хумор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 08:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хумор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хуморот на Четкар е како џезот – з’ш за да го разбереш, мора да си или џезер во душа или… охриѓанец! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/humorot-na-chetkar-e-kako-dhezot-z-sh-za-da-go-razberesh-mora-da-si-ili-dhezer-vo-dusha-ili-ohriganets-video/ Thu, 02 Nov 2023 08:11:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324988

Владимир Василевски - Четкар, македонскиот џез гитарист со интернационално реноме, туку што се врати од турнеја по Далечниот Исток. Таму, како и на многу други места ширум светот е мегаѕвезда, кај нас на Балканот, каде што царуваат турбофолкот и кичот, а Техеран звукот доминира,  остана некако несфатен до крај...
Иако, како што самиот умее да каже: „Нема граници кои врвната и искрена уметност неможе да ги пробие!“, некои закоравени жабокречини, тешко се брануваат. Впрочем за да го разбереш џезот, мора да си и по малку музички „писмен“, троа едуциран, да сакаш да слушаш малку повеќе од „завивање од Ориентот“ и трилери на хармоника и синтисајзер. Таква е таа музика, не е баш за сечие уво, ама по се' изгледа таков е и хуморот на родениот охриѓанец Четкар!
Имено покрај останатото што го споделува на социјалните мрежи како дел од неговата музичка кариера, спотови, настапи, турнеи, Четкар се труди понекогаш да сподели и парче  сопствен хумор... Овој пат, охридски. Така на пример октомвриското капење во Охридското езеро Четкар го зачинил со „Лепотан френдли совет“.
Или што би рекол охридскиот гитармастер: „Надворешната убавина понекогаш заслепува, па луѓето не можат да ја видат вашата генијалност“! Е сега дали баш тајната на внатрешната убавина е во надворешната или надворешната ја засенува внатрешната, е прашање за дилема? Особено што надворешната е минлива, за разлика од внатрешната, чиј секој изустен збор долго се памти!
Она што Четкар како хумор го сервирал на поединци им е смешно, а многу други се прашуваат: „Што сака со ова да каже писателот?“ Во случајов џезерот! З'ш хуморот на Четкар е како џезот - за да го разбереш мора да си или џезер во душа или... охриѓанец! Фото и видео: Инстаграм/vladimir_cetkar
 ]]>

Талентираниот кумановец ќе ве „пукне од смеење“: Како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/talentiraniot-kumanovec-kje-ve-pukne-od-smeenje-kako-bi-zvuchele-makedonskite-politichari-i-poznatite-lichnosti-koga-bi-bile-fudbalski-komentatori-video/ Thu, 31 Mar 2022 07:06:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244906

Жарко Јовановиќ е талентиран 26-годишен кумановец кој можете да го видите во некоја од улогите во претсатавите на кумановскиот театар каде што игра и глуми. Сепак, со неговите видеа на социјалните мрежи можете да се насмеете до солзи, особено од оние кои се инспирирани од дневнополитичките настани во земјава, која, како што вели самиот, постојано нуди нов материјал за „циркуз“... Пардон, за комедија. Инспирацијата на младиот актер не му нефдостига, а дарбата и талентот се оние нешта што го прават посебен,  уникатен, неодоливо хуморен и забавен... Жарко почнал да настапува најпрвин по кумановските кафулиња пред една година, каде потоа станал редовен дел од забавата и репертоарот на поедини локали. Самиот е свесен дека  дека за поширока афирмација покрај социјалните мрежи и Јутјуб каналот, медиумите дефинитивно можат да бидат од голема помош. „Добриот маркетинг би помогнал затоа што денеска медиумите се буквално сè. Ако те нема таму, како да не си во игра“ - смета младиот комичар, но сепак  работата и само работата, е она што го детерминира патот до  успехот во денешно време, вели Жарко. Тој веќе има дузина видеа поставени на неговиот Јутјуб-канал наречен „Ајде да зажмуримо“, за чија изработка му помагаат Мартин Славољубовски (камера, тон и монтажа) и Елена Клековска (анимација). Еден од неговите хумористични видео -перформанси кој по фудбалските достигнувања на ммакедоската репрезентација стана актуелен, е оној во кој кумановскиот зактер и забавувач покажува како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори, ќе ве пукне од смеа и ќе ви го разубави денот. Погледнете во продолжение наместо од говорницата или сцената како би звучеле од коментаторското столче: Циц, Грујо, Милчин, генерал Стојанче, Заев, Иванов, Васко Ефтов, Кили, Мето Јовановски... Душата треба да се радува, ама и слатко да се смее! ]]>

Кога фолкерката Ирена Вељовска разбра дека Ламбда сојот доаѓа во Македонија: „Ламб(а)да? Сега ќе ви покажам што е Ламбада“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-folkerkata-irena-veljovska-razbra-deka-lambda-sojot-doagja-vo-makedonija-lamb-a-da-sega-kje-vi-pokazam-shto-e-lambada-video/ Wed, 25 Aug 2021 08:33:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216645

Покрај сите можни веќе постоечки мутации, коронавирусот продолжува да се трансформира во нови соеви. Најновиот, според редоследот на грчката азбука (Алфа, Вита, Гама, Делта...) го доби името „Ламбда“ сој!  Никој не е среќен поради тоа, осбено што најавите на лекарите се дека најновиот мутиран „Ламбда“ сој на Ковид -19 наскоро може да дојде и во Македонија. А како што до сега се случуваше, секоја негова нова мутација за жал, е се' позаразна и посмртоносна. Но, како што секое зло какво и да е мора еднаш да помине, оптимизмот не ги напушта луѓето, колку прогнозите и предвидувањата и да не се оптимистички. Сите нас, обичнителуѓе, па и јавните и познати личности, меѓу кои и естрадните. Токму македонската фолкерка Ирена Вељовска, инаку позната по својот смисол за хумор, опуштено однесување и специфичен начин на забава, реши и овој пат да се пошегува на сметка на на она што допрва не очекува. Така, „Ламбда“ сојот, стана „Ламбада“, како истоимената своевремено мегапопуларна песна и специфичниот танц кој стана познат насекаде нво светот. А кога се затрактивната фолкерка, музиката и танцот во прашање, Ирена уште еднаш ги покажа сите свои кавалитети. И оние - телесните, и оние - танчарските, како и смисолот за хумор, па на својот Тик-Ток профил облече кусо мини фустанче, запеа, заигра и сето тоа го сними во вид на видеоклипче, кое потоа го сподели. Погледнете како меша Ирена, додека танцува на звуците на познатата „Ламбада“.  „Ламбда“-та  да се надеваме, дека овој пат, сепак ќе не заобиколи! ]]>

Ова е сигурен знак дека е добар во кревет https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-siguren-znak-deka-e-dobar-vo-krevet/ Tue, 09 Feb 2021 15:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188895

Некои жени „паѓаат“ на затегнати мускули, други на длабок глас или уште подлабок паричник, но тоа не е гаранција дека сексот со такви мажи ќе биде добар. Истражувањето, во кое учествувале 103 жени на возраст меѓу 20 и 69 години, покажало дека повеќето жени го паметат сексот како добар со партнери кои знаеле како да ги насмеат. Исто така, кај мажите кои имаат развиена смисла за хумор, жените почесто доживуваат оргазам, покажа истото истражување. Која е тајната на тој хумор? Во тоа, велат психолозите, човек кој е опуштен во разни ситуации е опуштен и во сексот. Исто така, хуморот е многу важен за комуникација помеѓу партнерите, помага да се приближите полесно и побрзо. Освен хуморот, креативноста е исто така добар показател дека мажот е голем љубовник. Тие се, пред сè, повеќе од другите, заинтересирани за тоа што нивната партнерка целосно ужива за време на сексот и да достигне кулминација. извор:попара.мк]]>

Емилија Розман на себесвојствен начин ги брои деновите до Нова Година: Наместо новогодишна елка, хумор на своја сметка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-na-sebesvojstven-nachin-gi-broi-denovite-do-nova-godina-namesto-novogodishna-elka-humor-na-svoja-smetka-foto/ Mon, 14 Dec 2020 08:27:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180577

Нова Година и Дедо Мраз, елка, лампиони, украси, сијалички, слатки и подароци... И се разбира весела, опуштена атмосфера, полна со радост, песна, дружење, забава... Вака некако сите ја замислуваме и дочекуваме Новата Година и деновите пред најлудата ноќ, кои вообичаено се денови на опуштање и дружење... Но за жал, не и годинава, зашто оваа веројатно беше најлошата година од почетокот на новиот милениум. Затоа и нема атмосфера како што е вообичаената пред новогодишните празници, ниту пак расположението може да биде такво после се' што ни се случуваше и се' уште се случува во годината на корона пандемијата, со многу заболени и изгубени животи. Затворени, изолирани, депресивни, отуѓени, асоцијални... Стануваме лошо друштво и за себе, а камо ли за околината, во која колку и да сакаме, колку  и да имаме желба и волја, се' помалку имаме можност за дружење со блиските, роднините, пријателите, другарите, колегите... Најчесто дома, во четири ѕида, со мобилниот в рака, покрај компјутерот или телевизорот во виртуелниот свет на дигиталната технологија, изгубени во морето различни информации и лажни вести, збунети, конфузни, некако осамени во душата, дури и кога не сме сами...! Затоа многумина од нас и ги бројат деновите до Нова Година, која сите едвај чекаат да дојде само со една цел: За што побргу оваа 2020 да замине... Да ја испратат во неповрат и никогаш повеќе ваква да не ни се повтори.  И додека некој брои на прсти, друг гледа на календар, трети ги бројат викендите, останатите ги бројат обврските и сето она што им останало да го завршат како обврска до Нова Година, Емилија Розман ги брои деновите до 31-ви декември на себесвојствен начин. Единствен и оригинален! Имено, за македонската мисица, манекенка и модел како што е познато, оваа 2020 година беше „несреќна“ не само заради коронапандемијата која ја погоди и неа како и сите нас, особено нејзиниот бизнис за цвеќе, подароци и нивното аранжирање и пакување. Госпоѓица „Розмантична“ летово влета во романтична авантура, која за 24 часа се претвори во свршувачка, од која убавицата излезе само за неколку недели. Експресно кажа ДА, па се премисли и покаја и по кусо „брачно искуство на одредено време“, се разиде со свршеникот... Според неа благовремено, и тоа на неодредено! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emilija-rozman-se-razvede-se-omazi-za-momche-shto-go-poznavashe-edvaj-24-chasa-a-se-razvedoa-po-brak-od-samo-nekolku-nedeli/ Токму ваквата годинешна животна случка, Розман ја искористи за шега на сопствена сметка според која ги брои деновите до Нова Година: Еееј уште 2-3 брака и разводи и оп, Нова Година“ - напиша (одново) госпоѓица Розмантична на својот Фејсбук профил, правејќи хумор на своја сметка наместо да кити новогодишна елка! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>

„Ај Кју“ не освоија награда на „Макфест“ ама затоа… Марија „најширокограда“ со деколте за „влажни погледи“, а Бојан со хумор на своја сметка, но можеби на туѓа адреса? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aj-kju-ne-osvoija-nagrada-na-makfest-ama-zatoa-marija-najshirokograda-so-dekolte-za-vlazni-pogledi-a-bojan-so-humor-na-svoja-smetka-no-mozebi-na-tugja-adresa-video/ Tue, 22 Sep 2020 07:51:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167937

Скопското љубовно-музичко дуо „Ај Кју“ по преставувањето на Македонија на „Евровизија“ и „тезга“ прошетката по неколку клубови низ Европа, по пауза од пет години му се врати на најстариот македонски фестивал на забавни мелодии, кој трае три и пол децении во континуитет - „Макфест“. Сепак, Бојан и Марија и покрај атрактивниот настап останаа со „празни раце“ по нивната изведба на песната „Ти си ми сон“. Наградите на годинешниот „Макфест 2020“ ги одминаа и останаа само „нивен сон“, но затоа не ги одминаа некои други нешта, како впечатливиот изглед, особено кога е во прашање стајлингот на  баеги „раскомотената“ пејачка на дуото и секако, уникатниот хумор на своја сметка, но, дали не и на туѓа адреса, на расположената посилна половина на „Ај Кју“?! Имено, Марија беше облечена во свечено здолниште, во кое изгледаше прилично предизвикувачки и провокативно, со сето она што мајката природа и го дарила и ја надарила, а модната креаторка сето тоа го спакувала во крецијата која го сервираше на увид нејзиниот граден потенцијал. Таквата смела комбинација резултираше со тоа  пејачката да ја го понесе епитетот „најширокограда“ на макфестовската сцена, со деколте за „влажни погледи“ кај машката публика. Или барем кај оние, вистинските мажи, зашто Марија покрај песната имаше и визуелно што да понуди. Впрочем нејзиниот колега и љубовен партнер од дуото, тоа најдобро го знае... Проверено! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/ А кога сме веќе кај колегата, Бојан Трајковски покрај тоа што го знаеме како автор и изведувач,  познат е и по својот несокојдневен смисол за хумор. Некогаш разбран, некогаш несфатен, ама секогаш доволно содржаен за да побуди и поттикне на размислување. Така и овој пат, лидерот на „Ај Кју“ тргна да се шегува на своја сметка, иако можеби „меѓу редови“ сакаше некому да му испрати и поинаква порака во стилот на онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“! Имено,  Бојан во едно од видео-интервјуата дадени по завршувањето на фестивалот, во стилот на политичарите по изборно гласање, побара да се прегласа, зашто како што рече: „Водиме во Чучер - Сандево, победуваме во Струмица...“ Се разбира на шега, на своја сметка, ама „на шега-на смеа, во секоја шега-половина вистина“ или...? Можеби во неговата шега на своја сметка, „меѓу редови“ има и скриена порака упатена до некого?   Патем, за тоа како ја подготвувале песната дури „цели 20 минути“ додека Марија готвела, а Бојан ја „склепал“, за неговата одлука на Макфест 2020  „да пее малку потивко за да на му пречи на плејбекот“, за тоа дека по настапот „певаљката“ ќе си ја носи дома... и уште некои други нешта, кои не останаа незабележани дури и од поедини колеги на „Ај Кју“ како Сара Мејс на пример, погледнете и слушнете во видеото на Точка ТВ, подолу: https://www.youtube.com/watch?v=dr17uNOUNbk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2LZzcH1gFpEn6BbVsp_CSn5LYf-Wf5AGgYUgxsPn3zYrmVi_eO3BtA6_I Фото: Инстаграм принтскрин/Јутјуб скриншот Видео: Јујуб/Точка ТВ      ]]>

Луѓето со смисла за хумор живеат подолго https://arhiva.vistina.com.mk/lugjeto-so-smisla-za-humor-ziveat-podolgo/ Wed, 21 Nov 2018 13:15:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58922

Група научници од Научно- технолошкиот универзитет од Норвешка докажале дека луѓето со смисла за хумор имаат 20 отсто подолг животен век од останатите. Истражувачите тоа го објасниле со позитивното дејствување на смеењето врз менталното здравје и друштвениот живот. Заклучок на научниците е дека тоа е верижен процес, па така луѓето кои можат да засмејат други, истовремено успеваат да го продолжат својот живот и на другите. Поради тоа треба да избираме друштво на оние кои умеат да не засмејат, нагласуваат истражувачите.]]>

Текст кој насмеа многу Балканци: „Една од најтешките работи на земјата е да бидеш СНАА“ https://arhiva.vistina.com.mk/tekst-koj-nasmea-mnogu-balkanci-edna-od-najteshkite-raboti-na-zemjata-e-da-bidesh-snaa/ Wed, 05 Sep 2018 13:19:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46239

Текст од Србија, во кој на хумористичен начин е опишано како им е на СНАИТЕ, ги насмеа балканските интернет корисници и се рашири на социјалните мрежи.  
Еден од најтешките облици на постоење на Земјата е да бидеш СНАА. Што од свекрвата, што од золвата, што од целото семејство. Има снаи кои одма ќе ги доведат сите на ред и никој не смее да им се меша во животот, а има и онакви кои пак сакаат на сите да им се допаднат. Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна водата ќе ти стигне до устата и ќе посакаш сите да ги отераш по ѓаволите. Зашто ако си слаба, зошто си слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако си необразована, зошто не учеше, ако сепак учеше, тоа е твоја работа. Ако си убава, не чиниш. Ако си запуштена, пак не си нешто нормална. Ако куќата ти е средена, можела да ти биде уште посредена, а ако не е, оди веднаш отепај се. Децата обично не ги доиш како што треба, не ги облекуваш, не ги храниш и не ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница, не чиниш, а ако пак правиш, не се прави така. Ако правиш колачи, можат да бидат и подобри, а ако нарачуваш, срам да ти е! Нејзиниот СИН НАД СИНОВИТЕ секако никој не може да го сака како таа, па според тоа, џабе се трудиш!