хуманитарен караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2017 12:22:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хуманитарен караван – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новогодишниот караван „И јас сум Дедо мраз“ на „Проект среќа“ израдува илјада деца низ Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishniot-karavan-i-jas-sum-dedo-mraz-na-proekt-srekja-izraduva-iljada-deca-niz-makedonija/ Thu, 28 Dec 2017 12:22:56 +0000 http://vistina.mk/?p=8136

Новогодишниот караван „И јас сум Дедо мраз“ на „Проект среќа“ израдува илјада деца низ Македонија Околу 450 дечиња кои живеат во сиромаштија добија подароци од пријателите на здружението „Проект среќа“ во рамките на акцијата „И јас сум Дедо мраз“.
Новогодишната кампања почна на 1 декември со цел да обезбеди новогодишни подароци за децата чии семејства не можат да си дозволат да им ги купат. Како изненадување, подароците во нивните домови или во институциите каде што претстојуваат, им ги донесе лично Дедо Мраз. Дедо мразот на „Проект среќа“ е се уште на пат низ Македонија, и планирано е да се израдуваат вкупно околу 1.000 деца.
Повеќе македонски јавни личности и компании донираа подароци за нив. „Овој хуманитарен проект направи рекорди во колективното донирање и хуманост. Особено со оглед на тоа што се работи за нови, купени работи специјално за оваа намена од страна на оние кои донираа. Рекордер во акцијава е „Комерцијална банка“ со 400 донирани подароци.
Покровител на акцијата е компанијата „Comfy Angel“ од Прилеп. Секое дете беше лично посетено. Застанувавме по пат во секоја куќа што ни изгледаше како место во кое на децата им треба новогодишна среќа, особено низ селата. Наидовме на огромен одзив од јавните личности и од компаниите. Во акцијата не се вклучија политичари и кондиторски фабрики“, изјави Кристина Арнаудова, претседател на здружението „Проект среќа“.
Караванот на здружението помина повеќе домашни села и општини, како и институции: градинката „Мали пријатели“ во Шуто Оризари, дневниот центар „Шуто Оризари“, се донираше и за децата бездомници згрижени во центарот „Ранка Милановиќ“, во училиштето „Братство и единство“ во селото Долно Коњари. „Проект среќа“ ќе помогне и на Благородна Димитриевска од Куманово, самохрана мајка на три деца која живее без социјална помош.
 ]]>