хумани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Oct 2021 08:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хумани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо и Андреј по „сите патишта“ на хуманоста… и по нешто по пат (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-andrej-po-site-patishta-na-humanosta-i-po-neshto-po-pat-foto/ Tue, 12 Oct 2021 08:34:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222501

Андреј и Панчо, македонските естрадни уметници кои го сочинуваат ар ен би дуото ДНК, оддамна станаа познати не само по своите песни, хитови и спотови, туку и по нешто што нема врска со музиката и естрадата, туку со човачноста и хуманоста. Покрај се' што направија на македонската музичка сцена, во нивната ДНК очигледно е всадена емпатијата, добрината, сочувството, но и потребата за акција, да се прискокне и помогне, да се агитира, апелира, донира, подели, дарува...Онолку колку што се може, таму и на оние, на кои тоа им е најпотребно. Најчесто, за здравје или елементарни услови за живот, за гола егзистенција. Обајцата досега безброј пати тоа го докажале, а сега уште еднаш на дело го покажаа. Имено, откако дента во медиумите осамна сторијата за  петчленото семејство Јакимови, веќе следниот ден Андреј и Панчо  „сите патишта“  ги водеа од село Ерџелија, светиниколско. Отида да го посетат и колку што е можно помогнат ова социјално загрозено семејство, чии членови живеат во субстандардни услови, во трошната куќарка која за жал е речиси пред распаѓање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

“...Не пречекаа навистина убаво како што доликува на една хармонична фамилија, но со тажна насмевка. Живеат во едно мало собче заедно со нивните три прекрасни дечиња ( Бојана 14 години, Давид 13, Викторија 10 год. ) кои за жал, не можат да имаат детство како секое нормално дете и за жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 ) Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да и понудат работа или пак да ја вратат во фабриката Мик Свети Николе, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија но самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор. Голема благодарност до нашите пријатели Жито Маркети кои секогаш без проблем одговараат на нашите хуманитарни акции. Сите заслужуваат подобар живот, а заедно сплотени сме секогаш посилни. Во наше и во името на Стојче би ве замолиле да ја раширите и споделите приказната се со цел да стаса до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат. Ваши Панчо и Андреј“ - го споделија својот апел ДНК на социјалните мрежи, покрај фотографиите од посетата на семејството. И за да не биде сликата само тажна, а приказната депресивна, ар ен би ѕвездите како и секогаш решија да се пошегуваат, секако, на своја сметка, колку за да го разубават денот. И себе си и на сите останати. И ако „сите патишта“ на хуманоста тој ден Панчо и Андреј ги водеа во село Ергелија, на враќање имаше нешто што остана и за по пат. Можеби не е за во медиуми, ама не е пак и ништо што е страшно, срамно или катастрофално... До душа ќе беше, да не застанеа крај патот, каде физолошката потреба позната како „мала нужда“, Андреј ја обави „хируршки пецизно“ на најеколошки можен начин. Ем уметникот олеснет, ем зеленилото повеќе нема да го јадат бубачки! Патем, чинот овековечен од колегата, а ликот на чинителот... блажен! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial  ]]>

Панчо и Андреј покажаа дека се големи ѕвезди со уште поголемо срце (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-andrej-pokazaa-deka-se-golemi-dzvezdi-so-ushte-pogolemo-srce-foto/ Wed, 19 Sep 2018 07:45:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48667

Ар-Ен -Би дуото ДНК минатиот викенд го имаше својот настап во Куманово на музичкиот фестивал „Хенгаут“. Таму Андреј и Панчо уште еднаш покажаа дека се големи музички ѕвезди, а првиот ден од оваа работна недела покажаа и нешто многу поважно - дека имаат уште поголемо срце.
Иако хуманите гестови на двајцата музички уметници и до сега не им беа непознати, овој пат тие навистина го заслужија епитетот хумани, покажувајќи дека не се само големи музичари туку и големи како луѓе.
Имено, тие беа во Крива Паланка, но овој пат не на настап. Беа да се сретнат, со Даниела, млада жена која сиот товар на животот кој нималку не бил милозлив кон неа, го носи на своите плеќи. Мајка на две ќерки - тинејџерки, измачена жена која во домот, ако така може да се наречат субстандардните услови во кои живее таа со своето семејство, таа е и мајка и татко и жена и маж... На неа се обврските околу обезбедувањето егзистенција, грижата за домот, децата, негата на болниот сопруг...
И покрај сета мака, таа ДНК двоецот го пречека најдомаќински, а Андреј и Панчо се погрижија со иницијатива да и се помогне на неа и нејзиното  семејство за подостоинствен живот.
Денеска бевме во Крива Паланка и се сретнавме со нашата нова хероина Даниела која има само 34години, а животот и доделил терет со кој и најсилните не би можеле да се соочат. Даниела е мајката која континуирано ги лажела своите две ќерки ( 14ет и 16ет години ) дека јадела кај своите соседи за да има повеќе за нив. Нивната куќа личи на се освен на дом.  Ведра и со топлаа насмевка и измачена од животот не пречекаа како секоја добра домаќинка и не угости како што е редот.  Преку нас ве замолува сите вас добри луѓе кои се во можност да им излезат во пресрет бидејќи се наближува зимата за која вели дека им е најголем “непријател” под овие услови во кои моментално се наоѓаат. За целата ситуација да е уште потешка, сопругот е тешко болен и оневозможен да и помогне.  Она е и мајка и татко.  Денес ние дониравме онолку колку што ни дозволуваат нашите можности и нашите скромни буџети. Дониравме : фрижидер прехрамбени продукти, средства за хигиена и телевизор за кој ни се приклучија нашите долгогодишни хумани соработници и пријатели Жито Маркети , Ком Трејд дистрибуција и АгроТехна. Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат на оваа храбра жена и нејзината фамилија слободно нека го исконтактираат Отец Оливер на : 078383743 Ви благодариме однапред, Панчо, Андреј“ - напишаа македонските музички уметници, кои уште еднаш покажаа дека покрај правењето хитови, само тие знаат како и да помогнат, тогаш и таму, каде што најмногу треба.  Од утро до мрак, ако треба!
На сите останати хумани луѓе, институции и фирми е да го прифатат предизвикот и да се приклучат во помошта. ДНК само ја потегнаа иницијативата и покажаа дека имаат СРЦЕ! Не само во песните и во насловот на албумот. Туку вистинско хумано и големо човечко срце... Срце кое знае се'!]]>