идеално време – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 12:17:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png идеално време – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кое е идеално време за туширање? https://arhiva.vistina.com.mk/koe-e-idealno-vreme-za-tushirane/ Wed, 27 Dec 2023 12:17:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332689

Ова е најдоброто време од денот за туширање ако сакате да спиете подобро Идеално би било 20-минутно туширање со топла вода.   Најдобро време за туширање? Вечер. Можеби за многумина не е новост, но туширањето пред спиење промовира добар сон, потврдуваат научните истражувања.   Според јапонските истражувачи Sung EJ и Tochihara J, всушност, најдобро време од денот за туширање не е наутро, туку навечер, точно 90 минути пред да ползите под покривката.   Ова го потврдува истражувањето објавено во списанието „Journal of Physiological Anthropology and Applied Human Science“, кое го анализирало однесувањето на девет совршено здрави волонтери.   Испитаниците беа поделени во три групи во зависност од нивната активност пред спиење: топол туш или купка, топла бања за нозе и без третман со вода (контролна група), пренесува Novi list.   Квалитетот на спиењето на волонтерите бил откриен со тест кој ги проверува движењата на градите и стомакот, како и заситеноста на крвта со кислород. На овој начин се мерени и температурата на ректумот и кожата.   Така, се покажало дека групата која се туширала или се капела со топла вода и групата која ги капела нозете имале подобар квалитет на сон од другите. Тоа значи дека топлата вода овозможува подобар сон.   Според истражувањата, 20-минутниот топол туш или 90-минутното капење пред спиење би било идеално, што ќе ви овозможи да ја ребалансирате телесната температура, да го опуштите телото и да го поттикнете одморот.   Сепак, според истражувањата, важно е температурата во бањата да биде доволно топла за да се избегне топлотен шок.   Понатаму, дефинитивно треба да избегнувате да влегувате под покривката веднаш по туширањето, бидејќи прегревањето или уште полошо, потењето воопшто не ви помага да заспиете. Извор: Попара]]>

Кое е идеално време за појадок? https://arhiva.vistina.com.mk/koga-e-idealno-vreme-za-pojadok/ Wed, 05 Sep 2018 16:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46365

Сигурно многу пати досега сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Но, не е важно само што ќе појадувате, туку и кога ќе го направите тоа.
„Кога ќе јадете е еднакво важно, како и што ќе јадете“, вели диететичарот Тереза Шанк. Таа препорачува појадокот да се јаде во период од два часа после будењето. „Консумирањето на храна во овој временски период, помага во текот на денот да имаме стабилно ниво на шеќери во крвта, односно апетитот да биде поумерен“, објаснува Тереза. Кога не е стабилно нивото на шеќери во крвта доаѓа до чувство на глад, желба за благо и прејадување, а тоа се работи кои сакате да ги избегнете.
„Кога се будиме, нашето тело мора да се забрза и да се разбуди од состојба на гладување, во која се наоѓа во текот на ноќта“, додава Тереза. Јадењето на појадокот во рок од два часа после будењето важи за поголемиот дел од луѓето, речиси за сите. Меѓутоа, кај оние кои страдаат од дијабетес, уште поважно е да се одржува стабилно ниво на шеќери во крвта. Што ако тренирате наутро? Од тоа како вашето тело реагира на вежбањето после јадење, всушност зависи дали треба да јадете пред утринскиот тренинг. „Ако планирате да вежбате наутро, тогаш морате сами да сфатите дали на вашето тело повеќе му одговараат вежби после јадење, или пак на празен стомак“, истакнува Тереза. Што ако не сакате воопшто да јадете наутро? Без разлика на тоа што можеби не сакате да консумирате ништо наутро, потребно е да јадете барем по нешто за појадок. Прескокнувањето на овој оброк се поврзува со зголемен ризик од добивање на дијабетес тип два, а покрај тоа, можеби послабо ќе паметите некои работи, додека и нивото на шеќери во крвта ќе ви биде пониско, што значи дека и метаболизмот ќе биде побавен.]]>