„(I’ve Had) The Time Of My Life“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2017 10:07:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „(I’ve Had) The Time Of My Life“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ориентал бенд“ снимаа проект со кавери – првиот од нив „(I’ve Had) The Time Of My Life“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/oriental-bend-snimaa-proekt-so-kaveri-prviot-od-niv-i-ve-had-the-time-of-my-life-video/ Thu, 28 Dec 2017 10:07:20 +0000 http://vistina.mk/?p=8084

После речиси две години апстиненција од медиумите, „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново и навистина оригинално. Бендот претпразнично ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови. „Целиот проект е снимен во живо. Нашата желба во живо да отпееме и отсвириме неколку убави песни, на театарска сцена со светла, вроди со плод и нескромно ќе кажеме дека испадна одличен производ. Нашето го остваривме. Работевме со многу голема желба и љубов, а сега останува публиката да го препознае тоа“, велат Ориенталци, дадовајќи дека видеата ќе се објавуваат на нивниот канал на Јутјуб.
„За сите преработки, направивме и видеа, а ќе ги објавуваме по едно, секоја недела. Сакаме искрено да се заблагодариме на театарот во Велес, Љупчо Павловски од студио ’Анастасија’ и Кристијан Конески, кој беше задолжен за видео продукцијата“, додаваат тие. Некаде после новогодишните празници конечно излегуваат и две авторски песни на бендот, кој од неодамна има и нов член, гитаристот Ристе, а и за овие песни се планирани и видео записи. Воведот во овој проект е преработката на хитот „(I’ve Had) The Time Of My Life“, оригинално отпеана од Бил Медли и Џенифер Ворнс за филмот „Валкан танц“ (Dirty Dancing, 1987) , која во изведба на „ориентал бенд“ ве очекува во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=aK6yoIOGmG0
]]>