идеално – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Oct 2023 10:53:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png идеално – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова е идеалната разлика во години за среќен брак: Студии откриваат во што е тајната https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-idealnata-razlika-vo-godini-za-sreken-brak-studii-otkrivaat-vo-shto-e-tajnata/ Fri, 13 Oct 2023 12:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322250

Сведоци сме на многу бракови кои имаат помала или поголема разлика во години, а многу често брачна двојка во која мажот и жената се разделени со генерации се најостро осудени од јавноста. Ова доведе многумина до прашањето која е всушност идеалната разлика во годините и дали ова е тајниот рецепт за долг и среќен брак. Со оваа проблематика се занимавале и студии и дошле до неколку заклучоци, а еве неколку од нив. Според новото истражување, разликата во годините меѓу сопружниците е во корелација со успехот на бракот. Во нивната неодамнешна студија, експертите Ендрју Френсис-Тан и Хуго Мјалон ги анализираа податоците од националното истражување на повеќе од 3.000 Американци за да истражат дали и како разликите во возраста меѓу сопружниците се поврзани со ризикот од развод. Контролирајќи ги факторите како приходите и историјата на врските, тие дојдоа до многу интересни заклучоци. Иако вистинската љубов може да им пркоси на бројките, ова истражување сугерира дека можеби постои идеална старосна разлика за која вреди да се размисли. Анализата открива дека за паровите со разлика во возраста од нула до три години, немало значителна разлика во стапката на разводи во споредба со сопружниците на иста возраст. Оние со разлика од четири до шест години, исто така, не покажаа дека се истакнале во однос на разводот. Меѓутоа, кога разликата во возраста се зголемила на седум до девет години, ризикот од развод се зголемил. Секоја дополнителна година разлика го зголемувала ризикот од развод за дури 39 проценти. За парови разделени со 10 плус години, ризикот од развод се зголемувал за 18 проценти годишно од разделување. Истражувачите го заклучија следново: – Не наоѓаме докази дека времетраењето на бракот е поврзано со старосните разлики меѓу сопружниците кои се движат од нула до шест години. Сепак, откриваме дека времетраењето на бракот се намалува како што разликата во годините меѓу сопружниците се зголемува над седум години – изјавиле тие. Генерално, податоците сугерираат дека разликите во возраста на сопружниците кои се движат од нула до шест години се идеални за брачна стабилност. Извор: Попара]]>

Ја идеализирате вашата врска – ова се четири јасни знаци дека ништо не е идеално https://arhiva.vistina.com.mk/ja-idealizirate-vashata-vrska-ova-se-chetiri-jasni-znaci-deka-nishto-ne-e-idealno/ Mon, 18 Feb 2019 14:45:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73378

Колку и љубовта од нас да бара компромиси и попустливост кон некои навики на нашиот партнер, постојат работи кои едноставно не треба да се толерираат во текот на врската. Се разбира, вие не сте единствената личност која толерира, исто така и вие сте склони кон грешки, спрема кои вашиот партнер е толерантен, но сепак, ако некои ситуации постојано се повторуваат, не треба да живеете во заблуда дека вашата врска е совршена. Вашите потреби се подеднакво важни Здравата врска подразбира дека и на двајцата ви е убаво и заедно  уживате во вашиот однос, затоа немојте да ги ставате потребите на вашиот партнер пред своите, поточно не го правите тоа постојано. Врската е терен на кој двете страни подеднакво уживаат во познатото. Значи, ако тој е вашиот приоритет, мора и вие да бидете негов, а ако не, не би требало да бидете пар, бидејќи кога сте сами, секој на себеси му е приоритет број еден. Тој не стои на своите зборови Се разбира, дека сите несогласувања ги решавате со мирен разговор, а кога ќе укажете на грешките на својот партнер, тој ветува дека тој нема повторно да ги повтори, но сепак, сè е сведено на празни ветувања. Ова е ситуација во која можете да видите дека вашиот партнер не човек од збор и дека со него не можете да планирате сигурна иднина, и тоа не е она што ви треба. Секогаш имате оправдување за неговите постапки Наместо да продолжите постојано да наоѓате оправдувања, за неговото, се почесто, неприфатливо однесување, време е да кажете доста и да обрнете внимание на работите во кои тој греши. Ако не е подготвен да се обиде да ги промени своите лоши навики, за да го подобрите вашиот однос, значи дека не му е доволно грижа и дека си е најважен сам на себе. Немате повеќе самодоверба Кога сте во здрава и среќна врска, вие блескате и сте полни со самодоверба, додека лошата врска на вас влијае спротивно. Ако сте во врска која што не ви одговара, потребно е поради својата и среќата на вашиот партнер, да ставите точка на оваа приказна. Нема потреба да се залажувате дека сте во среќна врска, доколку  не сте. Важно е да се почитувате и да се сакате себеси и не дозволувајте да замижите пред некои транспарентни знаци. Колку порано свртите нова страница, толку побргу ќе ви бидат дадени нови шанси за среќа! извор:попара.мк]]>

Колку време би требало да трае идеалното летување? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje/ Mon, 30 Jul 2018 12:49:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40742

Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје. Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор. Истражувачите од финскиот Универзитет во Тампери соопштија дека оваа должина на одмор одговара на нивото на работниот стрес со кој тргнувате на пат. Ако бидете на одмор кој трае ден или два немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго ќе почнете да се грижите за работата и обврските кои биле завршени додека сте отсутни. -Одморите преставуваат најдолг период на отстуство од работа и со самото тоа се сјајна прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето се подобрува општата здравствена состојба и оти идеално траење е 8 дена, се вели во заклучокот од студијата. извор:курир]]>