хуманитарно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Dec 2020 08:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хуманитарно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Срце отвори“ е најубавиот подарок под уникатната елка на Александра Јанева (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/srce-otvori-e-najubaviot-podarok-pod-unikatnata-elka-na-aleksandra-janeva-foto/ Wed, 16 Dec 2020 08:21:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180808

Младата поп пејачка Александра Јанева предпразнично има изненадување за своите обожаватели и фанови на нејзината музика. Имено,Јенава пред неколку дена во забавно музичката емисија на МРТ „Стисни плеј“ го промовираше својот деби албум насловен „Срце отвори“, по насловот на истоимената песна која ја објави во 2019 година. Па така, деновиве во животот на талентираната струмичанка се’ се врти околу нејзиното музичко првенче.
-Патот кон отворањето на моето срце беше долг и среќна сум што бевте трпеливи секоја минута, ден, година одејќи го заедно со мене. Многу соработници, пријатели, музичари несебично ми помогнаа и ги надополнија сите мои замисли и идеи. Деби албумот е компилација од сите рефрени кои се пееја гласно и енергично во изминативе години. Долго се двоумев кога и како да го направам овој пресек, но 2020 година реши да стави многу активности на пауза. Реши да не` научи да застанеме, длабоко да размислуваме за делата кои ги правиме и за тоа какво значење имаат. А овој албум има огромно значење за мене! Периодов подготвив доволна количина за сите кои сакате да го имате ЦД-то и со тоа заеднички да направиме хумано дело. Одлучив сите средства од продажбата да бидат донирани. Сите собрани средства од продажбата ќе бидат донирани на Ковид пациент/и на кои им се потребни финансии за болничко лекување, пишува Александра Јанева на своите профили на социјалните мрежи. Сакајќи што повеќе да зборува и да акцентира на албумот, пејачката го фотографираше и до својата уникатна елка во домот од која преовладуваат белите детали. Отворете срце, купете го албумот, слушајте квалитетна македонска музика и бидете хумани!]]>

Сега е слободна од кралските обвски и може да носи што сака: Меган Маркл во куси панталончиња ги покажа голите нозе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sega-e-slobodna-od-kralskite-obvski-i-moze-da-nosi-shto-saka-megan-markl-vo-kusi-pantalonchinja-gi-pokaza-golite-noze-foto/ Tue, 25 Aug 2020 08:58:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164628

Иако кога се омажи за принцот Хари и првпат се запозна и ги искуси кралските обичаи, Маган Маркл повеќе ја сакаше слободата и претходниот начин на живот. Сега заедно со хари живеат во Калифорнија, се занимаваат со хуманитарни активности и немаат кралски задолженија. Меган и Хари деновиве биле забележани во Лос Анџелес додека волонтирале за потребите на организацијата „Baby2Baby“.
Во сосема опуштено издание, со заштитни маски на лицето, тие подарувале залихи храна, козметика, средства за хигиена и училишна опрема за загрозените семејства. Очигледно Меган си се врати на старо, па дури и кога стилот на облека е во прашање. Многумина ја пофалија нивната иницијатива и ангажираност, но, веднаш се појавија и критиките, затоа што наводно, Меган и Хари ангажирале фотограф да ги снима додека тие волонтираат, со што, наводно, покажале дека тоа го прават заради саморекламирање.]]>