идол на социјалната мрежа Инстаграм. Американската старлета досега во неколку прилики изјави дека е фасцинирана со Тејлор, којашто почина во март 2011 година на 79 – годишна возраст. Еден месец пред смртта на познатата глумица, Кардашијан ја интервјуираше за „Harper’s Bazaar“, а последниот ’твит’ на ѕвездата пред нејзината смрт беше токму за тоа издание. „Следи ја својата страст, следи го своето срце и работите што ти требаат ќе дојдат едно по друго“. – Тејлор ја советуваше Ким во интервјуто. Ким Кардашијан сега нè врати и во златната ера на Холивуд неколку години наназад. Сопругата на Канје Вест учествува во фотосесија за списанието 7HOLLYWOOD, терајќи не  да заборавиме  дека годината е 2019 година. На фотографиите, Кардашијан носи црн фустан, а косата е стилски тапирана. Изборот на реалити ѕвездата не е случајен. Ким отсекогаш тврдела дека инспирацијата ја црпи од актерките Софија Лорен и Елизабет Тејлор. ]]>

Направи драстична промена: Победи во „Идол“, а вака изгледа денес (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/napravi-drastichna-promena-pobedi-vo-idol-a-vaka-izgleda-denes-foto/ Sun, 14 Oct 2018 09:15:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52777

Првото музичко реалити шоу „Идол“ беше популарно во 2004 година, а победата ја однесе Цвета Мајтановиќ. Цвета денес има 32 години и повеќе нема амбиции да се занимава со музика. По победата во „Идол“, Цвета некое време живееше и работеше во Швајцарија, а потоа се врати во Нови Сад за да ги заврши студиите по психологија.
Продолжи и на мастер студии на Факултетот за технички науки.
Во последно време Цвета се занимава со истражувања во психологијата и медиумите на странски универзитети, но и напиша неколку трудови на тема медиумски феномени. Цвета денес живее во Италија и изгледа многу поразлично.
фото: фејсбук]]>