хуман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Jan 2023 10:49:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хуман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Слоба Радановиќ повторно спаси човечки живот: Момчето лежеше покрај патот, а никој не застанува да види дали е жив!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sloba-radanovikj-povtorno-spasi-chovechki-zivot-momcheto-lezeshe-pokraj-patot-a-nikoj-ne-zastanuva-da-vidi-dali-e-ziv-foto/ Wed, 04 Jan 2023 10:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282730

Пејачот Слоба Радановиќ важи за еден од најхуманите луѓе на естрадата, па на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека повторно спасил живот, со тоа што му помогнал на момче кое доживеало сообраќајна несреќа и лежело покрај автомобилот на автопатот. Радановиќ откри дека помогнал на луѓе кои кои доживеале несреќа, но и испрати и силна порака за сите луѓе кои истата вечер поминале на истото место, но паднале на „тестот за хуманоста“. Како што напиша во својот статус, додека момцчињата лежеле повредени покрај автомобилот, поминувале луѓе кои не ги ни погледнале, не им било  грижа за нив. „Вечерва метеж на автопатот кај аеродромот, автомобил излетан од патот, а до друга кола покрај патот лежи момче... Поминуваат луѓе и никој не застанува да види дали се живи“? - напиша тој и додаде: „Жал ми е што го споделувам воздухот со сите што поминаа сношти овде и не застанаа. Никој не е нормален“ - објави револтираниот пејач на социјалните мрежи. Фото: Инстаграм и Твитер принтскрин/slobaradanovic
]]>

Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-jefremov-makedonskiot-kamiondzijata-od-sad-dojde-vo-skopje-no-ne-po-sergej-i-zoki-faci-tuku-za-da-napravi-neshto-shto-ja-fascinirashe-javnosta-video/ Mon, 31 Dec 2018 08:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65531

Дарко Јефремов,  преку ноќ стана познат со своето „Камионџија шоу“.  Македонскиот камионџија од Чикаго – САД, по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки - Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Повеќето го фалеа, некои го критикуваа, ЛГБТ борците за права и еднаквост го напаѓаа... ама анонимниот шоумен од камионџиската кабина стана интерконтинентална атракција меѓу следбениците на Инстаграм.
И кога оние на кои не им се допаѓаше неговиот тип на хумор и стил на изразување тврдеа дека се работи за обичен „фолирант“, кој само сака да го привлече вниманието на себе за да биде познат и интересен, Дарко деновиве ги дементаираше со еден потег кој ја фасцинираше јавноста.
Имено, „чикашкиот вербален револвераш“ се појави среде Скопје!? И тоа не било како, туку како Дедо Мраз, но не од Коњари, туку од Илинојс! Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња, се промени во дедомразовски костим, со себе ги понесе понежната половина маскирана во еленчето Рудолф и својот пес Бено и тргна со полна торба да дели  подароци по скопските улици!
Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од Илинојс им ги делеше на сиромашните дечиња.
Особено на оние кои скитаат и питаат по скопските булевари и раскрсници, камениот мост на Вардар, ГТЦ..., а најчесто се деца од Ромската популација!
Својата девиза дека: „Секој некого може да направи среќен“, Дарко  ја демонстрираше на дело!
Потег со кој покажа колку малку треба за луѓето, особено децата,  барем за миг да ги направиме среќни и да им ги стоплиме срцата!
Дарко Јефремов, македонскиот комичар од зад камионџискиот волан се покажа како џин со хумано срце... големо колку неговата Сканија!