хуманитарна акција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 11:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хуманитарна акција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ДНК собраа 690.000 денари откако ја дадоа статуетката од Златна Бубамара на хуманитарна лицитација за лекување на Леонид (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-sobraa-690-000-denari-otkako-ja-dadoa-statuetkata-od-zlatna-bubabara-na-humanitarna-litsitatsija-za-lekuvane-na-leonid-foto/ Tue, 27 Feb 2024 06:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340247

ДНК и Врчак ја добија статуетката  на „Златна Бубамара“ за Хит на годината за песната „Посреќна“, а со неа одлучија да се приклучија на хуманитарна акција. Тие откако ја дадоа на лицитација најавија дека парите ќе ги донираат за лекувањето на Леонид Индов во Австрија. На социјалната мрежа Инстаграм на профилот кај Панче лицитацијата за статуетката траеше четири дена, а секој можеше на учествува. Наддавањето за статуетката го завршија со 250.000 денари понуда од Митрески Кирче од Охрид, за кого Панчо кажа дека нема социјални мрежи. - На 3 часа пред завршувањето на лицитацијата за Лео, добивме повик од господинот Митрески Кирче од Охрид (нема социјални мрежи) и во име на неговата компанија “Топлина” ја добивме досега највисоката сума во износ од 250,000 денари“. „Драги наши. И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари. Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце“, стоеше во објавата на ДНК на Фејсбук профилот. Минатата 2023-та година тие парите од продажбата на статуетката кои ги собраа ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“. За нивната хуманост големо браво им упати и Миа Костова, македонската водителка и инфлуенсерка која и самата организираше огромна акција за лекувањето во Австрија на младиот Леонид. Кај неа се придружија бројни компании и поединци кои ги понудија нивните продукти, а на Инстаграм прашања таа одговори дека сумата надминала малку над 10.000 евра. Фото: printskrin/instagram/Facebook]]>

Ацт Македонија секој вторник со хуманитарна акција пред Спомен куќата на Мајка Тереза https://arhiva.vistina.com.mk/atst-makedonija-sekoj-vtornik-so-humanitarna-aktsija-pred-spomen-kukata-na-majka-tereza/ Thu, 16 Nov 2023 10:46:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327243

Ацт Македонија организира хуманитарна акција секој вторник пред Спомен куќата на Мајка Тереза со почеток од 18 и 30ч. Целта на оваа организација е собирање средства, обезбедувајќи им храна, облека, училишен прибор и сл. на лица кои што немаат никакви примања и им е најпотребно за опстанок. „Како дел од тимот на Ацт Македонија можете да ме контактирате мене како волонтер Билјана Јаневска или пак да се обратите на официјалната страна на Ацт Македонија да им помогнеме на оние граѓани на кои им е неопходно да добијат барем еден оброк во денот“ - вели некогашната мисица, сега дипломиран инженер по екологија и магистер за управување со отпад во скопската депонија Дрисла, а однеодамна и општински функционер. Секој оној кој што сака може да се приклучи како волонтер и е повеќе од добредојден во Ацт Македонија. „Јас сум волонтер од минатата година и ми е драго што можам да бидам нечија светлина на крајот од тунелот“ - вели Јаневска.  ]]>

Завршен хуманитарен концерт: „Со тебе светот е најубав” https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshen-humanitaren-koncert-so-tebe-svetot-e-najubav/ Wed, 30 May 2018 09:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29655

Музичарите од ЕВА заедно со нивните професори ќе одржат концерт кој ќе прозвучи љубов и радост. Концерт посветен на сите кои ги сакаме и кои ни го бојат светот, а наменет за собирање средства за лекување на малиот Василие Петридов, кој боледува од мускулна дистрофија, а кој заедно одлучуваме дека ќе живее, среќно и здраво! Влезот е ваша донација од 100 ден. На 5-ти јуни, вторник, од 19:00 часот, на Факултетот за музичка уметност, Голема сала, за Василие ќе концертираат нашите ученици: Софија Аџиева Елена Аџиева Андреа Младеновска Теодора Спиридонова Надја Петковска Јелена Илиќ Деница Батковска Давид Иљов Моника Шишкова Афродита Хаџи-Лега Ангелина Дулева Мила Бадаревска Леандра Амети Предраг Станковиќ Симона Младеновиќ Денис Асани Дарко Пенев Ерин Селим Ангел Пејковски Јарослава Ѓуричиќ Љупчо Нечовски Елена Аџиева Рина Османи Амелија Станчева Ева Негриевска Леарт Амети Во класата на професорите: Теодора Нарашанова - пијано Гонце Богоромова - Краповски – соло пеење Билјана Камчева – соло пеење Ѓорѓи Миладиновски – гитара Фотографија на плакат: Александар Томовски, успешен фотограф од Школата за фотографија во ЕВА Музика и сите убави емоции на едно место! Бидете таму! Во меѓувреме, донирајте на  телефонските броеви:
Телеком 070 143 444 Oне.Вип 143 464 или донирајте на трансакциска сметка: 270-7000244647.07 АД. Халк Банка Скопје
Линк од апелот за помош: https://www.donacii.mk/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-vasilie-petridov/]]>

„Стопли срце, велигденска трпеза за сите!“ https://arhiva.vistina.com.mk/stopli-srce-veligdenska-trpeza-za-site/ Wed, 04 Apr 2018 12:50:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19424

Група на хумани граѓани, традиционално пред Велигден собира донации за најзагрозените фамилии, со цел како што велат, барем малку да им го разубават најубавиот и најголем христијански празник. Во прогласот се вели: „Ајде Македонијо, да се обединиме! Се приближува нашиот најголем и најубав празник Велигден, празник кога сите заедно со нашите семејства седнуваме на трпеза и го славиме Христосовото Воскресение. Празник кога нашите деца ќе трчаат, ќе се смеат, ќе се кршат со јајца, ќе се радуваат…. За жал ова нема да биде во сите домови. Има многу семејства кои се тажни поради тоа што немаат ниту леб да стават на маса за празникот, а камо ли нешто повеќе. Повеќето од овие семејства се со деца, деца кои за жал се предвреме пораснати, доволно за да знаат дека нема да има шарени јајца, нема да има месо, нема сокчиња, нема благо, нема ништо. За нив Велигден ќе биде обичен ден како и секој друг поминат во немаштија. Една мајка што живее во соба во подрум, се нервира дека три дена нема да оди по куќи да чисти, затоа што не знае како ќе се прехранат тие денови, а камо ли да слави. Еден дедо ќе седи гладен како и секој ден, бидејќи извршители му ја земаат пола пензија. Едни родители повторно ќе бидат тажни затоа што ќе ги слушаат празните стомачиња на своите деца како кркорат затоа што се гладни. Една девојка наместо да излезе, ќе седи дома сама без струја на празна маса. Овие луѓе веќе ни солзи немаат во очите, го преплакаа целиот живот, остарени предвреме, гладни и сами… Се трудат да ја зачуваат онаа трошка достоинство што им останала. Ние ќе подготвуваме гозби, а тие душички, ќе треба да седат на празни маси, сами, гладни и заборавени од сите. НИКОЈ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕДИ ГЛАДЕН ЗА ВЕЛИГДЕН! Затоа да станеме СИТЕ! Да купиме сите заедно по нешто за трпезите на овие луѓе, да не оставиме никого да гладува. Организирајте се во сите градови, имаме време до недела да им ја вратиме насмевката барем во овие празнични денови. Во Скопје, донациите се собираат секој ден во Нано Бар (Дебар Маало) до 6 април. Може да донесете табли јајца, бои, стикери, велигденски украси. Донесете храна, сокови, чоколади, продукти кои што се потребни за готвење… Ајде да бидеме хумани и овој Велигден да им ги стоплиме срцата на тие што им е најпотребно!“ Донираните прехрамбени производи ќе бидат доставени и распределени до најзагрозените семејства. Ги повикуваме сите хумани граѓани да бидат дел од оваа иницијатива.]]>